дома блог страница 3187

ФОТО: Беше најдебела жена на светот- Пред ТВ камерите ослабе 194 килограми- еве како изгледа денеска

Паулина Потер од Америка била прогласена во 2011 година за најдебела жена на светот. Влегла во Гинисовата книга на рекорди кога имала 292 килограми, но нејзината најголема килажа била 307 килограми.

Успеала да ослабе после операцијата на желудник кога ослабела 194 килограми. За неа луѓето дознале кога се појавила во ТЛЦ емисијата „My 600lb Life“. Гледачите ја следеле нејзината борба и тоа како стигнала до 112 килограми. Било тоа голем успех за неа, но кога камерите се изгасиле повторно се вратила на старите навики.

Кога ТЛЦ направиле нов серијал „My 600lb Life: Where Are They Now?” во кој ги посетувале луѓето кои гостувале кај нив и успеале да ослабат, дошле до Паулина, но таа повеќе немала 112 килограми, туку 132.

Кога имала 300 килограми, самостојно можела да јаде и да се избрише. Едвај се движела, а синот Дилон морал да ? готви и да ја чисти. Говорела дека е заробена во своето тело и се прашувала дали некогаш ќе има нормален живот. Во тоа време храната ја доживувала како врвот на денот.

Признала дека почнала да се прејадува уште како дете, затоа што нејзините родители се развеле. Велела дека мајка и едвај составувала крај со крај и едвај можеле да си приуштат храна.

Кога родителите ? се смириле, парите веќе не претставувале проблем, навиката за прејадување започнала. Рекла дека на 17 години имала 136 килограми, а кога на 29 години го добила синот, имала веќе 226 килограми.

Паулина сега со синот живее во Сакраменто, но нејзината тежина повеќе не е позната, пренесува Дејли Мејл. Сепак, судејќи по фотографиите кои ги објавува на Фејсбук, се чини дека прилично е ослабена.

(Видео) Македонци ќе го дочекаат Ел Чапо во затвopoт во Колорадо

Дритан и Елвир служат доживотна kaзна во “ADX Supermaks” затвopoт во Колорадо, за кој велат дека е “чиста верзија на пеколот”. Овие денови таму ќе му се придружи и озлогласениот нapko бос Ел Чапо кој во среда ќе ја слушне својата пресуда.

Ретко кој може да замисли дека децата од албанско семејство, кои во 80-тите години живееле во источна Македонија, ќе станат опасни тepopисти во САД.

(Видео) Сателитски снимки ги открија светите шуми: Во средина на секоја од нив се наоѓа православен храм

Група истражувачи се упатиле во Етиопија за да ги истражат шумите на оваа земја.

Недалеку од градот Дебра Табора ги пречекале група на деца кои добро го познавале местото. Седеле во малата шума во која се наоала црква.

Таа шума, на северот на земјата, е позната како “света шума”, а такви има околу 1000 на целото подрачје.

Секоја шума е заштитена од Етиопската православна црква која се наоѓа во центарот, а до неа најдобриот пат го познавале децата. Овие шуми се оддалечени на два километри една од друга. Се користат како центри на заедниците, места на среќавање, за верски обреди…

Се запали автомобил во центарот на Прилеп (ФОТО)

Денеска околу 12 часот кај катната гаража до старата автобуска станица се запали возило од марка “Ауди”.

Брзата интервенција на Противпожарната единица и полицијата спречи несакани последици, а автомобилот беше брзо изгаснат.

Во несреќата нема повредени лица.

Побарале помош од Свети Василиј и се случило чудо: Teшko болниот Војин го однеле во Острог, а момчето веднаш тргнало кон моштите на светецот

За Војин Марковиќ 2006 година била koбна. Ова момче од Варварина имало само три години кога му била дијагностицирана адултна акутна лимфобластна лeykeмија.

Неговото семејство вели дека болecта е откриена сосема случајно и дека ништо преходно не покажувало дека безгрижното детство на Војин ќе се претвори во yжac. Неговата мајка Данијела Марковиќ вели дека тоа биле нajлошите денови за целата фамилија.

“Не можев да се помирам со фактот дека мојот син е болен. Правевме се за да го излечиме. Цела година бевме во Белград, на лечење”, вели Данијела.

Меѓутоа, оваа приказна започнува многу порано. Една година пред да откријат дека детето е болно, Млаџан и Данијела со синот тргнале на море во Црна Гора, па одлучиле да го посетат и манастирот Острог.

Кога стигнале во дворот имало премногу луѓе, па Данијела и Млаџан одлучиле да дојдат друг пат бидејќи временските услови биле лоши.

По неколку месеци нивниот син се разболел и заминале на лекување во Белград, а прогнозите биле обесхрабрувачки. Лекарите ги вложувале сите напори но безуспешно. Семејстовто Марковиќ одлучиле да заминат во манастирот Острог и да му се помолат на Свети Василиј.

“Мојот сопруг и јас се договоривме да одиме во Острог. Слушнавме различни приказни за лечење на болни и други чуда на овој светец. Врнеше дожд и се сеќавам дека имавме многу проблеми за да стигнеме до манастирот. Војин имаше само три години, а ние никогаш пред тоа не сме влегле внатре во манастрот. Во еден момент Војин го фати татко му за рака и го поведе кон моштите на Свети Василиј Острошки”.

“Останав сама, а по неколу минути- Војин дојде ме фати за рака и ме одведе кон моштите. Изненадена што моето дете така реагираше, иако никогаш пред тоа не бил овде. Му објаснив дека треба да чекаме во редот.

