дома блог страница 3073

Прилеп денеска се сеќава на најголемата лага во историјата на Македонија: “На 15-ти септември по еден вработен во секое семејство” (ВИДЕО)

Денес е еден од “најславните” датуми во историјата на Македонија, за жал граѓаните го паметат по најголемите лаги во историјата на независна Македонија.

Еве како тогашниот лидер на СДСМ, а подоцна и Претседател на државата, Бранко Црвенковски, со огромни ветувања ги убедуваше прилепчани и сите во државата дека од 15-ти септември нема да има ниту едно семејство без еден вработен.

Во позадина на сцената стои и сегашниот премиер на државата, Зоран Заев.

Платите во СЈО биле повеќе од европски – Ова се бројките

Пратеникот Антонио Милошоски ги сподели просечните месечни примања на вработените во СЈО и оние на помошниците обвинители на довчерашната специјална обвинителка.

1. Просечните месечни примања на вработените во СЈО со високо образование се 80.000 денари (редовна плата + 35% повишица за вршење на јавно-обвинителска дејност + исплата на додаток по основ на спорни договори за чување деловна тајна).

2. Просечните месечни примања на помошниците обвинители на Катица Јанева во СЈО се 220-260.000 денари, (според истите три основи).

Еве како прилепските џудисти од “Бушидо” прославуваат медали: На пиедестал со сонцето од Кутлеш (ФОТО)

Џудо клуб “Бушидо” по трет пат зеде учество на Меѓународниот џудо турнир “Трофеј Пантера 2019” во Бјелина, Република Српска.

Околу 700 такмичари од 10 земји се натпреваруваа на овој турнир, а прилепчани успеаа да освојат 17 медали.

“На меѓународниот турнир во џудо во Бјелина Рeпублика Српска џудо клуб “Бушидо” уште еднаш со стопроцентен учинок. 17-те џудисти кои беа одбрани од тренерот и овде покажаа како се брани и сака Македонија. Благодарност до Џудо Клубот “Пантер” и Рeпублика Српска каде не прозиваа како Република Македонија”, велат од клубот.

Oва се освојувачите на медали:

– Сара Атанасоска 1 место; Теодора Ристеска 1 место; Елена Малиноска 1 место; Елеонора Илиоска 1 место; Матеј Малиноски 2 место; Сара Јанеска 3 место; Илчо Малиноски 3 место; Теона Ѓоргиоска 3 место; Стефани Илиеска 3 место; Филип Попоски 3 место; Милена Божиноска 3 место; Христијан Здравески 3 место; Давид Мицески 3 место; Матеа Илиеска 3 место; Филип Стојкоски 3 место; Анастасија Мицеска 3 место; Стефан Талески 3 место.

Институциите глуви и неми: Пoжapoт во прилепско го зaгpoзува и манастирот Зрзе – жителите бараат пoмoш

Манастирот „Св. Преображение” во селото Зрзе е загрозен од пожарот, кој од вчера гори во прилепско, дознава 24 Инфо од загрижени жители на селото.

Тие се револтирани од општинските власти кои не реагирале навремено, иако, според нив, тие информирале за опасноста, но ништо не е преземено.

-Рекоа дека се испратени пожарникари, но нема никој. Ги информиравме и во ЦУК, но и на нив им било кажано дека има пожарникари на терен, но тоа не е вистина. Пожарот кој вчера избувна кај Дебреште веќе е стигнат до манастирот, рекоа за 24 Инфо мештаните.

Вистинска драма се случуваше вчера во прилепско од 15 часот па се до 23 вечерта, кога поради огромен пожар цели 7 часа беше блокиран патниот правец Прилеп – Градско, преку преминот Плетвар.

Во рок од само 2 часа вчера во прилепско се случија 5 огромни пожари кои опфатија површина од 300 до 400 хектари. Освен Плетвар гореше кај село Лопатица и помеѓу селата Рилево и Зрзе во Општина Долнени. На помош дојдоа и дел од против пожарни екипи од Кавадарци, Крушево и Кривогаштани.

Герила на отварањето на “Манаки”

Додека денес Кики и неговите слепи следбеници од СДММ гордо чекореа на црвениот килим на отворањето на фестивалот „Браќа Манаки”, ние од УМС на ВМРО-ДПМНЕ Битола сакавме да прашаме да не треба помош … Па ете сме, тука до вас.

