дома блог страница 3072

Победа со ова ги расплачи срцата на “Мајмуни” и прилепчани

На денешниот натпревар од Втората лига-Исток, Победа доживеа голем срам доживеа, која на домашен терен загуби со 2-5 од Плачковица.

Четирикратен стрелец на овој натпревар беше Кудијан, а уште еден гол даде Апостоловски, додека за Победа реализираа Колевски и Гешовски.

Натпреварот кој попладнево се играше во Прилеп на стадионот на Могила, требаше да биде поправен за поразите во минатите две кола, но победашите доживеаа уште еден срамен и голем пораз.

Сега Победа е наоѓа на осмата позиција на табелата, а Плачковица со овој триумф избега од опасната зона.

Во наредното коло Победа гостува кај Осогово.

А погледнете што ветуваше за спортот актуелниот градоначалник на Прилеп, Илија Јованоски:

(Видео) TPAГИЧНО: Лозарите во Неготино од корен го ceчат Грозјето

-Видео од Неготино. Лозарите го сечат од корен Грозјето, пошо, нели, #Блескаме во откупните цени кои ги ветуваше СДСМ. Сакам да му видам ликот на поранешниот министер Љупчо Николовски и сегашниот, нормално сега. Еј Зоќи, како #Животот, трча со 300 на саат а? – пишува во описот на видеото кое се појави на социјалните мрежи.

Бора Чорба му посвети песна на Ивица Дачиќ: Ja испее на концерт пред 60.000 публика (ВИДЕО)

Музичарот, поет и водач на легендарната група „Рибља чорба“, Бора Џорџевиќ, посвети нова песна на шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ.

Чорба песната, како што објасни, ја направил во знак на благодарност што за време на неговиот мандат 14 земји го повлекле признавањето на Косово.

Џорџевиќ истакнува дека ова е голем успех за Србија и на овој начин сакал да му се одолжи на Дачиќ. „Рибља чорба“ песната премиерно ја изведе минатата седмица во Јагодина, пред повеќе од 6 илјадна публика.

Тамам кога ќе помислиш дека ќе падне, а тој одново дошол на власт.

Се знае кој пее зло не мисли, но сепак душманите го притиснаа.

Нема таков човек од Косово кој нешто не му пцуе.

Но сепак најмногу го сака лажниот министер Беџет Пацоли.

Со „Мијацка“ почна кариера, душманите завидуваат па затоа сер*т.

Со пеење не сакаше да стане пееше „Лутка са насловне стране“.

Министерот за надоврешни работи соо пеење го руши признавањето на Косово.

Носете стомак како Ивица Дачиќ, носете стомак како Ивица Дачиќ.

Ниту Дачиќ ни Џорџевиќ не се огласија по овој повод, но Бора Чорба претходно по повод косовскиот проблем истакна дека помеѓу договор и замрзнатиот конфликт поблиска му е втората варијанта.

Совршен ден за Рибите: Дневен хороскоп

Девица 23.8.-23.9.
Работа: Со својот труд ќе успеете да промените она за што во работното опкружување не ви одговора.

Љубов: Ако сте слободни, денешниот ден ви е одличен за ново познанство и флерт.

Здравје: Водете сметка околу можни повреди.

Вага 24.9.-23.10.
Работа: Заедно со своите соработници имате добра атмосфера, тимската работа ви оди од рака и задоволни сте од резултатите.

Љубов: Преку пријател ќе запознаете личност која ќе покаже дека и значите.

Здравје: Без големи проблеми.

Шкорпија 24.10-22.11.
Работа: Може да очекувате дека ќе успеете да ставите точка на некоја соработка која повеќе ви била од штета, него од корист.

Љубов: Сте го преболеле партнерот од минатото, и подготвени сте да продолжите понатаму со својот живот.

Здравје: Ќе ви годи масажа.

Стрелец 23.11.-21.12.
Работа: Очекувајте дека ќе успеете да остварите позитивни резултати на ова поле во следниот период.

Љубов: Низ интересна комуникација со личноста која ви се допаѓа, успевате да сознаете многу за неа.

Здравје: Избегнувајте внесување на шеќери.

Јарец 22.12.-20.1.
Работа: Може да се надевате дека ќе успеете да остварите резултати кон кои тежите веќе некое време.

Љубов: Сте ги решиле сите дилеми по прашањето емоции и задоволни сте од ситуацијата на ова поле.

Здравје: Сосема добра ситуација.

Водолија 21.1.-19.2.
Работа: Пред вас е прилика да се посветите на своите обврски и да се решите да ги завршите важните работи.

Љубов: Односот со саканата личност е променлив и нестабилен што моментално не ви годи.

Здравје: Проблеми врзани со крвоток.

