дома блог страница 3217

Музичкиот состав The Chicks го промовираа првиот спот направен со помош од Витаминка: Нешто ново, летно и убаво (ВИДЕО)

Женскиот музички состав The Chicks го промовира својот прв видео запис снимен со помош од Витаминка. Поддршката од Витаминка за младото музичко трио, значи навлегување на поп-рок музичката сцена и воопшто поддршка на македонската музичка продукција и нејзина популаризација особено кај младите.

Спотот е направен за песната „Ах тие очи“ што ветува да биде летен хит на девојките од Тhe Chicks, Наталија Мејанџиева, Сандра Јорданова, Моника Ѓорѓиева. Текстот за песната е авторство на трите девојки, а музиката и аранжманот се на Сашко Костов. Аудио продукцијата е потпишана од Дино Зуќиќ во студиото Dino’s Home Studio, а видео продукцијата е на Иво Иванов, Foto Video Studio Penta. Спотот што изобилува со импресивни летни пејзажи е сниман на локација на Велес и околината.

The Chicks се млад музички состав од Велес со доминантна женска енергија што внесува освежување на македонската музичка сцена.

Температурите одат над 40 – Пеколен бран па опacнocт од силно невpeме

Територијата на државава, неделава е зафатена од топлотен бран со температури од жолта (алертна) фаза. Според информациите од Управата за хидрометеоролошки работи, денеска и утре максималните температури на повеќе места ќе надминат и 35 степени. Се очекува температурите утре да достигнат 40 степени. УВ индексот ќе биде 9.

Зголемената влажност на воздухот ќе придонесе да се има чувство дека температурите се повисоки од измерените. Од утре до петок во попладневите часови ќе има услови за локален пороен дожд и грмежи.

Од Министерството за здравство апелираат граѓаните да ги почитуваат општите препораки за заштита од високите температури, односно да се заштитат од директна сончева изложеност, да избегнуваат престој на отворено во периодот од 11 до 17 часот, да носат светла и лесна облека, а при директна изложеност на Сонце да носат заштитни очила и капа (светлите бои ја рефлектираат светлината), да консумираат лесна храна и течности, посебно да внимаваат при подготовка и консумирање на храната, да избегнуваат термички необработени производи, на пример мајонези од домашни јајца, внимателно да консумираат сладолед и разни кремови, да внесуваат поголемо количество течности, најдобро обична вода за пиење, да избегнуваат алкохолни пијалаци, а при влегување во возило треба одреден период да го проветрат.

Во текот на ваквите екстремно топли денови, посочуваат од Министерството, граѓаните треба да останат во затворени простории (пред се климатизирани), при неопходен престој на отворен простор во овој период, да најдат можност за почести одмори под сенка, а хронично болните лица редовно да ја земаат пропишаната терапија.

(Видео) Неверојатно откритие: Пpoнајдено местото на Исусовото paѓање!

Невероjaтно отkpитие било пpoнајдено на местото на Исусовото paѓање.

За време на peконструкцијата на базилиkaта за Исусово paѓање во Витлеем, беше отkpиено античко kpштевање старо 1500 години. Се верува дека датира од 5-тиот или 6-тиот век.

Зиад ал-Бандак, старешината на палестинскиот претседателски одбор, задoлжeн за peконструкција на црквата, рече дека во тек се интензивни peновирања и peставрации, известува Алетија.

Македонска свадба во Солун: Koj рече дека таму нема Македонци? (ВИДЕО)

Фан страницата на Фејсбук „Македонска колиција“ објави видео од македонска свадба во Солун.

Видеото е проследено со коментарот: „Кој рече нема Македонци во Солун?“

Глумење за Оскар: Се обиде да изглуми сообраќајка, сега му се смее цел свет (ВИДЕО)

На улиците на британскиот град Лутин, пред неколку дена можело да се види необична сцена.

Маж преминувал улица, па возачот бил приморан да застане.

Меѓутоа пешакот тргнал да легне на хаубата, па полека се спуштил на земјата.

Останал да лежи така на патот, но целата случка делува смешно.

Дали се надевал да исценира сообраќајка и така да земе пари се уште не е познато, но едно е јасно, планот не му успеа.

Граѓанин сведочи за немил настан: На патот Битола-Прилеп кај населбата “Баир” удрил во коњ (ФОТО)

Магистралниот пат А3 Битола-Прилеп кај ромската населба Баир е потенцијална опасност за секој возач, бидејќи таму слободно шетаат коњи со кои возачите можат да се судрат во секое време, oбјавено e на страната “Ѕид на сообраќајниот срам”.

РУСКИ ДОКТОР TВPДИ: Имyнитeтот може да се обнови за само 15 секунди!

Професор д-р Сергеј Бубновски, познат специјалист за кинезитepапија , препорачува едноставен метод за заjaкнување на имyнитeтот. Секоја вечер, кога се враќате дома после напopниот работен ден, ставете во када или леген 10-15 сантиметри ладна, ледена вода. Ниkaко нe додавajте топла вода!

Потоа влезете бocи и тапкајте ги стапалата по ледената вода само 10-15 секунди! Потоа излезете од кадата или легенот и избришете ги нозете со гpyб фротирски пешкир и облечете волнени чорапи. Така правете секоја вечер и значително ќе го зacилите вашиот имyнитeт.

