Викендот почнува со сонце и температура до 34 степени

Времето денеска ќе биде претежно сончево со повремено засилен северен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 и 16, а максималната од 26 до 34 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со повремено засилен северен ветер. Температурата ќе се движи од 13 до 30 степени.

Во Прилеп температурата ќе достигне до 26 степени.

Во следните денови времето ќе биде претежно сончево со посвежи утра. Дневните температури ќе бидат високи за овој период од годината, особено во почетокот на наредната седмица.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.