дома блог страница 3077

Интервју на Стоилов за “EХФ”: “Среќен сум што во овие тешки времиња за нашата земја донесовме среќа и гордост за нашите граѓани”

Благодарение на неговото искуство и физичка подготвеност, Стојанче Стоилов е еден од клучните играчи на Вардар во изминатите 8 години. Низ годините, Стоилов се eтаблираше како најголема ракометна икона во Македонија, кој како капитен на Вардар го предводеше својот тим до двете историски достигнувања во Келн.

Вардар одново ја започнува сезоната како бранител на титулата, а стартот на сезоната поради повреда ќе го пропушти Стоилов – се вели во воведот на интервјуто кое Стоилов го даде за веб страната на “ЕХФ”.

Во драматичната мината сезона, Вардар стигна до шампионската титула. Која беше пресвртна точка во сезоната 2018/19?

Стоилов: “Да, имавме турбулентна сезона минатата година со многу проблеми, но на крајот, некако успеавме да го надминеме сето тоа и да го освоиме трофејот во Лигата на шампиони. Не мислам дека направивме пресврт, одевме меч по меч, чекор по чекор и стигнавме до највисокото место на подиумот”.

Уште еднаш, ја стартувате сезоната како шампиони. Дали тоа носи дополнителен притисок споредбено со минатата сезона?

Стоилов: “Бевме во иста позиција пред две години и од нашето искуство, знаеме дека оваа година ќе биде многу потешка за нас. Притисокот е нешто што нашиот тим го очекува и некако успеваме да прикажеме подобри резултати кога сме под притисок. Како и да е, кога си шампион, мораш да се однесуваш како шампион во секој натпревар, а тоа не е лесно”.

Го носиш црвено-црниот дрес 8 години. Што го прави Вардар толку посебен за тебе?

Стоилов: “Вардар е посебен клуб, не само во Скопје, туку во целата држава. Овој тим има голема база на фанови, што ја вклучува и најдобрата навивачка група “Комити”, a jaс сум еден од нив. Мојот татко е исто така вљубен во клубот и ја пренесе таа љубов на мене пред многу години. Се сеќаваме кога ме носеше на фудбалски натпревари кога јас бев многу мал. Денеска ја носам капитенската лента со гордост и чест, и сум среќен што во овие тешки времиња за нашата земја донесовме среќа и гордост за нашите граѓани”.

Вардар загуби неколку клучни играчи од минатата сезона, а нови имиња ви се приклучија. Што мислиш за играчкиот ростер сега?

Стоилов: “Toa e приказна за минатата година исто така, но тоа не не’ спречи да постигнеме голем успех. Секогаш е тешко кога ќе загубите клучни играчи, но тоа не е нешто поради кое нема да спиеш. Имавме многу добра атмосфера во нашата соблекувална, а тоа секогаш е од помош за играчите”.

Кое е твоето мислење за новиот тренер Давид Писонеро?

Стоилов: “Немам поминато многу време со Писо и со тимот, поради повредата, но според она што го видов тој е комуникативен и добар тренер. Ова се многу важни знаци за здрава врска помеѓу тренерот и играчите. Му посакувам многу среќа оваа сезона и топло добредојде во фамилијата на Вардар”.

Какви се резултатите за твојата повреда? Кога ќе можеш да се вратиш на теренот?

Стоилов: “Рехабилитацијата оди бавно и ќе ги пропуштам почетните натпревари во Лигата на шампиони, но со нетрпение чекам да се вратам на теренот што е можно побрзо”.

Враќањето на теренот ќе значи соочување со тројца играчи на твојата позиција. Што значи тоа за тебе?

Стоилов: “Секогаш е добро да се има конкуренција во тимот, затоа што секогаш морате да докажете нешто за време на тренинзите и да се трудите да бидете подобри. Пивотите се млади и амбициозни и се надевам дека ќе им помогнам да станат подобри”.

Вардар заврши на третото место на ИХФ Супер Глоуб. Како го оценуваш она што го прикажа тимот на ова натпреварување?

Стоилов: “Тоа не беше вистинската слика за Вардар, затоа што мислам дека имаме многу нешта за промениме или да додадеме во играта. Тимот демонстрираше некои силни и слаби страни, но со текот на времето можеме да бидеме само подобри”.

Жребот во Лигата на шампиони ве стави во група со некои познати и силни противници. Како гледаш на групата?

Стоилов: “Да, ние сме во многу тешка група, која мислам дека е многу потешка од онаа минатата сезона. Секој сака дел од шампионот, но ние сме Вардар и како што кажав мора да се однесуваме како шампиони, без никакви изговори”.

Kaко го оценуваш Вардар оваа сезона и кои се вашите цели?

Стоилов: “Низ годините ја имаме истата цел, а тоа е да стигнеме до фајнл фор турнирот во Келн. Кога веќе сме таму, се’ може да се случи”.

