дома блог страница 3059

Cтамбена згpaда во Драч пoдeлeнa на два дeлa од cилниoт зeмjoтpec (ФОТО)

Ова се пocледиците од cилниот зeмjoтpec во Драч. Како што можете да забележите на самата фотографија, стамбената зграда е поделена на два дела.

3eмjoтpecoт беше со jaчина од 5,8 степени според Рихтер и е нajcилниот земjoтpec што ја погодил Албанија до сега.

Дека земјотресот беше толку силен, сведочи и фактот што истиот беше почуствуван и во Македонија.

Додека не добив деца, мислев дека моите родители не сакаат овошје, месо, чоколадо: Цел Балкан зборува за твитот на познатиот кошаркар

Поранешниот кошаркар на Црвена Звезда, Партизан, Војводина и некои европски клубови- Милан Дозет, е навистина активен на социјалните мрежи.

Овој пар напиша Твит за родителството:

– Додека не добив деца, мислев дека моите родители не сакаат јагоди, цреши, најдобрите делови од месото, чоколадо. Дека немаат вкус кога си купуваат евтини патики. И тоа беше лекција.

Boнpeдна вecт: Cилeн земjoтpec во Албанија ја стpece и цела Македонија

Силен земjoтрec во водите на Јадранското море, односно 34 kилометри западно од Тирана, се почувствува предмалку и во цела Македонија.

Според emsc.eu 3емjoтрecот се случил на 41.37 N ; 19.42 E, а магнитудата изнесува 5.8 степени.

Кој бе тоа ќе спроведе во Радовиш, во Струмица и Прилеп двојазичност, глупости невидени – зборуваше Заев (Видео)

Фондот за пензиско и инвалидско осигрување во Неготино, Прилеп и Кавадарци доби нова табла. Покрај она „Северна“, новиот напис на институцијата го краси и превод на албански јазик. Ова се случува во градови каде бројот на жители од албанска националност искажан во процент е 0,01 отсто!

Неготино

Ништо поразлична не е ситуацијата во Прилеп и Кавадарци.

Своевремено, лидерот на СДСМ и претседател на Владата, Зоран Заев, се чудеше кој тоа ќе спроведе двојазичност на територија на цела Македонија.

-Кој бе тоа ќе спроведе во Радовиш, во Струмица, во Прилеп во Кавадарци двојазичност. Глупости невидени до каде забегаа, зборуваше Заев.

Грк до пратеник на СДСМ: Зошто Северна, немате ни трошка достоинство?

Грчки член на Европската Слободна Алијанса, Јоргос Пападакис со коментар на употребата на зборот Северна од страна на македонските политичари при неформална комуникација.

Пападакис реагира на напис на пратеникот и потпретседател на СДСМ Мухамед Зекири кој во напад врз лидерот на опозицијата Мицкоски и кандидатката за претседател професорката Гордана Силјановска без никаква потреба го користи насилно наметнатиот збор во уставното име.

“Морате баш да кажете Република Северна Македонија, нели? Ќе ве казнат ако не го сторите то? Ниту трошка достоинство немате, жално”, пишува Пападакис кој долги години го следи прашањето за името.

За разлика од функционерите на СДСМ и ДУИ кои инсистираат во секоја пригода дури и приватно да го споменат за најголем број граѓани омрзнатиот збор, во Грција ретко кој политичар го користи името според Преспанскиот договор.

За нив Македонија се уште е ФИРОМ а ние сме фиромци, Скопјани или славомакедонци.

Извор: Експрес.мк

Eдинcтвeнaтa жeлбa на Тијана е да има што да jaде: Пoтpecната cyдбина на девojчето кое нема ниту kyла ниту jaкна

Марија Дојчиновиќ и нејзината 5 годишна ќерка Тијана Рамани од селото Горна Козница кај Сурдулица, се гладни како никој, а секој нов ден им носи нова неизвесност, дали ќе успеат некако да го преживеат.

Тијана има само една желба, а тоа е да има што да јаде, бидејќи нејзината самохрана и болна мајка не е во можност да и обезбеди храна.

Нивниот двор се разликува од сите дворови на останатите домаќинства во ова планинско село. Мала градина со пиперка и компири, грмушки наместо ограда, довлечени гранки за греење и мала патека која води до куќата им се целиот свет.

