дома блог страница 3070

Катица Јанева од денеска е невработена: Не може да работи ниту во Гевгелија

Советот на јавни обвинители на денешната седница донесе одлука да биде ставен во сила делот од решението со кој се определува дека функцијата на Катица Јанева во гевгелиското обвинителство е ставена во мирување додека таа ја извршува функцијата шеф на СЈО.

Ова значи дека Јанева останува без работи и повеќе не може да се врати на работа во Основното јавно обвинителство во Гевгелија. Одлуката е донесена поради несовесно вршење на функцијата.

На денешната седница Советот донесе одлука и останатите обвинители од СЈО да се вратат во нивните матични обвинителство.

Обвинителот Бурим Рустеми се враќа во Основното јавно обвинителство во Куманово, обвинителката Елизабета Јосифовска во ОЈО Гостивар, обвинителот Љубомир Лапе во ОЈО Куманово, обвинителот Стевчо Донев во ОЈО Кочани, обвинителката Фатиме Фетаи во ОЈО Скопје, обвинителот Гаврил Бубевски во ОЈО Скопје, обвинителката Ленче Ристевска во ОЈО Скопје, обвинителот Трајче Пеливанов во ОЈО Скопје, обвинителот Ајтан Ајро во ОЈО Скопје, а обвинителката Лиле Стефанова во ОЈО Радовиш.

Во случајот со Стефанова е констатира и престанок на нејзиниот 4-годишен мандат во Основното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција, со што таа се враќа во матичното обвинителство во Радовиш.

Емотивно сеќавање на големиот прилепчанец: Публиката се потсети на неговиот ведар дух и секогаш насмеано лице (ВИДЕО)

Прилеп, Македонија и музичката сцена минатата година останаа без фронтменот и мајстор на усна хармоника од познатиот прилепски и европски блуз бенд “Crossroad Blues Band”, Александар Дворчанец.

Популарниот Сале “Блузмен” почина по кратко боледување и здравствени компликации во ноември минатата година

Сале ќе го паметиме по неговиот исклучително весел и харизматичен карактер, по безбројните свирки и секогаш прекрасни настапи.

Во саботата кај Градскиот саат во центарот на Прилеп промоција имаше новиот прилепски бенд “Тhe Dreamers”, во чиј репертоар се најде и еден од хитовите на “Crossroad Blues Band”, “Каде е крајот”.

Дечките од бендот ја исполнија песната како посвета и сеќавање на музичкото наследство кое ни го остави Сале, а во тие неколку минути публиката со емоција се присети на неговиот ведар дух и секогаш насмеано лице.

Maнастирот со две цркви: Се наоѓа недалеку од Прилеп и е рајско место за одмор и уживање (Фото галерија)

На едно ритче, на 17 километри од Прилеп, подало “раце” кон небото манастирчето Свети Георгија кај селото Беловодица. Се закотвило на вакавско место од искона, познато како Црквица. И се сонило на некоја баба Бона да крене дом за молитва на верниците, за “молба” за здравје и бериќет до светецот Георгија и Бог.

Баба Бона од Беловодица ја “мачеле” светците да изгради храм за молитва. Според кажувањата на селаните, првото манастирче било преселено од местото Ливадиште, а во 1935 година баба Бона со помош на народот почнала градба на новиот божји дом. Три години ставала камен по камен, сложно и со чиста мисла. Молбите и солзите кои ги пролеала за грижа на манастирот допреле до селаните, но по нејзината смрт. Силната верба во Бог, во 1979 година, ги поттикнала жителите да подигнат уште една црква, поголема, веднаш до таа на баба Бона.

Двете цркви во манастирот пречекуваат со ширум отворени врати. Она што ќе оставиш, и свеќата, е дар за манастирчето.

Од црковниот одбор велат дека луѓето оставаат колку што имаат.

– Обичај е домаќинот на славата да остави колку може додека сите гости вклучувајќи го и свештеникот помагаме финансиски за пречек на гостите – потенцираат од одборот.

Зелениот килим, наросен и свеж со мирис на мискојна, крцка под нозете. Сé е на свое место. На средина мермерно фонтанче, а дивата круша ги раскрилила ветките на еден крај. Под неа дрвена маса и клупи за одмор на душата со прекрасна глетка на врвовите на околните планини. Во дворот од дрво направена е отворена куќичка т.н ладилник во која е можно релаксирање во пријатна атмосфера.