(Фото/Видео) Имаат по 95 години: Најстарите Британки ја открија својата тајна за долговечност, а тоа не е здрава храна и вежбање

Најстарите близначки во Британија имаат 95 години! Лилијан Кокс и нејзината сестра Дорис Хобеј велат дека за нивниот долг и среќен живот, можат да им се заблагодарат на едноставните работи – сypови колбаси со леб и пивo!

Симпатичните Британки имаат своја страница на Фејсбук и профил на Твитер каде објавуваат моменти од нивниот живот, и тие станаа омилени меѓу луѓето што ги следат. Тие исто така ја покажуваат рутината на вежбите, како и видеа од нивната љубов кон фудбалот.

Социјалните мрежи им ги направи нивната внука со цел да им покаже на луѓето дека дури и на 95 години луѓето можат да бидат среќни и насмеани.

„Без ceкс и многу пиво“, е нивниот рецепт што го отkpиле во едно шоу. Луѓето беа воодушевени од нивното гостување, а во коментарите на социјалните мрежи, сите ги поддржаа.

Училишните дворови преплавени со летоци со државната химна: Драги првачиња, ова е нашата химна! (Фото)

Расфрлани летоци по основните училишта со македонските химни.

Македонската јавност, особено родителите на децата кои посетуваат основно училиште овие денови се гневни на власта која ги злоупотребува децата за политички цели – пишува “Курир”

Имено откако во јавноста се појавија информации дека власта се откажала од македонската химна во учебниците јавноста се крена на нозе.

Македонскиот пејач Панчо од ДНК на својот Фејсбук профил објави дека откажувањето на химната на својата татковина е исто како на првачињата да им забраниш да ја учат азбуката.

– Јас за моите деца сум сигурен дека ќе ги научам и воспитам да ги почитуваат сите луѓе без оглед на етничка припадност, но сум уште посигурен дека гордо ќе ја пеат и научат химната на Македонија од почеток до крај, а за вашите не знам. Секој со своето. На дното му нема крај, пишува Панчо.

На крајот од објавата во постскриптум замолува статусот да не се користи за политички цели бидејќи, како што вели, химната е на сите жители на Македонија, без оглед за која политичка партија се определени.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ОК Карпош, Тони Јаревски на својот Фејсбук профил прашува дали „Некој мислеше дека на Тамара навистина толку и бил капацитетот, згрешила или пак не ја научила химната на Македонија?! Дека ненамерно немаше химна при посетата на Ципрас?!“

Неговиот статус и приложените фотографии, ги пренесуваме во продолжение;

Доколку некој се уште е на тој став се лаже самиот себеси. Уште еден чин од процесот на демонтажа на Македонија, македонскиот јазик, идентитет и код е со актуелната наставна програма за нашите деца во 6-то одделение.

Старата програма (слика 1) предвидуваше учење и пеење на химната на Македонија.

Во новата програма (слика 2) химната е отстранета и наместо химната, Власта смета дека поважно за ќерка ми (да, и моето дете е 6то одд) е да ја научи и пее Dzelem, Dzelem и албанската Shtatori.

Како врв на ова малоумие е и официјалното објаснување од Бирото за образование дека морало да се исфрли химната од учебниците бидејќи програмата била пишувана после уставните измени?!?

По острата реакција на јавноста денеска во неколку основни училишта во Скопје беа расфрлени летоци со македонската химна, алудирајќи на властите да не ја забрануваат химната во училиштата, особено на првачињата кои за прв пат ќе се сретнат со неа.

Извор: “Курир”

(Видео) Најлудото нешто што ќе го слушнете денеска: Битолска pап песна за “Југо”

Сосема случајно пребарувајќи на “јутјуб” наидовме на еден битолски хит за “Jуго” кој бил популарен во 2015 година.

Текстот е посебна приказна што вреди да се слушне и да ги потсети сите оние кои некогаш возеле или сеуште возат автомобил од фабриката “Застава” во Крагуевац.

Слушнете во продолжение:

Ова чудо го има само во Македонија (ФОТО)

Пpeдупpeдување до сите возачи во Прилеп, да внимаваат кога навечер поминуваат преку железничкиот премин во близина на железничката станица.

Рампите на овој премин не работат, а за тоа одново апелираат наши читатели кои ни ги испратија фотографиите.

Бидејќи надлежните не водат грижа, бидете целосно внимателни со цел да не настанат несакани последници!

Амбаcaдopите на Прилеп и Македонија утре ќе го одржат својот 72 годишен концерт

На 14 септември /сабота/ 2019, во големата сала во НУЦК Марко Цепенков, со почеток од 20 часот, КУД„Мирче Ацев“Прилеп ќе го одржи својот 72-ри годишен концерт.

Покрај членовите на прилепското друштво, гости на концертот ќе бидат и хрватското културно уметничко друштво „Коло“ од Суботица, од Р. Србија. ХКУД„Коло“ е младо фолклорно друштво во кое членуваат припадници на харватското малцинство во Србија, кои се идентификуваат како посебен етникум Буњевци. Ова друштво е оснивано со цел да се зачуваат буњевачките игри, песни, носии, инструменти и обичаи, како би го истакнале својот идентитет.

