(Видео) Голем облак од чад кај Плетвар: Сообраќајот во прекин, километарски колони

Голем пожар попланево гори под Плетвар пред каменоломот, во непосредна близина на селото Тројаци.

Сообраќајот е во прекин во двата правци на патот Прилеп-Росоман. Колоните возила се протегаат од влезот во Прилеп до камен дол, велат луѓе кои се заглавени и чекаат.

До нашата редакција пристигнаа фотографии и видео од пожарот кој гори на неколку места.

Според неофицијални информации патот за сообраќај треба да биде пуштен за половина час.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.