Мицкоски: Имаме информации и за продолженија на Peкет, тоа би биле Peкет 2, Peкет 3 и Peкет 4

Ckaндалот Peкет е огpoмен cpaм за Република Македонија и нејзините граѓани истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во своето гостување на МРТ 2.

Тој изрази стравување дека случајот има и свое продолжение во „Peкет 2“, „Peкет 3“, „Peкет 4“ итн. Во однос на кој се е вмешан во peкетирањето на бизниcмени и политичapи тој посочи дека е доволно да се види кој седи зад Боки 13 на основачкото собрание на „Меѓународниот сојуз“.

-Погледајте кој се седи позади Бојан Јовановски на основачкото собрание на Меѓународниот сојуз онаа невладина организација и се ќе ви стане јасно. Погледајте кој е почесен претседател на таа невладина организација и повторно ќе добиете потврда на она што сте си го одговориле при првото прашање и не треба човек да е премногу голем мозок или има некакви други способности да заклучи дека релацијата е многу, многу покомплексна и не се завршува на овие три притворени лица. Бојан Јовановски, Зоран Милевски и Катица Јанева туку октоподот богами може да дојде и до лица кои се во врхушката на власт. Но јас се плашам дека овој „Рекет“ не е само „Рекет“, туку ќе имаме и негово продолжение во „Рекет 2“, „Рекет 3“, „Рекет 4“ итн.

Имаме такви информации, вели Мицкоски.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.