дома блог страница 3075

Нова хит зимница подобра од ајвар и малиџано: Ловечка салата во тегли

СОСТОЈКИ: 1 л. доматно пире; 2 кг. пиперки; 500 гр. кромид; 500 гр. морков; 100 гр. сол; 100 гр. шеќер; 100 мл. јаболков оцет; 2 лажици магдонос; 1 ловоров лист; 1 конзерванс; 100 мл. масло; 6 чешни лук

ПОДГОТОВКА: Се ставаат кромидот сомелен и доматното пире на оган да крчкаат половина час, а за тоа време се сечат пиперките на коцки и се чистат, се лупи морковот и се сече на кругови и се меле лукот.

По пола час се додаваат пиперките, морковот и лукот, ловоров лист и се прелива се со масло и оцет, сол и шеќер. Се остава од 90 до 120 минути да крчка со мешање, а густината треба да е како за ајвар.

Се трга од оган и се ставаат магдонос и конзерванс, па се меша. Нека стои 10 минути да се лади, па наполнете 5 големи тегли и една мала. Ставете им капак и оставете ги каде што чувате зимница.

Македонците во Албанија бараат службен јазик и документи и на македонски

Покрај Албанскиот јазик како службен јазик на целата територија во Република Албанија во општините каде што најмалку 10% од граѓаните се Македонци, службен јазик да биде и македонскиот јазик и неговото кирилско пимо, а личните документи на Македонците да им се издаваат и на Македонски јазик и неговото кирилско писмо, се некои од барањата партијата на Македонците во Албанија, МАЕИ.

Македонска алијанса за европска интеграција на Третиот изборен Конгрес на 7 септември изгласа резолуција за унапредување на положбата и правата и слободите на Македонците во Република Албанија.

(1) Македонците во Република Албанија го почитуваат територијалниот интегритет и суверенитет на Република Албанија и неповредливоста на нејзините граници.

(2) Македонците во Република Албанија се залагаат за љубор, мир, толеранција и коегзистенција во албанското општество.

(3) Македонците во Република Албанија се сметаат за неотуѓив и нераскинлив дел од Македонскиот народ.

(4) Македонците во Република Албанија во унапредувањето на положбата и правата и слободите, ќе соработуваат со Македонците и нивните здруженија на граѓани и политички партии во Република Албанија и во целиот свет.

(5) Македонците во Република Албанија го поттикнуваат развојот на заемните братски и добрососедски односи и се залагаат за унапредување и продлабочување на соработката во сите сфери меѓу Република Албанија и Република Македонија.

(6) Се изразува согласност Република Албанија да се гради како мултиетничко, мултикултурно и мултиконфесионално општество, со еднаквост на граѓаните пред Уставот и законите, независно од нивното мислење, етничко потекло, верско уверување, политичка припадност и имотна и општествена положба.

(7) Се бара признавање на правата и слободите на Македонците на целата територија на Република Албанија, посебно во областите Гора и Голо Брдо, а не само во областа Мала Преспа.

(8) Се бара соодветна и правична застапеност на Македонците во органите на државната власт и другите јавни институции и во локалната самоуправа на сите нивоа.

(9) Се бара да имаме загарантирани места во Собранието на Република Албанија за сите малцинства.

(10) Инсистираме Собранието на Република Албанија да донесе нова територијална реформа со цел да се оформат две посебни општини во Гора и Голо Брдо.

(11) Покрај Албанскиот јазик како службен јазик на целата територија во Република Албанија и во нејзините меѓународни односи, се бара во единиците на локалната самоуправа каде што најмалку 10% од граѓаните се Македонци, службен јазик да биде и Македонскиот јазик и неговото кирилско пимо.

(12) Се бара личните документи (матичните евиденции на родените, венчаните и умрените, личните карти и пасошите) на Македонците да им се издаваат покрај на Албански јазик и неговото латинично писмо и на Македонски јазик и неговото кирилско писмо.

(13) Се бара настава на Македонски јазик во основното, средното и високото образование.

(14) Од институциите на власта на Република Албанија се бара да ги почитуваат и гарантираат слободата на говорот, јавниот настап, јавното информирање и слободното основање на институции за јавно информирање на Македонски јазик.

(15) Се бара почитување на слободата на движењето, здружувањето и правото на мирно собирање и изразување јавен протест без претходно пријавување и без посебна дозвола.

