дома блог страница 3067

За ненајавени гости: Лесно и брзо подгответе солени стапчиња со ајвар

Доколку веќе направивте ајвар можете да подготвите декоративни и многу вкусни солени стапчиња кои се добредојдени за ненајавено доаѓање на гости.

За тестото потребно е:100 мл млеко, 250 г путер, 700 г брашно, 1 кесичка сув квасец, 100 гр кисела павлака, 1 јајце, 2-3 лажичиња сол

за филот: ајвар, бело сирење

за премачкување: 1 јајце и семки по желба (сусам, ким, афион…)

Подготовка:

– Во еден сад на рингла ставете ги млекото и путерот и оставете додека да се растопи путерот.

– Во друг сад измешајте ги останатите состојки и додадете го млакото млеко. Замесете тесто.

– Со сукало раширете го тестото на набрашнета работна површина со дебелина од најмногу 1 см и со правоаголен облик.

– Половина од тестото премачкајте го со дебел слој од ајварот и одозгора изрендајте од сирењето.

– Втората половина од тестото преклопете ја над ајварот и притиснете за да се спои.

– Тестото прво исечете го на пола и потоа сечете ленти со широчина 1-2 см.

– Секоја лента завиткајте ја како спирала и наредете ги во тава обложена со хартија за печење. Одозгора премачкајте ги со изматено јајце и посипете со семки по желба. Оставете ги да стојат 10-15 минути.

– Потоа ставете ги да се печат во загреана рерна на 200 целзиусови степени 20-30 минути, односно додека да поруменат.

Извор: “Pressingtv.mk”

“Кожувчанка” не запира со изненадувањата! Вистински лидер во регионот (ФОТО)

Koмпанијата “Кожувчанка” која ја поседува франшизата за производство на пијалоците од “Синалко” со ново изненадување за потрошувачите.

13.500 тетратки со уникатни корици се направени за новата кампања на “Синалко” и ќе се даваат како подарок во пакетите од 4×0,5 литри и 2×1,5 литри.

Ова е уште едно во низата изненадувања на оваа компанија која редовно пронаоѓа вистински начин како да ги доближи своите производи до потрошувачите, а тоа е секогаш повеќе од успешно.

Девојче од Сараево ѝ испратило писмо на кралицата Елизабета, следуваше изненадување кога пристигна одговорот! (ФОТО)

Асја Исовиќ е 9-годишно девојче од Сараево. Таа решила да ѝ прати разгледница на кралицата Елизабета и песна, а сосема неочекувано добила и одговор.

-Пристигна одговорот на Нејзиното Височество. Не можам да верувам дека се случи ова. Ова ќе биде една од најубавите работи во мојот живот, стои во описот на фотографијата со одговорот што ја споделила Асја.

Во писмото што го добила стои:

„Кралицата побара да ти се заблагодарам за рачно изработената разгледница, песната и прекрасните цртежи што ѝ го испрати на Нејзиното Височество.

Иако таа не е во можност лично да ти одговори, кралицата е воодушевена од твоето внимание и ги цени времето и трудот што си ги одвоила за да ги направиш разгледницата и подароците.“

Вонредни најави: Очекувајте голема промена на времето и температури околу нула

Промената која што веќе ја најавивме и ќе се случи уште во среда доцна навечер и во текот на ноќта кон четврток, а особено во четврток, ќе донесе значителен на температурите на воздухот (за околу десет степени, понекаде и за повеќе), информира Славчо Попоски.

Сето ова ќе биде проследено и со северен ветер, кој ќе биде и со засилен интензитет, особено долж Повардарието. Исто така, особено во четврток, ќе имаме зголемена облачност која ќе биде проследена со повремени врнежи од дожд и тоа особено од пладневните часови па натаму, од локален карактер и нешто поинтензивни. Ќе има услови и за локална појава на грмежи како и со засилување на ветерот.

Нестабилноста е повеќе веројатна на запад и на југ од државава.

Најтопло ќе биде утре и во среда кога максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 28 до 35 степени, а во четврток максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 30 степени.

Понатамошен пад на температурите на воздухот ќе има во петок, кога максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 16 до 24 степени.

Особено студено ќе биде во сабота, кога минималните температури на воздухот ќе се спуштаат во интервалот од 0 до 11 степени во најтоплите предели од државава.

