(Видео) “По шпански скали, Сугарески заглавува во шпански пенали? Дали пеналите ќе ги плати од сопствен џеб?”

Изградбата на експресниот пат Прилеп-Градско кој требаше да значи побрзо и безбедно поврзување на Прилеп одново стагнира, а причината за тоа е неспособноста на власта од СДСМ и министерството со кое раководи нашиот сограѓанин Горан Сугарески, истакна на денешната прес конференција Влатко Петкоски од ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

Прес конференцијата во продолжение ја пренесуваме во целост:

“Патот кој требаше да донесе залечување на економијата и стопанството во градот, но со кој требаше да се спречат и сите несреќи на овој патен правец, иако беше планирано да биде изграден до крајот на 2019 година, сега се пролонгира дури до 2022 година.

Власта на СДСМ и министерството на Сугарески го раскинаа договорот со шпанската фирма “Рубау”, а сега фирмата бара 100 милиони евра оштета за раскинатиот договор од државата.

Замислете 100 милиони евра оваа однародена Влада може да даде како да се 100 денари.
100 милиони евра оштета од буџетот на Република Македонија може да не чини нивната неспособност и нестручност да се справат со вакви за нив големи проекти.

Ваквата нивна неразумност ги остава на милост и немилост жителите од сите општини во Пелагонија, регион кој и понатаму останува слепо црево и како и секогаш кога СДСМ е на власт се запоставува и уништува.
Прилеп останува отсечен град, град без ниту едно капитално вложување, град каде освен криминал, корупција и непотизам, ништо друго не се случува.

Го прашуваме министерот Сугарески кој по шпански скали заглави во шпански пенали, дали пеналите за шпанската фирма ќе ги плати од сопствениот џеб?

Постојат ли нови лични бизнис релации и интереси за избор на нова фирма која ќе ја гради првата делница од патот?
Со какво лице ќе излезете пред прилепчани и ќе ја барате нивната доверба на идните парламентарни избори?

Вие и вашата власт ќе бидете виновни за целиот пропаст кој му се случува на градот и кој од ден во ден пропаѓа се подлабоко.

Вие ќе бидете виновни за егзодусот на младите луѓе кои секојдневно масовно се иселуваат од своите домови и се разделуваат од своите најблиски.

Доаѓа времето кога ќе треба да се даде одговор за се што направивте, односно не направивте!”




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.