(16) Се бара државата да ја гарантира слободата на здружување на Македонците без никакви ограничувања, заради остварување и заштита на нивните политички, економски, социјални, културни и други права и уверувања.

(17) Се бара правото на слободно основање на здруженија на граѓани и политички партии на Македонците на целата територија на Република Албанија, да пристапуваат кон нив и од нив да истапуваат.

(18) Се изразува согласност за почитување на слободата во правото на вероисповедта и формирање на верски заедници.

(19) Се изразува право на Македонска Православна Црква во Република Албанија за Македонците со православна вероисповед и на Македонска Исламска Заедница за Македонците со исламска вероисповед.

(20) Се бара формирање на посебен државен телевизиски и радио канал за малцинските етнички заедници во Република Албанија и соодветна застапеност на програмите на државните и локалните телевизии и радиа на јазиците на малцинските етнички заедници, меѓу кои и на Македонскиот јазик.

(21) Се бара Владата на Република Албанија да го помага издавањето на весници на Македонски јазик.

(22) Се бара организирање на попис на населението со меѓународен мониторинг за којшто ќе се овозможи слободно изјаснување со посебни графи на пописните листи за етничкото потекло на граѓаните на Република Албанија, меѓу кои да има и графа “Македонци“.

(23) Македонте во Република Албанија се согласни за полноправно членство на Република Албанија во Европската Унија и НАТО Алијансата и со своето однесување и постапки ќе придонесуваат да се постигнат евро-атлантските стандарди во сите сфери на општеството и државата.

(24) Потписниците очекуваат помош и акција на Европската Унија, ОБСЕ, Советот на НАТО и Обединетите Нации во имплементацијата на точките од оваа Резолуција и постигнувањето на евро-атлантските стандарди во Република Албанија.

(25) Македонците и нивните претставници во имплементацијата на оваа Резолуција ќе соработуваат со останатите малцински етнички заедници во Република Албанија и нивните претставници, со институциите на власта на Република Албанија и со меѓународната заедница.

Нема играње со македончето, ќе го најде лекот за се’: Уникатна иновација за мешање ајвар (Видео)

Мешајте вие рачно ако немате друга работа!

Иновација како измислена за престојниот период, кога во секој двор ќе зачурат пампурите и ќе се готви вкусен ајвар.

Погледнете:

Нормализиран сообраќајот на патот Прилеп-Росоман

Од 23 часот синоќа е нормализиран сообраќајот на патниот правец Прилеп – Росоман, информира утринава Авто мото сојузот на Македонија.

Сообраќајот на патниот правец беше во прекин поради голем шумски пожар над каменоломот Превој – Плетвар, во атарот на селото Тројаци кон селото Топлица. Поради густиот чад и намалената видливост, не се возеше во двата правца, а се создаде долга колона возила.

Гореше нискостеблеста пума и трева. Во гасењето, на пожарникарите им стигна помош и од Кавадарци и од Крушево. На терен беа и екипи од прилепските јавни комунални претпријатија.

Викендот почнува со сонце и температура до 34 степени

Времето денеска ќе биде претежно сончево со повремено засилен северен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 и 16, а максималната од 26 до 34 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со повремено засилен северен ветер. Температурата ќе се движи од 13 до 30 степени.

Во Прилеп температурата ќе достигне до 26 степени.

Во следните денови времето ќе биде претежно сончево со посвежи утра. Дневните температури ќе бидат високи за овој период од годината, особено во почетокот на наредната седмица.

Ќе се пресмеете: Среде емисија Џеј Рамадановски се струполи од столица (Видео)

Фолк пејачот Џеј Рамадановски гостуваше во емисијата „Гламур“ на ТВ „Хепи“, а во текот на снимањето доживеа незгода за која и тоа како се коментира на социјалните мрежи.

Имено, кога пејачот се обиде да се симне од барската столица, во еден момент изгуби рамнотежата и паднал на подот од студиото.

За среќа не беше повреден, а водителот дотрча во помош. Виновна беше високата столица ама и неговата висина која овој пат му одмогна.

Видеото стана вирално, а не се сомневаме дека ќе го гледате повторно и повторно…

Македонија загуби и по втор пат на Европското првенство, но ја доби битката надвор од теренот

Одбојкарската репрезентација на Македонија загуби и во второто коло на 31. Европско првенство во Словенија, овојпат од Турција со 3:0 (25:20, 25:23, 25:13), но Македонците добија битка надвор од теренот во ексјугословенската република – пишува “Експрес.мк”

За тоа се погрижи тамошниот македонски активист, Андреј Дочински, кој се избори кај најгледаната словенечка комерцијална телевизија 24 ур Македонците да не ги именува како Северни Македонци, како во најавата за денешниот настап на Македонија.

