дома блог страница 3279

(Видео) Уживајте во магијата: Ова го може само Златан

Тој едноставно не знае да постигне обичен гол. Неповторливиот Златан Ибрахимович со спектакуларни макази ја подигна Америка на нозе!

Глакси беа поразени од Њу Ингланд со резултат 2:1, а мечот го одбележа неверојатниот гол на шведскиот напаѓач.

Уживајте во мајсторијата на Ибракадабра:

Во среда премиера на претставата “Семејни приказни” во театарот “Војдан Чернодрински”

Во среда (05.06.2019) со почеток од 20:00 часот во народниот театар “Војдан Чернодрински”, премиера на претставата “Семејни приказни”.

„СЕМЕЈНИ ПРИКАЗНИ“ – Биљана Србљановиќ
Режија: Милош Б. Андоновски
Драматург: Лидија Митоска-Ѓорѓиевска
Сценографија: Наташа Вчкова
Костими: Марта Дуфне Јосифовска

Играат: ЈАСМИНА МИЦОВСКА СТАНКОСКА – НАДЕЖДА, ИЛИЈА ВОЛЧЕСКИ – ВОЈИН, КАТЕРИНА ЧАКМАКОСКА КЛИНЧЕСКА – МИЛЕНА, ДИМИТАР ЦРЦОРОСКИ – АНДРИЈА

КРАТОК ТЕКСТ ОД РЕЖИСЕРОТ МИЛОШ Б. АНДОНОВСКИ ЗА ПРЕТСТАВАТА

Оваа претстава е претстава за детството. Топла е, истовремено и незгодна. Приказните кои ги гледаме оставаат еден горко-сладок вкус зашто некои нешта можеби и не требале да бидат такви, додека пак други, за среќа, не се случиле поинаку.Оваа претстава му се обраќа секому.
Војин и Милена, Андрија и Надежда се децата од нашата улица. Тие се децата од нашето маало, од нашето детство; тие се децата од нашето време; децата кои што сме и деца какви што нема да видиме – државата страшно превоспитува.

КРАТОК ТЕКСТ ОД ДРАМАТУРГОТ ЛИДИЈА М. ЃОРЃИЕВСКА ЗА ПРЕТСТАВАТА

Семејни приказни е претстава која преку играта на децата го прикажува светот на возрасните. Дејството се случува на едно запуштено детско игралиште, каде што децата си играат семејство, а преку својата игра умешно ги прикажуваат деликатните семејни односи, но и длабоко вкоренетите патријархални вредности и нормализираното семејно насилство, создавајќи метафора за нефункционалноста на повеќе општествени сфери во деведесеттите години на минатиот век, во една руинирана балканска земја. Секоја од кратките сцени во претставата е приказна за себе. Иако прикажаниот свет најчесто е и физички и морално брутален, гледачот во оваа претстава, збогатена со впечатливи и препознатливи визуелни симболи и музички теми, ќе го препознае своето секојдневие од деведесеттите, кое кај многумина несомнено ќе побуди и носталгија по едно изминато време.

БИОГРАФИЈА РЕЖИСЕР

Милош Б. Андоновски (1989) дипломира театарска режија на Факултетот за драмски уметности во Скопје, во 2015 година.Претходно завршува општа и компаративна книжевност на Филолошкиот факултет “Блаже Конески”, а во 2014 година магистрира на отсекот за културолошки студии при Институтот за македонска литература (УКИМ) во Скопје. Четири години работи како професор по театарска и филмска уметност во меѓународното училиште НОВА.Ги работел претставите „Јас, Селма“ во Младинскиот Културен Центар во Скопје; „Физика на тагата“ според истоимениот роман на Георги Господинов во театарот во Куманово; како и шекспировиот „Хамлет“ во Театарот на Навигатор Цветко во Кино Култура, Скопје. Претставата „Семејни приказни“ е неговиот прв професионален ангажман во прилепскиот театар. На прилепската публика, за прв пат, ѝ се има претставено со неговата дипломска претстава „Поблиску“ според текстот на Патрик Марбер, во 2015 година, во офф програмата на фестивалот „Војдан Чернодрински“.