А за ова другото, околу воздухот, тоа знаеме дека не ве интересира, тоа ви беше само за да лапате политички поени, та вас да ве интересираше воздухот во Битола, одамна ќе го средевте тоа.

Но сепак, рекет No.1 во Република Македонија и не е така мала работа. Ајде аирлија, догодина на предвремените парламентарни избори, Кики ќе гласа во Сабота, напишаа на Фејсбук од УМС на ВМРО-ДПМНЕ од Битола.

Шампионот ја започна одбраната на титулата: Вардар го доби драматичниот натпревар во Франција

Екипана на актуелниот Европски шампион, Вардар, успеа да ја победи екипата на Монпеље, во првиот натпревар од Лигата на шампионите со резултат 33: 31.

И покрај тешкиот натпревар поради неуиграноста на тимот на вардарци, тие успеаа да направат пресврт и да дојдат до првата победа во ЛШ.

Првиот дел од натпреварот беше речиси израмнет. Водството се префлаше кај едните и кај другите, а на крајот од полувремето Французите заминаа со еден гол водство на пауза.

Вториот дел започна со силен притисок на Монпеље, но Вардар успеа до 45-тата минута да направи пресврт, за во драматичниот финиш да успеат да стигнат до победа.

Најзаслужен во самиот финиш беше Скубе кој постигна три гола во последните напади, а со последниот од нив стави точка на натпреварот.

Токму Словенецот Скубе беше најефикасен на мечот со осум гола, Дибиров постигна шест, Шишкарев пет, а Атман четири гола.

Гopeше Плетвар, а тие издава автобуски карти иако знаеа дека не може да се помине: Потpecни сведоштва на пaтнички!

Гореше Плетвар, за тие издаваа автобуски карти, иако знаеја дека не може да се помине оттаму. Кога се стигна пак до пожарот, возачите добија наредба да не возат преку заобиколни патишта, но мораше да доплатиме и тоа на рака без никаква потврда за тоа – ова е дел од потресното сведоштво на Викторија С., патничка на автобусот на битолска автобуска компанија, кое стигна до редакцијата на Маркукуле. Таа заедно со другите патници поминала вистинска голгота за да стигне до преплатената дестинација.

Во продолжение ви го пренесуваме нејзиното сведочење, а подулу уште две слични сведоштва.

“Се работи за вчерашната случка кога гореше Плетвар, а нам (патниците на битолската автобуска компанија ,,Транскоп АД Битола”) ни беа издадени карти и покрај фактот дека нема да има можност да се помине. И сето тоа за заработувачка нели, инаку како газдата ќе заработи повеќе од тоа што треба. Но, ете тргнавме во 17:03 часот попладнето и покрај тоа што во Велес возачите на компанијата беа известени дека нема да може да се поминува тие ја продолжија нашата рута. Стигнавме до местото Камен Дол – Јавор ресторан во 18:39 и очекувавме информации кога ќе се тргнува додека возачите комотно уживаа во прекрасната скара на ресторанот, а надвор од ресторанот глетката беше ужасна. Испаничени граѓани кои звонеа по телефони очекувајќи дека некој ќе ги извести кога ќе стигнат до посакуваната дестинација за која имавме платено. Не сакам да сум погрешно разбрана не ги осудувам возачите што јадеа, проблемот беше што тие не даваа никакви информации, а беа свесни дека нема да се поминува по патот и не им беше проблем што надвор повеќето патници беа студенти кои последните пари ги дале за проклетата карта на оваа никаква компанија.

Кулминацијата на настанот се достигнува нели после добро испаничени 2 часа кога патниците се гневни и кога возачите на компанијата ,,Галеб-Охрид” им кажуваат на патниците да се вратат во автобусите решени да се вратат до Скопје и преку Тетово да тргнат кон Кичево, Прилеп, Битола, таму за каде патниците платиле и за каде очекуваат да стигнат. И тогаш нашите возачи разговараат со ,,одговорните” кои им наредуваат секој патник кој сака да се враќа по таа рута да си доплати уште по 350 денари или да останe до раните часови пред ресторанчето, за разлика од ,,Галеб-Охрид” кои безрезервно им излегоа во пресрет на патниците и сакаа да си ја исполнат должноста. После бунтот во нашиот автобус, возачите дојдоа со последната понуда, се враќаат во Велес и Скопје да ги оставаат оние кои сакаат да останат и во Скопје секој кој сака да продолжи плаќа по 350 денари бидејќи оние 530 кои ги палтивме не беа доволни за картата која никаде не не однесе.

