дома блог страница 3078

Потребни сме ѝ на Мери, а таа на нејзиното синче: Ајде МАКЕДОНИЈО, да помогнеме од срце!

Триесет и седумгодишната кичевчанката Мери Тошевска боледува од мултиплекс склероза. По третманите во Турција поради финансиската состојба нема можност својата роботерапија да ја продолжи во Неуро Медик – Клиника во Ниш.

Добивам нега, мобилност и инвалидска пензија. Живеам под кирија со родители и секој месец со крајни сили плаќаме кирија од 100 евра, вели Мери.

За да ги продолжи терапиите, да може да застане на здрави нозе бидејќи му е потребна на своето синче, кое нема среќно детство поради разводот на родителите и состојбата на Мери, потребни ѝ се 6000 евра за лекување.

Т-Mobile: 070/143-193
А1: 143-484

Мери Тошевска – за Донација

Т-ска сметка: 210700000644798

НЛБ Банка АД Скопје

За Мери е направена и документарна емисија на МРТВ која можете да ја погледнете ТУКА

Сонцето од Кутлеш угреа на цела фасада од куќа (ФОТО)

Власта со брусилките ја доби првата битka со капаците од шахтите, но полека ја губи вojната со македонскиот непокор.

Сонцето од Кутлеш го избрусија од шахтите, но тоа се помасовно почна да се употребува.

– Секоја чест за домаќините на оваа преубава македонска куќа. Македонски непокор полека, но сигурно се шири како вирус. Нема тука да застанеме, ова е само почетокот на освестување и обединување на Македонецот. Браќа и сестри допрва пристигнува времето за слободна и обединета Македонија. Никогаш северна, само Македонија, објавуваат Млади за Македонија на нивната страница на Фејсбук.

Сонцето од Кутлеш, симболот на првото знаме на независна Македонија, се вее на знамиња низ Македонија, се аплицира на објекти и неговите зраци се шират побрзо од брусилките на власта која го отсранува од јавните објекти.

ЧУДHИ и нeoбични „kaмeња“ иcпливaa пocлe уpaгaнoт Дopиaн – пронajдено иcтopиcкo бoгaтcтвo (ВИДЕО)

Иако остави пуcтош зад себе, уpaганот Дориан на некои луѓе им донесе и малo богaтcтво. Во налет на oпacниот уpaган загинaa 44 лица, а мноу ceмеjcтва останaa без домови.

Сепак постојат луѓе кои знаат дека после голема бура има надeж да се најде богатcтво и вpeдни предмети, па тргнале во лoв по богатcтво по плажите.

„Имавме среќа и најдовме некои чудни округли камења“ рекле Арон и неговата девојка.

Всушност она што мислеле дека се камења биле ѓулиња од време на Граѓанската вojна во САД.

Прекрасна изведба: 13-годишна битолчанка ќе ви го разубави денот со нејзиниот глас и талент (Видео)

Младата и талентирана тринаесет годишна Ајлин Акифовска од Битола неодамна го сними својот прв кавер.

Станува збор за песната на Александра Јанева „Врати ми го сонцето“ која Ајлин ја препеа во нејзин стил и изгледа одлично.

Видеото од песната која е збогатено со видео запис можете да го погледнете во продолжение, уживајте.

Искористете ги уште малку овие пријатно топли летни денови, им доаѓа крајот

Пријатно топлите летни септемвриски денови, според најновите анализи, нема уште многу долго да се задржат кај нас, односно ќе останат некаде до средината од следната недела.

Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 24 до 33 степени, додека во најтоплите делови од државава, следните денови се очекува да се искачат до околу 35 степени.

Поради ваквата ситуација, љубилетиле на освежувањето, особено најхрабрите, имаат уште малку време да уживаат во реките и во езерата низ Македонија.

Веќе од средината на следната недела, или поточно некаде од во текот на ноќта среда кон четврток, под влијание на позначително посвежа воздушна маса, очекуваме позначителен прад на температурите на воздухот, како на утринските така и на максималкните дневни.

Сепак, дополнителни и по потреба обновени информации околу ова сценарио следуваат наскоро, а до тогаш уживајте во пријатното лето есенско време.

“Маркови точакџии” станаа инспирација за сите: Христијан и Кире од Прилеп извозија 500км за три дена (Фото галерија)

Членовите на Здружението “Маркови точакџии” изминатиот период се инспирација за сите млади луѓе, но и сите вљубеници во природата и возењето на велосипед.

Изминативе 3 дена двајца од нивните членови, Христијан Мојсоски и Кире Мулоски се впуштија во нова авантура која ја нарекоа “Тур де Егејска Македонија” и извозија околу 500 километри.

Двајцата велосипедисти беа до Солун и Воден, па ни раскажаа како се одвивала нивната најнова авантура.

“Тргнавме во понеделникот на 09.09.2019 во 3 часот и 30 минути по полноќ, се упативме кон Дојран каде и ручавме, од тука околу 12 часот тргнавме за Солун, а таму стигнавме во 5 часот. Вкупно до Солун поминавме 215 километри”, раскажува Христијан Мојсоски.

Инаку Мојсоски заедно со Филип Илиоски кој исто така е дел од “Маркови точакџии”, пред извесен период возea над 800 километри од Прилеп до Истанбул, тура која успешно ја поминаа за 5 дена.

“Вториот ден поуживавме на првата солунска плажа. Третиот ден т.е. денеска 11.09. околу 5:30 часот тргнавме кон Воден каде ги посетивме познатите воденски водопади. Околу 12 часот се упативме кон македонска граница, односно кон Битола, а потоа назад до Прилеп. Тоа беа дополнителни 240 километри, или вкупно околу 500”, додава Мојсоски.

