дома блог страница 3428

“Стенд-ап комедијата на екс директорот на Драмски 3абpaнета во Прилеп?!”

(Фејсбук статус на актерот Сашо Тасевски)

“А бе курлиња, ко беше ДПМНЕ пуштено на најјако, во 2011 година, никогаш не ми се случи Универзална Сала да ми откаже стендап настап, иако директорката беше асли вмровка. Она лично ми правеше мобинг и притисок дури и пред самата претстава: Не го кажувај тој дел вчера што го кажа на пробата, не ти треба, си имаш фамилија, убаво работно место… Сепак, никогаш не се дрзна да ми откаже настап со некое беззвезно оправдување, иако бев дрзок кон неа: Види, мене ВМРО ниту ми ја дало работата ниту ќе ми ја земе! Претставата Северно од Македонија, што беше договорена ПРЕД ДЕСЕТ ДЕНА, во Домот на културата во Прилеп, за 31 март, веднаш по скопските претстави на 29 и 30 март, денес директорката ја откажа. Образложението не вреди да го спомнам. Грешки се случувале. Мене ми продава муда за бубрези. Јас бев директор, такви грешки не смеат и не можат да се случат. Распоредот секогаш беше пред мене, на биро. Овој и овој термин ви се слободни. Едноставно букираш термин и тоа е. Ниту еден што букирал не сум го извисил. Нека кажат. Ама на директорката во домот во Прилеп, некој и кажал да ме шутне, ама ако. Не е ни важно. Пропадна работата, иако веќе се продадоа преку двеста карти за таа претстава во Прилеп, и се направи плакат за билборд и други работи.Како јас и продуцентите да ги погледнеме сега во очи тие луѓе што купиле карти и сакале претстава? Му рекла на продуцентот ќе добиете простор кон средината на мај. После изборите и после све, кога веќе на никој не му е да се пика во домови за култура на 40 степени. Ај ако не, во јули да ја правиме на Халкидики. Врв на непрофесионализам. Да и ќе се дрзнам да кажам: ЦЕНЗУРА! Кој ве клацка!”

(Видео) “Чудовиштето” од Сава: Луѓето се собраа да го видат уловот на овој српски рибар

Рибар извлече сом долг 2 метри на Ада Циганлија.

Сограѓаните се собраа на брегот да го видат уловот. На крајот риболовецот ја врати рибаа назад во вода, а пред тоа направи фотографија за паметење.

Заев: Само Грција има право да коментира дали се зборува македонски јазик кај нив

Право на Грција е да коментира дали нашинците таму зборуваат на македонски јазик, а ние треба да внимаваме за да не предизвикаме незгодни ситуации. Премиерот Зоран Заев вели дека нашиот јазик е македонски и го користат сите граѓани во земјата и во дијаспората, но во духот на пријателството и стратешкото партнерство, на јужниот сосед треба да му се остави да ги поставува работите околу тоа каков јазик користи населението во Северна Грција. На конкретното прашање: Дали е проблем да се каже дека се зборува македонски таму – одговара;

– Тоа е право на Грција, тоа треба тие да го коментираат. Со наше невнимание би можеле да предизвикаме незгодни ситуации поради тоа што имаме јасен и прецизен договор, што ние политичарите треба да веруваме во него и внимателно да го имплементираме, а после тоа и граѓаните на двете земји, така што оставам тоа Грција да си го коментира, тие си имаат свој начин на поставување на работите, ние ги почитуваме, тие се наш стратешки партнер – смета Заев.

Премиерот вели и дека министерот за надворешни работи Никола Димитров го објаснувал истото, воден од желбата за добрососедство и градење пријателство со Грција. За потсетување, грчката министерка за надворешни работи при посетата на граничниот премин Маркова Нога, ја потенцираше изјавата на Димитров според која тој разјаснил дека согласно членот 7 и духот на Преспанскиот договор македонскиот јазик кој го говорат граѓаните на Македонија и неговите дијалекти немаат никаква врска со идиомите што ги говорат грчките Македонци. Само неколку дена претходно Димитров во интервју за телевизијата СКАЈ истакна дека македонското малцинство е грчка работа и дека со Преспанскиот Договор Скопје е обврзано да не се меша во внатрешните политики на Атина.

Портпаролот на владата Миле Бошњаковски пак, објаснувајќи ја изјавата на Димитров рече дека шефот на дипломатијата мислел на оние луѓе кои зборуваат на грчки јазик а се чувствуваат како Македонци, додавајќи дека Владата нема право да детерминира кој на каков јазик ќе зборува бидејќи тоа ќе биде мешање во внатрешни работи на друга држава.

На сето ова експертската јавност реагираше бурно, прашувајќи зошто стигнавме од состојба на гарантиран македонски јазик и идентитет каков што тврдеа дека ќе биде владините функционери, до тоа истите луѓе да бегаат и да не сакаат да го именуваат говорот, стандардизиран уште пред седумдесет години, на кој зборуваат роднините на Егејците во северниот дел од Грција.

Извор: infomax.mk

Денеска сончево и топло, попладнево дожд и грмежи, а еве какво време не очекува во наредните денови и за време на викендот

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно, во попладневните часови во крајниот југ и југоисток од земјава ќе има локален дожд и ретка појава на грмежи.

Утринската температура денеска се движеше од еден до седум, а дневната од 16 до 22 степени.

Во следните два дена ќе има зголемена облачност, а во крајните јужни и југоисточни делови ќе има услови за локален дожд и ретка појава на грмежи.