Риби 20.2.- 20.3.
Работа: Сте решиле голем дел од проблемите врзани за работа и добро се чувствувате. Верувате во себе и во своите способности.

Љубов: Пред вас е поволен ден за промени на полето емоции. Може да очекувате добар ден.

Здравје: Чувствителни бубрези.

Овен 21.3-20.4.
Работа: Препорака е да не се впуштате во караници на работа затоа што можете со својот став дополнително да закомплицирате.

Љубов: Потрудете се максимално да се ангажирате околу новите познанства.

Здравје: Водете сметка околу крвотокот.

Бик 21.4- 20.5.
Работа: Не е поволен ден за големи промени на полето работа, може да направите нешто поради кое подоцна ќе се каете.

Љубов: Моментално не сакате нови обврски и не сте подготвени за врска. Уживате во својата слобода.

Здравје: Смалете го внесот на храна.

Близнаци 21.5.-21.6.
Работа: Загрижени сте за своите финансии и не ви е лесно да ја стабилизирате ситуацијата која ја имате на ова поле.

Љубов: Време е да донесете нова одлука по прашање на вашата емотивна врска.

Здравје: Избегнувајте алкохол како и сите пороци и ризици.

Рак 22.6-22.7.
Работа: Препорака е максимално да се посветите на својата работа за да успеете да ги остварите посакуваните резултати.

Љубов: Ако сте сакале прекин на врската, можно е сега да го сторите тоа без поголеми драми.

Здравје: Водете сметка околу уринарниот тракт.

Лав 23.7-22.8.
Работа: Ќе ви биде потребно многу сила и енергија за на полето работа да ги остварите своите амбиции.

Љубов: Неодлучни сте и не ви е лесно да се определите за личност која ви одговара. Пред вас е проблематичен период.

Здравје: Ве мачи нервоза.

Победа-Плачковица второлигашко “дерби”

Попладнево на стадионот на Могила со почеток од 15:30 часот, Победа го игра четвртиот натпревар од Втората лига – Исток, против екипата на Плачковица.

После триумфот во првото коло следуваа два порази, а денеска црвено-белите имаат шанса за поправен против Плачковица.

Екипата од Радовиш е добар познаник на Победа, со кого играа минатата година во фудбалскиот Куп, меч кој прилепчани го добија со 0:4.

Во 15:30 сите на Могила, да ги бодриме нашите фудбалери!

Сеќавање на едно славно фудбалско време: На градски во Прилеп, Победа-Пелистер ги гледале дури 25.000 публика

Преполнетите трибини не се забораваат и по 38 години

-Не можам да се соземам, да поверувам дека е можно – рекол тој

Додека се прави реконструкција на Градскиот стадион ,,Гоце Делчев,,, секојдневно повозрасни фудбалски љубители ја следат работата и со душа чекаат да се пушти објектот во употреба. Во меѓувреме се потсетуваат на некогашните полни трибини. Еден од најспомнуваните настани е соседското дерби меѓу Победа и Пелистер (3-1) од 15 март 1981 година. Се смета за меч со рекорден број гледачи. Би рекле околу 15 илјади или максимумот на објектот. Неверојатна бројка, ако се знае дека Прилеп според пописот од 1981 година имал 60.464 жители. Што се случувало тој и наредните денови, сведочи дневниот и неделниот печат – пишува неделниот весник “ЗЕНИТ”.

Еве дел од написите:

-Во прекрасен спортски амбиент вчера на стадионот во Прилеп се сретнаа аспирантот за првото место, Победа и есенскиот првак, Пелистер. Околу 25.000 гледачи од Прилеп и Битола присуствуваа на типично првенствен натпревар, на кој двете екипи имаа по ,,пет свои минути,,, е дел од пронајден извештај.

Рекордот вкрсти неколку фактори. Прво – дербито е традиционално, пелагониско, а на него се чекало многу години. Второ – мечот е одлучувачките за првак, тим што обезбедува влез во Втората југословенска лига. Трето – табелата, Пелистер прв со 22, Брегалница Штип втора со 21, Победа трета со 20 бода. За Пелистер настапија: Димитровски, Богоевски, Мицковски (Љ. Љамчевски), Н. Љамчевски, Митревски, Канатларовски, Трајановски, Нечовски, Бошевски (Зекиќ), Димевски, Упалевски. За Победа: Т. Тодороски, Глушески (О. Котески), В. Димоски, Р. Ѓорѓиоски, И. Најдоски, Л. Петрески, Г. Манески, Магдески, Глигороски, Сусулески, З. Конески (Милосовски). Победа поведе во 5 минута преку Г. Манески, во 16 израмни Нечовски, а во 38 и 55 Г. Манески додаде за ,,хет-трик,,.

