дома блог страница 3216

Гледа на вработените како на скапоцени камења: Директор на компанија им дава по 2.000 долари на вработените за одмор

Марк Даглас, маркетинг директор на компанија за реклами СтилХаус истакнува дека им дава пари на своите вработени за да одат на одмор, пренесува Бизнис Инсајдер. Истакнува дека неговите работници поради овој потег се повеќе пpoдуктивни.

Компанијата ја основал во 2010 година, а од 2011 година им дава пари на вработените за да одат на одмор. Оваа компанија им нуди околу 1.777 евра односно 2.000 долари годишно на своите работници за да можат да отпaтyваат во било која земја на светот. Парите би можеле да ги потpoшат на повеќе патувања или некое мало пocкапо, но Марк дозволува тие да одлучат што ќе прават.

“Ако имате лaв во kaфез, кој е роден во заcoлниште, тогаш отворете го kaфезот и пуштете го, тој ќе се врати во kaфезот. Тие не почнуваат да трчаат слободно. Кога за првпат почнавме да им кажуваме на нашите луѓе дека имаат нeoграничен годишен одмор, не знаеа како да го сфатат тоа”, рекол за Бизнис Инсајдер.

“Нашата култура е едноставна. Заснована е на доверба и амбиции”, додава тој.

Довербата мора да биде обocтрана. Вработените кои купуваат авионски карти во понеделник добиваат плата до вторник. Ако не можат да искористат keш, тогаш компанијата им ја дава нивната картичка за да го резервираат летот.

Кога ќе се вратат од патување, може да ги пријават тpoшоците и да добијат надомecт од 2.000 долари. Некои вработени им рекле дека не им е потребен одмор, а побарале бонус од 2.000 долар, но Даглас бил непоkoлеблив кога станува збор за тpoшење на овие пари.

Поделете два броја и откријте која е вашата идеална тежина

Индексот на телесната маса е општоприфатено мерило за идеалната телесна тежина и сите здравствени организации го користат во своите статистики.

Овој индекс е најлесен начин да пресметате дали тежината и висината ви се складни.

На пример, ако лицето високо 176 сантиметри има тежина од 84 килограми, неговата висина треба да се помножи два пати, но по овој пример како децимала.

1,76 х 1,76 = 3,0976.

Кога со тој број ќе ја поделите телесната тежина (84 : 3,0976) добивате индекс на телесна маса 27.

Нормалниот индекс на телесна маса е од 18,5 до 25.

Секоја вредност под 18,5 се смета за ненахранетост, додека ИТМ од 25 до 30 означува прекумерна телесна тежина.

Сè што е над 30 е сериозна дебелина која може да го загрози здравјето.

Чудо: “НАТО реконструирал 13 мостови на автопатот Велес-Скопје за 8 милиони евра, а Градоначалникот и Миле Талески едно мало мовче за 500.000 евра!?”

Не стивнуваат реакциите на јавноста за проектот реконструкција и доградба на мост во населбата “Сточен пазар” во Прилеп.

Договорот кој општина Прилеп го склучи со битолската фирма “Стентон градба” чини неверојатни речиси 500.000 евра или 29.999.140 денари.

Верувале или не, за еден мост кој е дваесетина метри долг, ќе бидат потрошени половина милион евра.

Oва деновиве е топ тема по социјалните мрежи и во прилепската чаршија, а не изостанаа и реакциите од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Од таму велат дека во годишната програма за работа на општината најпрво за овој мост биле предвидени 8 милиони денари, а подоцна без промена на одлуките на Совет, градоначалникот потпишал договор на 30 милиони денари.

Во реакцијата која ја објавија од Општина Прилеп, меѓудругото велат:

“Сакаме да ја информираме јавноста дека постојниот мост е со вкупна ширина од 5 метри, без површини за движење на пешаци и велосипедисти. Новопроектираниот мост е со вкупна ширина од 16 метри и должина од 22 метри. Заради поголема безбедност на сообраќајот и поголем проток на истиот предвиден е коловоз со три коловозни ленти, предвидена е велосипедска патека со ширина од 1,5 метри и двострани тротоари со ширина од по 2,5 метри”.

Значи за реконструкција на мост кој ќе биде со ширина од 16 метри и должина од 22 метри, ќе се трошат тие 500.000 евра.

За споредба дека цената за реконструкцијата на овој мост е несвојствена и голема, ќе додадеме еден пример од 2013 година, кога со пари од НАТО започна реконструкција на 13 мостови на Коридорот 10, односно на автопатот Велес-Скопје.

Речиси секој граѓанин барем еднаш се возел по овој автопат и забележал за колкави мостови се работи и на која висина се наоѓаат истите.

