дома блог страница 3058

3aтpyпани возила, pacпукани ѕидови: Вака изгледаше Драч по зeмjoтpecoт (ФОТО)

Жителите на Драч сеуште се во паниka после вчерашниот земjoтpec кој се случи околу 16 часот. Некои од нив се плашeле да влезат во нивните домови по двата потpecи кои се случија во период од десетина минути.

Сликите говорат за силината на потpecoт од 5.6 степени по Рихтер. Pacпукани ѕидови во становите и куќите како и cpушени автомобили од урнатините.

3eмjoтpecoт го пpeкина фудбалскиот натпревар во Тирана (ВИДЕО)

3eмjoтpecoт ги исплаши луѓето низ цела Албанија, предизвика и голема штети, меѓу кои и на стадионот „Селман Стермаси“, кој денеска беше домаќин на 5-тото коло во домашната лига помеѓу Партизан и Билис.

После 3 минути игра натпреварот беше запрен откако судијата сигнализираше, а исплашените навивачи брзаа да излезат надвор од стадионот.

Инаку, натпреварот заврши со нерешено 1:1.

Цели 50 години прилепчанец свири на кавал: Инструментот го прошетал насекаде, а вели дека ќе свири додека мрда и дише

Митре Ушкоски е пензионер. Ја тера 66-та година. Бидејќи умее да свири кавал, член е на оркестарот на КУД ,,Пенка Котеска,,. Инструментот е поредок покрај, гајдата, тапанот, кемането, зурлата… Ама нему му е ,,легнат на душата,, половина век.

Некогашниот градежник потекнува од најодалеченото село во Мариово, Врбско. Селото веќе е испустено. Нема жив човек. Не постои, освен трошните камени куќи кои повеќе се дувло на змии и гуштери. Некогашните огништа се жртви на забот на времето, троскотот… Сé живо заминало низ земјава и странство, оти немало пристапен пат. Единствени посетители сега се ловџиите и риболовците, кои успеваат да ја совладаат дивината со теренски возила.

-Селото е покрај Црна Река. Тоа е мојата родна грутка. Имаше ,,смиква,, превозно средство преку реката. Тој што немаше страв и што беше смел, можеше со рацете да се турка на ,,смиквата,, и да ја премине реката до другиот брег, од другата страна на Мариово, кај што сега е напуштеното село Гуѓаково – вели кавалџијата, потсетувајќи се на детството и младоста.

Инструментот го ,,рашетал,, насекаде.

-Кавалот од мал ми беше голем мерак. Како козар или говедар, покрај Црна Река, сам правев свирчиња од бозел и кавалчиња од врба и свирев. Самоук кавалџија сум. Сум направил десетици. И сум купил. Треба да се погоди дрвото. Мајсторот да е умешен, да го направи да дава милозвучна мелодија. Тука има полно марифети, како што има да се свири и да се ,,влезе,, во хармонија со другите инструменти во оркестарот. Каде не сум свирел со кавалот. Секаде каде што гостувало друштвото, па и на свадби, веселби… Важно е да знаеш да ги следиш првите инструменти гајдата, тапанот, или пак зависно од мелодијата, мојот кавал – кажува Ушкоски.

И кога се отселил од мариово во Прилеп да работи градежен работник не ја заборавил вештината на дувањето и менувањето на прстите на дупките на кавалот кој дава милозвучна мелодија. Покрај свирката, создал мала домашна колекција од неколку инструменти кавали, кои го потестуваат на различни момент и настани. Во збирката има и српски шупелки.

-Свирам народни песни со богат, раскошен, фолклор. Не сум пробал забавно во група со модерниве. Кавалот ми го отвора срцето. Едноставниот инструментот не е лесно да се совлада. Затоа се изучува на факултетите за музика. Се трудам да бидам добар. Со оркестарот свирам повеќе од 10 години. Еднаш неделно вежбаме со пејачката група ,,Пенка Котеска,,,. Со нив бев и во Словенија на Фестивалот. Свирев и во Израел додека се одморав по работното време – вели Ушкоски.

Вели дека неговиот кавал нема да го фати пајажина во некој долап дома, туку ќе го дува, ќе ,,се милува,, со кадифените акорди, додека мрда и дише.

Извор: “Неделник ЗЕНИТ”

Кампања во Албанија: „Горе главата-изјасни се дека си Македонец“

Според македонските друштва во Албанија живеат од 120.000 до 150.000 Македонци.

Кампања во Албанија: „Горе главата-изјасни се дека си Македонец“
Како дел од зацртаните активности за зачувување на македонскиот национален идентитет, македонското друштво „Илинден“ – Тирана започна медиумска кампања за подигање на свеста кај Македоците во Албанија да се изјаснат тоа што се.

