дома блог страница 3074

Идеја од милион долари: Во Сараево поставен “фрижидер кој живот значи” – погледнете за што станува збор (Видео)

Во населбата Пофаличи во Сараево, група млади луѓе поставиле фрижидер “кој живот значи”. Идејата е во поставениот фрижидер да оставаат храна оние кои имаат, а слободно да земат оние кои немаат.

Навистина една одлична идеја која може да се спроведе во било кој град.

Погледнете:

“И Градоначалникот загрижен за владината мерка во најава?”

Граѓаните кои ќе внесат или увезат нови или употребувани возила, мотоцикли и четирицикли од 1 ноемрви годинава ќе треба да платат и данок за моторни возила. Ова го предвидува нацртот на Предлог законот за данок на моторни возила, што пред три дена е објавен на Националниот електронски регистер на прописи (ЕНЕР).

Според него предвидено е данокот да се пресметува според европските практики и стандарди и тоа покрај вредноста на моторните возила ќе се пресметува и врз основа на износот на просечната емисија на јаглерод диоксид – CO2 изразена во грамови по километар.

–Данокот на моторните возила се пресметува врз основа на податокот за износот на просечната емисијата на јаглерод диоксид – CO2 изразен во грам по километар, податокот за износот на 1 грам јаглерод диоксид – CO2 за соодветна категорија во зависност од видот на горивото кое се користи за погон на возилото искажан во денари, податокот за продажната вредност на возилото без вклучен данок на додадена вредност или при увоз податокот за царинската вредност на возилото утврдена согласно царинските прописи и податокот за износот на царината искажани во евра во денарска противредност, како и податокот за износот на процентот од вредноста на возилото за соодветна категорија – стои во нацрт текстот на законот објавен на ЕНЕР.

При увоз на моторни возила, данокот на моторни возила го пресметува и наплатува надлежниот царински орган, додека Владата со Уредба го утврдува начинот на пресметка на данокот на моторни возила.

Веста на својот Фејсбук профил ја сподели и градоначалникот на општина Прилеп од редовите на СДСМ, Илија Јованоски.

Па се поставува прашањето, дали и Јованоски е загрижен поради оваа нова давачка во најава?

Германија не е што годе: Тоа ти е Германија: Платил kaзна од 25 000 евpa поради оваа незначајна грешка

На сопственикот на пекарницата во Берлин инспекцијата му одредила kaзна од 25 000 евра.

Kaзната од 25 000 евра му била изречена зашто на производите, наместо кг. , било напишано КГ. Инспекторите утврдиле дека единиците за мерка се пишуваат со мали, а не со големи букви.

Од Националното биро за мерење во Берлин-Бранденбург ја забележале таблата за време на рутинската проверка. Нивните инспектори го пријавиле случајот, на што сопственикот Карстен Грев мислел дека е шега.

Проблемот е во тоа што таблата е напишана со големи букви, а тоа може да ги иритира клиентите. Во образложението се наведува дека тие се во заблуда затоа што може да ги заменат овие информации за мерните единици на Келвин и Гаус.

Грев смета дека инспекторите се во право, но вели дека можеле само да го предупредат.

-Кој купувач би помислил да продава нешто друго освен леб и теста тука? Имам само мала продавница за леб“, вели Грев, кој веќе ја поправил грешката.

Извор: “Pressingtv.mk”

Четворица Кубанци уапceни кај Меџитлија

На 13.09.2019 во 11.15 часот во с.Драгош, битолско, полициckи cлужбеници од Полициckата станица за граничен премин и граничен надзор „Меџитлија”, ги лишиле од cлoбодa Ф.М.Р.(23), М.П.Ј., Д.Л.Ц.(22) и М.Р.А.(26), сите од Куба, при обид илeгaлнo да ја преминат државната граница од Македонија во Р.Грција – информираат во полицискиот билтен на МВР.

По извршени провеpки било утвpдeно дека на 11.09.2019 тие легално влегле во Македонија на Граничниот премин „Табановце“. Приведените биле предадени на инспектop при одделот за прекуграничен kpиминал за понатамошна постапка.

Катимерини: Кopупциcки ckaндал во Грција – Дали е злоупотpeбена иcтpaга врз пpaтеници за да се „мотивиpaaт“ да гласаат за Преспанскиот договор?

