дома блог страница 3215

Од денеска Комлексот Св. Наум со метео станица и камера во живо

Комплексот Св. Наум за прв пат во својата историја добива самостојна метео станица и камера во живо. Со Благослов од отецот Нектариј во Св. Наум од денеска официјално започнува со работа овој систем кој ќе биде достапен на веб страната од Куба Либре www.cubalibre.mk и YouTube.

Секој заинтересиран за временската состојба и моментална глетка во Св. Наум ќе може во секое време да се информира.

Системот го изработува Стојан Стојановски кој најави дека ова е само почеток на тоа што е во план како дел од туристички инфо портал “Охрид Инфо”.

Еве што значи денот на раѓање: Во понеделник- среќници, во четврток- успешни

Еве што денот на раѓање, според народни верувања, зборува за вашиот живот.

Понеделник

Понеделник е прв ден во неделата и се смета за најсреќен. Се вели дека детето кое ќе се роди во понеделник ќе има долг и успешен живот. Со овој ден почнува нова недела, а според верувањата овој де е идеален за почнување на било каква работа. Господ го почнал создавањето на светот во понеделник, па токму затоа е добро човек да започне важни работи токму на тој ден.

Вторник

Вториот ден во неделата се смеат за најнесреќен ден па затоа луѓето родени во тој ден нема да имаат лесен живот. Во вторник , според верувањата и волците го чуваат крзното повеќе од другите денови. На овој ден не чини да се започнува било каква работа, бидејќи е баксузен, па и работата ќе оди на лошо и нема добро да се заврши.

Среда

На овој ден може да се започнат работите и да се тргне на пат. Се верува дека бебињата родени на овој ден ќе бидат напредни и здрави. Дете кое ќе прооди во среда ќе биде среќно и богато.

Четврток

За четврток се вели дека е среќен ден. Дете кое ќе се роди на овој ден ќе биде среќно и успешно во животот. На овој ден во минатото се започнувале работите во полињата, а било добро и да се оди да се побара рака на саканата. Се верува дека работите во полето и браковите треба да бидат склопени во четврток за кој се верува дека е ден на плодност и изобилство.

Петок

Петок, според народните верувања, е еден од несреќните денови. Се верува дека во петок најлесно може да станете цел на “демонски сили“ и затоа на овој ден не треба да се започнува со никаква работа бидејќи ќе еве следи малер. На овој ден не треба да се оди на пат, а детето родено на овој ден според верувањата нема да има многу среќа во животот.

Сабота

Сабота е ден најчесто посветен на мртвите. На овој ден човек треба да биде внимателен да не му се случи некакво зло. Дете родено во сабота ќе биде необично но токму затоа е биде имуно на “лоши суштества“. Се вели дека родените на овој ден имаат изразена интуиција, видовити се и може да видат она што другите не можат. Во многу верувања се спомнува дека токму децата родени во сабота имаат способност да откријат закопано благо и станата богати и успешни луѓе.

Недела

Недела е ден за одмор. Господ, според христијанските верувања шест дена го создавал светот и тогаш седмиот – недела, седнал да се одмори ужива во плодовите на неговата работа. Поради тоа во народот постојат многу верувања врзани за овој ден, а кои се однесуваат на одмор и поминување на времето со семејството. Човек роден во недела ќе биде исклучително среќен, се верува дека ќе живее во изобилство и нема многу физички да работи.

Денеска пекол: Жолта алертна фаза – температури до 40 степени

Целата територија на земјата е во жолта фаза, денеска времето ќе биде многу топло, со максимални температури кои во југоисточните делови ќе достигнат 40 степени, додека УВ индексот ќе изнесува 9.

Како што соопшти УХМР, целата територија на земјата ќе биде во т.н. жолта фаза за високи температури.

До петок во попладневните часови на места ќе има пороен дожд и грмежи, а локално ќе има услови за појава на невреме. Потоа повторно следува период на сончево и топло време.

Поради тропското време, надлежните апелираат граѓаните да ги почитуваат општите препораки за заштита од високите температури, односно да се заштитат од директна сончева изложеност, да избегнуваат престој на отворено во периодот од 11 до 17 часот, да носат светла и лесна облека, а при директна изложеност на Сонце да носат заштитни очила и капа (светлите бои ја рефлектираат светлината), да консумираат лесна храна и течности, посебно да внимаваат при подготовка и консумирање на храната, да избегнуваат термички необработени производи, на пример мајонези од домашни јајца, внимателно да консумираат сладолед и разни кремови, да внесуваат поголемо количество течности, најдобро обична вода за пиење, да избегнуваат алкохолни пијалаци, а при влегување во возило треба одреден период да го проветрат.

