Бурно во Брисел: Пратеници во Европскиот парламент и го свртија грбот на химната на Европската Унија (ВИДЕО)

Лидерите на ЕУ почнаа да се собираат во Брисел за да се продолжат преговорите за избор на нов претседател на ЕУ.

Третиот ден по ред, водачите на ЕУ ќе се обидат да постигнат компромис за идниот претседател на Европската комисија. Исто така, се избираат претседателот на Европскиот совет, шеф на дипломатијата и претседател на Европската централна банка.

Уште на почетокот се случи инцидент.

Европските пратеници на десничарската партија кои го подржаа Брегзит, како и независност на Каталонија не станаа додека се интонираше химната на ЕУ, од Бетовен „Ода на радоста“, додека други пак, воглавно од редовите на британската партија „Брегзит“ се свртеа со грб за време на отварање на церемонијата.

Исто така, се протестираше против одлуката да не им се дозволи да заминат каталонските сепаратисти Карлес Пуддемон, но и случајот на германскиот капетан Керол Ракете, кој беше задржан во Италија за спорот околу правата на мигрантите.

На денешните разговори, чешкиот премиер Андреј Бабиш потврди дека Франс Тимерманс не е прифатливо решение за Вишеградската група.

Назначувањето на социјалистите Тимерман за претседател на Европската комисија може да биде одбиено само поради тоа што тој е “човек на Џорџ Сорос”




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.