дома блог страница 3426

“Дуелот за 3:0 меѓу Мицкоски и Заев во вторник?”

Лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски, како и актуелниот премиер Зоран Заев ќе се соочат во вторник. Тие ќе ги спротистават своите ставови и мислења во емисијата „Само Вистина„ на Канал 5 телевизија.

Дуелот започнува во 18:30 часот.

Како што објави Канал 5, двајцата политички лидери го потврдиле своето присуство.

Според концептот на Канал 5 телевизија, дуелот ќе трае 100 минути, со ограничување на одговорите на прашањата во траење од 2 минути, како и можност за размена на репилики и контрареплики.

Двајцата гости ќе добијат прашања на актуелни теми на кои граѓаните очекуваат одговори, а и самите ќе имаат можност да отворат по една тема.

Според најновото истражување, децата кои се први родени се попаметни

Кога станува збор за конкуренцијата меѓу децата во семејството, понекогаш науката може да пресуди на едната или другата страна.

Резултатите од едно од поновите истражувања спроведени на оваа тема покажуваат дека постарите деца во семејство се попаметни од помладите.

Во истражувањето објавено во „Journal of Human Resources“, економистите од Универзитетот на Единбург и Универзитетот на Сиднеј докажале дека децата кои се постари постигнуваат подобри резултати на тестовите за интелигенција, отколку нивните помлади браќа и сестри. Истражувачите коирстеле податоци од 5000 деца од Американското биро за статистика.

Според нив, причината за тоа е фактот дека за првородените деца родителите вложуваат повеќе време и напор за активности кои го стимулираат нивниот мозок, како што се читањето, слушањето музика и различните игри. Тоа е така бидејќи кога ќе се родат вторите деца, родителите веќе не минуваат време со нив.

Новата Лада Нива се очекува да биде најубавиот џип на светот: Цената може да биде достапна за секој!

Појавата на прототипот на новата Lada Niva на саемот во Москва предизвика многу внимание во јавноста. Сите очекуваат култниот руски модел на теренско возило да се појави што побрзо. Но, истовремено сите се прашуваат која ќе биде неговата цена.

Втората генерација на Lada 4×4 ќе биде поскапа од стариот модел, но сепак ќе остане една од најевтините понуди во сегментот, изјави поранешниот директор на АвтоВАЗ и следниот претседател на Groupe Renault, Никола Мор во интервју за Autonews.ru.

Преземањето на Lada од страна на Renault-Nissan Алијансата како и назначувањето на нов дизајнерски тим од пред неколку години придонесе за Niva да го напушти традиционалниот дизајн и да прерасне во нов, модерен и многу привлечен SUV возило.

Овој концепт кој е под називот 4×4 Vision е претставен на саемот за автомобили во Москва и токму овој концептен автомобил треба да го најави новиот модел Lada Niva 4×4. Концептот премиерно го претстави Стив Матин, шефот за дизајн во AvtoVAZ за кого може да се каже дека успеал да интегрира модерна дизајнерска филозофија во руската легенда.

Како и за останатите модели кои ги претстави на овој саем AvtoVAZ не открива многу информации околу техничките и комерцијалните карактеристики на овој концепт. Она што е познато во јавноста произлегува од руските медиуми кои тврдат дека новата Niva ќе се појави кон крајот на 2020 и почетокот на 2021 година.

Овој SUV кој е 420 цм долг ќе биде опремен со 1.8 литарски бензински мотор со 122 КС, а со него доаѓа и целосно нов трансмисионен систем. Тука е и целосно новата внатрешност каде се додадени бројни нови детали, а централно место зазема LED дисплејот осетлив на допир преку кои може да се зададат најразлични команди на автомобилот, а истовремено да се интегрираат повеќе смарт уреди.

За прв пат овој модел се појавува во 1977 година, а интересно е што се произведувал на девет локации во светот и тоа во Амам (Јордан), Кито (Еквадор), Букурешт (Романија), Черкеси (Украина), Каиро (Египет), Монтевидео (Уругвај), Тољати (Русија), Тебес (Грција) и Каменогорск (Казахстан). Во зависност од пазарот Lada Nivа во светот е позната и под името Diva (Уругвај), Cossack (Велика Британија), Job (Италија), Taiga (Германија), Bushman (Австралија) итн.

“Во согласност со ценовната политика на Алијанса при составувањето на спецификациите, возилата на Lada треба да бидат поевтини од тие на Renault. Новиот модел ќе поскапи малку во споредба со сегашната Lada 4х4, но ќе чини помалку од Renault Duster”, изјави Мор.

Во моментот Lada 4×4 е доста поевтина од верзиите на Duster со погон на двете оски. Основната верзија на чини 499.900 рубли (околу 6.370 евра).

Прототипот на следната генерација на модел беше прикажан на автосалонот во Москва. Претставниците на АвтоВАЗ објавувија дека сериската верзија на Lada 4×4 Vision може да влезе во производство во следните неколку години.