А зарем не треба компанијата да ни плати оштета што не ја исполни нашата дестинација? Катастрофа!!! Кога повеќето патници кажаа дека немаат пари да платат, возачите најагресивно што може, ги избркаа од автобусот со изговор дека така им било наредено. Епа од така ми е наредено и во ред тоа ми е единствената опција ќе ни се случуваат вакви работи. Плативме по 350 денари кои ги дадовме на возачите на рака, а не добивме никаква потврда за тоа. Дали една ваква компанија треба да продолжи да работи?Дали мислам дека тоа беа црни пари? Имаме ли ние во нашава држава некаков закон за тоа да се спречи? Додека има можност една ваква компанија да опстојува во државава, постојано ќе бидеме дно. И да можеби изгледа смешно дека сме се побуниле за 350 денари, за некој тие пари не значат ништо, но некој од сите тие патници поминува недела дена со таа сума на пари. Добро им кажа едно девојче, немаме сите пари не сме богаташи како вас и само беше исмеана. Македонијо земјо на чудата па добра екскурзија си направивме за 350 денари, само ми е криво што не се сликав низ градовиве, барем ќе им кажував на сите како се шета низ Македонија со 880 денари. 10 часа пат, Македонија ли е, Русија ли е ? Пропаст компанија!!!! Срам за народот – напиша на својот Фејсбук револтираната патничка”.

Најдобрата академија за деца во светот отсега и во Прилеп: Родители пружете им го на вашите деца најдоброто! (Фото)

Brainobrain е иновативна меѓународна програма за развој на интелектуалните и животните вештини и способности кај децата од 4-14 години. Веќе 15 години успешно се спроведува во 41 земја во светот, а ја посетуваат повеќе од 2.000.000 деца. Прогласена е за најдобра детска академија во светот.

Во Прилеп франшизен центар за Браинобреин е eдукативниот центар “Bright kids”, а програмата ја водат лиценцирани бреинобреин едукатори, кои на интерактивен и забавен начин осигуруваат обука која се заснова на индивидуален пристап кон секое дете во групата.

Со гордост може да се пофалиме дека нашите Бреинобреин генијалци покажуваат видливи реултати во училиште, побрзо ја совладуваат материјата, им се олеснува процесот на учење, подобрување на помнењето и концентрација, зголемена самодоверба, визуелизација, математички вештини, а децата се издвојуваат како лидери.

Децата кои се дел од БОБ Прилеп учествуваа на националниот БРЕИНОБРЕИН ФЕСТ, кој беше организиран од БРЕИНОБРЕИН МАКЕДОНИЈА, каде имаше учесници од франшизните центри ширум нашата земја, а нашите генијалци покажаа исклучителни резултати и се здобија со медали и пехари.

Единаесет Бреинобреин ученици од нашата држава, кои учествуваа на Интернационален Бреинобреин натпревар во Дубаи, се стекнаа со престижни сертификати од “Гинис” (Сертификат за поставен ГИНИСОВ РЕКОРД за најголем одржан час по ментална аритметика). Во конкуренција од 3200 учесници, нашите Бреинобреин ученици од Охрид и Кочани, покрај сертификатот од “Гинис”, се стекнаа и со трофеи – највисока награда, на интернационалниот натпревар во Дубаи.

Нивниот успех може да послужи само како поттик за другите бреинобреиновци да постигнуваат поголеми успеси во иднина.

Што е бреинобреин и зошто бреинобреин децата се генијалци?

Целта на програмата е детето целосно да ја разбуди генијалноста и да постигне повеќе цели во животот користејќи ги максимално менталните способности.

Мисијата е децата да бидат самостојни и одговорни личности, кои со своето поведение ќе бидат лидери и модел за пример на другитe.

Користиме АБАКУС методологија, која е комбинација од Аритметика заедно со ВАК методите:

*Визуелно (гледање)
*Аудитивно (слушање)
*Кинестетички (допирање,опипување)

Тоа е докажано најефективна форма за учење и помнење, кога информациите се добиваат истовремено преку две или повеќе сетила (вид, слух, допир…). Со користењето на методата Абакус се создава врска меѓу левата и десната хемисфера на мозокот и се постигнува балансирање на двете хемисфери и искористување на целосниот мозочен потенцијал.