Во тоа може да се уверите и од видеото во продолжение:

Бурно во Брисел: Пратеници во Европскиот парламент и го свртија грбот на химната на Европската Унија (ВИДЕО)

Лидерите на ЕУ почнаа да се собираат во Брисел за да се продолжат преговорите за избор на нов претседател на ЕУ.

Третиот ден по ред, водачите на ЕУ ќе се обидат да постигнат компромис за идниот претседател на Европската комисија. Исто така, се избираат претседателот на Европскиот совет, шеф на дипломатијата и претседател на Европската централна банка.

Уште на почетокот се случи инцидент.

Европските пратеници на десничарската партија кои го подржаа Брегзит, како и независност на Каталонија не станаа додека се интонираше химната на ЕУ, од Бетовен „Ода на радоста“, додека други пак, воглавно од редовите на британската партија „Брегзит“ се свртеа со грб за време на отварање на церемонијата.

Исто така, се протестираше против одлуката да не им се дозволи да заминат каталонските сепаратисти Карлес Пуддемон, но и случајот на германскиот капетан Керол Ракете, кој беше задржан во Италија за спорот околу правата на мигрантите.

На денешните разговори, чешкиот премиер Андреј Бабиш потврди дека Франс Тимерманс не е прифатливо решение за Вишеградската група.

Назначувањето на социјалистите Тимерман за претседател на Европската комисија може да биде одбиено само поради тоа што тој е “човек на Џорџ Сорос”

Утре е голем празник: Чудотворните мошти на Св. Наум Охридски до ден денес восхитуваат со многубројни чуда

Според календарот на МПЦ, утре е Преподобен Наум Охридски Чудотворец.

Ученик на Светите Методиј и Кирил и еден од Петточислениците коишто најревносно соработуваа со овие словенски апостоли. Свети Наум патуваше во Рим, каде што се прослави со чудотворна моќ и со голема ученост. Знаеше многу јазици. Со помош на царот Борис Михаил, по враќањето од Рим тие се населија на бреговите на Охридското Езеро. Додека Свети Климент дејствуваше како епископ во Охрид, дотогаш Свети Наум основаше манастир на јужниот брег на езерото. Тој манастир и денес го краси брегот како што и името на Свети Наум ја краси историјата на словенското христијанство и низ вековите беше извор на чудотворна сила и засолниште за болните и за неволните. Околу Свети Наум се насобра мноштво монаси од сите страни на Балканот. Беше мудар учител, единствен раководител на монасите, одлучен подвижник, чудотворен молитвеник и духовник. Неуморно се трудеше и на преведувањето на Светото Писмо и на другите црковни книги од грчки на словенски јазик. Вршеше чуда и за време на животот и после смртта. Неговите чудотворни мошти до ден денес восхитуваат со многубројни чуда, посебно со исцеленијата од тешки болести, особено од лудило. Се упокои во првата половина на 10 век.

Тропар
Откако се соедини со Христа, си го оставил телото, Науме преблажени; духовно живеејќи, си се грижел да се подвизуваш како апостолите, и за верата го придоби неизбројното мноштво Мизијско. Затоа, со твоите молитви, избави н? од искушенија.

Кондак
Пречесниот спомен на твоите светли подвизи е како големо сонце кое свети, просветлувајќи ги сите оние што те слават тебе, бидејќи изгонува секаква болест и бесови. Поради тоа, собрани, со љубов верно да го прославиме.

Светиот свештеномаченик Методиј, епископ Патарски

На подвиг се посвети уште од младоста и како град на врв планина го видоа и го повикаа за епископ во градот Патара Ликиска. Учен и благоглаголлив архиереј, пишуваше против ереста на Ориген. Неговите „боговдахновени зборови како молња заблеснаа во светот“. Се кренаа на него незнабожците, го мачеа и го заклаа во Халкида Сириска, во 311 година.

Светите маченици Аристокл, Димитријан и Атанасиј

Аристокл беше свештеник во соборната црква во градот Тамас на Кипар и водеше богоугоден живот. Заради својата голема ревност се удостои со глас од небото да оди во Саламина Кипарска за да прими венец на мачеништво. Но му се придружија ѓаконот Димитријан и чтецот Атанасиј. Кога овие Божји луѓе дојдоа во Саламина, почнаа да Го проповедаат Христа. Незнабожците ги фатија и откако ги намачија, Аристокл го убија со меч, а Димитријан и Атанасиј ги изгореа во оган, во 306 година.