Извор: “Инфомакс”

Петкоски: “ФАБPИKA 3A MACЛO ОД KAHAБИC наместо затворен базен на Могила?!” (Видео)

Граѓаните на Прилеп во изминатиот период информираат дека тука, во овој објект позади мене, се подготвува фабрика за производство на масло од мapиxуaнa за медицински цели и дека заинтересирани граѓани веќе се пријавуваат за вработување. Истакна на денешната прес конференција Влатко Петкоски, портпарол на ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

Прес конференцијата ја пренесуваме во целост:

“Со оглед на тоа дека оваа информација е секојдневна тема во целиот град, прашуваме што точно се подготвува во објектот од неколку илјади метри квадрати и дали тука ќе се инсталира технологија за ладна екстракција на масло од цветови од растението kанабиc cативa?

Прилепчани особено ги интересира дали во околината на овој објект ќе никнат и плантажи со маpиxуaHa и дали и какви последици може да предизвика тоа врз здравјето на луѓето?

Минатата година премиерот Зоран Заев, пред пратениците во Собранието призна дека токму неговиот прв братучед Трајче Заев е лиценциран производител на масло од kaнaбиc.

Граѓаните ги интересира дали империјата на Заеви сега ќе се прошири и во Прилеп, и доколку е така, колкав би бил нивниот прилив?

Дали локалната власт и градоначалникот Илија Јованоски се запознаени и дали чувствуваат обврска да им објаснат на граѓаните за каква и чија инвестиција станува збор?

Се поставува и прашањето како производството на масло од kанабиc може да влијае врз здравјето на луѓето кои работат во вакви фирми и дали е точно дека тие луѓе може да имаат последици врз репродуктивниот систем?

Почитувани,

Производството на масло од kанабиc е дозволено со законските прописи во државата, но со оглед на тоа дека се работи за сериозна тема и бизнис кој достигнува до 100 милиони евра, граѓаните и тоа како заслужуваат одговори на овие прашања”.

(Видео) Разговор со Меркел: Уникатна политичка реклама во Украина – “Ви честитам влеговте во ЕУ. Извинете, грешка, мислев дека се работи за Црна Гора”

Комичарот Владимир Зеленски, кандидат за претседател на Украина на изборите кои ќе се одржат на 31 март, направи спот во кој “разговара” со германската канцеларка Ангела Меркел.

Имено, Меркел му се јавува на Зеленски како би му соопштила дека неговата земја е примена во Европската унија и му честиташе за тоа. По почетното воодушевување, Зеленски и се заблагодари на Меркел што Украина стана нова членка. Меѓутоа, кога таа сфати дека разговара со Украинец:

“Одлуката за повлекување на книгата на Андов е погрешна- и политички и легалистички”

Основниот суд Скопје 2 донесе решение за привремена мерка со кое забрани продажба и располагање на книгата на Стојан Андов со наслов „До атентатот и по него“ во која тој имплицира вмешаност во атентатот на Глигоров на Фрчкоски поради повреда на личните права на тужителот, Љубомир Фрчкоски.

Ивон Величковски од Либералната партија, со свој став за оваа тема:

-Без да навлегувам во конечната пресуда по тужбата: Легалистички? До завршување на судскиот спор – погрешно. Политички? Сосем погрешно. Сега ви е јасно зошто не ги поддржувам политиките на оваа влада. Можеби ќе им стане јасно и на оние што се надеваат дека “наведната глава сабјата не ја сече”, оценува тој.

Извор: kurir.mk

За три дена повеќе од 6 ипол милиони прегледи: Реакција на бебе кога ќе го види татко му со нова фризура ќе ве насмее до солзи (ВИДЕО)

Реакцијата на едно бебе од Њујорк, што првпат го гледа неговиот татко со нова фризура, стана хит на Твитер и на интернет.

Осуммесечниот Мејсон Картер Харис си седи во своето столче кога во собата влегува неговиот татко Грег. Порано човекот имал подолга кадрава коса, малку налик на онаа на бебето.

Синчето е многу непријатно изненадено од новиот имиџ на таткото…

Снимката од 16 секунди, чија авторка е мајката Мелиса, за три дена собра над 6 милиони прегледи.

Видео: “Што кажа Пендаровски за Северна од двојазичен Прилеп?? Ова ли е причината за лошите анкети??”

Kaндидатскиот претседател на СДСМ, Стево Пендаровски, минатата недела беше во Прилеп, каде од пред Градскиот саат го порача следново:

(Видео) Овој човек нема граница! Јоаким Лев повторно го згpoзи светот

Селекторот на германската репрезентација Јоаким Лев, кој е познат по неговите гадни навики, ни овој пат не пропушти можнос да ја згрози цела планета.

Просечната плата е намалена за 1.200 денари

Просечната плата, наместо да расте, се намалува. Граѓаните земаат помала просечна плата и тоа помала за 1200 денари.

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во јануари 2019 година изнесува 24.517 денари, објави Државниот завод за статистика.

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во декември 2018, изнесува 25.784 денари, со што сега има намалување за 1.200 денари.

Намалување на просечната месечна нето-плата во однос на претходниот месец, е забележано во секторите уметност, забава и рекреација за 21,4 отсто, информации и комуникации 19,8 отсто и трговија на големо и трговија на мало, поправка на моторни возила и мотоцикли за 14,3 отсто.

Премиерот Зоран Заев, во предизборието ветуваше зголемување на просечната плата до дури 500 евра. Граѓаните се свесни дека до таа бројка нема да се дојде и дека ова беше само уште едно од празните ветувања.

Дополнително, новите податоци од статистиката се поразителни и велат дека просечната плата оди надолу, наместо нагоре.