БИОГРАФИЈА НА АВТОРКАТА НА ТЕКСТОТ

Биљана Србљановиќ (Стокхолм, 1970) се вбројува меѓу најистакнатите современи српски драмски писатели. Дипломирала во 1995 година на Факултетот за драмски уметности во Белград, каде што моментално работи како редовен професор. Позната е по својот исклучително смел и политички ангажиран уметнички израз, а нејзини најпопуларни дела се Белградска трилогија, Семејни приказни, Пад, Супермаркет, Америка втор дел, Скакулци, Смртта не е велосипед (да ти го украдат) и други. Нејзините драми се преведени на над дваесет јазици и се изведуваат во многу театри низ Европа и Америка. Уште за време на студиите, Србљановиќ го започнала својот политички ангажман. Иако таа низ целиот свој опус недвосмислено ги изразува своите проевропски ставови и острата критика на современото општество, нејзините драми зборуваат и за интимните проблеми на современиот човек, како што се семејните и меѓугенерациските односи и конфликти.

ФОТО: Наташа Вчкова

МВР со апел до навивачите за пречекот на Вардар: Најстрого ќе санкцинираме скандирања и пеење на песни кои шират омpaза

Министерството за внатрешни работи му честита на ракометниот клуб „Вардар“ за освојувањето на титулата европски шампион. Притоа, укажуваме дека радувањето на спортските успеси е неспоиво со говор на омраза, дискриминација и поттикнување на омраза и насилство.

МВР ќе ги преземе сите неопходни мерки за обезбедување на јавниот ред и мир на пречекот на нашите европски шампиони и ќе биде најстрого санкциониран било каков обид за предизвикување на инцидент, како што тоа беше направено на синоќешната прослава..

Апелираме до граѓаните да не употребуваат навредливи пароли, скандирања или пеење на песни со кои шират говор на омраза, затоа што тоа ќе биде санкционирано. Апелираме до граѓаните да се воздржат од употреба на пиротехнички средства затоа што на тој начин се загрозува безбедноста на граѓаните, како што тоа беше случај синоќа со една девојка што се здоби со повреди од пиротехничко средство.

Граѓаните кои ќе забележат било какво прекршување на законите да пријават кај полициски службеник или најблиската полициска станица или да се јават на бројот 192. Ја известуваме јавноста дека Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика во координација со надлежното обвинителство континуирано презема мерки и активности за санкционирање на ширењето на говорот на омраза и на социјалните мрежи, најчесто на Фејсбук.

На крајот, уште еднаш ги повикуваме граѓаните достоинствено да ги пречекаме хероите од Келн и заеднички го прославиме овој историски успех.

МТВ ќе врши пренос од пристигнувањето на Вардар во Скопје

Македонската радио телевизија ќе врши пренос од пристигнувањето на ракометарите на Вардар, потврдија за порталот Република од МТВ. „Црвено-црните“ се нови европски владетели, откако во финалето на Лигата на шампионите го победија унгарскиот првак Веспрем со 27-24.

Како што најавија од Град Скопје, кој го организира пристигнувањето и дочекот на ракометарите на Вардар на плоштадот „Македонија“, се очекува тие со чартер-лет да пристигнат во 18.50 часот, а потоа, пратени од навивачите и сите љубители на ракометот да пристигнат во центарот на градот. Таму илјадници луѓе, како и пред две години, ќе му се поклонат на новиот европски ракометен правак.

Овој викенд, додека се одржуваше завршниот турнир на ЛШ на кој „црвено-црните“ трипати едно по друго се пласираат, а двапати ја освојуваат шампионската титула, по МТВ се фрлаа дрва и камења бидејќи немаше пренос од двата најважни натпревари на Вардар. А возбудливи мечеви во текот на сезоната на ЛШ имаше премногу.

Претходно, во изјава за офф.нет беше соопштено дека МТВ нема да пренесува ниту фудбал, ниту ракомет во ЛШ.

Во ситуација кога Македонија остана без претставник во женска конкуренција, а машките клубови се во надолна линија, дури и со реална неизвесност околу нивната перспектива во ЛШ, условите за склучување нов двегодишен договор со ЕХФ Маркетинг (а не да се договара сезона по сезона) беа премногу неповолни од финансиски аспект, рече тогаш за „Офф.нет“ уредникот на спортската редакција на МРТ Драган Николовски.

