Огромен пожар избувна до манастирот Св,, Димитрија,, во Селце: Апел секој што може да се упати кон манастирот (ФОТО)

Огромен пожар попладнево избувна во непосредна близина на манастирот Св. Димитрија над село Селце.

Пожарот неконтролирано се прошири на поголема површина, а облакот од чад е видлив од целиот град.

Од ЈКП Комуналец Прилеп апелираат до граѓаните:

“Огромен пожар избувна до манастирот Св,, Димитрија,, во Селце. Комуналци веќе се на терен на гаснење на пожарот, тргнуваат и дополнителни работници.Се е ангажирано од претпријатието на гаснење на пожарот. Молба до граѓаните, секој што може да помогне да се упати кон Селце”




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.