Топло, но нecтабилно време со поpoен дожд, најавува УХМР за денеска попладне и утре. Во недела и понеделник ќе пpeовладува сончево и топло време со мала до умерена облачност.
Температурата денеска ќе достигне максимални 33 степени. Во деновите од викендот ќе достигне 36, а во понеделник 38 степени.
Од вторник ќе биде ветровито со ycлови за локален поpoен дожд. Дневните температури ќе бидат во интервал од 27 до 36 степени.
Катица Јанева за неполни четири години од раководењето со СЈО има земено околу 150.000 евра од парите на граѓаните како плата. Најголем дел од граѓаните толку пари немаат видено за целиот свој живот, но и тоа е малку за ликови како Јанева, па истите се инволвирани во рекетарски скандали со функционери и јавни личности од СДСМ, истакна денеска на прес-конференција Валентин Манасиевски од ВМРО – ДПМНЕ.
-Катица Јанева исчезна. Ни за 150.000 евра не чувствува одговорност пред медиумите и граѓаните. Си отворила боледување, а се пишува дека заминала од Македонија. За нејзино што поскоро враќање и оздравување, во име на граѓаните, на Катица Јанева и оставаме чанта од марката на Луј Витон. Не е баш оригинал какви што си купува нејзиниот пријател Боки 13, но се наоѓа на пазарите во Македонија. Прочитавме дека нејзините драги лица ги обожаваат овие марки на чанти, а особено кога се наполнети со по милиони евра. Се надеваме дека таа ќе побрза да дојде да си го подигне подарокот. Патем чантата не тежи многу и во неа нема пари, туку само парчиња безвредна хартија со ликови на оние за кои се зборува дека се вмешани во рекетот, истакна Манасиевски пред СЈО.
Како што додаде тој, Јанева должи одговорност и одговор. Одложената оставка не е решение на скандалот. Јанева може да го повтори делото, да избега или да влијае врз сведоците. Затоа нејзината одговорност треба да биде истражена во итна постапка, а таа да ја однесе оваа чанта кај нејзиниот пријател.
Помпезно најавуваниот цела година наназад, новиот Chevrolet Corvette C8 Stingray конечно пристигна, а со него и потполно новата редифинирана концепција за автомобил, која сега подразбира централно поставен V8 мотор.
После повеќедецениската историска концепција околу големиот V8 мотор сместен во долгиот “нос”, новиот Corvette сега се движи кон потполно нов правец, кој воглавно е “резервиран” за чистокрвните суперспортски автомобили. Според бојата и дизајнот овој нов автомобил може да претставува некоја врста на американско Ферари.
Промената на концепцијата била неопходна за Шевролет со моделот Корвета, да може рамноправно да се држи во класата на суперспортски автомобили.
Сега позади кабината се наоѓа атмосферски 6,2-литарски V8 агрегат кој ослободува 502 коњски сили, што и не е некоја цифра во денешниот свет на суперспортски автомобили, но наредните верзии на овој автмобил би требало да достигнат и до 900 коњи. Интересно е тоа што автомобилот е сега за 137 милиметри подолг или вкупно 4630мм.
Една од најпопуларните, но и најстарите руски рок групи „Землјане” која постои повеќе од четири децении на руската музичка сцена, ги paзгневи пoчитyвачите на ликот и делото на Тоше Проески, откако пpoмовираше плагиjaт на хитот на Проески, „Боже чувај ја од 3лo“, а песната ја претстави како своја, авторска.
Насловот на плагијатот на „Землјане“ е „Боже“ и истата ја промовирале на музичкиот канал Јутјуб кон крајот на февруари годинава.
Под линкот со песната е наведен и авторскиот тим, односно под музиката е потпишан Владимир Трушин, а пак, под текстот, кој е само преведен и адаптиран на руски јазик, потпишан е Владимир Киселев, кој бил еден од основачите на бендот во далечната 1978 година.
