дома блог страница 3076

Целата чаршија ќе ужива во прекрасна музика: Утре под Градскиот саат музичко уживање што не смее да се пропушти

Утре (сабота 14.09.), со почеток од 21:00 часот под Градскиот саат во Прилеп, свое прво музичко претставување ќе има музичкиот состав “Тhe Dreamers”.

Mузичкиот настан е во организација на “Јавен Простор Прилеп”, Театар „Чин 4 Сцена 5“ и “Чоше Кафе”, а ветува одлична забава и уживање во еден поинаков несекојдневен вид на изведба на музички хитови.

Овој музички состав кое веруваме дека ќе биде трајно, е нешто што му требаше на Прилеп и нешто што одлично ќе ја збогати музичката сцена во градот.

“Тhe Dreamers” е бенд составен од четири члена, вокалите Викторија Стојческа и Маја Црвенкоска (дипломирани соло пејачи на Музичката академија во Скопје), актерот Милан Секулоски и Кире Најдоски (вокал и синтисајзер).

“Ве покануваме да ги запознаете и чуете The Dreаmers и нивните преработки на диско, поп и рок хитови во Jazzy Swing Slow Sexy атмосфера. Девојката фризер, девојката позади пангото кај парфемите, дечкото со ајвата и магационерот, ќе ве однесат во светот на светските хитови на еден секси и исклучително топол начин. Се собраа полека, спонтано и решија тоа што си го сонуваат секој ден, да ни го пренесат и нам, и сите заедно со отворени очи да ги почувствуваме миризбите на: I was meade for loving you, Shoot your shot, Каде е Крајот, Blured lines…”, стои во описот на настанот на Фејсбук.

Бугарин ја снимаше полициjaта и им поска да заработат повеќе бакшиш: Погледнете што се случи (Видео)

Младиот Бугарин ги снима полицајците и им посакува да заработат многу „бакшиш“.

Што се случи потоа, погледнете во продолжение:

Шесто издание на „Тура преку Слива“ – oваа година ќе трае 2 дена, диџеи, забава, дружење, рекреација

Шестото издание на Тура преку Слива оваа година, за прв пат, е дводневен настан во кој се вклучени :

-Велосипедска тура 30км/800м. искачување https://strava.app.link/pCo2Lq87IZ

-Планинарска тура 9км/500м. https://strava.app.link/S8GLSu27IZ

– Кампот ќе биде лоциран во с.Штавица.

– За ноќниот дел од дружбата ќе имаме локални Ди-џеј Селектори кој ќе се погрижат за вашето расположение.

– Стартен пакет ќе биде 500 ден. во kој ќе бидат вклучени ( маичка, бандана, освежителни добра од наши пријатели, освежителни попатни пунктови и ручек на крајот од турата )

– Оваа година акцент ставаме на дружење на учесниците, турите се средно тешки 7/10.

– Секој учесник треба да има технички исправен планински велосипед.

– За секој учесник задолжително е носење на заштитна кацига.

– Сите учесници настапуваат на сопствен ризик , односно организаторот не презема одговорност за постапките на учесниците со кој би се загрозиле себеси или друите учесници.

– За малолетни лица под 16 год.потребно е придружба од родител-старател или потпишана изјава за лица од 16-18 год.

– Напред , во средината и назад возат лица со рефлектирачки елеци кои учесниците треба да ги следат.

– Строго е забрането возење пред лицата што ја водат групата и напуштање на обележаната патека..

Слушнете ја прекрасната балада “Збогум, збогум” на младата Кристина Колевска од Прилеп (Видео)

Kристина Колевска од Прилеп со својот блескав глас опасно се развива во еден врвен уметник кој за скоро ќе освојува сцени.

Со пеење започнала од уште од 7-годишна возраст. Музички започнала да се образува преку нижото музичко училиште во Прилеп, а веднаш потоа и во Државното средно музичко училиште во Битола.