Ќе дува и умерен северен ветер, што ќе услови благо опаѓање на дневната температура.

Во петок и за време на викендот ќе преовладува сончево и потопло време.

Oвие градови се рај за фризери: За едно потстрижување се наплаќа и до 120 долари

119,04 долари е просечната цена за потстрижување на жени во Париз, најскапиот град на светот.

73,97 долари ќе платите за истото во Цирих, a 53,46 долари во Осака во Јапонија.

Истражување на трошоците за живот кое го направи „Економист интелиџенс јунит“ (ЕИУ), покажа дека Париз е најскап град во светот заедно со Сингапур и Хонг Конг.

Земени се в предвид 133 градови во 93 земји. ЕИУ ги споредува просечните трошоци за повеќе од 160 предмети.

До полноќ истекува рокот за поднесување на кандидатура: Само еден кандидат досега доставил кандидатура до ДИК!

Најдоцна до четврток до полноќ треба кандидатите за претседател на државата да ги достават кандидатурите до Државната изборна комисија (ДИК).

За официјализирање на претседателската кандидатура потребно е кандидатите да достават 10.000 граѓански или 30 пратенички потписи.

Кандидатурата со собраните потписи вчера ја поднесе Блерим Река, кандидат од албанската опозиција, а до крајниот рок се очекува тоа да го сторат и Стево Пендаровски, кандидат на СДСМ и коалицијата и Гордана Слијановска-Давкова, кандидат на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата.

Државната изборна комисија треба во рок од 48 часа од доставувањето, да ја потврди кандидатурата, а доколку има неправилности, истата се враќа, по што во рок од 48 часа треба да бидат отстранети неправилностите.

Кампањата за претседател на државата почнува на 1 април и ќе трае до 19 април по што следува изборниот молк. Првиот изборен круг за шестите претседателски избори е закажан за 21 април, а вториот ќе се одржи на 5 мај. По кој реден број ќе се најдат кандидатите, ДИК ќе утврди на 25 март со ждрепка.

Втор круг на гласање ќе има доколку ниту еден кандидат за претседател не го добил потребното мнозинство гласови и тогаш гласачите ќе бираат помеѓу двајцата кои освоиле најмногу гласови. Кампањата за втор круг завршува во 24:00 часот на 03 мај, а гласањето се одржува на 5 мај. Победник на изборите е еден од двајцата кандидати кој во вториот круг освоил повеќе гласови, но под услов да биде остварен цензусот односно доколку гласале повеќе од 40 отсто од запишаните избирачи. Доколку и во вториот круг на гласање ниту еден од кандидатите за претседател не го добил потребното мнозинство гласови, се повторува целата изборна постапка.

CKAHДAЛ: Заболекари од Прилеп прегледуваат пациенти кои имаат проблем со уво, нос и грло

Од сигурни извори дознавме дека в.д Директорот на ЈЗУ Општа болница „Борка Талески“ издаде наредба вработените во Одделението за максилофацијална хирургија на работни места стоматолози специјалисти по максилофацијална хирургија и орална хирургија, во текот на редовно работно време во смени и кога се приправни да ги згрижуваат повредените пациенти кои што ќе побараат здравствена услуга од областа на оториноларинтологија. Во издадената наредба се посочува дури доколку има непочитување на работни задачи опишани во наредбата од страна на вработените, ќе следуваат дисциплински мерки согласно позитивни прописи, пишува Курир.

Извор: kurir.mk

Прилепчанецот Борјан Јованоски го освои небото над Албанија: Севкупен победник на меѓународниот натпревар во Ѓирокастро

Борјан Јованоски од параглајдинг клубот „Делта“ од Прилеп е севкупен победник на меѓународниот натпревар во параглајдерство, дисциплина прецизно слетување, што минатиот викенд се одржа во Ѓирокастро, соседна Албанија.

Во женска конкуренција првото место го освои Александра Уфцеска од клубот „Sky no limit“.

На натпреварот учествуваа 40 натпреварувачи од три држави меѓу кои и членовите на македонската параглајдинг репрезентација.

Ова е одличен почеток на натпреварувачката сезона за македонските параглајдеристи. Веднаш се продолжува со подготовки за следните натпревари, европски и светски купови, се наведува во соопштението од Воздухопловната федерација на Македонија.

Секојдневно ја купуваме: Не ја јадете оваа риба, опасна е по здравјето

Постои вид на риба која често ја јадеме, евтина е и достапна по маркетите, а “dietmindspirit.org” апелира да се внимава бидејќи не е здрава.

Се работи за пангата која има потекло од Виетнам, а според сајтот, оваа риба има лош квалитет и доаѓа од нехигиенски услови.

Се лови од една од најзагадените реки, а не постои ништо природно во неа.

За употребата на оваа риба изби скандал пред две години во две членки на ЕУ, Италија и Франција. Таму медиумите оваа риба ја нарекоа риба-измама.

Фановите на овој англиски гигант ќе останат без здив: Ова е новиот стадион на лондонскиот тим (Видео)

Изгледа дека Тотенхем оваа сезона сепак ќе заигра на новиот стадион. Отворањето се планира за почетокот на април и изгледа дека конечно се ќе биде подготвено.

Лондонскиот клуб потврди дека сите мали грешки кои биле направени за време на работењето се сега поправени и дека стадионот во целост е подготвен да организира натпревари.

Англиските медиуми синоќа беа во една мала турнеја на новиот стадион на Тотенхем кој изгледа навистина неверојатно.