Фановите на Тоше ширум светот гнeвни во коментарите пишуваат дека се paзочарани од неopигиналноста на групата кои буквално ја „укpaле“ песната на Тоше, споменувајќи ги неговите извонредни квалитети наспроти нивниот плагиjaт.
За вакви во светот се водат жестokи cyдски споpoви и се иcплaќаат големи пapични kaзни како надомecток на штeтaта, но останува да видиме како овој случај ќе се заврши со фактот дека авторските права повеќе не се кај пејачот кој за жaл не нaпyшти пред речиси 12 години.
За потсетување песната „Боже чувај ја од зло“ се најде на последниот албум на Тоше „Игри без граници“ издаден во 2007 година, само неколку месеци пред неговото заминување.
Голем дел од заработката светскиот рекет број еден Новак Ѓоковиќ ја вложи во недвижнини. Па така, Ноле им апартмани во Монте Карло, Њујорк, Мајами, Белград и во Тиват.
Најголем дел од времето го минува во Монако кое е и негово официјално живеалиште.
Семејството Ѓоковиќ ужива да поминува по неколку недели и во апартманот на Менхетен кој има површина од 185 метри квадратни и изобилува со луксуз.
Кога е дома Ноле сака да биде во својот стан во квартот „Белград на вода“, а пак во Црна Гора има стан во Тиват.
Фото од кафеави мечиња е направена во Националниот парк „Марово“, со помош на фотозамки во рамките на проектот за закрепнување на Балканскиот Рис кој се реализира во соработка со Македонско Еколошко Друштво.
Кафеавата мечка е распространета главно по планинските области од западниот, централниот и јужниот дел на Македонија, повремено се јавува и во источните делови во Малешевските и Осоговските планини. Според литературните податоци, во Македонија се претпоставува дека живеат околу 160-200 единки на кафеава мечка.
Таа е најголема меѓу крупните ѕверови присутни во Македонија со просечна тежина 100-150 килограми. Се исхранува пред сé со растителна храна (95%), остатокот (5%) со ларви од мравки, инсекти и лешеви од други животни, ретко напаѓа домашни животни (треварки и месарки).
Парењето е кон крајот на мај и почеток на јуни, женката најчесто раѓа 1-2 млади кои се слепи и голи. Младите се осамостојуваат по две години, а полова зрелост достигнуваат на 3-4 години.
Додека е актуелизирана темата со рекетарство еве малце да се насмевнеме, тотално е вистинита приказнава и тоа што се случува во овој скеч. Немаме подетални информации за некогаш дали било вакво нешто изведено но доволно ви е јасно како функционираат работите посебно во Македонија жалосно е, но тоа е вистината. Останува да ја кажеме вистината преку смеа:
Видео од инцидент кое стана вирално, прикажува жена која нападна популарен свештеник во Бразил за време на неговото обраќање на затворањето на религиозен камп во Сао Паоло, пред неколку илјадна публика.
До драматичниот момент дошло откако свештеникот, Марсело Роси, на своите обожаватели им порачал дека „дебелите жени не одат во рајот“, објавуваат медиумите во Бразил.
Иако изјавата на свештеникот не се слуша за време на краткиот клип, некои извештаи тврдат дека тој, наводно, го дал коментарот пред да биде нападнат од жената. На видеото се гледа како околу 50 илјади верници инцидентот го гледааат во шок, бидејќи свештеникот буквално „лета“ од сцената.
Некои извештаи сугерираат дека свештеникот, кој за среќа останал неповреден во инцидентот, воопшто не искоментирал такво нешто, а дека жената била со нарушено ментално здравје.
-Воопшто не сум загрижен кој, за што и колку ќе си лежи. Повеќе ме загрижува како, кога и кој ќе го врати достоинството на македонскиот народ – пишува оперскиот пејач Игор Дурловски на својот фејсбук профил.
Дурловски важи за голем борец против промената на уставното име и на македонскиот идентитет.