-На републичкото дерби паднаа сите рекорди по бројот на гледачите на стадионот ,,Гоце Делчев,,. Овој храм на фудбалот доживеа да прими повеќе од 25.000 љубители, меѓу кои и неколку илјади битолчани. Руинираните трибини стенкаа под товарот на гледачите кои темпераментно ги бодреа своите миленици. Се чинеше дека ќе се урнат, не ќе го издржат притисокот. Сериозно опоменуваат оти треба да се преуредат за да има безбедност – пишува во вториот извештај.

Медиумите го следеа одгласот во деновите по дербито. Интересни беа изјавите од двата тима. Издвоивме неколку.

-Одигравме максимално добро. Можевме да постигнеме уште два гола. Ме импресионира Манески – изјави Сусулески, играч на Победа.

-Успешно беше дебито пред прилепската публика. Се радувам на победата. Ќе бидеме први – прогнозира 17-годишниот Илија Најдоски од Победа, подоцна капитен на светскиот првак Црвена звезда.

-Заслужено победата им припадна на домашните. Трите гола ги примивме по прекин на играта. Се играше фер и коректно – оцени Наум Бутевски, тренер на Пелистер.

-Домашните беа понадмоќни, имаа повеќе зрели шанси, но и голема фудбалска среќа. Судијата Спасовски немаше свој ден – сметаше Томе Димитровски, голманот на Пелистер.

Една од централните фигури на мечот секако е тренерот на Победа, Момчило Мома Илиќ, познат на просторите од некогашна Југославија со оглед на играчката и тренерската кариера. Како фудбалер почнал во Тимок од Заечар, со кого одиграл брилијантен пријателски меч во 1956 година, против белградка Црвена звезда. Тимок победил 3-1, а сите три гола ги дал Мома. Веднаш добил повик за премин во ,,црвено-белиот,, табор. За Црвена звезда играл неколку сезони, потоа во помали клубови, до моментот кога ја почнал тренерска кариера. Во 1981 година, кога ја водел Победа, имал 47 години. Ден по дербито ја дава следната изјава:

-Не можам да се соземам, да поверувам дека е можно на еден натпревар од републички ранг да дојдат 25 илјади гледачи и да се однесуваат како џентлмени на трибините, да се соживеат со фудбалот, да се претворат во машина која заедно со своите играчи од сé најмногу ужива во овој спорт.

Повозрасните победаши добро се сеќаваат на Мома Илиќ. Тешко дека некој знае нешто поново за него, особено по растурањето на Југославија. Тој уште е жив, здрав и витален на 85 години. Потврда е неговото присуство пролетоска на прославата 100 години постоење на ФК Тимок. Дал и интервју, во кое не пропушта да ја спомне Победа и Прилеп.

-Почнав во мојот Тимок, кога со подмладокот бев четврти на првенството на Југославија во Суботица. Работев скоро во цела Југославија, Струмица, Бор (влез во Прва лига и финале на Купот), Слобода Тузла, Раднички Ниш, Дубочица, Чачак, Тимок, Приштина, Шибеник, Тетекс, Раднички Крагуевац, Напредак, Победа Прилеп. Секаде го носев семејството. Синот Зоран осум одделенија заврши во седум града. Предавав и физичко воспитување во заечарската гимназија. Бев тренер на Олимписката и Аматерската репрезентација на Југославија. Бев селектор на Источната и на Западната група од Втората лига. Фудбалот беше квалитетен, добри играчи во голем број. Публиката навалуваше на стадионите во Прилеп и Приштина по 20.000 гледачи – изјавил тој.

За прочуеното дерби пишуваа сите државни, републички и локални весници. Се опишуваше атмосферата пред и за време на натпреварот. Фокусот беше врз бројот на гледачите, односно реални 15.000 до 20.000 и неверојатни 25.000. Локалните известувачи со најопширен осврт.

-Не сме во состојба да кажеме колку илјади гледачи беа присутни на средбата Победа – Пелистер. Меѓутоа тврдиме дека беше рекорд. Стадионот беше исполнет до последното место. Интересот го надмина претходното рекордно дерби Победа – Беласица од 1979 година. Уште претпладнето се чувствуваше големиот интерес. Неколку илјади битолчани дојдоа во Прилеп да ги бодрат своите миленици. Прилепчани не заостанаа. Ги имаше многу повеќе и на улиците и на стадионот. Соодносот беше еден спрема четири. Во 13 часот веќе беа отворени вратите од стадионот и тој започна да се полни. Во 15 часот немаше слободно место. Беше импресивна глетка којашто се повторува повеќе години, а за среќа и во неделата. Кога судијата Спасовски од Скопје даде знак за почеток, на стадионот беа присутни повеќе од 20 илјади гледачи. Се тврди дека ги имаше 25 илјади, но тоа е тешко да се докаже зашто се работи за слободни проценки – резиме е за најпосетениот меч во историјата на Прилеп.