Во текот на ваквите екстремно топли денови граѓаните треба да останат во затворени простории (пред се климатизирани), при неопходен престој на отворен простор во овој период, да најдат можност за почести одмори под сенка, а хронично болните лица редовно да ја земаат пропишаната терапија.

Најдолгата европска змија снимена во Хрватска – пливала во морето, па се обидела да се качи на чамец (Видео)

На социјалните мрежи во Хрватска се појави фотографија од змија која плива во морето и се обидува да се качи на еден чамец на островот Какан.

Андреј Симичиќ кој ги проучува влекачите на територијата на Хрватска, врз основа на фотографијата рекол дека станува збор за четирипругаст кравосас, најдолга змија во Европа, која може да порасне и до 2,5 метри, но дека не е отровна, пренесува хрватскиот портал “Морски”.

ОД БОГА ДАДЕН РЕЦЕПТ: Лекува кашлица и секакви надворешни pани

Двете билки кои се користат за овој мевлем се многу, многу лековити, а заедно кантарионот и ајдучката трева имаат уште поголем ефект.

Рецептот е од Бога даден и го добивате кога најмногу ви е потребен! Го правам со години и сигурно ви гарантирам дека лекува pани и кашлица… се пие по една лажичка и кашлицата се смирува. Се повторува два – три дена.

Сега е време на цветање на ајдучката трева и кантарионот, малку задоцнија оваа година, но периодот што следи може да се наберат свежи.

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

40 цветови кантарион

10 цветови ајдучка трева

500 мл маслиново масло

стаклена тегла

ПОСТАПКА:

Се собираат 40 цветови од кантарионот да не бидат прецветани. Исто се собираат и 10 цветови од ајдучка трева и се ставаат во тегла. Се налеваат со масло, се затвора теглата и се става на сонце 40 дена. После 40 дена се процедува и се собира во темно шише по можност стаклено и се чува во темна просторија.

(ВИДЕО) Татко секој ден преку надојдена река го пренесува својот син во пластична кеса, за да може да оди на училиште

За време на сезоната на дождови, секое утро, таткото го става својот син во пластична вреќа, за да го пренесе од другата страна на реката, без детето да се намокри.

Тоа се случува во планинското место Хуои Хуа во северниот дел од Виетнам.

Фотографиите што ги објавија родители вирално се раширија по социјалните мрежи и предизвикаа внимание поради необичниот начин на кој таткото го носи својот син во училиште.

Ваквата практика во овие делови од Виетнам во време на дождливата сезона се случува со години наназад, што може да се види и од снимките на Јутјуб објавени пред пет-шест години.

Дишењето во пластичната вреќа не е најдобро, но преминувањето на реката е многу поризично.

Децата од овие делови на Виетнам пешачат по 15-тина километри за да стигнат до училиштето. Од фоторепортажата и видеото погледнете како изгледа секое утринско испраќање на детето в училиште.

Добива ли Прилеп мост на вљубените како познатиот “Мост на уметноста” во Париз? (ФОТО)

На пешачкиот мост во близина на основното училиште “Кочо Рацин” во Прилеп се појавија два катанци кои веројатно ги поставиле заљубени парови, со кои дале завет дека ја “запечатуваат својата љубов”.

Дали добива Прилеп мост на заљубените како познатиот “Мост на уметноста” во Париз, или овие два парови ќе бидат само ентузијасти за тоа…

Пешачкото мовче на овој дел од градската река беше изградено во последната година од мандатот на претходниот градоначалник Марјан Ристески и значително го олеснува движењето на граѓаните.

Конечно избран наследникот на Доналд Туск

На денешниот состанок на Европскиот совет донесена е одлука за изборот на наследник на Доналд Туск. За тоа место е именуван белгискиот премиер Шарл Мишел.

Истовремено, за претседател на Европската комисија е одбрана германската министерка за одбрана Урсула фон дер Лејен.

Информациите за одлуката ги објави досегашниот претседател Доналд Туск на својот официјален Твитер профил.

Денеска има само неколку, а пред шеесетина година биле 30 на број: Еве каде се имало јавни чешми во Прилеп и што е останато од нив

„Капка по капка да тече, доста е“, ќе забележи градител на планински чешмички на Селечка планина. Точно е. Водата е животворна и чудотворна. Нејзината вредност најдобро ја знаат прилепчани, кои со години имаа проблеми со водата. Постарите ја насочувале изворската или реканската вода и да граделе чешмички од камен или во ѕид ѕидана шепурка. Водата била спроведувана преку земјени чумци (место цевки) и течела низ шепурки. Богатите граделе чешми во дворовите.

Посебен ритуал било кога моме одело со шарени стомни, бардиња, како и ѓумови, да налее вода студена. Одењето на вода и муабетот меѓу момчињата бил посебна авантура. А тепачките (џенговите) меѓу момчињата од разни маала за девојките, биле секојдневна слика.

