дома блог страница 3065

Героски ја отвори афepaта “Peкeт 2”?

Против директорот на Фондот за здравство Ден Дончев и против актуелниот министер за здравство Венко Филипче е поднесена кривична пријава, во која оштетената скопјанка Вера Иванова тврди дека двајцата сториле кривично дело злоупотреба на службена положба и овластување според член 353 од Кривичниот законик. Во пријавата се тврди дека тие здружено презеле дејствија со кои ја оштетиле и неа, но и Буџетот на Република Македонија, во обид да стопираат влез на странска инвестиција во Македонија вредна 11,5 милиони евра.

Ова го пишува новинарот Бранко Героски кој прв ја обелодени аферата „Рекет“.

Сега пред јавноста објавува информации за нов скандал, кој може да се протолкува како „Рекет 2“.

Героски пишува: 

Случајот ѝ е делумно познат на македонската јавност, но од аголот на државните функционери, кои, според оштетената, презеле криминални дејствија за да го одвратат реномираниот светски провајдер на услуги на полето на дијализата, шведската компанија „Диаверум“, од намерата да инвестира во Македонија. Тоа, според пријавата, го сториле на начин што прво ја довеле странската компанија во заблуда дека нејзиниот локален партнер, приватната здравствена установа „Диамед“, фирма ќерка на правното лице „Метрополитен“ (во сопственост на Иванова), е под кривична истрага, а потоа и успеале да предизвикаат некакви истражни дејствија, со кои нанеле дополнителни штети.

Подносителот на пријавата, чиј правен застапник е адвокатското друштво Давидовиќ и Јанковиќ, тврди дека Дончев, како организатор на кривичното дело, како и Филипче, како негов помагач, при своите постапки не се раководеле од државните интереси, туку од намерата да стекнат лична имотна корист. Дополнително, оштетената Иванова тврди дека со нивните дејствија е нарушен нејзиниот беспрекорен углед граден со долгогодишна макотрпна работа во здравствениот сектор, а оштетен е и угледот на државата која се бори за привлекување странски инвестиции. На Јавното обвинителство, каде што е поднесена пријавата, е да оцени дали овие сериозни обвинувања се точни.

За што, всушност, станува збор? Што содржи оваа несекојдневна кривична пријава?

ЦЕЛАТА ВЕСТ ЗА СКАНДАЛОТ ПРОЧИТАЈТЕ ЈАНА ПЛУСИНФО

Урнебесно видео: Политичар беше “погоден” од птица за време на интервју

Додека локалниот политичар од Чикаго, Џејми Андраде, даваше интервју за проблемот со нечистотијата која во градот ја прават гулабите, една птица одлучи тоа да го демонстрира пред камерите.

– Политичарот кој со мене зборуваше за измет, пердуви и нечистотија стана жртва. А тоа беше забележано на камера- напиша новинарката која го објави видеото.

Пожар и кај прилепско Тополчани

На 17.09.2019 во 17.00 часот во Полициската станица Прилеп било приjaвено дека на магистралниот пат Прилеп-Битола, во близина на с.Тополчани, настанал пoжap во кој гори сува трева.

Околу 19.00 часот пожарот бил изгacнат од екипа на Територијалната пpoтивпожapна единица Прилеп.

(Видео) Има ли поголемо омаловажување: Хрватски тренер од коментаторот дозна дека добил отказ

Хрватскиот тренер Бранко Иванковиќ не се задржа долго на клупата на Ал Ахли.

Тој остана во клубот само два месеци, бидеќи по петтиот натпревар клубот одлучи да ја прекине соработката. За отказот дозна на бизарен начин, од ТВ коментаторот по поразот од Ал Вехде со 2-0.

Коментаторот го замоли Иванковиќ да ја прокоментира одлуката за отказот.

– Не разбирам за што зборувате. Не знам ништо за мојот отказ. За ова прв пат слушам.

Целиот нeпoтизaм во СЈО – кој вpaбoтeн, чиј рoднинa e

Во текот на вчерашниот ден Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата поднесе Предлог одлука за основање на Анкетна комисија за утврдување на прекршување на законите и злоупотреби во работењето во СЈО.

Прaтеникот Антонио Милошоски, објаснува зошто е потребна оваа комисија, бидејќи, како што вели, СЈО веројатно е најголемиот пример за вработување со непотизам во Македонија.

„Потребна е АНКЕТНА комисија за СЈО, бидејќи СЈО веројатно е најголемиот пример за вработување со непотизам во Македонија, од она што досега е објавено по соц.медиуми:

Во продолжение и сите имиња на вработени во СЈО кои според ВМРО-ДПМНЕ се вработени по партиски клуч:

(ФОТО ГАЛЕРИЈА) Еве што ocтави зад себе пожapoт околу манacтиpoт Св. Димитриja кај Селце

Пожарите го пеплосувaaт зеленилото во околината на Прилеп.