Во таква ситуација граѓаните на Македонија се снаоѓаа кој како знае и умее за да може да ги следи двата историски натпревари на Вардар. Најчесто „страдаа“ оние кои имаа „Арена спорт“, бидејќи таму беше пренесот. Други кои немаа мораа да се мачат и да бараат линк од натпреварот. А немаат сите интернет во државата.

Претходно беше објавено дека ниту една македонска телевизија не контактирала со „Арена спорт“ за да ги откупи правата за пренос на натпреварите во Ф4 во ЛШ.

(ФОТО) “Нова порака за Градоначалникот и Министерот Сугарески од сопственикот на угостителскиот објект во Прилеп?”

Угостителскиот објект “Тhe Gallery House Pub”, кој пред извесно време беше затворен, откако комуналната инспекција на општина Прилеп го собра од објектот целиот инвентар од летната бавча, предизвика лавина реакции во јавноста.

Според Бисерко Тркља кој беше сопственик на локалот, комуналните инспектори без никакво предупредување или налог го одзеле инвентарот, откако тој по претходен договор со инспекторите уплатил 40.000 денари од заостанатиот долг во висина од 89.000 денари.

Сопственикот пак на објектот, Киро Стојаноски, изјави дека партиско полициски структури сакале да му го земат под кирија објектот, па токму поради тоа следувале ваквите дејствија.

Пред неколку дена на објектот од затворениот локал осамна транспарент на кој пишува:

“Ја повикувам локалната власт на чеко со Градоначалникот на Советот Миле Талески, Комуналниот раководител Блаже Димоски и сите вработени во локалната самоуправа!! Градоначалниче вие бевте првиот што викавте нема рушење со “хилти”, летни бавчи, затворање објекти, а сега има трактори за ѓубре од Комуналец што безправно му наредивте да ги товараат масите, столиците и сепарината (инвертар вреден илјадници евра) и фрлени во некои хангари да ги јадат глувците. Заборавивте дека вие истите од ОО СДСМ седевте на тие столици и маси пиевте безплатно, собиравте политички поени!”

Денеска сопственикот постави нов транспарент на кој стои следнава порака:

“Ја известувам македонската јавност и граѓаните на град Прилеп: Јас Киро Стојаноски самоиницијативно ја отстранив конструкцијата на летната бавча, а сега тоа да го направи господинот министер Горан Сугарески и сите останати летни бавчи блиски до власта и до градоначалникот. Воедно ја повикувам локалната власт на чело со Илија Јованоски-Муцето да превземат мерки и активности како за обичните граѓани, така и за луѓето од власта и блиски до власта!! А власта е сервис на граѓаните”

Нова цена на горивата: Ова се цените кои ќе важат од полноќ

Од еден до еден и половина денар се намалува малопродажната цена на бензините и дизелот од ноќеска на полноќ, одлучи Регулаторната комисијата за енергетика.

Според одлуката, за еден денар се намалува цената на Еуросупер БС 98, додека за денар и половина поевтинуваат Еуросупер БС 95, Еуродизелот и Екстра лесното масло за домаќинство.

Новата цена на Еуросупер БС 95 ќе изнесува 69,50 денари за литар, Еуросупер БС 98 ќе се продава по 72 денара за литар, Еуродизелот по 62,50 денари, Екстра лесното масло 52 денари.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува и ќе изнесува 35,118денари за килограм.

Цените на нафтените деривати на светскиот пазар во изминатиот седумдневен период бележат намалување кај бензинот во просек за околу 4,14 отсто или за 27,55 долари за тон, кај дизелот намалување во просек за околу 4,44 отсто или 27,55долари за тон, кај екстра лесното масло намалување во просек за околу 3,94 отсто или за 23,80 долари за тон и кај мазутот намалување во просек за околу 3,03 отсто или за околу 12,95 долари за тон.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот седумдневен период изнесуваше 55,0842 денари за долар.

МОБИЛИЗAЦИЈА НА ЦРВЕНО-ЦРНАТА APМИJA: Ова е агендата за пречек на шампионите!

Црвено-црните херои денеска слетуваат на скопскиот аеродром. Шампионските срца заслужуваат величествен пречек!

Со повик за пречек се јави и навивачката група Комити.