Многу градски чешми

Пред шеесетина години во градов имало околу триесетина чешми. Сите со свои приказни. На оние кои со вода се снабдувале од Селечка планина, водата најчесто им течела во земјени ќумци . Чешмичките биле со една, две или шест шепурки.

Пред куќата од Рибаровци имало чешма. Пред и зад ОУ “Кочо Рацин” на Рид течела пивка вода која ја гаснела жедта. На Рид, кај гробиштата имало мала чешма и се викала Чешмуре, а Чкатроската чешма го носи името по комшиите.

– Беше и починалиште. Се одмораа луѓето кога ги носеа мртвите на гробишта – се сеќаваат најстарите граѓани.

Од две шепурки бликала вода од чешмата кај Чкрипевци, а на околу 150 метри од неа имало друга чешма. Истата вода продолжувала кај Димко Мино на улица “Илија Игески”. Чешмички го краселе и местото викано Џамија, кај Шаторот, и на ширината кај Багевци на улица “Лазо Филипоски”. Кај Могилата била чешмата наречена Крсто. Чешми имало и кај Чумовчани, на “Битолско џаде”, и кај “Воденички камења”. Вода добивале од Селечка.

Досетливите направиле чешмуриња кај старото сточно пазариште, каде се продавала стока и сено. Потоа кај хотелот на Стомнаровци, до анот на Марулци (кај старата автобуска). Не ги мрзело да донесат вода преку чешмичка и во Варошко маало кај училиштето “Климент Охридски”.

Водичка од чешма разладувала кај Василије Трбиќ, кај старата локална самоуправа. Се викала Ќумско, зашто од ќумк течела водата. Во темелите на Џамијата, кај Табана, имало чешма. И Горна Џамија (кон базенот) имало чешма. Чешми имало во Ѓогдере, пред фудбалерот Тарата и Дуле Шоферот, пред Атанас фурнаџијата. И кај театарот течела чешма.

– Таму имаше таксим, резервоар за распоредување по куќите. Поимашливите “поврзуваа” вода дома – кажуваат старите прилепчани.

Шаренилото од слики го дало името на Шарена чешма, во близина на бањата. Еден јаз врвел крај Пајмаковци. Водата течела од Оревоечка река, под куќите дирекно во воденицата Карабдалица. Прилепчани таму мелеле жито.

И сред Варош имало чешма.

Најубава пивка вода имале чешмите Крсто, Ќумко и чешмичката во Ѓогдере. Другите води најчесто се користела за готвење.

Чешмаџии за чешмите

За градските чешми се грижеле чешмаџии. Најстар бил Моце Сурлаџија. Ги одржувал секојдневно чешмите на Рид. По него бил Благоја Чешмарот, Ицко Румпела и Боге Чешмарот.

– Кај фурната на Рид ги молевме луѓето кои идеа да си купат леб да фрлат некоја пара за чешмаџиите и велат прилеските стари Ридарци.

Повеќето семејства имале бунари во дворовите. Рачно ги копале длабоко додека да излези вода. И ги ѕидале. Во центарот вода излегувало на шест метри, а на повисоките места на околу 24 метри. Водата се вадела со макара, со кофа врзана со ортома. Бунарите биле заштитени со закон. Не смеело никој да ги затрупа. Водата се користела за домашни потреби и за вадење бавчи.

Водата е напивка која живот дава. Значењето е бесценето. А секој што ја донесол до човекот ставил еден камен во скапоцениот животен мозаик, гаснејќи ја жедтта и разладувајќи ја душата.

Извор: “Неделник Зенит”

Што е забрането, а што дозволено: Eве каква храна можете да носите со вас на одмор во сосесдните држави

Туристичката сезона почна па многу наши туристи со себе си носат голема колична храна кога одат на одмор во соседните земји надевајќи се дека така ќе заштедат. Но, многумина не знаат дека можат да имаат големи проблеми на граничните премини па дури и да платат казна.

Во Грција е најстрого забрането внесување на секакви готвени јадења. Не смеете да внесете ниту компири. Од млеко смеете само она во прав за бебиња како и до два килограми храна за миленици. Дозволени се ориз, макарони, чоколади и вода но нивната цена да не поминува 300 евра.

Во Хрватска е забрането внесување млако, месо, а за овошје и зеленчук смеете но до пет килограми.Оние пак кои не можат без алкохол смеете да внесете 5 литри вино и два литри друг пијалок.

Месото е забрането и во Црна Гора.Но постојат строги правила и за пијалоци. Можете да влезете само со пет литри пакувана вода, пет литри сокови и само еден килограм конзервирана храна.

Извор: “Pressingtv.mk”