Поради ваквата ситуација и поради разведрувањето, во сабота наутро не се исклучува можноста за појава на слана или слаб мраз на некои места и тоа особено во Малешевијата, па така за секој случај земјоделците да си ги заштитат своите земјоделски култури.

ВНИМАВАЈТЕ ДА НЕ НАСЕДНЕТЕ: И за ова се лаже во Македонија

Б.Д.(76) од село Бање, кочанско, вчера во 18:15 часот во Полициската станица Кочани пријавила дека околу 16:00 часот во нејзинот двор во село Бање била измамена од едно лице.

Според пријавеното, лицето ѝ ветило дека за сума од 7.500 денари ќе ѝ донесе три кубни метри огревно дрво. Б.Д. му ги дала парите, по што лицето заминало и не се вратило. Се работи на расчистување на случајот, информираат од МВР.

“Што ќе добиеше Прилеп за 100 милиони евра? Шпански пенали, за празни џебови?”

Колумна на претседателот на
Комисијата за локална самоуправа при ВМРО-ДПМНЕ – Марјан Ристески

Читаме и повторно не ни се верува што прави Владата на СДСМ!?
Шпанската компанија „Rubau Konstruksiones“ прекинува со работа на експресниот пат Градско – Прилеп, при тоа тужејќи ја истата со 100 милиони евра пенали заради раскинување на договорот, а сето тоа замислете, како што наведуваат од компанијата поради „тесни лични и партиски интереси“…

Читаш ваква фрапантна информација и просто не ти се верува! Добро бе луѓе, со кој памет ќе фрлите 100 милиони евра како да се 100 денари!? Иако го прочитавме образложението на компанијата, иако не сакаме да веруваме дека тоа е вистината, сепак оставме Шпанската компанија, во понатамошната судска постапка да ја докаже вистинитоста на фактите.

Но, ако тоа е вистината – тогаш каде ќе им биде крајот?! Како повторно ќе се правдаат властодршците пред ЕУ, дали повторно ќе им биде друг виновен или повторно сето тоа ќе го плаќа измачениот ни народ во Пелагонија?
Политичко-личната причина за раскин на договорот, како што наведува компанинијата, ќе биде уште една голема црна дамка за оваа корумпирана Влада и уште еден негативен аргумент во евроинтегрирањето на Македонија.

Но, да се навратиме на суштинскиот проблем: кога и конечно жителите на вториот по големина регион во државата – Пелагонискиот (Прилеп, Битола и останатите општини) се израдуваа со претходната Влада на ВМРО-ДПМНЕ дека конечно ќе се реши деценискиот проблем со овај пат, кој претставуваше рак-рана и тесно грло во комуникацискиот систем на РМ, за жал и со бројни жртви низ годините, дојде Владата на СДСМ за повторно да им докаже дека може и совршено знае како да заглави, искомплицира и прекине веќе започнат проект, како и многу други до сега, на штета на развојот на државата! Ова уште еднаш зборува за нивната лакомост, некадарност и неспособност.

Одолговлекувањето на реализацијата на патот Градско-Прилеп и понатаму ќе значи:
1. Катастрофална безбедност во сообраќајот на оваа делница (за жал, многу пати со човечки жртви);
2. Пелагонија и понатаму останува слепо црево за комуникација во Македонија и овој дел на Балканот;
3. Ваквиот пат предизвикува подолго време на патување и амортизација на возилата, што директно влијае на џебот, т.е. стандардот на граѓаните;

4. Ги зголемува трошоците на економијата, а тоа најдобро го знаат и чувствуваат бизнисите од овој крај…;
5. Овој пат ја намалува можноста за инвестирање во Пелагонија во секој поглед, послаб развој на туризмот, а со тоа намален прилив на средства во буџетите на државата и Општините;
6. Овој пат не овозможува комуникација, туку тотална парализа на функционирањето на државата…а тоа го почувствуваа граѓаните и транспортните средства претходниве денови, кога со часови беа заглавени во километарски колони поради пожар на превојот Плетвар…

Казна ќе има – казната ќе следи на следните предвремени парламентарни избори….НАРОДОТ ЗНАЕ – НАРОДОТ ПАМТИ – НАРОДОТ ЌЕ ВРАТИ!!!

“Селечка гори, а вештачкото езеро празно: Џабе канадерите?”

Изминативе денови во околината на Прилеп активни се повеќе пожари. Во петокот голем пожар зафати огромна површина кај планинскиот превој Плетвар при што колони автомобили беа заглавени повеќе од 10 часа.

