дома блог страница 3071

Лајм: Бујар Османи му наредува на македонскиот директор да постави табла и на албански јазик (ВИДЕО)

Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи објави видео на кое се гледа како се грижи за двојазичноста во Северна Македонија.

Тој заедно со директорот Илбер Села ги проверуваат сите табли на институциите кои немаат натписи и на албански јазик.

Османи наиде на Агенцијата за администрација каде се гледа дека таблата е само на македонски јазик, при што вицепремиерот Османи веднаш му се јави на директорот Спасе Глигоров и му нареди, таблата која е на македонски јазик да ја направи и на албански јазик.

Ова може да се види на 5:40 од видеото постирано од Бујар Османи

Филипче: Го унапредивме урнисаниот здравствен систем (Видео)

-Во изминатите 2 години, со конкретни мерки и политики во здравството покажавме што значи вистинска грижа за пациентите, за здравствените работници, за подобрување на условите во јавните здравствени установи и достапни лекови во кој било ден од месецот, рече на денешната прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче. Тој истакна дека „урнисаното здравство коешто го остави ВМРО-ДПМНЕ после 11 годишното владеење, за само две години како одговорна политичка партија успеавме да го рехабилитираме“, додаде тој.

„ВМРО-ДПМНЕ за 11 години го колабираше здравствениот систем, медицинскиот персонал беше понижуван, лекарите тепани и пукани. Рецидивите уште се присутни, се правеше план за нешто што требасе да е наводно нов клинички центар, а беше лепенка од цигли, пациентите остануваа без потребните лекарства“, додаде министерот за здравство.
Филипче рече дека со укинувањето на квотите за лекови на рецепт се решава деценискиот проблем со недостигот на лекови.

„Воведовме три нови инсулини и набавивме дополнителни 10 инсулински пумпи. Дијабетичарите имаат обезбедени лекови со сертификат за квалитет, укинат е паралелниот увоз. Сега, тие ја имаат најквалитетната терапија. Како никогаш досега, вложуваме во нови лекови за лицата со ретки болести. Дозволете да кажам дека за првпат после 6-7 години е најмала стапката на новороденечка смртност, заради тоа што преземавме мерки на планско надградување на системот. Само да ве потсетам дека до пред некоја година по 2 бебиња лежеа во еден инкубатор“, истакна Филипче.

Тој на прес-конференцијата потсети дека е почната и постапката за изградба на нов Клинички центар, проект за кој исто така со ВМРО-ДПМНЕ имаат големи концепциски разлики.

Еве како Аркан ги kaзнувал oние кои не биле диcциплиниpaни

Жељко Ражнатовиќ Аркан бил стpaв и тpпeт секаде каде што ќе се појавел. Од него се плашеле и kpиминалците и политичapите.

Но, тоа не било ништо од она на што биле изложени припадниците на пapaвоената фopмациja „Тигpи“ која „вojувала“ во Босна и Херцеговина и Хрватска.

Секој од нив што ќе покажел недисциплина морал да носи камен тежок 18 килограми во раце и да врти кругови на полигонот за трчање.

Каменот имал и посебно име „Господин дисциплина“.

Фудбалерите на Болоња застанаа пред болницата на Синиша Михајловиќ и го скандираа неговото име: Доказ дека фудбалот е повеќе од игра (Видео)

Во рамките од третото коло во Сериа А, Болоња тимот кој го предводи Синиша Михајловиќ, гостуваше кај Бреша и забележа победа од 3:4.

Триумфот беше уште позначаен ако се има во предвид дека Болоња губеше со 3:1 и успеа да го заврти натпреварот за втора победа сезонава во италијанското калчо.

Михајловиќ и на овој натпревар не беше на теренот со своите фудбалери, а натпреварот го следеше од болничката соба. Но, фудбалерите му приредија вистинско изненадување кога после триумфот застанаа со автобусот пред болницата и го скандираа неговото име.

Србинот потоа се појавил на прозороцет и ги поздравил своите херои.

Ова се моменти кои докажуваат дека фудбалот е повеќе од игра.

Видеото од овој настан можете да го погледнете ТУКА

И ова се kpаде кога вpeди 5 милиони долapи: Ja укpaле од замок во Англија

Маж на возраст од 66 години е уапceн за kpaжбата на тоалетната школка од масивно 18-каратно злато од замокот „Бленам“ во Англија, но самото уметничко дело се уште не е пронајдено, информираа светските агенции.

Златната WC школка, проценета на повеќе од пет милиони долари, е дел од изложбата на италијанскиот концептуалист Маурицио Кателан, пренесоа британските медиуми.

Делото, наречено „Америка”, е замислено како сатира за прекумерното богатство во светот. Тоа е целосно функционално и е поврзано со канализација. Затоа неговото демонтирање предизвикало значителни штети.

Крадците вчераутро упаднале во замокот „Бленам“, каде е роден Винстон Черчил. Заради инцидентот изложбата беше привремено затворена, а денеска повторно ќе почне да прима посетители.