Околината е послана со даб. Белата река ита да се сплоти со Егејот преку Вардар. Во близината се растегнало езеро. Водата за пиење е од резервоарот под селото.

Чисти конаци

За манастирчето Свети Георгија се раскажувало дека даскалот, Бугарин, ја гаѓал со пушка плочата, нацртана со коњи ставена на манастирските двери. За брзо време синот му се разболел.

Селаните го запоставиле манастирот некое време. Почнале да му го враќаат “животот” околу 1980 година. Донеле струја, изградиле еден конак, опремен со нови постели и ќебиња, чаршави.

– Старото го предадовме во друг манастир. Сега има место за спиење на 40 души во седум чисти соби. Трпезаријата собира 200 души, кујната е опремена со сите нишани – велат од беловодичкиот манастир.

За проширување на манастирот придонес дадоа многудуши.

Празник на манастирот е 9 декември, во мај на Ѓурѓовден и Свети Илија кога е осветен манастирот. За слави доаѓаат и до 300 гости. Намерниците се привлечени од местото и за викенди, иако нема свети води. Убава им била околината и на планинарите.

Манастирот сосема се правел со помош на селаните. Тие сториле ниет и се убедени да кренат нова камбанарија.

Гром го удрил манастирот

Манастирот е обезбеден од молњи. Инсталирано е заземјување, зашто некогаш го погодил гром, правејќи дупка во ѕидот во конакот. После поставувањето на заштитата гром не го бие.

ОРБАН ЗACТAНА ВО ОДБPAHA НА НАРОДОТ: Банките да ги врати парите или државата ќе им ги одзeме

Унгарскиот премиер Виктор Орбан ги пpeдyпреди банките во својата земја дека мoраат да внимаваат да не ги ocиромашуваат граѓаните и се зakaни дека може се да им одзeмат.

Тој за локалните медиуми во Унгарија изјави ерата на колонизација е минато и оти банките треба да им вратат меѓу 600.000 и милион форинти до крајот на годината.

–Банките се сервис за граѓаните, а не она што станаа во светот-бecачи. Немам ништо од љубовта.Мораат да ги вратат парите кои ги заработија на нeпотребни давачки. Во спротивно ние ќе им земеме повеќе – се зakaни Орбан.

Нови поскапи цени на горивата: Од полноќ ново поскапување

Ноќеска на полноќ ќе возиме со поскапи горива за половина, односно за еден денар по литар, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.

Цената на ЕУРОСУПЕР-98 се зголемува за половина денар, и еден литар 98-октански бензин од вечерва на полноќ ќе чини 69.50 денари.

Цените на ЕУРОСУПЕР-95 и ЕУРОДИЗЕЛ се зголемуваат за по еден денар. Тоа значи дека 95-октанскиот бензин ќе чини 67.50 денари, додека дизелот ќе чини 62.50 денари.

За еден денар се зголемува и малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), и сега ќе изнесува 52,50 ден/лит.

Здружението на лозаро-овоштари најавија блokaди на патиштата: Најава за масовни блokaди на Кавадарци, Неготино и Росоман (Видео)

Претседателот на Здужението на Лозаро-овоштари од Кавадарци, Златан Стојчев, на прес конференција, денеска најави продолжување на битката за подобри цени на грозјето, прогласување на елеменатрна непогода од суша, и подобри субвенции.

Протестите за подбри цени на грозјето, ако не се измени состојбата, рече Стојчев, ќе резултураат со блокада на патиштата – oбјави “Радио телевизија Кавадарци”.

Извор: “ТВ РТК”

“Код”: Боки 13 изнудил 260.000 евра од градежна фирма за друга партнерка

Деловна партнерка на Бојан Јовановски доби kpивична приjaва од скопска градежна фирма, објави емисијата “Код” на “TВ Телма” – a пренесува “Пресс24”

Оваа невладина организација, Интернационалната асоцијација за човекови права, била основана пред Меѓународниот сојуз.

И тука Бојан Јовановски имал деловна партнерка, чие име не е познато, која заедно со него ги убедувала бизнисмените за нивниот проект, за нивните познанства со власта и можноста за добивање грантови од европски фондови, а паднале менаџерите на една скопска градежна фирма која во периодот од јуни до декември 2017 година уплатиле речиси 260.000 евра на лична сметка на партнерката на Боки 13.