Кристина сега студира соло пеење на Музичката академија во Штип и продолжува активно да работи на својот глас и страста кон музиката.

Има настапувано на повеќе државни натпревари каде има освоено повеќе награди за класична музика.

Денеска излезе нејзината прва песна насловена како “Збогум, збогум”. Teкстот и музиката се на Кристина, а аражманот за песната е на Жарко Настески – Точако.

Се работи за една прекрасна балада со многу чувства и емоција. Уживајте во продолжение:

(Видео) И во Штутгарт сме Македонија: На плоштадот во германскиот град пишува Македонија

Нашинец од Германија ни испрати видео од плоштадот во градот Штутгарт, каде на плоштадот се исцртани знамиња од сите држави во светот.

Под нашето пишува само Македонија. Погледнете:

(Видео) Голем облак од чад кај Плетвар: Сообраќајот во прекин, километарски колони

Голем пожар попланево гори под Плетвар пред каменоломот, во непосредна близина на селото Тројаци.

Сообраќајот е во прекин во двата правци на патот Прилеп-Росоман. Колоните возила се протегаат од влезот во Прилеп до камен дол, велат луѓе кои се заглавени и чекаат.

До нашата редакција пристигнаа фотографии и видео од пожарот кој гори на неколку места.

Според неофицијални информации патот за сообраќај треба да биде пуштен за половина час.

Има 39 години, а ја cpуши моќната Франција: Ветеранот и донесе финале на Аргентина на Светското првенство во кошарка (Видео)

После Србија, Аргентина успеа да ја совлада и Франција во полуфиналниот натпревар на Светското превенство во кошарка кое се одржува во Кина.

Крајниот резултат на натпреварот беше 80:66, а вистински херој на Аргентинците беше ветеранот Луис Скола.

Поранешниот играч на НБА, на 39-годишна возраст успеа да забие 28 поени, а имаше уште 13 скока и 2 асистенции.

Аргентина во недела со почеток од 14:00 часот ќе игра финале против Шпанија, кои во полуфиналето ја победија Австралија.

Скола во својата кариера играше за тимовите: Хјустон Рокетс, Феникс Санс, Индијана Пејсерс, Торонто Репторс, Бруклин Нетс, а изминатите две сезони игра за екипи во Кина.

Скола беше одличен и во полуфиналниот натпревар против Србија, против кои постигна 20 поени.

Најубавите сандаци за пчели: Ќе се осмели ли некој да бруси сонце на сандаци полни со пчели? (ФОТО)

На Фејсбук страната Пчеларство Ташмаруништа Македонија објавени се фотографии од пчеларски сандаци со сонцето од Кутлеш.

Сандаците се толку убаво изработени и лични што полнат душа. Што мислите, ќе се осмели ли некој да го бруси шеснаесеткракото сонце на сандаци полни со пчели?

Километарски колони во двата правци на патот Прилеп-Росоман (Фото галерија)

Од 15:40 часот, сообраќајот на патниот правец Прилеп – Росоман е во прекин во двата правци, поради шумски пожар над каменоломот Превој – Плетвар, атар на с.Тројаци кон с.Топлица – информираат од Автомото сојуз на Македонија.

Прекинот на сообраќајот создаде километарски колони во двата правци:

Огнот гори на неколку места. До редакцијата на Maркукуле пристигнаа фотографии и видеа од наши читатели на кои се гледа дека од густиот чад премногу е намалена и видливоста на патниот правец.

Возачите сведочат дека движењето по патот е како низ xopop филм…

Cтpaшен пожар кај Плетвар: Движењето по патот е како xopop филм (ФОТО ГАЛЕРИЈА)

Голем пожap гopи пред каменоломот под Плетвар, во непосредна близина на селото Тројаци.

Фотографиите кои ги добивме се страшни, а засега не е познато колкава површина е зафатена.

Возачите сведочат дека движењето по патот е како во xopop филм.

Граѓаните по социјалните мрежи бараат интервенција со авиони за гаснење на пожарот.