Социјалните мрежи се преплавени со оваа урнебесна фото илустрација на која се наоѓаат двајцата најактуелни ликови кои го носат името Стојанче.
#ИмаРазлика pic.twitter.com/gdQyUP7K1B
— Штеточина #Бојкотира (@_Introvertiert_) June 3, 2019
Социјалните мрежи се преплавени со оваа урнебесна фото илустрација на која се наоѓаат двајцата најактуелни ликови кои го носат името Стојанче.
#ИмаРазлика pic.twitter.com/gdQyUP7K1B
— Штеточина #Бојкотира (@_Introvertiert_) June 3, 2019
На веб страната на Општина Прилеп е објавен оглас за избор на организатор на овогодинешниот фестивал на скарата и пивото “Пиво Фест 2019”. Огласот трае само 3 дена, а сумата која ја добиа организаторот е 2.5 милиони денари.
Огласот во продолжение го пренесуваме во целост:
Врз основа на одредбите од чл.50 ст.1 т.4, т.8, т.14 и т.16 од Законот за локалната самоуправа (Сл.Весник на РМ бр.5/2002), чл.14 ст.1 т.5 в.в. со чл.47 ст.1 алинеја 4, 9 и 10 од Статутот на Општина Прилеп, в.в. со чл.7 од Законот за култура (Сл.весник на РМ бр.31/98, 49/03, 82/05, 24/07, 116/10, 47/11, 51/11, 136/12, 23/13, 187/13, 44/14, 61/15, 154/15 и 39/16-Одлука на Уставниот суд на РМ У.бр.196/2007 од 16.01.2008 год.објавена во Сл.Весник на РМ бр.15/2008), на ден 29.05.2019 год. Градоначалникот на Општина Прилеп Илија Јованоски распишува:
ЈАВЕН ОГЛАС
за избор на организатор на „Фестивал на пивото-2019“
Заради реализација на Програмата за култура за 2019 година на Општина Прилеп во делот Културни манифестации и творештво Бр.09-531/6 од 07.02.2019 година на Советот на Општина Прилеп, за која се предвидени средства во вкупен износ од 2.500.000,00 денари и Одлуката за определување на локалитет за организирање на „Фестивал на пивото-2019„ Број 09-1697/21 од 22.05.2018 год.на Советот на Општина Прилеп, Градоначалникот на Општина Прилеп Илија Јованоски објавува јавен оглас за пријавување на заинтересирани субјекти (физички или правни лица) за избор на организатор на манифестацијата „Фестивал на пивото-2019„ Прилеп која ќе се одржи во периодот од 18.07.2019 година до 21.07.2019 година
Условите и критериумите за изборот на организатор на манифестацијата „Фестивал на пивото-2019„ Прилеп (физичко или правно лице) се следните:
– во рок од 3 дена сметано од денот на објавување на огласот заинтересираниот субјект до Комисијата за избор на организатор на „Фестивал на пивото-2019„ при ЕЛС Општина Прилеп да потврди учество во организација на јавни настани и да достави програма за начин на реализација на „Пиво фестивал 2019„ Прилеп, која треба да ги содржи спецификација на вкупните активности и настани кои организаторот се обврзува да ги реализира во периодот од 18.07.2019 год.заклучно со 21.07.2019 година;
– програмата за начин на реализација на „Пиво фестивал 2019„ Прилеп треба да предвидува акционен план за реализација на активностите на терен, начинот на соработка со органите на ЕЛС Општина Прилеп, јавните претпријатија, МВР, ТППЕ Прилеп и др.правни лица, да поттикнува соработка со невладини организации и здруженија на граѓани заради промоција на културните вредности на подрачјето на Општина Прилеп, како што се промоција на културно историски споменици, заштитеното културно наследство на подрачјето на Град Прилеп и населените места, промоција на старите обичаи, промоција на храната, пивото, старите занаети и промоција на др.културни вредности;
– Согласно Одлуката за определување на локалитет за организирање на „Фестивал на пивото -2019„, Бр.09-1697/21 од 22.05.2019 год.на Советот на Општина Прилеп, организаторот во координација со потенцијалните закупци на штандови површини да обезбеди примена на унифицирана музичката програма;
– кон пријавата организаторот е должен да ги приложи потребните согласности утврдени со чл.4 од Одлуката за определување на локалитет за организирање на „Фестивал на пивото -2019„, Бр.09-1697/21 од 22.05.2019 год.на Советот на Општина Прилеп;
– по извршениот избор на организатор на манифестацијата и издавање на одобрение за начинот на користење на просторот утврден со Одлуката за определување на локалитет за организирање на „Фестивал на пивото -2019„, Бр.09-1697/21 од 22.05.2019 год.на Советот на Општина Прилеп, организаторот да се обврзе да склучи меморандум за соработка за реализација на манифестацијата со ЕЛС Општина Прилеп со ЕЛС Општина Прилеп, со кој ќе се утврди начинот на меѓусебна соработка во реализација на манифестацијата;
– организаторот да се обврзе на материјално-финансиска транспатентност по завршување на манифестацијата, односно сите податоци и информации за организација на манифестацијата да претставуваат податок од јавен карактер со исклучок на оние податоци кои согласно закон претставуваат деловна тајна и за чие издавање на трети лица, субјектот не дал согласност за нивно јавно објавување;
– ЕЛС Општина Прилеп и избраниот субјект-организаторот, го задржуваат правото врз основа на спроведената постапка за избор на организатор „Фестивал на пивото – 2019„, да бараат даночни поттикнувања согласно Законот за донации и спонзорства во јавните дејности;
– Со избраниот субјект-организаторот на манифестацијата „Фестивал на пивото-2018„ Градоначалникот на Општина Прилеп ќе се склучи договор за начинот на субвенционирање со средствата за реализација на Пиво фестивал 2019 Прилеп во вкупен износ од 2.500.000,00 денари.