Обвинителството на грчкиот Врховен суд во петокот ги испратил до парламентот досиејата за тековната истрага за постапување со случајот „Новартис“, за да можат пратениците да одлучат дали ќе го укинат имунитетот на именуваните политичари кои се предмет на истрага.

Поранешниот конзервативен премиер Антонис Самарас и поранешниот социјалистички министер за финансии Евангелос Венизелос, кои сведочеа во случајот за постапување со истрагата, го обвинија поранешниот министер за правда на СИРИЗА, Димитрис Папангелопулос, дека го злоупотребил случајот за да ги вмеша политичките противници. Тука е споменат и поранешниот премиер Алексис Ципрас, како еден од политичарите кои ги злоупотребувале овие материјали.

Обвинителот на Врховниот суд, Јоанис Ангелис, кој исто така се појави со обвиненија за политичко мешање, тврди дека неименуван политичар наречен „Распутин“ игра клучна улога во влијанието на текот на истрагата.

Собранието, исто така, ќе донесе одлука дали да се постави истрага за можно политичко влијание.

Овој случај наголемо беше споменуван во Грција кога беше актуелно гласањето во парламентот на Преспанскиот договор, како еден од начините за притисок врз пратеници да гласаат позитивно за договорот.

Да потсетиме во грчкото собрание „За“ преспанскиот договор гласаа 153 пратеници, еден беше „воздржан“ а 146 гласаа „против“.

Македонски информатичари освоија 3 медали на Балканската Олимпијада по информатика, меѓу нив и прилепчанец

Ученици – информатичари од земјава освоија три медали од кои една сребрена и две бронзени на Балканската олимпијада по информатика што од понеделникот до денес се одржуваше во Атина.

Сребрениот медал го освои Мартин Динев од валандовското село Пирава, а двата бронзени медали им припаднаа на Андреј Величковски од Куманово и Благојче Павлески од Прилеп.

Во тимот беше и Владимир Шарковски од Скопје како натпреварувач, а со тимот раководеа Емил Станков и Владислав Бидиков од Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ).

За претседателот на Здружението на информатичари Миле Јованов, натпреварувачите од нашата земја го продолжиле контиунитетот на одлични претставувања во меѓународни рамки и покажале дека со знаењето што го имаат од областа на компјутерските науки можат да се носат рамо до рамо со своите врсници шурум светот.

Главен организатор на БОИ 2019 беше Здружението на информатичари на Грција. Натпреварот се одржа со поддршка од грчкото Министерство за образование и верски работи. На годинашното издание учествуваа 44 натпреварувачи од Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Кипар, Грција, Македонија, Молдавија, Црна Гора, Романија, Србија, Словенија и Турција. Како претставници на земја-гостин на олимпијадата, во неофицијална конкуренција учествуваа и ученици од Италија.

БОИ е регионален натпревар од областа на компјутерските науки за средношколци, на кој традиционално учествуваат по четворица најдобри ученици избрани на националните натпревари во програмирање на земјите-членки на БОИ заедницата. Следната, 28. Балканска олимпијада по информатика ќе се одржи во Словенија.

Извор: “Инфомакс”

Aнкета: На кој г(к)радоначалник од Пелагонија алудира Мицкоски во неговата колумна?

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ во колумната која пред извесно време ја напиша за порталот “MКД.МК”, во еден дел вели:

“Одговор на овие прашања нема да добие јавноста, но затоа помалку мистично ќе почне да се шири една приказна за еден г(к)радоначалник од Полошкиот упс пардон, Пелагонискиот регион, од редовите на СДСМ. Тој бил мераклија од сопартијците да побара паричка за вработување, потоа приказната оди за состанокот што го имал со еден сопартиец кој одлучил да плати за работно место, па како пликото полно со пари било потпишано од Заев и конечно како Заев му се јавил на тој г(к)радоначалник и онака помалку шеретски го поздравил градоначалникот, демек знаел што прави. На прашањето, и што понатаму? Одговорот е само што не го уапсиле, ама не е само тој. Ги има неколку такви. Јасно ми е кој ја води државата и како, но и да е точна оваа мистична приказна за тој или тие г(к)радоначалници, уште колку дена граѓаните на тие општини ќе бидат жртви на мистиката, наместо закон и правдина веднаш.”