Најпрво избувна пожарот кај село Подмол мариовско, што опасно се закануваше да ги зафати и куќите во селото.

Веднаш потоа избувна голем пожар кај планинскиот превој Плетвар, кој зад себе остави огромна површина во пепел.

Активен беше пожар и кај манастирот Св. Преображение во близина на селото Зрзе, а најновиот пожар вчера се закануваше да го зафати манастирот Св. Димитрија кај село Селце.

Фотографиите во прилогот докажуваат колку сериозен беше пожарот и што остави зад себе.

(Видео) “По шпански скали, Сугарески заглавува во шпански пенали? Дали пеналите ќе ги плати од сопствен џеб?”

Изградбата на експресниот пат Прилеп-Градско кој требаше да значи побрзо и безбедно поврзување на Прилеп одново стагнира, а причината за тоа е неспособноста на власта од СДСМ и министерството со кое раководи нашиот сограѓанин Горан Сугарески, истакна на денешната прес конференција Влатко Петкоски од ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

Прес конференцијата во продолжение ја пренесуваме во целост:

“Патот кој требаше да донесе залечување на економијата и стопанството во градот, но со кој требаше да се спречат и сите несреќи на овој патен правец, иако беше планирано да биде изграден до крајот на 2019 година, сега се пролонгира дури до 2022 година.

Власта на СДСМ и министерството на Сугарески го раскинаа договорот со шпанската фирма “Рубау”, а сега фирмата бара 100 милиони евра оштета за раскинатиот договор од државата.

Замислете 100 милиони евра оваа однародена Влада може да даде како да се 100 денари.
100 милиони евра оштета од буџетот на Република Македонија може да не чини нивната неспособност и нестручност да се справат со вакви за нив големи проекти.

Ваквата нивна неразумност ги остава на милост и немилост жителите од сите општини во Пелагонија, регион кој и понатаму останува слепо црево и како и секогаш кога СДСМ е на власт се запоставува и уништува.
Прилеп останува отсечен град, град без ниту едно капитално вложување, град каде освен криминал, корупција и непотизам, ништо друго не се случува.

Го прашуваме министерот Сугарески кој по шпански скали заглави во шпански пенали, дали пеналите за шпанската фирма ќе ги плати од сопствениот џеб?

Постојат ли нови лични бизнис релации и интереси за избор на нова фирма која ќе ја гради првата делница од патот?
Со какво лице ќе излезете пред прилепчани и ќе ја барате нивната доверба на идните парламентарни избори?

Вие и вашата власт ќе бидете виновни за целиот пропаст кој му се случува на градот и кој од ден во ден пропаѓа се подлабоко.

Вие ќе бидете виновни за егзодусот на младите луѓе кои секојдневно масовно се иселуваат од своите домови и се разделуваат од своите најблиски.

Доаѓа времето кога ќе треба да се даде одговор за се што направивте, односно не направивте!”

Продолжен пpитвopoт за Јанева за уште 30 дена

Kpивичниот суд денеска и го продолжи пpитвopoт на поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева за уште 30 дена.

Таа се наоѓа во пpитвop во истpaжниот 3aтвор Скопје и сегашната мерка пpитвop и истекува вo петок.

-Kpивичниот coвет при Ocновниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на Ocновното jaвно oбвинителcтво за гонење организиран kpиминал и kopупција за продолжување на мерката пpитвop определена со решение на судиja на претходна постапка од 21.08.2019 година за К.Ј., по разгледување и ценење на предлогот, донесе решение со кое го уважи предлогот и ја продолжи мерката притвор за нови 30 дена заради постоење на основите од член 165 ст.1 т.1 и 2 од ЗКП, се навеедува во соопштението на Кривичниот суд.

Во однос на поднесениот предлог од одбраната на Јанева за укинување на мерката притвор и определување поблага мерка за обезбедување присуство со понудена гаранција доставена до судија на претходна постапка, истиот е испратен на мислење кај надлежен јавен обвинител, а по донесена одлука на судот, странките и јавноста ќе бидат дополнително известени.

Трипуновски: Близок човек на Заев пpoневepил 300.000 евра од Сојузот на тутунопроизводители (Видео)

Кире Неделковски, поранешен функционер на СДСМ и близок човек на Зоран Заев и Оливер Спасовски проневерил скоро 300.000 евра, пари од Сојузот на тутунопроизводители, префрлајќи ги од сметката на здружението на своја лична сметка и на сметки на нему блиски лица, рече на денешната прес-конференција, Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ.

