дома блог страница 3069

Фудбалот и бopбата против завиcнocтите спои Македонци и Грци во Бугарија

Екипите на ХОПС од Македонија и Кетеа од Грција со заедничка фотографија од фудбалскиот терен во Софија, покрај спортското натпреварување и соработката во борбата со завиcнocтите, промовираа пријателство и мултикултурно разбирање – пишува “Експрес.мк”.

Ова е легендата под несекојдневната фотографија од Националната фудбалска база „Бојана“ на Бугарската фудбалска федерација, каде што минатиов викенд се одржа шестото издание на турнирот наречен „6:0 за луѓето против зависностите“.

Покрај тимовите од Македонија и од Грција, настапија и екипи од Русија, Украина, Словачка и од домаќинот Бугарија.

Извор: “Експрес.мк”

СДСМ: Кога и да има избори ќе победиме

Се е лажно во ВМРО-ДПМНЕ дури и барањето за предвремени избори е класичен блеф, фарса, велат од СДСМ.

Кога и да има избори победник е СДСМ и напредната, прoгресивна опција што ја предводи. Тоа го потврдуваат и анкетите. Освен одбрана на криминалците и обнова на криминалниот режим ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски ништо друго не ги интересира.Тие и нивното деструктино однесување се најголемата штета за државата и нејзината иднина. Единствен криминален октопод е октоподот во белиот дворец контролиран од Будимпешта и криминалецот во бегство Никола Груевски. ВМРО – ДПМНЕ партијата на штанцање лажни вести, невистини и креирани сценарија продолжува во нивни добро познат стил. Иако, Христијан Мицкоски претходно го условуваше одржувањето на лидерската средба токму со темата за предвремени избори, на лидерската тој воопшто не го спомна прашањето за предвремени избори не беа ни спомнати. За разлика од ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ работи домаќински и одговорно исклучиво во интерес на граѓаните. Еден од клучните столбови на програмата „За живот во Македонија“, парите кај граѓаните е целосно исполнет на повеќе од две години од крајот на мандатот. СДСМ и Владата која ја предводи, посветено работи на зајакнување на капацитетите на правната држава, со новиот Закон за ЈО градиме независен и неселективен судски систем и обезбедуваме правда за сите. Република Северна Македонија е правна држава и секој што ги прекршил законите ќе одговора, додаваат од владејачката партија.

Грмеше “Бисер балкански” во автобусот на одбојкарите после првата историска победа (ВИДЕО)

Македонските одбокари направија историја, остварувајќи ја првата победа на Европските првенства. Нашиот квалитет дојде до израз во натпреварот со Белорусија, кој го добивме со 3-1, по сетови 23-25, 25-19, 28-26, 25-20.

Утре од 17.30 часот, Македонија ќе игра со домаќинот и фаворит Словенија, со отворени шанси за осминафинале.

Еве како прославија нашите најдобри одбојкари после првата историска победа:

Историски момент за македонскиот спорт: Одбојкарите стигнаа до првата победа на Европските првенства

Македонските одбокари направија историја, остварувајќи ја првата победа на Европските првенства. Нашиот квалитет дојде до израз во натпреварот со Белорусија, кој го добивме со 3-1, по сетови 23-25, 25-19, 28-26, 25-20.

Македонија веќе не е аутсајдер, случаен патник и принуден учесник на Европското првенство во одбојка, туку репрезентација која запиша победа и први тре бода во групата во Љубљана.

Скептиците имаа право да не веруваат и денеска, но само во првиот сет, во кој Белорусите диктираа, подолго водеа, на крај и го добија со 25-23. Сепак, селекторот Никола Матијашевиќ од клупата најде начин како да ги поврзе конците, а капитенот Никола Ѓорѓиев да ги повлече соиграчите на паркетот, за Македонија да го покаже најдоброто од себе.

Сите оние блесоци од претходните три порази се споија во еден меч и пресвртот почна во вториот сет. Таму бевме изедначени до 13-12, а потоа следуваше експлозија, серија од 7-0 за Македонија по што сетот беше лесен залак, со 25-19.

Третиот сет беше премрежјето кое мораше да се помине, Белорусите имаа сет-топка, дури и поен со кој судиите ги прогласија за победници, откако смечуваше Ѓорѓиев, но капитенот решително побара „челинџ“, по кој се виде дека судиската е погрешна, поенот беше за нас и делуваше како ветер во грб за конечни 28-26 за Македонија во тој сет.

Психологијата проработе во четвртиот, Македонија со самодоверба и со контрола на играта го држеше во свои раце и четвртиот сет, отворајќи го со 6-2, по што Белорусите немаа капацитет за враќање. Апсолутен играч на натпреварот беше капитенот Ѓорѓиев со неверојатни 37 поени, Љафтов додаде 15, Милев 11.