Свети Калист I, патријарх Цариградски

Како ученик на Свети Григориј Синаит се подвизуваше на Атон во скитот Магула кај Филотејскиот манастир полни дваесет и осум години. Овде подоцна ја подигна Светата обител на Свети Мамант. Во 1350 година беше избран за патријарх Цариградски. По четири години се оддалечи од патријаршискиот престол и дојде повторно на Света Гора. Но во времето на царот Јован Палеолог беше вратен пак на престолот на којшто како патријарх остана до смртта. Се упокои во 1368 година на пат за Серез, одејќи накај српската царица Елена за да бара помош против Турците. Заедно со Игнатиј состави одлично раководење за подвижници. Освен тоа ги напиша и житијата на Св. Григориј Синаит, Св. Теодосиј Трновски, но и многубројни беседи. Интресно е да се спомне дека Св. Максим Капсокаливит му ја прорече смртта на Свети Калист. На патот кон Србија патријархот наврати на Света Гора. Кога го виде, Свети Максим рече: „Овој Старец нема веќе да го види своето стадо, зашто зад него оди надгробно пение: „Блажени се оние што непорочно одат.“

Свети Левкиј, епископ Врунтисиополски, во Италија

Роден е во Александрија и рано стапи во манастир. Се удостои со големи откровенија и голема благодат, така што и мртви воскреснуваше и ги изгонуваше демоните од демоноопседнатите. Прво беше епископ во Александрија, но на заповед од небото прејде во Италија, во незнабожечкиот град Врунтисиопол, којшто сиот го покрсти и во кој Ѝ изгради храм на Богородица. После голем и успешен подвиг се пресели во вечноста, во времето на царот Теодосиј II, во 5 век.

Блажениот Студиј

Прочуен патрициј и конзул во Цариград. Ги основа црквата и манастирот на Свети Јован Предвесник близу Златните Порти. Манастирот по него е наречен Студитски, а стана славен заради многубројните тамошни славни мажи, духовници, страдалници, од коишто најпознат е Свети Теодор Студит. Латинските крстоносци ја разорија оваа обител во 1204 година, но царот Константин Палеолог Порфиророден ја обнови во 1293 година. На нејзиното место денес се наоѓа турска џамија.

Прилепчани спpeмaaт нова peвoлуциja: Истрајни во идејата да предизвикаат промени за општо добро на сите (ВИДЕО)

Градот херој повторно подготвува револуција, овојпат за ослободување на јавниот простор, улиците и тротоарите – стои во описот на прилогот од “Балкон 3” платформата, која служи како мост помеѓу трите земји Македонија, Грција и Турција и каде редовно се објавуваат текстови и видеа за различни културни прашања и теми кои доаѓаат од овие три земји: туризам, спорт, уметност, гастрономија, музика, филм, литература, природни убавини, неоткриени места, театар и др.

Прилогот е поттикнат од граѓанската иницијатива “Прилеп на точак”, чии активисти еднаш месечно се обединуваат и прават “Критична маса” во градот.

Целта на иницијативата е изградба на нови велосипедски патеки во Прилеп, обновување и обележување на постојаните и подобрување на безбедноста во сообраќајот на велосипедистите, како и поттикнување на што поголем број луѓе да го користат велосипедот во секојдневието.

Погледнете го прилогот во продолжение и ќе дознаете подетално за што точно се работи:

За иницијативата “Прилеп на точак” повеќе информации можете да добиете ТУКА

(Видео) Албанскиот премиер без поддршка на изборите: Само 21 процент од гласачите го поддржаа Еди Рама

Само 21.6 проценти од гласачите гласаа на локалните избори во Албанија, кои ги организираше партијата на премиерот Еди Рама и покрај бојкотот на опозицијата и претседателот на државата Илир Мета.

Изборите поминаа во напната атмосфера поради стравот од евентуални инциденти, но такви не беа забележани. На локалните избори се гласаше за градоначалници и советници во 61 албански општини.

Освен ниската излезенот, овие избори ќе бидат запамтени по бојкотот на опозицијата, кој се случува за прв пат по падот на комуниситичкиот режим во 1990 година.

Конечно и’ се исполни желбата да појде на море: Девојката која работи најтешки физички работи конечно си го исполни сонот (ВИДЕО)

Мирсада Хаџиќ (16), од Босанска Дубица, ја исполни својата голема желба да оди на море. Нејзината приказна ја пренесоа речиси сите медиуми во БиХ и регионот.

Невooбичаената приказна за една млада девојка од Босанска Дубица, која работејќи нajтешките физички работи, секојдневно се бopи да му пoмoгне на своето семејство, многу луѓе остави без зборови. Особено, јавноста ја забележа нејзината желба да оди на море.

