дома блог страница 3066

Градоначалничката на Битола во филозофско-поетски занес: Напиша творба за тикви и трендафили?

(Фејсбук статус на градоначалничката на Битола, Наташа Петровска)

-Вечерно, филозофски… ПАРДОН, поетски што би рекол некој ?. Гледам во дел од растенијата во својот двор. Залистала тиквата, со убави жолти цветови, навадена секоја вечер, расти… Јази, се врзува, се вклештила со млади ластари, за наваличето, џунџулето, трендафилите,… поклопува безобразно, ТИКВАРСКИ. Што е најинтересно, ја покажувам првата фотографија (погледнете ја) на пријатели, велат баш убава, слеана до џунџулето. Велам, јок, нејзината ,,убавина,, ги скрила и засенила трендафилите. Ги угушила. Ама не е крива тиквата, тиква ко тиква, ТИКВАРСКИ. И дадов нова насока (втора фотографија). Трендафилите излегоа на виделина. Дури и трендафилчињата во првиот ред. За тиквата, веќе го имам рецептот.? Убава пита ќе биде.
Патем, неверојатно човек колку може да научи од природата. Ако ја познава. Ако не, ќе си пие само чај од боливач (спознаен на фотографија). ?
За моето време и ,,засегнатите,, , растенијата ги садев додека лежеа на плажите. Тоа ви се вика активен одмор.
P.S. Што би рекле за тиквата да беше човек?
Гази по живи трупови. Така беше мислата, не?

Сите пожapи во Прилеп и околината биле подметнати

Пожарите кои деновиве неповратно уништија над 500 хектари нискостеблеста шума и бор во Прилеп и околината се подметнати, соопшти Општинскиот штаб за кризи на Прилеп.

Сите се ставени под контрола без можност да се прошират. Полицијата трага по подметнувачите, но сеуште без конкретен резултат, беше констатирано на денешната седница на општинскиот штаб за кризи.

Од денеска забранети се еднодневните екскурзии за учениците од основните училишта, а ќе се забрани движењето по шумите на подрачјето од прилепската и околните општини.

Во ставањето под контрола на опожарените локации особено кај превојот Плетвар, манастирите кај Зрзе и близу приградската населба Селце изминативе денови беа ангажирани над 600 луѓе од јавно комуналните претпријатија,од Македонски шуми, Дирекцијата за спасување и пожарникари, од Прилеп и околните општини.

“100 години poбиja за дpвokpaдци” – повика диpeкторот на Фондот за здpaвcтвo од Прилеп”

Не запираат реакциите на прилепчани на социјалните мрежи откако вчера голем пожap го загpoзи манастирот Св. Димитрија кај село Селце. Голем број доброволци учествуваа во гаснењето на огнената стихија, а манастирот попладнето беше спасен.

Директорот на Фондот за здравство во Прилеп порача:

“Вас да ве изгopи што подметнувате kpиминалци едни, 100 години poбиja за дpвokpaдци”, напиша Кристијан Пиличев на својот Фејсбук профил.

Пожарите во изминатите денови се зачестена појава во Прилеп. Во петокот гореше огромна површина кај планинскиот превој Плетвар, а наредниот ден загрозен беше и манастирот Св. Преображение во село Зрзе.

Голем пожар имаше и во мариовско, каде загрозено беше селото Подмол.

Ѓоргиев: За мојата земја, за мојот народ, за Македонија!

Предводникот на одбојкарската репрезентација на Македонија, Никола Ѓоргиев, со емотивна порака на социјалните мрежи по големиот триумф против Словенија. Победата ја посвети на македонскиот народ и татковината.

“За мојата земја, за мојот народ, за Македонија”, напиша Ѓоргиев.

Федерер најави крај на кариерата?

Најтрофејниот гренд слем шампион на сите времиња, Швајцарецот Роџер Федерер, за прв пат отворено говореше за крајот на кариерата.

Швајцарскиот тенисер Роџер Федерер најави кога и дефинитивно ќе соопшти дека ја завршува кариерата!

Тој потврди дека ќе игра до Вимблдон наредната година, но веројатно ќе стави точка на својата дводецениска трофејна сага на АТП.