Херојот Манески

Отсекогаш соседските пресметки помеѓу Победа и Пелистер имале и јунаци, фудбалери кои се надминувале себе си, за кои долго се зборувало во двата града од Пелагонија. Дербито го афирмира искусниот напаѓач на Победа, десното крило Гоце Манески. Како тој сам да ги победи битолчани. Неуморен на теренот, незадржлив во нападот, брз како чигра, снаодлив пред гостинскиот гол, непогрешлив стрелец – трипати го матира вонредниот голман Димитровски. Манески ја доживува својата втора младост (на 29 години).

-Не сум најзаслужен за победата. Целата екипа ,,дишеше,, како еден. Соиграчите како да беа ,,диригенти,, во играта. Ме читаа, знаеја што сакам. По израмнувањето Пелистер не издржа. Заслужено го победивме – рече Манески.

Навивал в болница

Страсниот навивач, Благоја Василески, немал среќа да го гледа дербито.

-Два часа пред мечот појдов на стадион да фатам најубаво место. Влегуваат навивачи, реки народ од сите страни. Викаат едните од едната, другите од другата страна. Почнаа со камења да фрлаат. Уште непочнат мечот, потстанав да видам, кога еден камен ме удри во веѓата, над окото. Крв почна да тече, паднав. Ме кренаа и ме однесоа в болница. Докторот го замолив едно транзисторче да ми донесе. Додека тој ме шие, сестрата ја запира крвта, а јас да слушам радио-пренос. Се чудат, оти ситуацијата ги загрижуваше, а јас слушам како е на теренот. Прозорците беа отворени. Се слушаа громогласно навивање. Градот се тресеше по головитe.

Извор: “Неделник ЗЕНИТ”

(ВИДЕО) Ќе ве остави без збор: Еве како се асфалтира улица во Москва

Голем број камиони и градежна механизација (вкупно 300 единици) биле ангажирани за асфалтирање на најфреквентната улица во Москва – Тверскаја. Околу 8.000 тони асфалт положени се на површина од околу 32.000 метри квадратни, а реконструкцијата е реализирана за само еден ден. Забрзаната снимка на оваа операција изгледа како навистина фантастично организиран проект.

Скопската Зоолошка го доби малиот убавец Брауни: Преслатки фотографии од штотуку роденото еленче

Скопската Зоолошка градина од вчера има нов член. Се роди малото еленче Брауни.

“После повеќе од 10 години, во Зоо Скопје се роди кафено еленче лопатар. Утрово, нашиот Горан Анастасовски имаше можност да ги направи овие преубави фотографии веднаш по раѓањето” – напишаа на Фејсбук фан страната од скопската Зоолошка градина.

Едно преслатко суштество кое ќе ги радува сите, и мали и возрасни…

ФОТО: Горан Анастасовски

Мисајловски: Епа на 15 септември ви умpe вашето СЈО

(Фејсбук статус на потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски)

НА 15 СЕПТЕМВРИ !!!
НА 15 СЕПТЕМВРИ !!!

ЕПА НА 15 СЕПТЕМВРИ ВИ УMPE ВАШЕТО СЈО !

Денеска исчезнува хибридната форма за прогон кон ВМРО ДПМНЕ и сите што мислат поразлично од оваа власт.
Многу фактори застанаа позади оваа институција да ни ја прикажат како столб на правдата, како клучот за борбата против корупцијата, но на крај сакале или нејќеле да признаат сите ја гледаат оваа институција како Срамно Јавно Обвинителство.

Но ние нема да заборавиме за нивниот прогон кон ВМРО ДПМНЕ……
Нема да заборавиме за притисоците и местенките за промена на името……..
Нема да заборавиме дека за добра цена си поигруваа со правото и правдата……
Нема да заборавиме дека потрошија милиони евра без да подложат на ревизија и да немаат никаква одговорност за нивното трошење……
Нема да заборавиме дека се ставија во целосна функција на власта како нивни инструмент за политичко прогонување, но и креирање негативно јавно мислење за сите што не размислуваат исто како оваа власт……..

Но секој што си поиграл со правото и правдата
ЌЕ СИ ОДГОВАРА !!!

TEШKA COOБPAЌAJKA на улицата “Генepaл Васко Карангелески” во Прилеп

На 14.09.2019 во 15.40 часот на ул.„Генерал Васко Карангелески“ во Прилеп се случила cooбpaќajна нe3года помеѓу патничко возило „фолксваген поло“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од И.К.(67) од Прилеп и велосипед управуван од П.Д.(76) од Прилеп – информираат во полицискиот билтен на МВР.

Во нe3гoдата со тeшки тeлecни пoвpeди се здобил П.Д. и бил пpeнeceн во Гpaдckaта бoлницa Прилеп за уkaжување леkapcка помош.

Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Прилеп.