Со Биг Мајк се дружел и Венко Филипче (Видео)

Владата не се фали со средбите на потенцијалниот инвеститор во галопирачки растечкиот бизнис со kaнабиc, Мајкл Страумитис, познат како Биг Мајк. Но, наспроти молкот на владата чии функционери никогаш не забораваат да посочат оти биле транспарентни, видео на кое се прикажани премиерот Заев и министерот Филипче на маса со „Кралот на kaнабиcот“, како што самиот се нарекува, на „Инстаграм“ објави Биг Мајк – пишува “Алфа ТВ”.

Тој во постот пишува оти ќе ја спасел земјава, а најави и 40.000 вработувања.

Kaнабиcoт може да биде долгоочекуваната шанса за оваа земја. Со околу 40.000 нови вработувања, по легализациjaта, ова е навистина голема можност за земјата, ако тоа се направи онака како што треба. Затоа разговарав дирекно со премиерот на фер лиценцирање на канабисот, ама и за креирање на јасен пат до европскиот пазар.

Целиот прилог погледнете го ТУКА

Ребека со моќна порака: “Моите првачиња знаат дека се родени во Македонија, оваа земја е само Македонија”

“Moите првачиња знаат дека се родени во Македонија. Така им пишува и во изводот на родени. Кога некој ќе каже Северна Македонија комплетно се збунети и прашуваат зошто некој така ја нарекува нивната татковина. Кога навиваме викаме гласно МАКЕДОНИЈА,МАКЕДОНИЈА! Нас Македонија ни е во срцето и во душата. Ја сакаме Македонија! Ако некому тоа му пречи може слободно да си оди од овде! Оваа земја е Македонија!”, напиша Ребека на својот Фејсбук профил.

“Гаќите паднаа”- Дигнете ги гаќите – ДА ЖИВЕАТ ГАЌИТЕ

Пишува за СВЕСТ.мк – Крсте Јовановски – Пратеник

ГОЛЕМИОТ БРАТ НА Г-динот Жонглер

Кој е всушност големиот брат на Жонглер? На кој голем брат мислеше растроениот г-дин Жонглер:на оној оригиналниот од големото дело на Џ.Орвел “1984”или на оној голем брат што се појавуваше во шунд-реалното турбо-фолкерско шоу во кое партиципираше Боки тредиЧи со тврдо Ч пред извесен период на ТВ.

Оваа дилема веднаш се расветлува ако се следи контекстот на изречените:Референцата е јасна и излегува на површина како пинг-понг топче потопено во вода. Еднонасочната димензија на “новоговорот” на Е бирократите недвосмислено укажува на шунд културата од која е произлезен прво-осомничениот за случајот РЕКЕТ.

Господинот Жонглер во неговото хистерично обраќање до Македонската јавност заборави на големиот брат од грандиозното дело на Орвел и на тој начин себе си се стави под сомнеж а богами и под сомнеж на интелектуалниот дел од Македонската јавност, кој во ова болно расипано и неконтролирано обраќање на Е.Жонглер ја препозна неговата некултура и злоба т.е. она што Фројд би го нарекол продор на потиснатите контексти во говорната реалност.

Жонглер всушност сакајќи да ја прикрие неговата тајна реферираше токму на неа. И сега што? Ние го гледаме со спуштени гаќи сред ријалити шоу. Жонглер одамна го чешаше газот едно, две појави се на ТВ те ова не така те она треба онака итн. и ова последнава зелена РЕКЕТ бил Ријалити шоу.

Некои пред мене го потсетија дека шоуто е создадено уште кога го создадоа СЈО само што тој не одгледувал и не го видел. Тој изгледа не разбира дека и тој самиот е дел од шоуто заедно со своите другарчиња:само што тие не се во собата па не можеме да видиме што нив им се случува под јорганот.

Целата колумна прочитајте ја ТУКА

Локвенец: “Ќе пораснат платите благодарение на успешната економска политика”

“Како одговорна партија продолжуваме да работиме на мерки и политики кои имаат за цел да обезбедат реален економски раст и раст на платите во сите сектори.

Бројни параметри покажуваат дека економијата е активна и се движи во добар правец. Потврда за тоа е податокот дека оваа година имаме последователно два квартали по ред раст на БДП и тоа за над 3 отсто,. Ова ја потврдува успешноста на економските мерки кои даваат реални резултати.

Со ребалансот на Буџетот за 2019 година, 400 милиони денари се обезбедени за субвенционирање на придонесите од задолжителното социјално осигурување за претпријатијата кои ќе ги зголемат платите на своите вработени до 100 евра, односно до 6.000 денари.

Со оваа мерка, освен раст на платите ќе се влијае и на сузбивање на сивата економија и давањето плати во плико. Тоа директно ќе влијае на зголемување на приливот на средства во пензискиот фонд.

Трендот на раст на платите, продолжува и натаму. Просечната месечна нето-плата во првото полугодие на 2019 е повисока за 3.5 отсто.

Веќе од септемвриската плата, стапува на сила новото покачување од 5 отсто на платите во јавната администрација, во здравството, во образованието, во градинките, во полицијата, културата, одбраната, судството.

Покрај повисоки плати, обезбедуваме и поголема поддршка за отворање нови работни места. За таа цел, со ребалансот, обезбедeни се дополнителни 200 милиони денари за активните политики и мерки за поддршка на вработувања.

Отворањето на нови и подобро платени работни места, ја намалија невработеноста на рекордни ниски 17,8 отсто. Градиме економија што отвора шанса за сите”, изјави пратеникот на СДСМ Хари Локвенец на денешната прес-конференција во македонското Собрание.