Со првата победа, Македонија освои први три бода и дојде до петтото место во групата, еден повеќе од шестопласираната Белорусија и идентично колку четвртата Турција. Финска има четири на третото место, напред се Словенија и Русија со по девет.

Утре од 17.30 часот, Македонија ќе игра со домаќинот и фаворит Словенија, со отворени шанси за осминафинале.

Златен медал за македонскиот велосипед што чисти воздух на Меѓународната изложба во Сеул

Пронајдокот на неколкумина македонски студенти, велосипед со тркало кое го чисти воздухот, освои златен медал на меѓународната изложба во јужнокрејскиот град Сеул.

– Пронајдокот „Филтер за воздух вграден во велосипедско тркало“ кој е остварен од страна на нашите студенти: Ина Крстевска, Филип Попоски, Марко Насески, Мартин Спасовски, Игор Џамбаски и Александар Јанковиќ освои златен медал на меѓународната изложба „KIWIE 2019“ одржана во Сеул, Јужна Кореја, објавија на Фејсбук од Машинскиот факултет во Скопје.

Честитки за македонските иноватори.

Твитер: “Бујар, ајде малку во Зајас да повежбаш демократија”

Вицепремиерот Бујар Османи, кој викендов во сопствена продукција „снимал филм“ за тоа на колку институции во Република Македонија немаат двојазични табли, доби бројни предлози од граѓаните на социјалните мрежи како да ја продолжи серијата.

Меѓу останатите е и предлогот објавен на Твитер:

– А да му се јави Бујар на градоначалникот на Зајас, Бесим Велиу, и да го праша зошто не го почитува законот за знамиња. И кога ќе го тргне огромното што се вее од туѓа држава?- пишува корисникот на Твитер.

Како што објавивме, Османи во саботата самоиницијативно шетал со автомобил низ Скопје, се јавувал на директори на државни институции кои се уште не ставиле двојазични табли (и на албански јазик). Сето тоа Османи го снимал и го објави видеото на својот профил на Фејсбук.

ШOK за Сугарески: Шпанска компанија бара 100 милиони евра пенали за раскинат договор за изградба на експресниот пат Градско-Прилеп

Шпанската компанија „Рубау конструксионес“, фирма изведувач на работите на експресниот пат Градско-Прилеп, најави дека изградбата на оваа делница нема да ја продолжуваа и дека се раскинати сите договори, пишува Република.

„Рубау Конструксионес“ преку адвокатската канцеларија “Hogan Lovells” бараат од државата да плати 100 милиони евра пенали за раскинатиот договор.

Од шпанската компанија „Рубау Конструксионес“, го обвинуваат директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Зоран Китанов дека поради тесни лични и партиски интереси го раскинал договорот со нив.

Според адвокатската канцеларија “Hogan Lovells” судскиот процес е веќе во арбитража, и се очекуваа да трае неколку години.

„Рубау“ беше ангажирана за изградба на 10 километри од планираните 33,5 километри експресен пат од Градско до Прилеп, а инвестицијата за првата фаза изнесуваше 31,8 милиони евра.

Еве како “блескаме” во Прилеп: Учениците учат од партал учебници (ФОТО)

Револтирани родители на ученици од Прилеп до нашата редакција испратија фотографии од учебниците кои на почетокот од школската година ги добиле нивните деца.

Од фотографиите се гледа дека учебниците се во катастрофална состојба, а родителите велат дека од нив не може да се учи.

Проектот со бесплатни учебниви во основните и средните училишта започна во 2008 година, а го воведе тогашната Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

Според тоа што ни го пренесуваат родителите, состојбата со учебниците е слична во речиси сите училишта и дека оваа година се немаат набавено нови.

Заев: Носиме подобар живот за граѓаните

-Скокот од 15,6% на извозот на стоки и услуги значи дека бизнисите произведуваат повеќе и ги пласираат нашите домашни македонски производи на странските пазари. Ова го напиша денеска премиерот Заев на Фејсбук.

– Владата го поддржува стопанството и економскиот раст, бидејќи тоа ќе значи повисок животен стандард и подобар живот за граѓаните, пишува Заев.

ВО KЛИHЧ СО ГРЦИТЕ: Панговски со маичка „Република Македонија“ во колосеумот во Рим

Македонскиот активист од САД, Гоце Панговски, објави на Твитер сопствена фотографија од колосеумот во Рим со маичка со натпис Република Македонија на англиски и потоа влезе во војна со аргументи пpoтив грчки твитерџии.

-Македонец во колосеумот во Рим #Macedonia #НикогашСеверна #Македонија #Macedonian #Македонци“, твитна Панговски и се соочи со канонада од реакции од Грци.

На нив тој одговори со низа објавени трудови, написи и карти пред да им порача на опонентите: „Не бидете убедени дека сте постигнале нешто со оваа мapионетска влада во Македонија. Таа нема да трае долго, ниту што било од тоа што потпиша или се обиде да направи“.