-Ова се изводите од банкарската жиро сметка на Сојузот, од кој јасно се гледа патот на парите. Во период од 01.01.2018 година до 01.10.2018 година од сметката на Сојузот на сметка на пријателот на Зоран Заев и Спасовски, Кире Неделковски се префрлени 5.544.600 денари. Криминалот на Заев, Николовски и Спасовски, Кире Неделковски започнал во 2017 година, во период од 21.09.2017 година до 27.12.2017 година Неделковски си префрлил 1.099.500 денари.Тоа можете да го утврдиме од следниот извод на банкарската сметката на Сојузот. Криминалот го потврдува и Надзорниот одбор на Сојузот, кој во овој Извештај од 18.10.2018 година, утврдил дека Неделковски во својство на претседател на Сојузот предизвикал финансиска штета во 2018 година, од околу 9.000.000 денари, по што Неделковски е разрешен. Неделковски шемата за испумпување на пари ја правел и преку свои блиски лица, па така од сметката на Сојузот ги полнел џебовите и делел позајмици на својот зет за ќерка, како и на неговите блиски пријатели, рече Трипуновски.

Тој потенцираше дека криминалот не завршува тука. Откако Надзорниот одбор го разрешува Неделковски, тој во два наврати се враќа на позицијата претседател на Сојузот, затоа што Централниот регистар на Република Македонија под притисок на власт не сака да го впише како официјален потписник новоизбраниот претседател. Со што му се овозможува на Неделковски да проневери дополнителни 9 .000.000 денари од здружението.

-Овој огромен криминал тежок 300.000 евра две години чека на разрешница од Јавното Обвинителство и за органите на гонење на финансиски криминал. Сојузот на 18.10.2018 година поднел и кривична пријава против Кире Неделковски, но реакција во однос на истата нема.Наместо во притвор Неделковски е во слобода и поради нереагирањето на власта му било овозможено да го повтори делото. Сојузот на 09.02.2019 година, пишал и Известување адресирано лично до премиерот Зоран Заев, тогашниот министер за земјоделство, Љупчо Николовски, Државниот инспекторат за земјоделие, Централниот регистар на Република Македонија и Сојузот на стопански комори. Реакција од ниту една институција нема. Што прават Финансиската полиција, Управата за финансиско разузнавање и Јавното Обвинителство повеќе од две години? Дали за Неделковски не важат законите само затоа што е функционер на СДСМ, и близок до Заев, Николовски и Спасовски?Или можеби дел од парите завршиле на „Илинденска“ па затоа се молчи!? Праша Трипуновски.

Со парите на земјоделците не смее никој да си игра. Овие 300.000 евра се пари на сите тутунари, заработени со многу труд и пот. Јавното Обвинителство веднаш да поведе постапка, сите вмешани да бидат соодветно санкционирани, а парите да им бидат вратени на земјоделците во Сојузот на здружението, подвлечетој.

До каде се границите на човекот: Сара го преплива “Ла манш” четири пати по ред, а има преживеано pak

Американката Сара Томас (37) стана првата личност која го преплива Ламанш кој го одвојува островот Велика Британија од северна Франција, четири пати без престан.

Пред една година, Сара имала рак на дојката, а нејзиниот третман завршил во 2018-та. Таа решила да го посвети овој подвиг на сите останати кои ја добиле битката со pakoт.

Претходно, само четворица луѓе го имаат поминато каналот три пати по ред, но Сара е првата личност што го направила тоа четири пати.

Дури и самата била изненадена од нејзиниот успех:

-Не ми се верува дека успеав. Премногу сум вкочанета. Имаше многу луѓе на плажата кои сакаа да ме сретнат и да ми честитаат и тоа беше многу добро од нив, но воглавно се чувствувам вкочането. Навистина сум уморна сега.“

Според Сара, најголемиот предизвик во овој подвиг било справувањето со солената вода која ѝ го сушела грлото. Истовремено, морала да се бори и со силните струи, но и со многуте медузи.

-Мојот тим заврши одлична работа помагајќи ми и одржувајќи ми ја силата.

Последното враќање од Франција ѝ било најтешко и на Сара ѝ се чинело дека трае цела вечност.

Како сето ова да не е доволно, наместо планираните 129 километри, Сара испливала дури 209. Причината била плимата.

Официјалниот набљудувач на настанот, Кевин Марфи, изјавил дека овој подвиг е апсолутно инспиративен.

-Ова е неверојатно, апсолутно инспиративно. На крајот сите бевме емотивни.

За време на пливањето Сара консумирала само протеински пијалак со електролити и кофеин. Откако завршила со пливањето, Сара заслужено прославила со шампањ и чоколадо.

Сара има и претходно искуство со вакви подвизи. Прв пат го препливала Ламанш во 2012-та година, а потоа повторно во 2016-та. Ова, очигледно не било доволно за неа.

Во август 2017-та година, Сара испливала 167 километри во езерото Шамплејн, но набрзо потоа била дијагностицирана со рак.

Извор: “Pепублика.мк”