дома блог страница 334

Маркукуле дознава: Ова се “тешкашите” кои ќе ја предводат советничката листа на СДСМ во Прилеп

Како што наближуваат локалните избори партиските штабови полека влегуваат во целосна готовност, а веќе се лиферуваат и првите имиња кои ќе се најдат на советничките листи на најголемите политички партии. СДСМ веќе една година е во тешка опозиција, што значи дека не можат да си дозволат луксуз и да чекаат, па токму затоа од партијата веќе ја подготвуваат советничката листа.

Маркукуле од партиски избори дознава кои имиња ќе се најдат на првите четири места, со кои партијата ќе ја бара поддршката од граѓаните во октомври.

Првото место е резервирано за претседателката на ОО СДСМ Прилеп, Петра Лукароска, која ја го презеде партистикиот огранок по катастрофалниот пораз на парламентарните избори минатата година.

Ваднаш зад неа ќе биде Александар Китаноски, актуелен советник кој е еден од најгласните во Советот и можеби со најдолг стаж помеѓу советниците.

Третото место е за претседателот на СДММ во Прилеп, Бојан Цветаноски, син на Мери Цветаноска, поранешната директорка на ЈП за ПУП, која ги набави четирите автобуси од градскиот превоз, во времето кога локалната самоуправа ја предводеше Илија Јованоски.

На четврто место ќе биде Саша Лепиткова, повеќегодишен активист на партијата во Прилеп, која ја предводеше и филијалата на Македонски Пошти во градот под Марковите Кули.

Од друга страна пак, се’ уште се енигма имињата на кандидатите за градоначалници од двете најголемите партии, кои ќе ја бараат поддршката на граѓаните на престојните локални избори.

15 пушки, 6 пиштоли, револвери, муниција…. Битолчанец дома чувал цел арсенал на оружје

ФОТО/илустрација

-СВР Битола поднесе кривична пријава против П.Ј.(69) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи“.

Полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што пронашле и одзеле 15 пушки, шест пиштоли, два револвери, 363 парчиња муниција од различен калибар, различни делови од оружје и барут – информираат од СВР Битола.

Прилепчанец фатен во кражба во Битола

На 17.05.2025 во 01.10 часот на ул.„Македонски Гемиџии” во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода Е.Б. од Прилеп.

Тој бил затекнат при извршување кражба во плац на правно лице, по што украденото било вратено на сопственикот.

Лицето било задржано во Полициска станица Битола, а по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

(ВИДЕО) Финализира изградбата на новата детска градинка во Битола – се наоѓа во поранешната касарна

Општина Битола активно работи на реализацијата на еден од најзначајните инфраструктурни проекти за најмладите граѓани — изградба на нова детска градинка во просторот на поранешната касарна АРМ.

Со преземање на одговорен и посветен пристап, веднаш по стапувањето на функцијата, градоначалникот Тони Коњановски иницираше детални анализи на состојбата на теренот, при што беа утврдени неопходните чекори за надминување на затекнатите проблеми.

Како дел од подготовките, беше склучен договор за изведба на дренажен систем кој обезбедува заштита на објектот од високи подземни води, со
нивно собирање и одведување кон атмосферската канализација. За оваа активност се инвестирани 4.750.114 денари.

Првата фаза од изградбата на градинката, која опфати изградба на карабина со надворешно застаклување, вклучуваше земјени, бетонски,
армирачки, ѕидарски, изолатерски, столарски и покривачки работи. Вкупната инвестиција за оваа фаза изнесуваше 43.437.192 денари.

Во моментов е во тек втората фаза од проектот, која предвидува изведба на градежно -занаетчиски работи, целосно уредување на внатрешноста,
партерно уредување и оградување на локацијата. За целосно завршување на објектот планирани се 79.594.915 денари.

„Почитувани битолчани, работиме посветено за вас — за нашите граѓани, за нашата иднина, за нашите деца. Ги надминавме затекнатите проблеми на теренот во 2021 година. Денес, градиме иднина. Новата детска градинка во просторот на АРМ е нашата заедничка приказна за успех. Тука ќе се згрижуваат 250 деца. Во моментов се врши поставување на сите инсталации: електрични, водоводни, канализациски и други.

Создаваме простор каде што иднината расте: безбедна, среќна и подготвена за новите предизвици. Затоа што нашата иднина се нашите најмлади,”
изјави градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, за време на увидот во градежните активности.

