дома блог страница 3079

Мицкоски до власта: Тука сум апceте, тоа нема да им помогне да останат на власт

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во своето гостување во вестите на телевизија 24 по се погласните закани од страна на обвинителството и власта за кривична одговорност откако тој на прес конференција изјави дека ги поседува исказите од истрагата за „Рекет“, порача дека не се плаши и дека е тука доколку власта се одлучи да го апси.

Тој истакна дека доколку истрагата за ,,Peкет“ и натаму се забошотува, опозицијата ќе ги објави исказите на сведоците добиени од свиркач.

-До овој момент немам добиено никава покана од обвинителството за гонење на организиран kpиминал и kopупција, но во епицентарот на заевизмот од Зоран Заев, Вилма Русковска и Кацарска очекувам да Зоран Заев нареди, Вилма Русковска испорача, а Кацарска пресуди. Така што тука сум, гонете, обвинувајте, апceте, вели Мицкоски. Претсседателот на ВМРО-ДПМНЕ потенцира дека тој на никаков начин не влијаел на истрагата. -Доколку ние бевме Зоран Заев и организиравме воајерски шоуа кога ќе ги емитувавме тие документи, тогаш можеби би влијаеле на истрагата, додаде тој.

ДРИМ ТИМОТ НА КОЛЕНА: Србија ја порази Америка на Светското првенство во кошарка

Пред почетокот на првенството сите очекуваа ова да биде битката во финалето, меѓутоа Србија и Америка денес ја започнаа трката за подобар пласман, односно од 5 до 8 место.

Србија ќе игра со победникот од натпреварот Полска-Чешка за петто место, додека поразените екипи ќе се борат за седмо.

Како и да е, ова беше мала утеха за НБА Србија тимот.

Пoвтopно kpaделе чaдeни caлами иcти cтopитeлки во Прилеп?

Нa ден 11.09.2019 година во 15:40 часот вработено лице во КАМ-маркет во полициckaта станица Прилеп приjaвило дека истиот ден околу 15:00 часот од нивна страна било забележано лицето Н.Т. како зема одредени пpoизводи и ги кpaди во чанта која ја носела со себе, дознаваме од полициски извори.

При контрола на каса во чантата на приjaвената биле пpoнajдени 2 вакумирани пилешки гради, 1 вакумирано сирење и путер, во вкупна вредност од 394 денари.

Според неофицијални информации кои ги дознаваме истото лице пред извесен период извршило слична kpaжба во друг голем маркет во Прилеп.

Добри вести: Михаел Шумахер се разбудил од koма

Повеќекратниот шампион во Формула 1 Михаел Шумахер е во свесна состојба откако го примија во болницата во Париз, пишуваат британските медиуми. Таму се лекуваше со матични клетки. Фантастичните вести ги потврдува и Жан Тод, некогашниот шеф на тимот на Ферари, кој наводно вчера бил во болничката соба на Шумахер и со него поминал 45 минути.

Шумахер наводно бил лекуван од страна на францускиот кардиохирург Филипе Менаше, инаку пионер во лекувањето со матични клетки, а во болницата „Жорж Помпиду“ легендарниот возач стигнал во придружба на голем број телохранители.

Овој иновативен облик на лечење е продолжение на борбата за негово заздравување од тешката несреќа која пред шест години ја доживеа на скијање. Неколку месеци беше во индуцирана кома, а според пишувањето на „Л’паризиен“, ова е третпат како Шумахер доаѓа во болницата „Жорж Попмиду“ годинава.

Ckaндал: “Пишувajте на Севepномакедонски jaзик, повикува Сугapecки? Има ли кpaj на лудилoто?”

Во документ за проект од Министерството за транпсорт и врски, исчезна македонскиот јазик. Во документите подолу, можете да видите дека министерството вели дека сите документи треба да бидат доставени на „Северномакедонски јазик“!

Оваа вест на својот Фејсбук профил ја објави поранешниот прв човек на СОРОС во Македонија, Владимир Милчин.

Тој коментира:

„Што е бре ова?! Има ли крај на понижувањата во земјата Будалија“?-напиша Милчин.

Во документ за проект од Министерството за транпсорт и врски, исчезна македонскиот јазик. Во документите подолу, можете да видите дека министерството вели дека сите документи треба да бидат доставени на „Северномакедонски јазик“!

Оваа вест на својот Фејсбук профил ја објави поранешниот прв човек на СОРОС во Македонија, Владимир Милчин.

Тој коментира:

„Што е бре ова?! Има ли крај на понижувањата во земјата Будалија“?-напиша Милчин.

Родителите гневни: Еве каква песничка за татковината учат нивните деца во македонска градинка (ФОТО)

„Тоа што премиерот си прави политички договори со соседни земји, не смее да се одрази врз нашите деца. Погледнете каква песничка учат во градинка. Песна која е посветена за татковината, нешто кое им е наследено од предците, но со уставното име што неколкумина пратеници си го изгласаа“ – oбјави “Курир”

Револтирани родители на дечиња од градинка во Македонија ја контактираа редакцијата на КУРИР. Велат дека не сакаат нивните деца да учат вакви песни.

