Гopeше Плетвар, а тие издава автобуски карти иако знаеа дека не може да се помине: Потpecни сведоштва на пaтнички!

Гореше Плетвар, за тие издаваа автобуски карти, иако знаеја дека не може да се помине оттаму. Кога се стигна пак до пожарот, возачите добија наредба да не возат преку заобиколни патишта, но мораше да доплатиме и тоа на рака без никаква потврда за тоа – ова е дел од потресното сведоштво на Викторија С., патничка на автобусот на битолска автобуска компанија, кое стигна до редакцијата на Маркукуле. Таа заедно со другите патници поминала вистинска голгота за да стигне до преплатената дестинација.

Во продолжение ви го пренесуваме нејзиното сведочење, а подулу уште две слични сведоштва.

“Се работи за вчерашната случка кога гореше Плетвар, а нам (патниците на битолската автобуска компанија ,,Транскоп АД Битола”) ни беа издадени карти и покрај фактот дека нема да има можност да се помине. И сето тоа за заработувачка нели, инаку како газдата ќе заработи повеќе од тоа што треба. Но, ете тргнавме во 17:03 часот попладнето и покрај тоа што во Велес возачите на компанијата беа известени дека нема да може да се поминува тие ја продолжија нашата рута. Стигнавме до местото Камен Дол – Јавор ресторан во 18:39 и очекувавме информации кога ќе се тргнува додека возачите комотно уживаа во прекрасната скара на ресторанот, а надвор од ресторанот глетката беше ужасна. Испаничени граѓани кои звонеа по телефони очекувајќи дека некој ќе ги извести кога ќе стигнат до посакуваната дестинација за која имавме платено. Не сакам да сум погрешно разбрана не ги осудувам возачите што јадеа, проблемот беше што тие не даваа никакви информации, а беа свесни дека нема да се поминува по патот и не им беше проблем што надвор повеќето патници беа студенти кои последните пари ги дале за проклетата карта на оваа никаква компанија.

Кулминацијата на настанот се достигнува нели после добро испаничени 2 часа кога патниците се гневни и кога возачите на компанијата ,,Галеб-Охрид” им кажуваат на патниците да се вратат во автобусите решени да се вратат до Скопје и преку Тетово да тргнат кон Кичево, Прилеп, Битола, таму за каде патниците платиле и за каде очекуваат да стигнат. И тогаш нашите возачи разговараат со ,,одговорните” кои им наредуваат секој патник кој сака да се враќа по таа рута да си доплати уште по 350 денари или да останe до раните часови пред ресторанчето, за разлика од ,,Галеб-Охрид” кои безрезервно им излегоа во пресрет на патниците и сакаа да си ја исполнат должноста. После бунтот во нашиот автобус, возачите дојдоа со последната понуда, се враќаат во Велес и Скопје да ги оставаат оние кои сакаат да останат и во Скопје секој кој сака да продолжи плаќа по 350 денари бидејќи оние 530 кои ги палтивме не беа доволни за картата која никаде не не однесе.

А зарем не треба компанијата да ни плати оштета што не ја исполни нашата дестинација? Катастрофа!!! Кога повеќето патници кажаа дека немаат пари да платат, возачите најагресивно што може, ги избркаа од автобусот со изговор дека така им било наредено. Епа од така ми е наредено и во ред тоа ми е единствената опција ќе ни се случуваат вакви работи. Плативме по 350 денари кои ги дадовме на возачите на рака, а не добивме никаква потврда за тоа. Дали една ваква компанија треба да продолжи да работи?Дали мислам дека тоа беа црни пари? Имаме ли ние во нашава држава некаков закон за тоа да се спречи? Додека има можност една ваква компанија да опстојува во државава, постојано ќе бидеме дно. И да можеби изгледа смешно дека сме се побуниле за 350 денари, за некој тие пари не значат ништо, но некој од сите тие патници поминува недела дена со таа сума на пари. Добро им кажа едно девојче, немаме сите пари не сме богаташи како вас и само беше исмеана. Македонијо земјо на чудата па добра екскурзија си направивме за 350 денари, само ми е криво што не се сликав низ градовиве, барем ќе им кажував на сите како се шета низ Македонија со 880 денари. 10 часа пат, Македонија ли е, Русија ли е ? Пропаст компанија!!!! Срам за народот – напиша на својот Фејсбук револтираната патничка”.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.