„Иако политичарите во Македонија, наспроти референдумското отфрлање на новото име од страна на македонскиот народ, ја преименуваа државата во Северна Македонија, на тој начин не можете да го преименувате народот. Употребата на изразот Северни Македонци за Македонците е навредлива, бидејќи нема никаква основа, дури ни според озлогласениот Преспански договор меѓу Македонија и Грција. Токму поради тоа ве повикувам да обрнете внимание на употребата на меѓународната кратенка за Македонија, која е (сè уште) МКД.

Во името на сите засегнати гледачи ве повикувам да ги поучите сите новинари дека употребата на придавката македонски и именувањето на народот како Македонци не се забранети и го изразуваат правото на секој народ на самоопределување во согласност со меѓународните норми“, им пиша Дочински на уредниците во телевизијата, кои ја прифатија забелешката и ја изменија најавата:

Претседателот на Синдикатот за здравство на Словенија и кандидат за европратеник на Словенечка национална странка, во јуни го убеди и државниот радиодифузер РТВ Словенија да не ги користи измислената кратенка СМА за Македонија и придавката „северномакедонски“ за македонските фудбалери.

Извор: “Експрес.мк”

ДОЗНАЈТЕ ГИ ВАШИТЕ ПPAВА: Дали имате право на К-15 ако сте вработени на определено време?

Законот за работни односи предвидува право на регрес за годишен одмор за сите вработени лица кои имаат остварено најмалку шест месеци непрекинат работен стаж кај работодавачот во тековната година, без разлика дали вработениот е пријавен во компанијата на неопределено или определено време.

Регресот за годишен одмор е поврзан со правото на користење на годишен одмор на работникот.

Доколку работникот е пријавен на пола работно време (20 часа неделно), му следуваат најмалку 10 работни дена годиешн одмор (член 48, став 4 од Законот за работни односи) и исплата на половина износ од утврдениот регрес.

Во случај кога работникот е пријавен на цело работно време (40 часа неделно), му следуваат најмалку 20 работни дена гоидшен одмор, односно најмногу 26 работни дена (член 137, став 1 и став 2) и исплата на целиот износ за регрес.

Регресот за годишен одмор се исплаќа до крајот на работната година (31.12), а неговиот минимален износ треба да изнесува најмалку 40 проценти од просечната нето плата по вработен исплатена во последните три месеци.

За работодавците кои нема да им исплатат регрес за годишен одмор на своите вработени, законот предвидува казна до 4.000 евра, од кои од 2.000 до 3.000 евра за компанијата и од 500 до 1.000 евра за одговорното лице во неа.

Колони возила и доцна во ноќта заглавени на Плетвар (ВИДЕО)

Колони возила и доцна во ноќта сеуште се заглавени на планинскиот превој Плетвар.

Од видео снимнката која ни ја испрати читател се гледа дека патниот правец Прилеп-Росоман е пуштен само во еден правец, а на другата коловозна лента сеуште има километарска колона.

Причината за ова е големиот пожар кој од вчера попладнето е активен под планинскиот превој во близина на селото Тројаци.

Засега не е познато дали пожарникарите успеваат да се справат со огнената стихија и дали состојбата е под контрола.

Не е Амазон, ниту Сибир, овој xopop е кај Прилеп (ВИДЕО)

Огромен шумски пожар беснее од 15 часот на планинскиот премин Плетвар над Прилеп. Огнот се простира на потегот од Каменоломот кај селото Тројаци, а потоа се движи кон селото Топлица.

Поради огромните пламени јазици, кои буквално се надвиснуваа над самиот пат, густиот чад и намалената видливост, сообраќајот на регионалниот патен правец Градско – Прилеп е стопиран од 15.40 миинути.

Километарски колон на возила попладнево беа заглавении со часови од месноста Ленишки мост па по целата обиколница за Битола. Од ТППЕ Прилеп велат дека побарале помош од Дирекцијата за заштита и спасување затоа што не располагаат со доволен број на човечки ресурси и соодвтена механизација за ваков тип на пожари.

Пожарот и вечерва гори, а сликата е страшна.

Наши читатели ни испратија видео, на кое се гледа дека состојбата е навистина алармантна!