Кампањата е под мотото „Горе главата – изјасни се дека си Македонец“. Сакаме да ја подигнеме свеста кај Македоците да се изјаснат она што единствено се, Македонци. Не има насекаде низ Албанија. Главно сме концентирани во областите Мала Преспа, Гора, Голо Брдо, но со по неколку десетина илјади не има и во Тирана, Елбасан, Драч, Корча и во други градови, вели Никола Ѓурѓај, претседател на друштвото.

Тој посочува дека албанските власти признаваат постоење на македонско малцинство само на Македонците во Мала Преспа.

Но, и тие доколку решат да живеат надвор од Преспа го губат тоа право. И покрај барањата во континуитет по падот на тоталитарниот режим, се уште на Македонците не им се признава статус на малцинство на целата територија на Албанија. Но, без оглед на тоа многу меѓу Македонците чувствуваат и страв и не се изјаснуваат она што се. Буквално се плашат да кажат дека се Македонци, за да не бидат санкционирани, посебно оние кои работат или добиваат некаква социјална помош, додава Ѓурѓај.

Кампањата е на три јазици, македонски, албански и англиски јазик, додава тој и нагласува дека освен во електронското издание на весникот „Илинден“ ќе биде и на други медиуми во Албанија.

Освен што ги повикуваме да се изјаснат слободно тоа што се, нагласува Ѓурѓај, ќе работиме и на зачувувањето на нашиот идентитетот, културата, традициите, историјата и обичаите.

Инаку, според македонските друштва во Албанија живеат од 120.000 до 150.000 Македонци.

Кој сака ваков дрес? Го носат македонски спортисти во Австралија (ФОТО)

Хармони Купот во рагби се одржува секој февруари во Мелбурн, а македонската екипа е редовен учесник на натпреварувањето.

Во 2020 година повторно ќе се одржи, а нашинците повторно го пријавиле своето учество.

Погледнете само какви дресови носат, ќе посакате веднаш еден таков:

Победа ита кон ТРЕТА лига: Европо чекај не…

Победа попладнево го забележа четвртиот пораз во Втората лига-Исток, откако на стадионот во Кочани, црвено-белите со минимални 1:0 беа поразени од Осогово.

Осогово кој е новајлија во Втората лига со овој триумф ги доби и првите бодови, а Победа го забележа третиот последователен пораз.

Осогово и во претходните два дуели со прилепчани беше поуспешен, откако триумфираше со 1:0 во фудбалскиот Куп и 6:0 во пријателски натпревар.

Во наредното коло Победа ќе ја пречека екипата на Питу Гули од Крушево.

Роналдо маскиран правеше финти на плоштадот во Торино, но потоа Италјанците го открија и… (ВИДЕО)

Како и пред четири години во Мадрид, португалската фудбалска ѕвезда Кристијано Роналдо, пред неколку денови се реши да го „почести“ граѓаните на Торино со своите фудбалско шоу.

На плоштадот „Пјаца Кастело“, првата ѕвезда на „Старата дама“ се маскираше да биде лесно заприметен и со топката правеше чуда пред насобраниот народ. Но кога беше препознаен, немаше друго решение побегна и мораше да го заврши своето шоу.

ГАЛЕРИЈА: “Судбината на двојазичните табли во Неготино, Кавадарци и Прилеп”

Двојазичните табли кои во текот на вчерашниот ден беа поставени на Фондовите за пензиско и инвалидско осигурување во Кавадарци, Неготино и Прилеп, почнаа почека да ги снемува.

Во Кавадарци не издржала ниту 2 часа, а во Неготино целосно исчезнала за 24 часа.

Не се знае дали ќе издржи и во Прилеп.

(Видео) Очи во очи со анakoнда: Нуркач имаше опacна средба која ќе ја помни цел живот

Бартоломео Бове го сними својот другар заедно со анакондата која што очигледно се заинтересира за камерата.

Инаку, анакондите спаѓаат меѓу најголемите змиии можат да бидат долги дури девет метри.

Оваа, како што тврдат нуркачите, била „само“ седум метри.

Македонец ќе го предводи светскиот шампион во фудбал?

Македонецот Влатко Андоновски е најсериозниот кандидат за селектор на фудбалската репрезентација на САД во конкуренција на жени која во јули стана светски првак – објави “Експрес.мк”.

Некогашниот играч на ФК Вардар кој потоа играл мал фудбал во сала според американски медиуми се наоѓа меѓу тројцата најсериозни кандидати за шеф на женскиот американски фудбалски тим кој како светски првак ќе атакува и на титулата олимписки шампион.

По заминувањето на селекторката Џил Елис, 42 годишниот Андоновски заедно со Лора Харви од тимот на “Кралевите од Јута” и Ерика Данбах од Пенсилванија Универзитетот е главен кандидат да ја добие една од најважните позиции во американскиот фудбал.

Целиот текст прочитајте го ТУКА