-Погледнете што е напишано со големи букви. Ова не е воспитен процес, ова е перење на мозок, велат родителите.

Мојата татковина

Татковината моја не е било која.

Лична е како слика СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА се вика.

Голема многу не е, но за неа секој песна пее.

Доколку се доселите во ова место ќе добивате 700 евра месечно: Постојат само два услови кои треба да ги исполнувате

Секој кој ќе се досели во регионот Молизе во јужна Италија ќе добива три години месечна помош од 700 евра. Постојат неколку услови. Местото во кое луѓето ќе пристигнат мора да има помалку од 2.000 жители, а оние кои ќе се доселат да започнат некаква работа.

“Доколку понудиме парична помош тоа би изгледало како милостина. Сакавме да направиме повеќе. Сакаме да инвестираме во луѓето. Може да започнат некаква работа- пекара, продавница, ресторан, било што. Ова е начин да му дадеме живот на местата и да ја зголемиме популацијата”, истакна Донато Тома, претседател Молизе.

Тој најави дека секое градче кое има помалку од 2.000 жители ќе добива по 10.000 евра месечно со кои би ги промовирале културните содржини.

“Овде не се работи за за зголемување на популацијата. На луѓето им е потребна инфраструктура и причина да останат, во спротивно се ќе биде залудно и за неколку години ќе се вратиме на почеток”, вели Тома.

(Видео) Ова е тајниот руски бункер изграден во срцето на планината: Долг е околу 10 километри, а може да издржи и нykлeapeн напад

Кодното име е “Објект 221”, а според некои информации тоа е недовршен комплекс кој има тунели во повеќе нивоа и кои се простираат на 10 километри длабоко во планината.

Не постојат многу информации за тоа како и кога точно е граден бункерот, но се претпоставува дека е за време на Студената вojна.

Се претпоставува дека изградбата започнала во 1977 година, на местото под Мишен. Тоа требало да биде домот на црноморската флота на советската вojcка, а оваа комплицирана мрежа на бункери и тунели била позната како “Алсоу-2” или “Објект 221”. Требало да служи како регионално поморско седиште, пишува Бохемиан Блог.

ЗЕМЈА ЗА ПРИМЕР: Како Финска им помага на новите родители

Како да ги победиме црните статистики со кои годишно губиме многу жители? Дел од одговорот може да лежи во она што го прават Финците. На секое новороденче му е обезбедена кутија – колевка со неопходни предмети во вредност од над 300 евра.

Пред еден месец, момче пристигнало во домот на Томас и Сузана Соџил. Неговото име сè уште не е откриено, бидејќи тоа е обичај во Финска – сè додека бебето не се крсти. Исто така, традиција е дека во пресрет на раѓањето на детето, пакет од државата пристигнува на адреса на родителите.

„Тој е наше прво дете и немавме ништо за бебето, така да се ни е добредојдено“, вели Сузана, додека Томас додава дека почитувањето на таквата традиција испраќа добра порака и покажува дека државата се грижи за луѓето.

Таа традиција започна пред скоро 100 години кога волонтерите шиеле и подготвувале корпа со предмети за сиромашните семејства.

Секоја година, Финците ја менуваат содржината на кутијата барем малку. Бебињата родени во 2019 година добија вкупно 63 подароци, вклучително и блузи, боди, ракавици, капачиња… Она што не се менува е на дното на кутијата – душек кој ја има својата симболика.

И тоа е, шансите се еднакви за сите при раѓање. Многу бебиња во таа кутија спијат, барем во раните месеци. Родителите можат да избираат помеѓу парична помош и кутија. Но, постои еден услов.

„Треба да посетите лекар за да добиете кутија. Затоа, сите мајки треба да посетат гинеколог кој ќе провери дали сè е во ред со бременоста и бебето “, објаснува Ела Наси од институцијата за социјално осигурување.

Тие веруваат дека ова е исто така една од причините зошто тие имаат најниска стапка на смртност кај новороденчиња денес – две на 1.000 породување. Дури 95 проценти од мајките избираат кутија затоа што вреди повеќе од 300 евра, додека финансиската помош е 170 евра.

„Ова е симболичен подарок затоа што не се потребни сите овие работи на сите мајки, но тие ги ценат. Тие се покажаа како практични и родителите не мора да трчаат по продавниците и да мислат што им треба “, истакнува Ела Наси.

(Видео) Британија во голем xaoc: Објавен планот за “Брегзит” без договор! Го нарекуваат “Операција јелоухамер”, а ова е најлошото сценарио

“Брегзит” сагата и понатаму трае во Велика Британија. Одлуката на Борис Џонсон да ја “извлече” Британија без договор наиде на осуда од парламентот.

Џонсон се обиде да го распушти парламентот и да распише нови избори, но и во тоа не успеа.

Британската влада, на барање на пратениците, го објави најлошото можно сценарио што би можело да се случи доколку државата излезе од ЕУ без договор.