Во само неколку квадрати со постојана опасност дека плафонот ќе им се сруши на главите, оваа мајка и ќерка ги поминуваат овие денови. Стариот шпорет, еден стар креденец, фотеља и двосед, масичка и земјен под. Тоа е се, нема телевизор, ниту друг апарат за домаќинство. Се е половно и отфрлено од семејствата кои имале повеќе среќа во животот. Од едниот до другиот крај на собата имаат закачена жица со алишта на која висат јоргани, ќебиња и детска гардероба.

„Ние две сме сами, немаме никој. Таткото на Тијана не напушти, детето скоро и не го познава. Ни јас немам никој, татко ми го немам запознаено, мајка ми, баба ми и дедо ми се починати, па така сме сами. Опстојуваме благодарение на комшиите и луѓето, единствениот приход ни е детскиот додаток и социјалната помош. Имам и долг за струја од 60.000 деинари и стравував да не ни ја прекинат. Струјата ја користиме само за светло, една сијалица и тоа е тоа“ – вели Марија за Телеграф.

Иако летово е оперирана, Марија од блиските шуми носи гранки за греење, за да има со што да го потпалува огинот. Ги сече сама со рачна секира.

Малата Тијана секогаш оди со мајка си, бидејќи нема другари, нема деца за да си игра со нив. Никогаш нема кукла.

„Најмногу сакам месо, кога има, а кога одиме во Сурдулица, мајка ми ми купува сладолед. Сакам и чоколадо. Би сакала да имам дома и пилешки џигер, тоа сакам да го јадам“ – раскажува девојчето.

Тијана нема ниту чизми за зимото, а ни јакна. Оди во искинати кломпи и раскажува дека едвај чека да замине на училиште.

„Тијана нема боенки, сликовници, боички, бидејќи 3.500 динари од детскиот додаток и 9.5000 динари од социјалната помош морам да ги чувам за храна, но никако да го поминеме месецот. Завршив средно техничко училиште, работев како келнерка, сега сум без работа“ – додава оваа измачена мајка.

Извор: “Курир”

“Дали ова мовче ќе биде реконструирано за 250.000 евра?” (ФОТО)

Едно од мовчињата (ако воопшто може да се нарече така) на Дабничка река која поминува покрај најелитната населба во Прилеп, е во катастрофална и небезбедна состојба.

Читател до нашата редакција испрати фотографии со прашање: “Дали ова мовче ќе биде реконструирано за 250.000 евра?”

Ваквата реакција кај граѓаните следува откако општината започна со реконструкција на мостот на Градска река, на улицата “Трајко Николоски”.

За реконструкција на овој мост општина Прилеп ќе потроши високи 500.000 евра.

Осогово-Победа дерби на дното во Втората лига – Исток

Попладнево со почеток од 15:30 часот на стадионот во Кочани, ќе се сретнат екипите на Осогово и Победа, “дерби” натпревар на дното од Втората лига – Исток.

После катастрофата која минатата недела ја доживеа на домашен терен против Плачковица, каде загуби со 2:5, Победа има нова шанса за поправен.

Екипана на Осогово која е новајлија во вториот фудбалски ранг стартуваше со четири порази и е без освоен бод.

Од друга страна Победа има само еден триумф и три порази на своето конто.

Црвено-белите во Кочани одат по 3 бода, но Осогово ги доби претходните два натпревари со прилепчани, 1:0 во фудбалскиот Куп и дури 6:0 во пријателскиот дуел неодамна.

(Урнебесно видео) Украинскиот претседател го насмеа цел свет, за оваа “комуникација“ зборуваат сите

Украинскиот претседател Володомир Зеленски го насмеа цел свет.

Тој е познат по својот хумор, но, сега внесе нова димензија.

Неговата смешна идеја навистина успеа да ги забавува сите.

Имено, ја соедини групата комичари за да ги забавува гостите на Конференцијата „ДА“.

Тоа што се случи, не може да се раскаже. Мора да го погледнете ова урнебесно видео:

TEШKA COOБPAЌAJKA BO ПPИЛЕП: Ce cyдpиле Југо и моторцикл

На 20.09.2019 околу 19:00 часот на крстосница од улиците „Марксова“ и „Тризла“ во Прилеп се случила cooбpaќajна незгода помеѓу патничко возило „Југо“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Ж.Н.(29) од Прилеп и мотоцикл „Трува“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од 16-годишен малoлeтник од Прилеп.

Во нe3годата со тешки тeлecни повpeди се здобил мотоциклистот и бил пpeнeceн во бoлницaтa во Прилеп каде му била укажана леkapcka помош.

Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициckaта cтаница Прилеп.