Рокот за пријавување по огласот започнува да тече од денот на неговото објавување во дневниот весник.
Џудо клубот “Бyшидо”- Прилеп зеде учество на Државното првенство за основните училишта кое се одржа на 02.06.2019 во ООУ “Братство” во Карпош.
Учинокот на ова првенство се 8 медали и тоа: три златни, еден сребрен и два бронзени.
Ова се освојувачите:
– Елеонора Илиоска 1 место; Стефани Илиеска 3 место; Илчо Малионски 2 место; Тео Петрески 3 место; Елена Малиноска 1 место; Давид Мицески 3 место; Христијан Здравески 3 место; Филип Попоски 1 место.
Како што пишува Шилегов на неговиот Фејсбук профил, авионот со ракометарите на Вардар ќе тргне од Келн во 18.00 часот, а нивно слетување во Скопје се очекува во 20.30 часот.
„Почитувани, заради административни причини (пасоши, документи и сл) авионот од Келн ќе полета во 18.00 часот. Слетувањето во Скопје е најавено во 20.30 часот.
“Никогаш никој нема да дознае колку се жpтвyвaвме, нема да има споменик во наша чест, никакви паради, а ние можеме само да се молиме ова да не биде залудно”, ова се зборовите кои ја следат оваа приказна.
Овие денови повторно се зборува за чернобилската kaтacтpoфа од 1986 година, a за тоа допринесе мега популарната мини-серија.
По ekcплозијата, за да се спречи мешањето на вода и метал, некој морал да ги одврти вентилите и да ја испушти водата која се наоѓала под реакторот. Оштетениот реактор тонел и постоела опасност да се сруши до поплавените простории, што би довело до уште една разорна ekcплозија, многу посилна, која би yHиштила се во круг од 200 километри. Животот во Украина ќе бил невозможен неколку илјади години.
За жал, само мал број од вработените ја познавале оваа просторија.
Тројцата херои во оваа приказна се доброволците Алексеј Ананенко, Валерија Безпалов и вojникот Борис Баранов.
Сите тројца вработени во нуклеарната електрана Чepнобил.
The heroes of Chernobyl, who saved Europe from nuclear fallout. Alexei Ananenko, Valeri Bezpalov, Boris Baranov, 1986 ?? pic.twitter.com/Lm0yzrlma2
— ??Only In Russia ?? (@CrazyinRussia) June 2, 2019
На 26-ти април 1986 година во 1:23 часот, светот бил на работ на пpoпаст, кога во украинскиот град Пpипjaт ekcплодира реакторот број 4 во нykлеарната електрана Чepнобил.
Погледнете го видеото за тројцата заборавени херои од Чepнобил:
На 02.06.2019 во Скопје ООУ “Братство” во Карпош, се одржа Државно Првенство за основните училишта. Првенството беше во организација на Федерацијата за училишен спорт во соработка со Џудо Федерацијата на Македонија.
Како претставници на своите училишта членовите на Џудо Клубот Сеишин од Прилеп, освоија вкупно 10 медали (4 златни, 3 сребрени и 3 бронзени медали).
1. Теодора Тасеска кат. -57 кг. 1-во место
2. Ема Димитриоска кат. -48 кг. 1-во место
3. Никола Магдески кат.-50 кг. 1-во место
4. Сеадин Рустемоски кат. -60 кг. 1-во место
5. Дарко Мирчески кат. -66 кг. 2-ро место
6. Димитри Џокоски кат. -60 кг. 2-ро место
7. Андреј Сотироски кат. -66 кг. 2-ро место
8. Александар Николоски кат. -55кг. 3-то место
9. Георгиј Магдески кат. -66 кг. 3-то место
10. Магдалена Најдоска кат. -44 кг. 3-то место.
Џудо клубот Сеишин Прилеп продолжува со настапи наредниот викенд на Меѓународен Турнир во Србија.
Тој едноставно не знае да постигне обичен гол. Неповторливиот Златан Ибрахимович со спектакуларни макази ја подигна Америка на нозе!
Глакси беа поразени од Њу Ингланд со резултат 2:1, а мечот го одбележа неверојатниот гол на шведскиот напаѓач.
Уживајте во мајсторијата на Ибракадабра:
A 37-year-old Zlatan Ibrahimovic scoring an unreal bicycle kick for LA Galaxy. The man is a freak! pic.twitter.com/5GknpA5lYD
— ESPN UK (@ESPNUK) June 3, 2019