Градоначалникот уште еднаш нагласи дека во овој период, посебно е ставен акцент на контролите во градинките и училиштата, во насока на
зголемување на безбедноста и континуираната грижа за најмладите, во заедничка соработка и консултација со Дирекцијата за заштита и
спасување, по што се преземаат соодветни мерки во насока на издадените препораки, за дислокација на училници.

Најмногу дожд во Крушево, денеска променливо облачно

Најмногу дожд изминатите 24 часа наврнал во Крушево, 41 литар на метар квадратен.

Според податоците на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) за наврнат воден талог во изминатото деноноќие, до 8 часот се регистрирани 26 литри дожд во Охрид, 24 во Гевгелија, 23 Тополчани, 22 Крива Паланка, Пожар-Радовиш, 21 Прилеп, 19 Лазарополе, 17 Берово, 16 Виница, Маврови Анови, 14 Претор, Пожаране, 13 Штип, 11 Битола, Кавадарци, 10 Демир Капија, 9 Тетово, Попова Шапка, 6 Скопје-Петровец, Куманово, 5 Скопје-Зајчев Рид.

УХМР најави дека времето денеска ќе биде променливо облачно, во западните делови со повремен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец. Дневната температура ќе биде во интервал од 16 до 22 степенa.Во Скопје, променливо облачно, попладне во делови од котлината ќе има услови за слаб дожд. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Дневната температура ќе достигне до 22 степенa.

Мицкоски: Историски ден за Македонија, постигната согласност за договор за стратешко партнерство со Обединетото Кралство

Историски ден за Македонија! Денеска остварив средба со премиерот на Обединетото Кралство, Кир Стармер. На средбата постигнавме согласност за договор за стратешко партнерство на Македонија со Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска. Ова ги напиша премиерот Христијан Мицкоски на Фејсбук по средбата во Тирана со британскиот премиер.

– Ова преставува стратешки договор кој ја позиционира државата во редот на интересите и делувањето на една од највлијателните политички и економски сили во светот како што е Обединетото Кралство. Овој договор претставува ново поглавје во односите меѓу двете држави и претставува клучна основа за подоцнежна економска и политичка соработка. Самиот договор се преговараше повеќе месеци помеѓу тимови од двете држави, и вклучува членови за блиска соработка во повеќе клучни области, наведува Мицкоски.

Двајцата премиери во изјавите на средбата одржана во рамки на Самитот на Европската политичка заедница во Тирана, оценија дека договорот за стратешко партнерство ќе значи уште посилна соработка, поцврсти односи и можност за продлабочување на односите.

Договорот, кој се оценува како историски, ќе отвори нови перспективи за соработка во клучни области како безбедноста, економијата, инвестициите, образованието, дигиталната трансформација и климатските промени. Ова е договор кој ја позиционира Македонија во поширокиот круг на интереси на една од водечките светски сили. Станува збор за конкретна и долгорочна определба за зајакнување на билатералните врски со Обединетото Кралство.

Со потпишувањето на договорот, Македонија ќе добие пристап до британска експертиза, финансиска поддршка за реформи и можности за британски инвестиции во стратешки сектори како енергетиката, инфраструктурата и иновациите. Дополнително, соработката ќе опфати и засилен политички дијалог, како и координација во рамки на меѓународните институции и глобалните безбедносни предизвици.

Дрвокрадец прегази девојче

Вчера полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода М.Љ.(47) од с.Блаце, скопско.

Како што соопшти МВР, околу 12.15 часот во с.Чучер Сандево, тој со патничко возило „фолксваген венто“ со скопски регистарски ознаки, удрил во пешак – малолетничка од с.Чучер Сандево.

Во незгодата, малолетничката се здобила со телесни повреди, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“.

При вршење на увидот било констатирано дека во возилото превезувал огревно дрво без документација, кое било одземено. Известен бил јавен обвинител и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, велат од МВР.

ОБЈАВЕНИ ТЕЛЕФОНСКИТЕ БРОЕВИ ЗА ДОНАЦИИ: Андреа од Прилеп мора итно да замине за Турција, ИТНО сме потребни сите!

