дома блог страница 3280

НАЈНОВО: Отkажан летот со кој требаше да пристигнат ракометарите на Вардар!

Летот со кој беше најавено пристигнувањето на европскиот шампион, Вардар, е отkажан.

На страницата на аеродромот во Скопје предмалку беше објавено дека летот од Келн, кој се очекуваше да пристигне во 16.15ч, е откажан, а засега нема информации за причините.

Дождот нема да престане: Промена дури во петок

Во земјава и денеска ќе биде променливо и облачно, а во попладневните часови нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и повремено засилен ветер и услови за појава на град.

Утринската температура ќе се движи од шест до 15 степени, а дневната температура ќе се движи од 13 до 26 степени.

Во Скокпје ќе биде променливо облачно од претпладне со локален дежд, а од пладневните часови нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и повремено засилен ветер.

Утринската температура ќе достигне до 13, а дневната температура ќе достигне до 22 степени.

Во следните денови ќе продолжи влијанието на циклонска активност од Медитеранот и над Балканот па ќе се задржи променливо, повремено и нестабилно со пороен дожд и грмежи.

Локално процесите ќе бидат поинтензивни, во форма на невреме со пообилни врнежи, грмежи, засилен ветер и појава на град. Од петок се очекува постабилно и значително потопло време.

ПРОМЕНА НА ПЛАНОТ: Хероите пристигнуваат денес во 16:15 часот!

Ракометните шампиони на Европа денеска се враќаат дома, меѓутоа не според првичниот план во 23.00 часот туку многу порано.

Дознаваме дека вардарци со чартер лет ќе пристигнат на аеродромот во Скопје околу 16:15 часот… Со тоа ќе има доволно време да ги пречекаме и да ја споделиме радоста со нив по повод освоениот европски шампионски трофеј.

Дарко Медарски е новото свежо лице на македонската сцена

Дарко Медарски е новото свежо лице на македонската сцена. Има 25 години и е студент на психологија. Свири на повеќе инструменти од кои матичен инструмент му е гитарата. Исто така, свири на усна хармоника, бас и клавијатура.

Од 17 години настапува по фестивали,дискотеки и барови. Има настапувано во Германија, Бугарија и Турција. Живеејќи порано во Куманово, а сега во Скопје, успеал својот талент и страст за музиката да ги преточи во неговата авторска соло песна “ Waiting for Godot “.

Има и бенд наречен Man in a suit, кој дава целосна нова слика на она на што досега е навикната македонската музичка сцена.

Во продолжение слушнете ја неговата авторска песна и уживајте во официјалното музичко видео.

Најубавото Македонче ги поздрави европските шампиони (ФОТО)

Maлиот Михаил Михаилов од Струмица има две ипол години, а на јавноста и е познат како момчето заштитно лице на “Бекутан” влажните марамчиња.

Михаил синоќа навиваше за Вардар и ги поздрави европските шампиони.

Комитите од “Некст Тајм” го прекинаа настапот за да му запеат на Вардар заедно со цел ноќен клуб: “Ајде, ајде, ајде Вардареее” (ВИДЕО)

Стефан и Мартин, од дуото “Некст Тајм” синоќа го прекинаа својот настап во еден ноќен клуб за да ја прослават титулата на Вардар.

“Ајде, ајде, ајде Вардареее”, пееше целиот клуб на глас.

Плоштадот “Македонија” во Скопје грмеше: “Никогаш Северна, само Македонија” (ВИДЕО)

Македонија се радува! Го слави успехот на ракометниот клуб Вардар! Момците и покрај сите проблеми со клубот, и покрај неисплатените плати успеаа да се искачат на тронот и да го направат Вардар по втор пат крал на Европа.

Плоштадот “Македонија” во главниот град синоќа беше претесен да ги собери сите вљубеници во црвено-црните бои на Вардар.

Во еден момент насобраните граѓани во еден глас загрмија: “Никогаш Северна, само Македонија”.

Погледнете:

Македонската икона: “Бевме спремни за Келн, но не сме за Скопје, ќе биде страшно лудило” (ВИДЕО)

“За Келн бевме спремни, видеа гледаме, знаеме што ќе биде во Скопје, но мислам дека не се спремни. Ќе биде страшно лудило, ќе има многу луѓе на плоштад…. не знам треба да се доживее тоа”, вели капитенот на Вардар, Стојанче Стоилов за “Balkan Handball” после освојувањето на втората титула во Лигата на шампиони.

Дибиров: “Вардар е институција, ако сакаш да ја освоиш Лига на шампиони, дојди во Вардар” (ВИДЕО)

“Ако сакаш да ја освоиш Лига на шампиони дојди во Вардар”, порача меѓудругото крилото на Вардар, Тимур Дибиров во изјава за “Balkan Handball”.

Целата изјава на Дибиров проследете ја во продолжение:

Eмотивна изјава на Милосављев: “Ја гледам девојката што ќе ја оженам за 10 дена и не ми се верува дека сум европски првак” (ВИДЕО)

Дејан Милосављев избра најдобар можен начин да се збогува со дресот на Вардар и со две величенствени партии во дресот со црвено-црна боја ја освои европската титула. Младиот голман кој потекнува од школата на Југович од Кач, а во Вардар дојде од Партизан беше емотивен при изјавата за српските медиуми.

Голманот беше во неверица по победата и во микс зоната емоциите го надвладеаја.

„Не можам да поверувам дека сме шампиони. Ја гледам мојата идна сопруга, девојката која ќе ја оженам за десет дена на трибините и не верувам дека сме европски шампиони. Како е можно ова да се случува? До вчера ги гледав овие момци од трибините, а сега сум тука и сум европски првак со нив. Сакам да му се заблагодарам на нашиот тренер на голмани, Дејан Периќ, кој од првиот момент веруваше во мене. Тој, Едуард Кокшаров и Сергеј Самсоненко се најзаслужни што дојдов во Вардар и им благодарам што ме прифатија на најдобар можен начин. Мислам дека на најубав начин се простив од Скопје и Македонија. Потпишав многу порано во Германија, отколку што објавија медиумите, но секогаш играв докрај и до последната капка пот гинев за Вардар“, рече за „Balkan-handball“, младиот чувар на мрежата.