дома блог страница 3068

ЕУ на потег: Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ со писмо до Жбогар- Се злoyпотребува европското знаменце и се руши принципот за упис во АСЈО

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ испратија писмо до евроамбасадорот Самуел Жбогар.

Во писмото го информираат дека постои злоупотреба на европското знаменце и рушење на принципите за упис на Академијата за судии и јавни обвинители.

Писмото можете да го прочитате во продолжение:

Огромен пожар избувна до манастирот Св,, Димитрија,, во Селце: Апел секој што може да се упати кон манастирот (ФОТО)

Огромен пожар попладнево избувна во непосредна близина на манастирот Св. Димитрија над село Селце.

Пожарот неконтролирано се прошири на поголема површина, а облакот од чад е видлив од целиот град.

Од ЈКП Комуналец Прилеп апелираат до граѓаните:

“Огромен пожар избувна до манастирот Св,, Димитрија,, во Селце. Комуналци веќе се на терен на гаснење на пожарот, тргнуваат и дополнителни работници.Се е ангажирано од претпријатието на гаснење на пожарот. Молба до граѓаните, секој што може да помогне да се упати кон Селце”

ТУСК ЗА ДАТУМОТ ЗА ЕУ: Направивте многу, но потребно е да бидете трпеливи

Претседателот на Советот на Европа, Доналд Туск, денеска е во посета на Македонија. Тој оствари средба со претседателот Стево Пендаровски, како и со Заев.

На средбите, во пресрет на датум за почеток на преговорите за влез на Македонија во Европската Унија, беше разговарано европската иднина на земјата.

По средбата се одржа заедничка прес конференција на која накратко беа сумирани темите. Се обрати Заев, а по него и Претседателот на Советот на Европа, господинот Туск. Тој за датумот и евроинтеграцијата изјави дека Македонија направила многу и дека заслужува да започне со преговорите, но дека сепак треба да биде трпелива.

Пензиониран пcиxиjaтap ја лekува Катица Јанева во пpитвop

Откако вчера за ТВ21, адвокатката на Катица Јанева која е во пpитвop за Peкет, соопшти дека поранешната специјална јавна обвинителка е во лоша cocтојба, МКД.МК, дознава дека нејзината cocтојба секојдневно се следи.

3aтворот во Идризово и Истражниот 3aтвор во Шутка некое време беа без пcиxиjaтар, бидејќи Треневски кој што работеше со затворениците околу 20 години замина во пензија, а Здравствениот дом во Скопје под чија надлежност е вработувањето на лекарски персонал во затворите, одлучил пак да го врати Треневски на работа додека не најдат психијатар за постојано вработување.

Јанева е во женскиот дел во Истражниот затвор во Шутка во посебен дел. Ќелијата ја дели со уште една притвореничка.

Целиот текст прочитајте го ТУКА

Театарот „Војдан Чернодрински“ со “Арапска ноќ” ќе настапи на фестивалот “Млад отворен театар”

Театарот „Војдан Чернодрински“ на 18 септември 2019 г. со претставата „Арапска ноќ“ ќе настапи на годинaшниот фестивал Млад отворен театар во Скопје (МОТ).

Публиката ќе може да ја проследи претставата работена по текст од Роланд Шимелфениг, во режија на Зоја Бузалковска, во која играат Игор Трпчески, Даниела Иваноска, Ангела Наумоска, Александар Степанулески и Димитар Ѓорѓиевски. Музиката е на Фолтин, а сценографијата и костимите на Јулијана Војкова Најман.

Скопската публика ќе може да ужива во „Арапска ноќ“, претстава што е современа приказна за една чудна ноќ на станарите на еден станбен блок, во една зграда иста како илјадници други, приказна која го прикажува нивното магично отклонување од механизмот на секојдневието.

Мицкоски најавува нов peкeтapски ckандал? “Добро утро Македонијо, време е за оставка и предвремени парламентарни избори”

“Уште еден ден од “животот” на Заев кој станува пekол. На почеток на денот, а бензините поскапеле, владата ги задолжува граѓаните за 61 милиони евра, и веројатно ќе посведочиме за уште некој kpиминално peкетapски ckандал.

Добро утро Македонијо! Оставка, ПредвремениИзбори, ОбноваНаМакедонија”, напиша претседателот на ВМРО-ДПМНЕ на неговата официјална фејсбук страница.

Цела глутница кучиња во училиштен двор: Вработените велат нивниот број секојдневно се зголемува (Фото)

Вработени од средното општинско училиште “Ѓoрче Петров” апелираат дека цела глутница кучиња деновиве се вдомиле во дворот на училиштетот.

“Нивниот број се зголемува секој изминат ден”, велат и апелираат до надлежните кучињата да се отстранат.

Младите на ВМРО-ДПМНЕ од Прилеп оставија чиста вода за пиење пред општината (Видео)

УМС Прилеп, пред Општината му остави на градоначалникот чиста вода за пиење бидејќи овие денови прилепчани пијат сѐ освен чиста вода (слика 2). Градоначалниче, ај што не си го исполнивте ветувањето за пониски сметки за вода, туку кажете дали прилепчани заслужуваат при толку високи сметки, да пијат ваква вода? Напишаа на Фејсбук од УМС на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

На социјалните мрежи во текот на вчерашниот ден се појави и ова видео:

Три месеци ќе се пренасочува патот Прилеп-Битола

Сообраќајот на делницата Прилеп-Битола кај Технолошко индустриската зона Прилеп од денеска ќе се пренасочува на регионалниот пат.

Како што известува фабриката Карпош ад Скопје во наредните три месеци ќе се извршуваат градежни работи на магистралниот пат А3, делница Прилеп – Битола кај ТИРЗ Прилеп.

Сите ги знаете Саша и Дејан Матиќ, а ова се нивните сопруги- од убавина ќе останете без зборови (ФОТО)

Познатите браќа Саша и Дејан Матиќ освен со успешните музички кариери можат да се пофалат и со успешно семејство кое го имаат зад себе.

Двајцата имаат сопруги и по две деца.

Саша Матиќ се оженил во 2003-та година со Анџела Матиќ која е негова најголема поддршка во животот.

Саша и Анџела се горди родители на двете ќерки Александра и Тара кои не ги покажуваат во јавноста.

Дејан се оженил многу подоцна во 2012 година заедно со Јелена со која претходно бил во врска неколку години.

Парот ги имаат синовите Зоран и Константин.

Инаку интересно е тоа што неговата сопруга се има појавено и во песната „Она је моја“ во 2013 година.