дома блог страница 3064

Банкнотите стануваат „северни“: Ќе се печатат нови 10 и 500 денарки

Банкнотите стануваат „северни“. Народната Банка склучи договори за набавка на нови 10 и 500 денарки. Дизајнот останува ист, единствената промена е додавањето на новото име на државата – пренесува “Алфа ТВ”

Потребно е да се заменат буквите НБРМ со НБРСМ и текстот Народна Банка на Република Македонија со текст Народна Банка на Република Северна Македонија секаде каде што се појавуваат – стои во склучените договори.

За набавка на 20 милиони парчиња во апоен од 10 денари Народната Банка ќе плати 971 илјади евра, а за 15 милиони парчиња од 500 денари ќе плати 587 илјади евра. Банкнотите ќе се печатат во Обединетото Кралство односно во Франција.

Парите ќе се заменуваат постепено, односно со повлекувањето на оштетените парчиња. Целиот процес треба да трае повеќе години, а евентуално негово забрзување може да се очекува со отворањето на соодветното поглавје од преговорите со Европската Унија како што е предвидено со Преспанскиот договор.

Засега е неизвесно дали денарите ќе станат и двојазични. Се уште се чека мислењето на Венецијанската комисија која треба да каже дали е во согласност со Уставот парите освен на Македонски да бидат испишани и на Албански јазик.

Видео прилогот погледнете го ТУКА

Октопод оставен пред Влада, на главата му пишува „Заев“ (ФОТО)

Голем октопод утрово е оставен пред Владата.

На него е напишано презимето на премиерот, Заев.

Граѓаните со ова порачуваат дека бараат расчистување на случаите како „Рекет“ и разврзување на целото клопче.

Со овој “октопод“, каде што токму на главата е напишано Заев, граѓаните испраќаат важна порака.

Петир: Погледнете што најдов во моите кутии од Брисел, тоа е љубов што нема крај! (ФОТО)

Доскорешната хрватска европратеничка и голем пријател на Македонија, Маријана Петир, денеска на Твитер објави фотографија и текст за Македонија за која пишува со љубов.

– Видете што најдов во моите кутии од Брисел. Тоа е љубов што нема крај! Македонија, љубов, пријателство, твитна Петир.

Таа беше основач на Групата пријатели на Македонија во Европарламентот, каде се залагаше против промената на името на Република Македонија.

Но, по доаѓањето на власт на СДСМ и Зоран Заев, Петир беше сменета од водечката улога на Групата пријатели на Македонија.

По 146 години, Македонија остана без меѓународна железничка линија!

По 146 години Македонија денеска остана без меѓународна железничка линија. Редовната линија Белград – Скопје – Солун од денес се укинува.

Наместо железнички да се поврземе со соседните земји, патниците во Македонија веќе нема да имаат можност да патуваат на релацијата Белград – Скопје – Солун со воз. Неивестирањето во овој сектор е една од причините за прекин на единствената меѓународна линија.

Како што е веќе објавено железничките претпријатија тонат во долгови. Рекордер по неплатени сметки од сите државни институции е Македонски железници Транспорт. Според листата што ја изготвува Министерството за финансии, објавена во февруари, Транспорт има неплатени сметки од 45 милиони евра, а во наредните две години за плаќање ќе сигнат уште 12 милиони. Железницата и должи пари на државата, должи и за струја, нафта, резервни делови. Половина од долгот е кон странство. Неплатени и натрупани сметки кон желенизиците во Бугарија, Хрватска, и секаде каде што македонските возови поминуваат и се задржуваат подолго од превиденото.

Од ВМРО-ДПМНЕ реагираа за укинувањето на линијата, велејќи дека Македонија стана железнички изолирана земја.

– По 146 години од воведувањето на железничкиот сообраќај во Македонија, од денес нашата земја остана без единствената редовна меѓународна линија Белград – Скопје – Солун. На 9 април 1873 година, првиот воз влечен од парна локомотива пристигнал во железничката станица во Велес и тогаш почнало поврзувањето на Македонија со остатокот од светот, поврзувањето со железница своевремено претставувало највисоко техничко и технолошко достигнување. Но од тогаш до денес, наместо да станеме држава со технолошки развиена и усовршена железница, ние станавме железнички изолирана земја. Денес 19.09.2019, после 146 години укинат е единствениот меѓународен патнички воз кој сообраќаше на релација Белград-Скопје-Солун и обратно. – стои во соопштението на Комисијата за инфраструктура, урбанизам и транспорт на ВМРО-ДПМНЕ.

Тие додаваат дека во услови кога Владата на Р. Македонија секојдневно промовира европски вредности и се повеќе не убедува дека сме на чекор до влез во ЕУ, дозволува да се укине единствениот патнички воз кој не поврзува со Европа. Според нив, освен меѓународните се укинуваат и домашните линии.

– Еве помина повеќе од 1 година како “времено“ е укинат и единствениот брз воз кој сообраќаше на релација Скопје-Битола и обратно. Тоа беше популарниот воз “Пелагонија“ кој најмногу го користеа патниците од Пелагонискиот дел на Македонија. – велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Инаку во сите развиени земји железницата е основата на јавниот превоз. Кај нас состојбата е обратна. Бројот на патници постојано опаѓа. Во 1992 година со македонските возови патувале над 1 800 илјади патници, сега тој број е за три пати помал.