-Во кратки црти за Пречекот на Хероите и Парадата на Гордоста ДЕНЕС:
– Собир: 17:00ч. пред сала Јане Сандански!; ОРГАНИЗИРАН ПРЕВОЗ ОД ЈСП ЗА СИТЕ КОИ НЕМААТ СОПСТВЕНИ ВОЗИЛА!; ГРАТИС СКОПСКО ПИВО – На Собир пред сала за сите !!!; НОЌНИ ВОЛЦИ ќе го предводат конвојот !!!; ЗАЕДНИЧКО ПОАЃАЊЕ: околу 17:30ч.; Авионот со Шампионите пристигнува околу 18:30ч.; По кратката дружба на Аеродромот заедно се упатуваме со ИЛЈАДНО ДЕФИЛЕ од автомобили, автобуси, мотори, кон СТО ИЛЈАДЕН ПРЕЧЕК КОН ПЛОШТАДОТ МАКЕДОНИЈА !!!

MOБИЛИЗАЦИЈА ЦРВЕНО-ЦРНА APMИJO !!!

УХМР со лоша вест за неработниот ден

УХМР со лоши вести за времето. Денеска променливо облачно со локален дожд, а од пладневните часови нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и повремено засилен ветер и услови за појава на град.

Дневните температури ќе достигнат во Скопје 21, Кавадарци 23, Крива Паланка 21, Берово 19, Битола 21, Охрид 18, Маврово 13 и Дојран 26 Целзиусови степени.

Прогнозата за утре е променливо облачно и нестабилно особено попладне, со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Неработниот ден нема да ни помине со сонце.

ДЕНЕС Е ГОЛЕМ ПРАЗНИК СВЕТИ КОНСТАНТИН И ЕЛЕНА

Родители на Константин му беа царот Констанциј Флор и царицата Елена. Флор имаше уште деца и други жени, но од Елена го имаше само овој Константин. Три големи бopби имаше Константин кога се зацаpи: една против Максенциј, тиpaнин во Рим, друга против Скитите на Дунав, и трета против Византинците.

Пред бopбата со Максенциј, кога Константин имаше голема грижа и се сомневаше во својот успех, му се јави сред бел ден блескав кpст на небото, сиот закитен со ѕвезди, а на крстот стоеше напишано: „Со ова победувај!“ Восхитен, царот нареди да му исковаат голем крст, сличен на тој што му се јави и да го носат пред војската.

Со силата на Крстот тој стекна славна победа над бројно надмоќниот непријател. Максенциј се удави во реката Тибар. Веднаш потоа Константин го издаде прочуениот Едикт, во Милано, во 313 година, за престан на гонењата на христијаните. Откако ги победи Византинците, тој изгради прекрасна престолнина на Босфор, којашто оттогаш се нарече Константинопол.

Но, пред ова Константин западна во тешkа проказна болеcт (лепра). Жреците и лекарите го советуваа да се бања во крв од заклани деца, но тој тоа го одби. Тогаш му се јавија светите апостоли Петар и Павле и му рекоа да го побара епископот Силвестер, којшто ќе го излечи од страшната болеcт. Епископот го поучи во христијанската вера и го кpсти и проказата исчезна од телото на царот. Кога во Црквата настана раздор заради смутливиот еретик Ариј, царот го свика Првиот Вселенски Собор во Никеја, во 325 година.

Овде се осуди ереста, а се утврди Православието. Благочестивата мајка на царот, светата Елена, ревнуваше усрдно за верата Христова. Таа го посети Јерусалим и го пронајде Чесниот Крст Господов и на Голгота ја изгради црквата на Воскресението, и уште многу други цркви по Светата Земја. Во својата осумдесетта година оваа света жена се престави кај Господа, во 327 година. А царот Константин ја надживеа мајка му за десет години и се упокои во својата шеесет и петта година, во 337 година, во градот Никомидија. Неговото тело беше погребано во црквата на светите апостоли во Цариград.

НАЈНОВО: Отkажан летот со кој требаше да пристигнат ракометарите на Вардар!

Летот со кој беше најавено пристигнувањето на европскиот шампион, Вардар, е отkажан.

На страницата на аеродромот во Скопје предмалку беше објавено дека летот од Келн, кој се очекуваше да пристигне во 16.15ч, е откажан, а засега нема информации за причините.