Фондацијата “Павел Андреев” објави иницијатива за собирање средства за млада прилепчанка, која мора итно да замине на операција на ногата во Турција. Андреа ќе замине за Турција за неколку дена, но сумата за операцијата се’ уште не е собрана, па потребни сме СИТЕ!

Апелот во продолжение е на нејзината мајка Мариче:

Почитувани хумани луѓе,

Ве молам да одвоите миг и да ја чуете приказната на мојата ќерка – Андреа. Таа има само 23 години, но последните пет ги поминува во болка и страдање. Пред пет години преживеа тешка сообраќајна несреќа – несреќа што ѝ го промени животот засекогаш. Се здоби со повеќе тешки скршеници на целото тело, а нејзината нога беше двапати оперирана. За жал, ниту една од операциите не беше успешна.

Денес, Андреа живее со секојдневни и постојани болки. Не може нормално да се движи, не може самостојно да ги извршува ниту наједноставните обврски. Новите лекарски наоди укажуваат на сериозни оштетувања на коската – толку сериозни што, ако не се направи итна и прецизна операција во странство, постои реална опасност нејзината нога да мора да се ампутира.

Јас сум самохрана мајка. Андреа ми е сè во животот. Знам дека не можам сама да се справам со трошоците за третманот, но не можам ниту да прифатам дека моето дете ќе остане без нога затоа што немаме пари.

Затоа, со сето срце Ве молам – помогнете ни. Бидете дел од приказната што ќе ја врати надежта и животот на едно младо девојче. Секој денар значи чекор поблиску до спас. Да не дозволиме парите да бидат причината што ова дете ќе изгуби дел од себе.

Со благодарност и надеж до сите вас хумани луѓе од Мариче мајката на Андреа!

За младата прилепчанка можете да донирате на следниот ЛИНК на фондацијата: https://pavelandreev.org/mk/campaign/idninata-za-andrea?fbclid=IwY2xjawJ-RMVleHRuA2FlbQIxMABicmlkETFlQ3h4SHBhZjJONVJLNXRDAR5A96Rq4jV1rhRd1iWv8rjmp6366UxwqaWU0D0EJViaDtYRRxqFwtcl4fFGnA_aem_UMYPbEmo9yCQpY1ufAVOVQ

На телефонските броеви:

За корисниците на А1: 143 462

За корисниците на Телеком: 143 135

Или на трансакциската сметка на Комерцијална банка: 300027117206934

СУПЕР МИЛИОНЕР ВО СКОПЈЕ: ИГРАЧ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА ОСВОИ 7.433.014 ДЕНАРИ

Играчот Б.С. од Скопје е најновиот среќен сопственик на СУПЕР МИЛИОНЕР џекпот на Видеолотарија Касинос Австрија. Тој освои 7.433.014 денари.

На сигналот за СУПЕР МИЛИОНЕР џекпот, се израдува и Б.С.од Скопје. Тој на 12.05.2025 го освои најпосакуваниот џекпот на Видеолотарија Касинос Австрија, вреден фантастични 7.433.014 денари. Неговата среќна игра е 5 Дазлинг хот.

СУПЕР МИЛИОНЕР џекпот добивката вредна 7.433.014 денари , е освоена кај нашиот деловен соработник Бет Ту Мар во Илинден.

Видеолотарија Касинос Австрија упатува искрени честитки на најновиот СУПЕР МИЛИОНЕР џекпот добитник. Посакуваме со радост да ужива во фантастичната добивка, за која силно веруваме дека ќе му донесе успех и среќни моменти во иднина.

За една седмица, во периодот од 05.05.2025 до 11.05.2025, Видеолотарија исплати 9.690.240 денари на ВЛТ играчите . Изминатата седмица имавме 5 Милионер џекпот добивки кои збирно донесоа 7.461.777 денари кај среќните добитници. Дополнително играчите се радуваа и на Мини џекпот за што заедно поделија 2.228.463 денари.

Матурантите докажаа – Гимназијата е расадник на интелектуалци и на патриоти (ФОТО/ВИДЕО)

Со песна, оро и десетици знамиња со шеснаесеткракото македонско сонце од Кутлеш, прилепските гимназијалци денеска слават матура и го разиграа училиштето.

Забележливо е дека кај младите се враќа трендот на прославување со македонски знамиња, нешто што во изминатите години беше подзаборавено. Секоја чест!

Нека им е честита матурата, а од утре ум во глава и паметен избор на соодветно високо образование!