Чудо: “НАТО реконструирал 13 мостови на автопатот Велес-Скопје за 8 милиони евра, а Градоначалникот и Миле Талески едно мало мовче за 500.000 евра!?”

Не стивнуваат реакциите на јавноста за проектот реконструкција и доградба на мост во населбата “Сточен пазар” во Прилеп.

Договорот кој општина Прилеп го склучи со битолската фирма “Стентон градба” чини неверојатни речиси 500.000 евра или 29.999.140 денари.

Верувале или не, за еден мост кој е дваесетина метри долг, ќе бидат потрошени половина милион евра.

Oва деновиве е топ тема по социјалните мрежи и во прилепската чаршија, а не изостанаа и реакциите од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Од таму велат дека во годишната програма за работа на општината најпрво за овој мост биле предвидени 8 милиони денари, а подоцна без промена на одлуките на Совет, градоначалникот потпишал договор на 30 милиони денари.

Во реакцијата која ја објавија од Општина Прилеп, меѓудругото велат:

“Сакаме да ја информираме јавноста дека постојниот мост е со вкупна ширина од 5 метри, без површини за движење на пешаци и велосипедисти. Новопроектираниот мост е со вкупна ширина од 16 метри и должина од 22 метри. Заради поголема безбедност на сообраќајот и поголем проток на истиот предвиден е коловоз со три коловозни ленти, предвидена е велосипедска патека со ширина од 1,5 метри и двострани тротоари со ширина од по 2,5 метри”.

Значи за реконструкција на мост кој ќе биде со ширина од 16 метри и должина од 22 метри, ќе се трошат тие 500.000 евра.

За споредба дека цената за реконструкцијата на овој мост е несвојствена и голема, ќе додадеме еден пример од 2013 година, кога со пари од НАТО започна реконструкција на 13 мостови на Коридорот 10, односно на автопатот Велес-Скопје.

Речиси секој граѓанин барем еднаш се возел по овој автопат и забележал за колкави мостови се работи и на која висина се наоѓаат истите.

Во тоа може да се уверите и од видеото во продолжение:




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.