Сонцето од Кутлеш синоќа блесна и на “Алијанц арена” (ФОТО)

Синоќа беше комплетирано првото коло од групната фаза во Лигата на шампиони.

На “Алијанц Арена” во Минхен, Баерн ја дочека Црвена Ѕвезда, а германскиот шампион стигна до убедлива победа од 3:0.

И како и секогаш кога игра Баерн, на трибините има по некој наш иселеник кој го гледа натпреварот.

Така беше и синоќа на “Алијанц Арената”, кога Македонец го развиори знамето со сонцето од Кутлеш, а за тоа собра еден куп пофалби по социјалните мрежи.

НЕ СЕ CPAMИ ОД РАБОТА: Ѓоковиќ ги засука ракавите и откопуваше компири, па си ја наполни вреќата за дома

Светски познатиот тенисер Новак Ѓоковиќ на својот Фејсбук профил сподели фотографии кои изненади многумина фанови ширум светот.

Имено тие не ни можат да замислат дека тенисерот би се нашол на нива и би работел со земјоделие, иако тој тоа го обожува и е горд што потекнува од таква земја.

Имено тој сподели фотографии од една нива во местото Брзеќ каде собирал компири заедно со жителите.

https://m.facebook.com/djokovicofficial/posts/2611213782264790

(Видео) Патник го снимил полетувањето за време на зајдисонце во Охрид- од оваа глетка на езерото ќе останете воодушевени

На Јутјуб каналот се појави видео од полетување на авион од охридскиот аеродром во Македонија.

Прекрасната глетка која ја снимил овој патник остави многумина без зборови.

Станува збор за полетување на авион за време на септемвриско зајдисонце во Охрид каде се забележува охридското езеро веднаш по полетувањето.

Глетката ја збогатува портокаловата боја на езерото во кое се слеваат последните зраци од сонцето.

ОСТАВКА!!! “Директорка од ДУИ расфрлала народни пари. Просветарите и пензионерите мизеруваат”

Пратеникот на ВМРО ДПМНЕ, Антонијо Милошоски, побара оставка од Сермине Пурини, директорката на КИЦ.

” Директорката на КИЦ, Сермине Пурини од ДУИ лесно троши буџетски пари, од Министерството за Култура и Град Скопје, па така за манифестацијата „Звуци на чаршијата” ќе исплати хонорари од 11.000 евра без ДДВ за убавата Елвана, пејачка од Албанија, за само 45 минути настап.
4.000 евра, без ДДВ, за Дафи Зеќири; Љум Бериша – 2.500 евра без ДДВ; Или Лимани – 2.500 евра, без ДДВ.
Вкупно 20.000 евра без ДДВ!!!
А би било многу подобро доколку има приоритет во трошењето на парите на граѓаните, на пример малку средства за некое играорно друштво, малку средства за инструменти на 5-6 сиромашни талентирани музичари, малку средства за тоалетите во училиштето „7ми Март” во Чаир и малку средства за една мешовита македонско-албанска група на млади музичари кои ќе ја развеселат чаршијата многу повеќе за само 1/10 од она што Елвана ќе го стави во џебот за 45 минути!
Почитувана Директорке, ваков луксуз можеби ѝ личи на Шведска, но во Македонија за ваков луксуз може да си размислите и за оставка!, напиша Милошоски на Фејсбук.

Не очекува драстична промена на времето

Времето денеска променливо облачно и значително посвежо со повремени врнежи од дожд и локална појава на грмежи. Ќе дува умерен, а вдолж Повардарието засилен ветер од северен правец. Т-мин. од 8 до 15 а т-макс. од 20 до 28 степени.

Во петок времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец.

Потоа во следните денови времето ќе биде стабилно со ниски утрински температури, кои на места ќе се спуштат и до нула степени.

Бебе има веќе 17 месеци, а никој не знае кој пол е- ќе дознае кога ќе има 21 година

Пред повеќе од една година Хобит Хамфри(38) и Џејк Ингланд (35) од Англија станале родители.

Меѓутоа она што е несекојдневно е нивнаа одлука да не кажат кој пол е бебето, дали е момче или девојче, се додека тоа не наполни 21 година.

Му дале унисекс име Ануш, а од сите бараат да му се обраќаат на детето со „Тоа“.

За време на гостување во ББЦ велат дека само тие му ги менуваат пелените на бебето, па дури и најблиските не знаат кој пол е бебето, освен бабата и дедото.

-Со оваа одлука сакаме да се осигураме дека луѓето нема спрема нашето дете да се одесуваат поинаку само поради полот на кој припаѓа, Кога ќе порасне само ќе одлучи кој пол е. Не сакаме на бебето да му наметнуваме било што, само ќе бира.

Тие уште во бременоста го криеле полот на бебето.

Бебето го облекуваат и во женски и машки бои, а како што велат дека бебето засега развива интерес за различни нешта, не само за кукли или само за колички и топки.