дома блог страница 3185

Прилепчанецот Иле Ристески отвори современ центар за тренинг на боксери и кик-боксери во Скопје

Фото/printscreen/Kанал 5 ТВ

Главниот град од синоќа има уште еден современ простор за тренинг на боксери и кик-боксери – објави “Канал 5” телевизија.

Центарот е во сопственост на кик-боксерот Иле Ристески, а е лоциран во катната гаража кај Градски трговски центар. Центарот е опремен според најновите светски стандарди за тренинг во овие спортови.

Освен за професионалните спортисти, тренинг просторот ќе може да го користат и рекретивци, а тренинзите ќе бидат под будното око на Ристески и тимот од негови соработници.

Инаку, Иле Ристески е еден од најуспешните македонски репрезентативци. Меѓу позначајните успеси му се бронзените медали од Светското првенство во К1 во 2007 година и во тајландски бокс во 2008 година.

Видео прилогот погледнете го ТУКА

Гоце Михајловски до Борјан Јовановски од 1ТВ: И ти си дел од злocтopничко здружување

Новинарот на Канал 5 Гоце Михајловски му пишува на Борјан Јовановски новинарот и уредник на 1ТВ каде сопственик е Боки 13.

“Борјан … да не се лажеме… како дел од 1ТВ за жал и ти си дел од едно злосторничко здружување против новинарската професија.. Ти си добар момак, но за жал талентот е само мал процент од нашата професија.. другото е Карактер. Поздрав”, пишува Гоце Михајловски користејќи ги хаштазите #кармаисабич и #сосвојкамен.

Со Рено 4 поминаа 11.000 километри од Стојаково до Кина и го развиорија македонското знаме на Кинескиот ѕид (ФОТО)

Ѓорѓи Николов и Џоко Шуклев успешно ја завршија својата мисија и со нивното Рено 4 поминаа цели 11.000 километри од гевгелиско Стојаково до Кина.

На својот пат до Пекинг Ѓорѓи И Џоко имаа една голема пречка која ги затекна на границата помеѓу Монголија и Кина. Според кинеските закони тие мораа да ангажираат туристичка агенција и шофер, за да можат да продолжат да се движат со својот автомобил низ Кина.

Поради тоа решија автомобилот да го остават на аеродромот во главниот град на Монголија Улан Батор, а патот до Пекинг да го продолжат со авион.

Вчера тие беа пречекани од македонската амбасада во Пекинг, а денеска се искачија на Кинескиот ѕид и го развиорија македонското знаме.

Мицкоски и Касами на заедничка средба: Јакнење на демократскиот амбиент и заедничка борба против актуелната власт (ФОТО)

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски заедно со генералниот секретар Игор Јанушев оствари средба со претседателот на Движењето БЕСА Биљал Касами и генералниот секретар Арјанит Хоџа.

-На средбата се разговараше за актуелната политичка состојба, за стратешките интеграции на Република Македонија, како и искористувањето на потенцијалите за соработка. Беше констатирано дека актуелната власт ги има закочено интеграциските процеси кои треба да се динамизираат со крупни реформи кои досега не се реализирани, информираат од партијата.

На средбата беше посочено дека останува акутен проблем постоењето на корупција на високо ниво, отворени сомнежи за криминал на раководни структури на власта како и сериозни аномалии и отсуство на волја за воспоставување на владеење на правото и правната држава.

Беше договорено во иднина да продолжат ваквите средби во насока кој ќе дадат импулс во јакнење на демократскиот амбиент и заедничката борба против актуелната власт, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Koсовскиот премиер Рамуш Харадинај поднесе неотповиклива оставка (ВИДЕО)

Попладнево неочекувано оставка поднесе премиерот на Косово Рамуш Харадинај.

Во неговото обраќање тој порача:

„Го враќам мандатот на народот, а вас прво ве информирам за тоа. Владата ќе продолжи да ги извршува функциите за да не се создава вакуум, официјално ќе ги известува сите релевантни институции и секогап ќе биде верна на татковината. Оставката е неотповиклива“.

Харадинај ја отфрла идејата за разграчничување е се спротиставува и на укинување на таксите за српските производи.

Дописникот на српската РТС од Косово јавува дека Харадинај добил повик да oдгoвapa пред Хаг.

Македонска опера и балет стана само опера и балет (ФОТО)

Согласно Преспанскиот а за да не се лутат Грците за придавката македонски Владата го менува името на Македонската опера и балет.

Новото име на Македонска опера и балет треба да биде Национална опера и балет.

Димовски: Нема потреба од институции, Заев може сам

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, на својот Твитер профил ја коментира денешната прес-конференција на премиерот.

Тој оценува дека, нема потреба од институции бидејќи Заев мисли дека може сам.

„Да живее демократијата!!! Зоран Заев донесе Закон, избра обвинител, закажа седници во Собрание.. Нема потреба од институции, може сам, порача Димовски.

Пиjaн прилепчанец утрово го нapушувaл jaвниот peд и ги вознемиpувал coceдите: Пoлициjaта го пpивeлa

На 19 јули во 04.05 часот на булевар „Гоце Делчев” во Прилеп, полициcки cлужбеници го пpивеле лицето Х.Р.(36) од Прилеп поpaди тоа што под дejcтво на алкoxoл го нapушувал jaвниот peд и миp и ги вoзнeмиpувал граѓаните.

По целосно документирање на случајот пpoтив него ќе биде поднeceн cooдветен поднеcoк – информираат во полицискиот билтен на МВР.

Внимавајте: Пуштени фалсификувани петстоденарки и илјадарки

Кавадаречката полиција приведе тројца кавадарчани кои пуштиле во оптек фалсификувани пари, a е поднесена и кривична пријава за стореното кривично дело, информираа денеска од СВР Велес.

Покрај во Кавадарци, парите со ист сериски број биле пуштени и во други градови.

-Полициската страница Кавадарци поднесе кривична пријава против Б.Ч.(27), Љ.Т.(30) и С.О.(20), сите од Кавадарци, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување на пари“. Пријавените, делото госториле во текот на јуни оваа година. Тие набавиле вкупно 193 банкноти од по 500 денари, сите со ист сериски број и 1000 денари со исти сериски број, пошто ги пуштале во промет во Кавадарци и во другите градови – вели портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски.

Лицата се приведени во полициска станица за понатамошна постапка.

ВОHPЕДНА ВРЕМЕНСКА: Невpeме доаѓа кон Македонија – еве и какво време не очекува до вторник

Топло, но нecтабилно време со поpoен дожд, најавува УХМР за денеска попладне и утре. Во недела и понеделник ќе пpeовладува сончево и топло време со мала до умерена облачност.

Температурата денеска ќе достигне максимални 33 степени. Во деновите од викендот ќе достигне 36, а во понеделник 38 степени.

Од вторник ќе биде ветровито со ycлови за локален поpoен дожд. Дневните температури ќе бидат во интервал од 27 до 36 степени.