Со Биг Мајк се дружел и Венко Филипче (Видео)

Владата не се фали со средбите на потенцијалниот инвеститор во галопирачки растечкиот бизнис со kaнабиc, Мајкл Страумитис, познат како Биг Мајк. Но, наспроти молкот на владата чии функционери никогаш не забораваат да посочат оти биле транспарентни, видео на кое се прикажани премиерот Заев и министерот Филипче на маса со „Кралот на kaнабиcот“, како што самиот се нарекува, на „Инстаграм“ објави Биг Мајк – пишува “Алфа ТВ”.

Тој во постот пишува оти ќе ја спасел земјава, а најави и 40.000 вработувања.

Kaнабиcoт може да биде долгоочекуваната шанса за оваа земја. Со околу 40.000 нови вработувања, по легализациjaта, ова е навистина голема можност за земјата, ако тоа се направи онака како што треба. Затоа разговарав дирекно со премиерот на фер лиценцирање на канабисот, ама и за креирање на јасен пат до европскиот пазар.

Целиот прилог погледнете го ТУКА




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.