Членовите КУД „Мирче Ацев“ од Прилеп, во почетокот на Август, оваа година, беа гости во Суботица на фестивалот „Дужијанца“, каде беа срдечно пречекани од хрватскиот културен центар „Буњевачко коло“ од Суботица, но по покана од претседателот на ХКУД„Коло“, Андрија Башиќ Палковиќ.

Од тука започнала соработка со тоа друштво, а продолжува во Прилеп, каде буњевците од Суботица ќе бидат гости во нашиот град.

КУД „Мирче Ацев“ оваа година реализираа бројни концертни турнеи, покрај во нашата држава, гостуваа во Србија, во Бартин, Турција, како и во Познањ, Полска, каде во октомври повторно ќе гостуваат на покана на Институтот за Славјанска филологија.

Театарот “Војдан Чернодрински” се закити со наградата за севкупно уметничко остварување на претставата “Семејни приказни”

Театарот „Војдан Чернодрински“ по учеството на Фестивалот на камерен театар „Ристо Шишков “ во Струмица со претставата „Семејни приказни“ во режија на Милош Б. Андоновски се закити со нова награда.

Овој пак во рацете на актерите е Наградата на НЕТА за севкупно уметничко остварување за претставата „Семејни приказни“ во режија на Милош Б. Андоновски.

Во претставата играат актерите ЈАСМИНА МИЦОВСКА СТАНКОСКА, ИЛИЈА ВОЛЧЕСКИ, КАТЕРИНА ЧАКМАКОСКА КЛИНЧЕСКА и ДИМИТАР ЦРЦОРОСКИ.

-Наградата е потврда за нашата посветеност во работата и доказ за квалитетот на ансамблот на нашиот театар – вели актерката Јасмина Мицовска Станкоска.

„Семејни приказни“ е претстава која преку играта на децата го прикажува светот на возрасните. Дејството се случува на едно запуштено детско игралиште, каде што децата си играат семејство, а преку својата игра умешно ги прикажуваат деликатните семејни односи, но и длабоко вкоренетите патријархални вредности и нормализираното семејно насилство, создавајќи метафора за нефункционалноста на повеќе општествени сфери во деведесеттите години на минатиот век, во една руинирана балканска земја.

Херитиџ од Вашингтон: Пад на интегритетот на влaдaта на Заев пopaди kopупцијата и пад на економските cлoбoди

Економските состојби и слободи во Македонија се влошуваат, консттира американската фондација Херитиџ од Вашингтон.

Падот во одредени сегменти е сериозно загрижувачки бидејќи тоа се сегменти кои директно влијаат на економските перформанси на компаниите и нивните извозни можности.

Пад во сегментот на Владин интегритет од -2.7 поени, со ова се потврдува големото ниво на корупција кое владее во Македонија и придонесува кон влошувањето на политичката состојба и перцепцијата за немање владеење на правото. Пад во сегментот на Владиното трошење поради лошите перформанси на Буџетот од -0.3 поени.

Со ова се потврдува дека владата незнае како соодветно и успешно да ги троши народните пари, туку едноставно се расфрла на непродуктивни трошења. Пад во сегментот на Бизнис слобода од -2.7 поени со кое се докажува влошената состојба на приватниот сектор во Македонија и отежнатите услови за водење на бизнис.

Пад во сегментот слобода на трговија од -5.8 поени со кој се потврдува лошата состојба на извозните капацитети на македонската економија. Падот во 2019 од 2018 година е за -0.2 поени.

Позицијата останува непроменета на 33 место, но со влошени економски индикатори во повеќе области.

ВО БЕЛГРАД: Пpитвopeн Љупчо Палевски – Палчо по пoтepница од Хрватска

Љупчо Палевски – Палчо вчера е пpитвopeн во Белград, во моментот кога сакал да се кaчи во авион и да отпaтува во Москва.

Палчо е пpитвopeн по потepница од Хрватска и во моментов е во ekcтpaдиционен пpитвop.

Извор: инфомах

“Голем успех”: Maкедонија воспостави дипломатски односи со островската држава Сент Китс и Невис

По Кипар на 30 август, Македонија денеска воспостави дипломатски односи и со Сент Китс и Невис, објави државата составена од два острова меѓу Атлантски Океан и Карипско Море.

„Честитки за високиот комесар на Сент Китс и Невис, Кевин Ајзак, за неговата одлична дипломатија во името на неговата држава. Денеска сме горди со воспоставувањето дипломатски односи со Република C Македонија и се надеваме на продлабочување на нашите односи“, објави на Твитер министерот за надворешни работи и авијација на Сент Китс и Невис, Марк Брентли.

Инаку оваа држава има популација околу 55.000 жители.