Гореше и во мариовско каде пожарот со крајни напори од доброволци и пожарникарите беше запрен да не го зафати селото Подмол.

Пожар се појави и во близина на манастирот Св. Преображение кај село Зрзе, каде манастирот беше во огромна опасност.

Денеска пак од попладнево активен е пожарот на Селечка планина во непосредна близина на манастирот Св. Димитрија над село Селце.

Пожарот избувнал во 12:15 часот и за кратко време се проширил. Малку недостасуваше да биде зафатен и манастирот кој беше спасен откако голем број доброволци пристигнаа на лице место.

Пожарот сеуште е активен, а пристигнаа и два канадери авиони кои помагаат во гаснењето.

Жално е тоа што авионите наместо да полнат вода од вештачкото езеро во Прилеп тие летаат до подалечни места и се враќаат назад.

Водата во езерото деновиве беше одново испуштена за промена на испусниот вентил на браната. Граѓаните се гневни поради тоа што водата се испушти во период кога времето е сеуште жешко и има зачестена појава на пожари, а исто така сеуште е потребна вода за наводнување по полињата.

Денеска повторно реакциите на социјалните мрежи се гласни токму поради испуштеното вештачко езеро што оневозможува побрза интервенција во гасењето на пожарот.

(Видео) “Гардијан” ги избра најдобрите серии на 21 век

Шест критичари на англски Гардијан ги одбраа најдобрите серии на 21 век.

Како најдобри серии во овој век се одбрани “Сопранови”, па следат “Жица”, “Момците од Медисон”. Мега популарната “Игра на тронови” e на седмото место.

Ова се најдобрите 10 серии според “Гардијан”:

Трипуновски: Постои сомнеж дека Претседателот на Сојузот на тутунопроизводители, испумпал 300.000 евра

Додека земјоделците солзи ронат за денар повеќе за родот свој, лица од власта ги крадат нивните пари, рече Цветам Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ.

-СДСМ со доаѓањето на власт на чело на Сојузот на здруженија на тутунопроизводители постави лице блиско до Зоран Заев и Љупчо Николовски за кое постои сомнение дека испумпало скоро 300 илјади евра, пари наменети исклучиво за работење и плаќање на поверeниците кои што треба да го следат текот и откупот на тутун во Република Македонија. Целиот криминален случај започнува со назначувањето на Кире Неделковски за претседател на Сојузот, близок човек на Заев и Николовски. Неделковски се впушта во акција и во периодот додека е претседател на Сојузот испумпува повеќе од 17 милиони денари. Во врска со овој криминал, Иницијативен одбор на Здружението на тутунопроизводители испраќа известување до Зоран Заев, Љупчо Николовски, Стопанската комора на Република Македонија и Централниот регистар поткрепено со официјална документација којшто го докажува криминалот којшто го правел пријателот на Заев и Николовски, Кире Неделковски, но реакција од власта половина година нема. И покрај разрешувањето на Кире Неделковски илјадници тутунопрозиводители остануваат оштетени, а власта со прст не мрда, во насока на нивна помош и решавање на овој криминал. Зошто молчи власта? Зошто истрагата за овој случај се одолговлекува? Кој ќе ги обештети поверениците? Ова се прашања на коишто земјоделците очекуваат одговор. Ова е уште еден доказ дека Зоран Заев и луѓето околу него не работат за Македонија и нејзин развој, туку позициите ги користат за лично богатење. Го повикуваме ЈО во најбрз можен рок да го испита овој случај и да превземе конкретни мерки, како за санкционирање на криминалот, неговите нарачатели и покровители, така и на враќање на парите на сметка на Сојузот на тутунопрозиводители, истакна Трипуновски.

Трипуновски додаде дека секој еден кој на било кој начин ќе се обиде да ја забошоти истрагата треба да знае дека по враќање на правната држава санкции за секое кривично дело во Република Македонија ќе има.

(Видео) Младен фатил поскок, а сега го чува како домашен миленик

Младен Иличиќ од Груд наишол на поскок за време на неговата прошетка, па одлучил да го фати и да го однесе дома, пишува “Дневни Аваз”.

– Случајно го пронајдов ова шише, бидејќи несовесните граѓани ѓубре фрлаат каде ќе стигнат, па ја таив змијата и ја затворив во него, раскажува Иличиќ, кој потврди дека поскокот е сега негов домашен миленик.

– Змијата е кај мене и ја хранам со инсекти.