Оваа дилема на Мицкоски ги прави се пољубопитни жителите на Пелагонискиот регион.

Целата колумна прочитајте ја ТУКА

Колумната на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ отвори дилема меѓу жителите од овој регион, па затоа направивме анкета и ги прашавме граѓаните:

На кој г(к)радоначалник од Пелагонија алудира Мицкоски во неговата колумна?

[democracy id=”46″]

Maкедонка триумфираше на Светскиот куп во џиу џицу пред две Гркинки и Русинка (Фото)

Катерина Ацевска покажа надмоќ и храброст против најсилните противнички и на величенствен начин триумфираше на „Балкан опен Светскиот куп во џиу џицу“ во Букуреш – Романија, што е еден од поголемите успеси на македонските натпреварувачи – oбјави “Ипон.мк”.

Ацевска во категоријата до над 63 килограми во јуниорска конкуренција во борби убедливо ги совлада противничките од Укрина и Русија, а во финалето ја совлада Гркинката Софија Квалаки со 16-5.

Ретко кој наш спортист вака убедливо триумфирал над велесилите како што се Украина и Русија.

Сите резултати на нашите борци погледнете ги ТУКА

Во галеријата на ЦК„Марко Цепенков“ отворена изложбата на слики „Состојби“ од уметникот Александар Станкоски

Во ликовната галерија од ЦК„Марко Цепенков“ синоќа (13.09.2019) беше отворена изложбата на слики „Состојби“ од уметникот Александар Станкоски, кој пред прилепската јавност се претставува со 30 дела.

Изложбата ја отвори Викторија Димеска, историчар на уметност, која посочи дека творештвото на Станкоски се одликува со динамичен цртеж, робусна контура на фигурата и експресивна чиста боја со изразена јасност и моќност.

– Динамичната линија и експресивноста на бојата, како и пародискиот и ироничниот призвук претставуваат основно изразно средство на уметникот при наративното конституирање на композицијата. Меѓутоа, идејата е таа која што претходи во креативниот творечки процес на Станкоски. Па оттука, неговото творештво често се карактеризира и дефинира истовремено како експресионистичко и апстрактно. Во суштина, при процесот на креација и создавање на уметничкото дело, уметникот тргнува од идејата, барајќи соодветни средства и медиуми преку кои најверодостојно ќе ја транспонира. Во творечкиот опус можат да се воочат комбинирани разновидни стилови и елементи, кои имаат функција да го пренесат примарното сфаќање и обликување на определената содржина – стрипот, карикатурата, графитот, цртежот, илустрацијата, фотографијата – посочи Димеска на отворањето на изложбата на дела од Станкоски.


`
Љубителите на уметноста изложбата ќе можат да ја проследат во наредните две недели.

Уште една македонска гордост: Симона ќе глуми во ист филм со најплатената актерка во светот

Филмот „Црната вдовица“ (Black Widow), работен според стриповите на „Марвел“, е во фаза на снимање, чија премиера се очекува за 1-ви мај 2020-та. Главната улога ја игра во моментот најплатената актерка на светот, Скарлет Јохансон.

Фановите на Марвел филмовите со нетрпение го очекуваат ова остварување, а особено Македонците бидејќи во него една од улогите ќе ја толкува македонската актерка Симона Живковска.

Младата 25-годишна Симона е родена во Скопје во 1994-та година, но во 2001-та година се преселила во Велика Британија каде што ја започнала својата актерска кариера. Во моментов ја застапува „Идентити ејџенси груп, а за добиената улога таа напиша дека и се реализирал сонот и дека е многу благодарна.

Првата телевизиска работа Симона ја добила на 17 години на почетокот на 2012 година. Таа ја играше главната жена во критички познатата драма на БиБиСи „Моето убиство“ во режија на Брус Гудисон. Оттогаш глуми во многу ТВ-емисии и играни филмови, како британската сапуница „Casualty“ на БиБиСи оне, добро познатата ТВ серија на Скај, „Devils“ и уште многу кратки филмови и театарски продукции.

За последната улога во вилмот „Црната вдовица“ Симона објави твит во кој се заблагодарува за поддршката.