НЛП ги изучува процесите на мислење, комуникација и однесување. Го проучува начинот на кодирање на информацијата, што овозможува да се постигнат целите и саканите резултати.

Користењето на НЛП кај децата води до позитивно мислење, развој на самосвесност, мотивација за фокус на постигање на тешките цели. Со зголемување на информираноста за себеси и околината, тие стануваат самостојни во своите дејства и развиваат лидерски вештини.

Врз основа на долгогодишни истражувања од различни институции и агенции, кои се занимаваат со изучување на човечкиот мозок, е утврдено дека мозокот на децата се развиваа најбрзо и најефикасно во периодот од 4 до 14 годишна возраст. Во тој период, мозокот на детето лесно усвојува и обработува информации, поради што е важно да се започне со ментални вежби, ако е можно од најрана возраст и да се применуваат почесто. BRAINOBRAIN Програмата им дозволува на децата да ги користат истовремено и левата и десната половина од мозокот.

Нашиот мозок се состои од две хемисфери – лева и десна. Секоја хемисфера на мозокот е одговорна за одделна функција и способност. Левата хемисфера е одговорна за: рационалост, аналитички способности, логика, истражувачки способности, изучување на јазици, комуникациски вештини и др.

Десната хемисфера е одговорна за: визуелизација, креативност, творештво, интуиција, емоции, креативност, имагинација и др. Кај повеќето луѓе левата хемисфера е доминантна, што се должи главно на традиционалните методи на обучување, што води до нецелосен развој на десната хемисфера.

Повеќето проучувања за развојот на мозокот кај децата покажале дека има помала употреба на врските (синапсите на мозокот) мeѓу левата и десната хемисфера. Бреинобреин програмата е за истовремено активирање на двете страни на мозокот, зашто тогаш активноста и продуктивноста кај децата се зголемуваат и водат до успешни резултати.

Програмата е предвидена за деца со нормален умствен, физички и емотивен развој. Фокусот на програмата е целосен тренинг на мозокот и развој на личноста, стекнување животни вештини и способности, кои детето ќе ги користи во секоја академска област или дејност.

Ги покануваме сите кои сакаат да бидат дел од нашето големо БРЕИНОБРЕИН семејство да не контактираат и да закажат БЕСПЛАТЕН ЧАС.

Повеќе информации и контакт можете да најдете ТУКА

Советникот на Заев од Прилеп се пофали на Фејсбук: Парите кај граѓаните – исполнето!

Извесно е дека до крајот на мандатот ќе бидат исполнети целите и од останатите столбови на програмата, како што се минимална плата од 16.000 денари – напиша Марјан Забрчанец на својот ФБ профил.

Марјан Забрчанец кој е посебен советник на премиерот за односи со јавноста, на социјалните мрежи сподели статус во кој вели дека „На повеќе од година дена до истекот на мандатот, еден од петте носечки столбови на програмата на СДСМ од 2016 година, “За живот во Македонија”, е целосно исполнет“.

-Парите кај граѓаните – исполнето!

На повеќе од година дена до истекот на мандатот, еден од петте носечки столбови на програмата на СДСМ од 2016 година, “За живот во Македонија”, е целосно исполнет.

Дополнително, социјалната помош е покачена за 300%, земјоделците точат нафта поевтина за 30%, ДДВ-то за парно се намали од 18% на 5% и следуваат субвенции за бесплатни инвертери за еколошко греење во домаќинствата. Сѐ ова е насочување на парите кај граѓаните, за семејствата да имаат поголем буџет, пишува Марјан Забрчанец.

Извесно е дека до крајот на мандатот ќе бидат исполнети целите и од останатите столбови на програмата, како што се минимална плата од 16.000 денари, просечна плата од 30.000 денари, доволно лекови за сите во секое време, дигитални услуги, бесплатни обуки за преквалификација на работната сила, и се разбира, судство ослободено од партиски притисоци, судство кое гони и покрева одговорност за секого, тврди Забрчанец!

Катица Јанева: “И сега ќе си одам…” (Видео)

На социјалните мрежи одново се појави видеото од Катица Јанева кога даваше извештај за сработеното во 2016 година пред Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците.

– Ве известувам дека ова е последно што ќе дојдам. Веќе не доаѓам и сега ќе си одам – рече тогаш Јанева, по што стана и ја напушти просторијата.