– Никoгаш не сум била на море. Никoгаш не сум го пoчyвствувала тој мирис на морето, тој песoк што сите во моето друштво го почувствувале и влегле во тоа море, а јас зависи дали ќе одам на море, бидејќи имам се повеќе и повеќе работа во земјоделството – рече Мирсада.

Потсетете се на несекојдневната приказна за младото девојче од Босанска Дубица кое ги работи нajтешкитe физички работи и се бopи секojдневно за да и пoмoгне на својата фамилија, многу луѓе ги ocтави без збоpoви.

Мирсада Хаџиќ е ученичка во прва година гимназија. Од свои 10 години била примоpaна да ги нayчи сите земјоделски работи. Татко ѝ се paзболел, а таа заедно со мајка ѝ и сетстра ѝ, уште како дете имала само една цел – да му го олecни нимaлкy лecнoтo секojдневие на својот татко.

„Имаше период кога имав пpeмнoгy работа. Ја изоpaв целата земја, 100 дунума. Оние кои знаат за дунуми, знаат колку многу е тоа.“ – раскажа Мирсада.

За оваа хpaбpa и исклучително вредна девојка, многу луѓе од босанска Дубица имаат само пофални и убави зборови. Таа сама се гpижи за пoдгoтовkите за зимa и зaтoплyвањето, вoзи трактор, ја молepиcyва куќата, се гpижи за целата стокa.

„Работам преку денот, а навечер пред спиење ги земам книгите да прочитам некоја лeкција, за да не добијам eдиницa. Младината денес гледа како да излезе по кaфани, да пиe, да се жypка.“ – изјави таа и се надоврза дека нејзините врсници, кои слободното време го поминуваат на комплетно cпpoтивeн начин од нејзиното, не мoжaт да ги paзберат нејзините навики.

„Hajлошо и нajжално ми е тоа што другите се исмejyваат на моја сметка, малку ми смета тоа, но сепак ги пуштам да прават што сакаат. Тоа оди на нивна дyшa. Да сум јас на нивно место, ќе се засpaмев. Некои ме прашуваат зошто не излегувам во град, јас им велам дека не можам. Пред се’ ќе му пoмoгнам на татко ми, отколку да тpoшам пари наоколу.“ – низ coлзи раскажува ученичката.

Поради многубројните работни обврски што ги има секој ден Мирсада нe мoжe да пocтигне мaксимално да му се пocвети на учењето, но и на својот приватен живот.

„Никoгаш нeмaм отидено на море. Никoгаш го нeмaм почyвcтвувано мирисот на морето, тој пеcoк пoд нoзeте кој сите од моето друштво го пoчyвствувале, а јас нe мoжaм да отидам на море, бидејќи имам се повеќе и повеќе работа околу земјоделието.“ – кажа Мирсада.

Таа за кpaј нaпoмена дека секогаш треба да им се пoмaга на родителите додека ги имате, бидејќи кога ќе ги нeмaте, ќе жaлитe. Оваа средношкола со својот пример одржа многу важна лeкција за тоа како треба да се однесуваат децата кон своите родители и кон животот воедно.

Путин не остава ништо на случајности: Сите пијат од чаши, рускиот претседател од термос (ВИДЕО)

На самитот на Г20 во Јапонија најголем интерес предизвика однесувањето на рускиот претседател Владимир Путин. Домаќинот, јапонскиот премиер Шинзо Аве ги послужи гостите со пијалоци и сите пиеја од исти чаши. Некој вино, некој пиво, Трамп диетална кока-кола. Но, она што остана забележено е белиот термос од кој пиеше Путин.

Неговото обезбедување ништо не остава на случајноста и од страв да не му потурат нешто сомнително смее да пие само од специјален термос.

Ако се прашувате што има во него, тоа е омилениот пијалок на Путин-руски чај.

Колумна: “Вашите разгалени деца се одраз на вас, почитувани разгалени родители”

Кога магистрирав менаџмент во образование, ниту на крај памет не ми беше дека денес ќе го правам ова. Дека ќе се соочувам токму со овие неколку проблеми…

Денешните родители им се слуги на своите (разгалени) деца. Ова не е мое „размислување“, туку професионална констатација — за жал.

Освен што вашите деца ги учам сè што од мене како наставник го бара образовниот систем, кое го правам со задоволство, исто така, морам да ги учам и на најосновните работи, на сржта.

Така, на пример, ги учам дека не е во ред да го исмеваш и малтретираш својот соученик.

Ги учам што значи да бидеш фер — а потоа и другар, пишува во својата колумна Гоце Бумбароски, наставник по одделенска настава во ООУ „Кочо Рацин“ – Прилеп.

Целата колумна прочитајте ја на Деца.мк.