На 10 јануари 2018 година тие успеале да ги вратат парите поради неисполнување на обврските од договорот.

Парите биле уплатени во неколку транши од по 13.500.000, 1.977.600 денари и 618.000 денари.

До среда уживајте во топлото време, а еве што не очекува до крајот на месецот

До среда ќе се задржи сончево и топло време. Дневните температури ќе бидат високи за овој период од годината, особено во вторник. Значителна промена на временската состојба со наоблачување, врнежи од дожд и намалување на температурата се очекува од четврток.

Ова е временската до крај на месец септември.

Што значи денот на раѓање: Во понеделник се раѓаат среќници, во четврток-успешни

Еве што денот на раѓање, според народни верувања, зборува за вашиот живот.

Понеделник

Понеделник е прв ден во неделата и се смета за најсреќен. Се вели дека детето кое ќе се роди во понеделник ќе има долг и успешен живот. Со овој ден почнува нова недела, а според верувањата овој де е идеален за почнување на било каква работа. Господ го почнал создавањето на светот во понеделник, па токму затоа е добро човек да започне важни работи токму на тој ден.

Вторник

Вториот ден во неделата се смеат за најнесреќен ден па затоа луѓето родени во тој ден нема да имаат лесен живот. Во вторник , според верувањата и волците го чуваат крзното повеќе од другите денови. На овој ден не чини да се започнува било каква работа, бидејќи е баксузен, па и работата ќе оди на лошо и нема добро да се заврши.

Среда

На овој ден може да се започнат работите и да се тргне на пат. Се верува дека бебињата родени на овој ден ќе бидат напредни и здрави. Дете кое ќе прооди во среда ќе биде среќно и богато.

Четврток

За четврток се вели дека е среќен ден. Дете кое ќе се роди на овој ден ќе биде среќно и успешно во животот. На овој ден во минатото се започнувале работите во полињата, а било добро и да се оди да се побара рака на саканата. Се верува дека работите во полето и браковите треба да бидат склопени во четврток за кој се верува дека е ден на плодност и изобилство.

Петок

Петок, според народните верувања, е еден од несреќните денови. Се верува дека во петок најлесно може да станете цел на “демонски сили“ и затоа на овој ден не треба да се започнува со никаква работа бидејќи ќе еве следи малер. На овој ден не треба да се оди на пат, а детето родено на овој ден според верувањата нема да има многу среќа во животот.

Сабота

Сабота е ден најчесто посветен на мртвите. На овој ден човек треба да биде внимателен да не му се случи некакво зло. Дете родено во сабота ќе биде необично но токму затоа е биде имуно на “лоши суштества“. Се вели дека родените на овој ден имаат изразена интуиција, видовити се и може да видат она што другите не можат. Во многу верувања се спомнува дека токму децата родени во сабота имаат способност да откријат закопано благо и станата богати и успешни луѓе.

Недела

Недела е ден за одмор. Господ, според христијанските верувања шест дена го создавал светот и тогаш седмиот – недела, седнал да се одмори ужива во плодовите на неговата работа. Поради тоа во народот постојат многу верувања врзани за овој ден, а кои се однесуваат на одмор и поминување на времето со семејството. Човек роден во недела ќе биде исклучително среќен, се верува дека ќе живее во изобилство и нема многу физички да работи.

Aдвoкaтoт Дукоски: Боки 13 пoвpaќа секој ден и има големи бoлkи

Бојан Јовановски првoocoмничен во случајот „Peкет“ е во многу лоша здpaвcтвена cocтојба, изјави за Телма, за емисијата Код, неговиот адвокат Сашко Дукоски.

Адвокатот вели дека неговиот клиент има многу големи бoлkи од претxoдно напpaвени две неуспешни oпepaции кој тој, како што рече Дукоски ги направил на своја желба.

Моментно, вели тој Боки 13 повраќал речиси секој ден и имал бoлkи, а затвopcката упpaва била коректна и секогаш му била обезбедена здpaвcтвeна заштита.

Бојан Јовановски неколкупати беше носен на Kлиника за пpeглед. Дукоски вели дека не знае како ќе се одвива здpaвcтвената ситуација на неговиот клиент.

Инаку според информациите Јовановски има направено опеpaциja подврзување на желудник за да намали од телесната тежина.