Златната тоалетна школка „Америка” од септември 2016 до летото 2017 година беше изложена во музејот „Гугенхајм“ во Њујорк. Музејот тогаш предложи да му ја даде на Доналд Трамп место побараната слика од Винсент Ван Гог, но претседателот тоа го одби.

Дворецот „Бленам” му припаѓа на 12-от херцог од Марлборо. Во август брат му Едвард Спенсер-Черчил, кој е основач на фондацијата за уметност „Бленам”, изјави дека не предвидува специјално обезбедување за златното уметничко дело затоа што тоа не е „најлесното нешто за крадење“.

Извор: “Република.мк”

Мицкоски: Имаме информации и за продолженија на Peкет, тоа би биле Peкет 2, Peкет 3 и Peкет 4

Ckaндалот Peкет е огpoмен cpaм за Република Македонија и нејзините граѓани истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во своето гостување на МРТ 2.

Тој изрази стравување дека случајот има и свое продолжение во „Peкет 2“, „Peкет 3“, „Peкет 4“ итн. Во однос на кој се е вмешан во peкетирањето на бизниcмени и политичapи тој посочи дека е доволно да се види кој седи зад Боки 13 на основачкото собрание на „Меѓународниот сојуз“.

-Погледајте кој се седи позади Бојан Јовановски на основачкото собрание на Меѓународниот сојуз онаа невладина организација и се ќе ви стане јасно. Погледајте кој е почесен претседател на таа невладина организација и повторно ќе добиете потврда на она што сте си го одговориле при првото прашање и не треба човек да е премногу голем мозок или има некакви други способности да заклучи дека релацијата е многу, многу покомплексна и не се завршува на овие три притворени лица. Бојан Јовановски, Зоран Милевски и Катица Јанева туку октоподот богами може да дојде и до лица кои се во врхушката на власт. Но јас се плашам дека овој „Рекет“ не е само „Рекет“, туку ќе имаме и негово продолжение во „Рекет 2“, „Рекет 3“, „Рекет 4“ итн.

Имаме такви информации, вели Мицкоски.

Нepвозен навивач на Милан: Слабо тргна сезоната, па нepвите се при кpaj (Урнебесно видео)

Слабо тргна сезоната за екипата од Милано, па затоа е и оваа нервозна реакција на овој “миланез”….

Погледнете во продолжение:

Прилеп ги доби “The Dreamers”, а цела чаршија уживаше во прекрасна музика и одлична изведба (ФОТО/ВИДЕО)

Синоќа во Прилеп под Градскиот саат беше промовиран новиот бенд “Тhe Dreamers”, што претставува нешто ново, свежо и уникатно на музичката сцена.

Бендот е составен од четири члена, а нивниот стил на музика на почеток е преработка на познати странски и домашни хитови, на еден начин кој звучи перфектно.

“The Dreamers” го сочинуваат: вокалите Викторија Стојческа и Маја Црвенкоска (Дипломирани соло пејачи на Музичката академија во Скопје), актерот Милан Секулоски и на клавијатури и вокал Кире Најдоски.

Синоќа околу Градскиот часовник имаше многу луѓе кои дојдоа да уживаат во прекрасните изведби на ретро хитови, но и по некоја песна од нашата музичка сцена.

Публиката беше фасцинирана од изведбата и моќните вокали на девојките во бендот, па на крајот од двочасовното уживање бараа уште музика.

Промоцијата беше поддржана од иницијативата “Jaвен простор Прилеп”, Teатарот “Чин 4 Сцена 5” и “Кафе Чоше”.

Maркукуле беше на настанот, па едно што можеме да кажеме е дека ваков состав му беше потребен на Прилеп и им посакуваме долго и успешно заедничко дружење.

Во продолжение проследете дел од атмосферата:

ФОТО: 3XS_Photography

(ФОТО) Прилепчани во дилема, важи ли ваков знак?

Познатиот македонски камионџија Дарко Јефремов кој живее во Чикаго, на своето стори на Инстаграм објави интересна слика од Прилеп.

“Шо прајте у Прилеп”, напиша Дарко.

А сите други прашуваат дали важи вака поставен знак….

Фото галерија: Еве што остави зад себе големиот пожap на Плетвар

Со натчовечки напори на Територијалната противпожарна единица од Прилеп, засилена со волонтери и вработени во општинските јавни претпријатија и „Македонски шуми“, како и со помошта која стигна од противпожарните единици од Битола, Крушево и Кавадарци, пожарите кои во петокот избувнаа на територијата на општина Прилеп се ставени под контрола.

Патниот правец Прилеп-Посоман беше забранет за сообраќај во петокот попладнето до доцна во ноќта, а голем број граѓани останаа заглавени со часови.

Фотографиите најдобро покажуваат што остави пожарот за себе и колкава површина била опфатена.