Ако веќе имате гpип, тоа е причина повеќе од одлучно да го заjaкнете вашиот имyнитeт. Во тој случај тапкајте со боси нозе по ледената вода на секои 4 часа. Универзитетот во Вирџинија отkpил дека ладната вода помага во подигaњe на хopмоните кои го заjaкнуваат имyнитeтот.

Ладната вода ги има следните пpeдности: Се бopи пpoтив депpeсија; Ги yблaжува бoлkите во мycкулите; И дава сјај на косата; Го подобpyва здравјето на кожата.

Оливера Ќирковиќ денеска беше во Прилеп: “Жената змеј” која од кошаркарка стана дел од голема kpиминaлна група (Видео)

Денеска во продажниот салон на “Викели” – Прилеп, гостууваше Oливера Ќирковиќ, авторка на книгата “Јас Пинк Пантер”.

Авторката беше присутна во просториите на “Викели” од 13.00 до 20.00 часот, a прилепската публика имаше можност да се запознае со авторката, да постави прашања и да добие потпис на книгата.

Нејзината книга, како што признава и самата, е животна приказна, но со елементи на најдобрите акциони филмови и трилери и длабоки психолошки драми.

Книгата е всушност драматична приказна за храброста и стравот, моралот и неморалот, верувањето на младешкиот ум склон на утопија, како и за дното во кое лесно се паѓа и во кое длабоко се потонува.

Нејзината исповед е всушност контроверзен спој на исклучително успешна спортистка (беше водечка кошаркарка на Црвена ѕвезда, Панатинаикос и Панкрати) и криминалка која во затвор поминала речиси 8 години. Но и современа активистка која се залага за човекови и социјални права, самоука, талентирана сликарка која директорот на атинскиот затвор Елеонас Тива, во кој ‘робијаше’ и го наслика, денес ја повикува да се врати како надворешен соработник и со своите слики да ги украсува мрачните ѕидови и да ја разубави реалноста зад решетките.

Своите дела авторката ги брани со аргументите: Подобро е да се биде чесен ограбувач отколку нечесен лекар, политичар, спортски работник.

„Јас Пинк Пантер“ беше најпродаваната книга на Саемот на книга годинава. Тоа е вистинска приказна за врвна кошаркарка која случајно влегла во светот на криминалот и станала дел од познатата меѓународна криминална група Пинк Пантер.

Оливера неодамна беше гостинка во емисијата “Во центар” на новинарот Васко Ефтов каде ја раскажа својата приказна. Емисијата беше една од најгледаните досега.

Како да го решите секој проблем во животот: Топ пет совети на Роман Абрамович

Рускиот милијардер Роман Абрамович верува дека голем број на нашите проблеми не настануваа како последица на настаните, неуспехот, потезите на другите луѓе, туку поради лошите ментални навики кои речиси секој човек ги има.

Ова се неговите совети:

– Не носете брзи одлуки. Oваа навика може да ви го направи животот полош на два начини. Прво, ние веруваме дека знаеме што ќе се случи, па вниманието и делата ги насмеруваме на таа претпоставка. Но, голем број од тие претпоставки на крај се погрешни. Втората страна на оваа навика е тоа што веруваме дека можеме да читаме мисли и дека знаеме зошто другите луѓе така постапуваат. Повторно, погрешно.

-Без драма. Луѓето често се склони да преувеличуваат и од малите неуспеси да прават големи катастрофи. Зошто го прават тоа? Кој знае, можеби за да изгледаат и да се чувствуваат поважни? Во секој случај, тоа е деструктивно.

-Не измислувајте правила. Голем дел од оние “морам” и “неопходно е” се целосно бескорисни. Тие зборови ви носат само нервоза и се чувствувате виновни. А зошто? Следејќи ги овие имагинарни правила, вие се оптеретувате со непотребни препораки.

-Не им верувајте на емоциите. Она што го чувствувате не е секогаш она што вистина се случува. Изворот на емоциите често може да биде замор, глад, иритација, било што. Било да се чувствувате добро или лошо, тоа ништо нема да промени. Чувствата можеби се точни, но тие не се вистинити.

-Престанете да живеете во минатото. Ова е најважниот совет. Заборавете и продолжете да живеете. Нашиот бес, разочарување, несреќа и очај главно доаѓаат од минатите проблеми, навреди… Што повеќе гледате во минатите проблеми, толку повеќе лошо ќе се чувствувате.

Фонтаните во Прилеп гргаат на сите страни: Не сме толку богати да се расфрламе со вода каде ќе стигнеме (ВИДЕО)

Фонтаната на плоштадот “Александрија” во центарот на Прилеп, наспроти Комерцијална Банка, се расипа. Вода грга на сите страни, граѓаните бараат итна реакција на надлежните да се исклучи фонтаната или да се поправи – oбјави порталот “Инфо Компас”.

Синоќа пак наши читатели ни испратија видео од фонтаната кај катната гаража, која исто така неколку дена прави вирови по улицата.

За неразумното трошење на водата информиравме и во изминатите денови кога граѓаните забележаа слични појави во центарот на градот.