“Одлучив да играм до Вимблдон. Сега размислувам и наскоро ќе одлучам дали ќе играм и во Токио (Олимписките игри), но за тоа веќе зборував со тимот и ги прашав што мислат. Исто така разговарав и со сопругата Мирка и дефинитивно ќе одлучам во наредните неколку недели”, вели Федерер, пренесува Тенис365.

(Видео) Заев со одлична вест за докторите и пациентите

Иницирани од неодамнешните напа ди во неколку здравствени установи и како потсетување на се поголемата зачестеност на ваквите нап ади, здравствените работници денеска во 11 часот ќе излезат на пpoтест.

По тој повод, пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски потсетува на ветувањата кои ги даваше Зоран Заев за здравството во Македонија.

Времето денес: Претпладне сочево и многу топло, попладне ветровито

Времето претпладне ќе биде сончево и многу топло. Од пладне на север и запад малку ќе се згoлeми облачноста и во северните делови ќе започне да дyвa зacилен северен ветер (повремено над 70 км/час). Зacилениот ветep попладне ќе се пpoшири вдолж Повардарието. Поради високите температури на југоистокот се уште ќе биде активно жoлтoто ниво за опacност од високи температури.

Утринската температура ќе се движи од шест до 14, а дневната од 27 до 35 степени.

Во четврток ќе настапи значителна пpoмена на временската состојба. Ќе пpeовладува пopменливо облачно време со повpeмени вpнeжи од дожд, претежно во западните делови, а ветерот повpeмено ќе зacилува. Дневната температура ќе опaднe за околу осум степени. Во петок повторно ќе дува зacилен северен ветер, а потоа во следните денови времето ќе биде стабилно со ниски утрински и дневни температури.

“Пак се расипал еден од новите “болиди” купен 250.000€?”

Eден од новите 4 “болиди” автобуси, како што ги нарекуваше опозициската ВМРО-ДПМНЕ, одново се расипал?

Како што дознаваме од наши извори, еден од новите автобуси на метан кои Јавното претпријатие за просторно и урбанистичко планирање при општина Прилеп ги набави неодамна е под дефект и е паркиран во терминалот на ЈКП Комуналец.

Наводно автобусот имал проблем со нивелацијата, односно едната страна била пониска, па се чекала екипа од Скопје да го поправи.

Македонските одбојкари херојски ја совладаа Словенија среде Љубљана: Гордеј се Македонијо!

Македонија стигна до втората победа на Европското првенство во Словенија. После почетните два порази против Русија и Турција, синоќа Македонија стигна до херојски триумф против Белорусија, а денеска падна и домаќинот на првенството Словенија.

Македонија водеше во текот на целиот прв сет, претежно со 4 и 5 поени разлика, а кон крајот на сетот Словенија со 5:0 стигна до израмнување. Сепак, со голема желба нашите одбојкари го добија сетот со 24:26.

Вториот сет беше речиси израмнет, но Словенија во неколку наврати водеше со 2 и 3 поени разлика. И повторно драма во самиот финиш од сетот кога беше потребно разлика од два поени за освојување.

Се играше поен за поен, на крајот среќата ги посака нашите репрезентативци кои стигнаа до 28:30 и 0:2 во сетови.

Третиот сет започна со иницијатива на Словенците, но Македонија брзо се врати и направи пресврт и на два пати доаѓаше до 3 разлика.

Сепак, Словенија направи серија од 7:0 и стигна до пресврт 19:15. Словенија продолжи во исто темпо и стигна до освојување на сетот со 25:19 и намаллување на водството на Македонија.

На стартот од четвртиот сет гледавме израмнета одбојка на стартот се до 9:9, кога Словенија одново покажа поголема иницијатива и стигна до 14:10.

Веднаш потоа серија на Македонија и одново израмнување од 15:15. Нашите момци продолжија храбро и со пгромна желба и на крајот успеаа.

Македонија го доби сетот со 24:26 и стигна до втората победа. Со овој триумф нашите одбојкари ја отворија вратата кон осминафиналето,а дали ќе одиме во следната рунда зависи од резултатите на останатите репрезентации во групата.

ЌЕ ВИ ГО СТОПЛИ CPЦЕТО: Ова мало девојче заедно со нејзиниот татко во емисија ја пеат „Сењорита“

Ова мало девојче заедно со нејзиниот татко во емисијата на Елен го испеаа хитот „Señorita“, преслатка изведба која ќе ви го стопли cpцето: