Лидерката на владејачката германска ЦДУ, Каранбаурер со поддршка за Силјановска на изборите

Претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски во рамките на својата посета на политичкото собрание на Европската Народна Партија што се одржува во Брисел оствари разговор со лидерката на владејачката германска партија ЦДУ Крамп Каранбауер.

За време на разговорот Мицкоски ја запозна со актуелната политичка состојба во државата и разговараа за актуелната состојба во рамките на ЕНП. Каранбауер истакна дека стои на располагање за поддршка на ВМРО-ДПМНЕ и реализација на стратешките интереси и посакува успех на наредните избори.

Од лидерката на ЦДУ беше испратена и поддршка за Гордана Силјановска Давкова. Разменија мислења за улогата на жените во политиката. Крамп Каранбауер и даде целосна поддршка на Силјаноска Давкова за победа на следните избори.

-Давам поддршка на жените во политиката и се надевам на нивен успех. Се надевам дека ќе станете првата жена претседател на вашата држава и ќе победите на изборите, изјави Крамп Каранбауер.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.