Тогаш ми пријде една жена и ми рече дека Војин е повикан од Свети Василиј и дека поради тоа ќе не пуштат да влеземе први”, раскажува Данијела.

“Во делот каде се моштите влеговме јас, Војин и мојот сопруг, како и една жена во инвалидска количка. Монахот ја прочита молитвата за здравје, а јас тогаш се заколнав дека оваа наша приказна ќе ја дознаат сите”.

Кратко по враќањето од Острог, односно по три месеци, дијагнозата на Војин била подобра. По осум месеци интензивно лечење Војин е потполно здрав. Денес, покрај Војин, ова семејство е побројно за уште еден член, сестрата на Војин Дуња. Војин е фудбалер и оди во гимназија.

“Еве ги првите фотографии од “Пивофест”, благодарение на Локалната самоуправа?”

Вечерва во Прилеп стартува 17-то издание на фестивалот на скарата и пивото, “Пивофест 2019”, каде на сцената се очекуваат настапите на Прилепски еснаф, Селимова Желчевски, Ѓорѓе Давид и Ивана Негатив и групата Галија.

Она што е забележително во центарот на градот е малиот број на штандови кои се десетина на број, а празниот простор се пополнува со тезги за разно разни украси, облека и друга најразлична роба.

Токму сегашните локални власти и првите луѓе на власта во минатото го нарекуваа фестивалот пазар, вашар, панаѓур и што ли уште не, а втора година откако го организираат истиот, најголемото музичко случување во државава се претвора во глобален пазар на отворено.

Еве дел од атмосферата во центарот на Прилеп:

Mилошоски: “Лекарското за боледувањето на обвинителката Катица Јанева е неверодостојно!”

“СЈО го крие боледувањето! Но, јавноста има право да знае од каде е земено боледувањето, кој лекар го има дадено и за која болест? Специјалната обвинителка е државен функционер скапо платен со даночни пари од граѓаните и јавноста има право да знае за нејзината здравствена состојба (не мора ситници и дискретни прегледи, туку податоци за општата здравствена состојба). Исто би било, јавноста има право да знае, и во случај на ненадејно боледување на Претседател, премиер, министер, градоначалник и слично”, напиша Милошоски на Фејсбук.

Ќе започне уредувањето на вечното почивалиште на Тоше Проески: Еве колку ќе чини

Крушево ќе добие средства од буџетот на државата за уредување на вечното почивалиште на музичката мега ѕвзда, Тоше Проески, кој трагично загина во 2007 година во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка во Хрватска. За преуредувње на вечното почивалиште на Тоше Проески државата ќе издвои 10 милиони денари.

Владата на вчерашната седница ја усвои Програмата за реализацијата на средствата предвидени во буџетот на Министерството за култура за 2019 година за капитални инвестиции во единиците на локалната самоуправа.

УМС на ВМРО-ДПМНЕ им остави рекет на Кики и Фрики пред Собранието на Република Македонија

Зоран Заев, главата на вториот октопод на СДСМ, крие кои се Кики и Фрики од рекетарските приказни. Зоран Заев ги крие бидејќи се високи функционери и негови блиски соработници кои доколку се соочат со правдата може и самите да почнат да говорат за криминалите на нивниот шеф. Овие два лика, според информациите во јавноста, директно се поврзуваат со аферата за организирано рекетирање заедно со приведениот Бојан Јовановски познат како Боки 13, ова денеска во изјава за медиумите го истакна Валентин Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ.

-Еве да им помогнеме на органите на прогонот и на Зоран Заев да се сетат кои се Кики и Фрики. Нашите информации велат дека двајцата имаат пратенички имунитет и дека се дел од владејачкото мнозинство во Собранието на Република Македонија. Доколку Јавното обвинителство продолжи да глуми дека не е од тука и дека не ги знаат Кики и Фрики, тогаш постои сериозна опасност дека ќе земат уште поголем залет за да си го наплатат стресот и вознемирувањето, потенцира Манасиевски.

Тој додава дека Кики и Фрики, Вимблдон заврши, а светски рекет број 1 остана Новак Ѓоковиќ. Сте запнале да го надминете во пресрет на УС Опен ама малку сте се збуниле. Подобро пробајте во мешани двојки ама на тениски терен.

-Рекетот користете го за тенис, а не за изнуда на пари. Не и треба на Македонија рекет број 1 како вас, Зоран Заев или Боки 13. Ова е РЕКЕТ, ама целосно легален и дозволен. Овој РЕКЕТ им го оставаме и очекуваме дека ќе го користат правилно и со тоа ќе го подобрат своето психо-физичко здравје, а за досегашното практикување на рекетот ќе им се суди без можност за челинџ, бидејќи ги истрошија сите кредити, истакна Манасиевски.

По наглите пpoмeни на вpeмeто – Вpeменска до кpajoт на јули

Сончево и потопло време со мала до умерена облачност не очекува денеска во Македонија. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец. Минималните температури од од 8 до 17 степени, додека максималните температури на воздухот од од 26 до 33 степени.

УВ индексот ќе изнесува 8.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и со слаб северозападен ветер.

И наредните денови следува период на потопло време со пораст на дневните температури. Од друга страна, во петок во попладневните часови ќе има изолирана појава на дожд и грмежи.

Ова е временската за до крај на месец според Accuweather. Не чекаат многу пресврти со времето, денови со сонце, па денови со дожд.