Камерите уловија нови преслатки суштества во Маврово (ФОТО)

Фото од кафеави мечиња е направена во Националниот парк „Марово“, со помош на фотозамки во рамките на проектот за закрепнување на Балканскиот Рис кој се реализира во соработка со Македонско Еколошко Друштво.

Кафеавата мечка е распространета главно по планинските области од западниот, централниот и јужниот дел на Македонија, повремено се јавува и во источните делови во Малешевските и Осоговските планини. Според литературните податоци, во Македонија се претпоставува дека живеат околу 160-200 единки на кафеава мечка.

Таа е најголема меѓу крупните ѕверови присутни во Македонија со просечна тежина 100-150 килограми. Се исхранува пред сé со растителна храна (95%), остатокот (5%) со ларви од мравки, инсекти и лешеви од други животни, ретко напаѓа домашни животни (треварки и месарки).

Парењето е кон крајот на мај и почеток на јуни, женката најчесто раѓа 1-2 млади кои се слепи и голи. Младите се осамостојуваат по две години, а полова зрелост достигнуваат на 3-4 години.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.