дома блог страница 3057

“Црна се чума зададе там долу Македонија”

Најтажната македонска песна стана вистинска реалност во државава. Ние сме катадневни очевидци на страшната слика во жална Македонија – преполни автобуси и авиони со млади луѓе заминуваат во еден правец по „белиот свет“. Секојдневната реалност остава пустош во земјава како навистина овде да завладеала „црна чума“ и сите бегаат да се спасат од неа: се празнат градови, се празнат селата – Македонија се празни како никогаш до сега! Сè повеќе и повеќе разочарани луѓе со безнадежни размислувања заминуваат од земјава со следните изговори: Не бива држава од ова, немам сигурност овде повеќе, се чувствувам како граѓанин од втор ред во сопствената држава, ништо не функционира, децата сакам да ми растат во нормална средина или пак: глупостиве во државава не се трпат повеќе, ваков хаос никогаш не било, едно кажуваат друго прават…се коментари кои ги слушаш на секој чекор. Луѓето веќе не се плашат да го искажат своето болно чувство, а тоа го прават дури и оние кои биле најверни поддржувачи и верувале во лагите на оваа власт! Не треба човек да ангажира анкетни куќи, анкетата е секојдневна во било кој дел од државава. Луѓето се крајно разочарани и нема ден да не ги слушнеш следниве одговори: чекам бугарски пасош, ја чекам работната виза или деновиве сум повикан на разговор во амбасада, се вратив на кратко да средам документи за фамилијта… Ова, за жал, го кажува секој трет, да не речам секој втор човек.

Одиш дома и со неверување се прашуваш – што се случи во државата, каква се „ЦРНА ЧУМА ЗАДАДЕ“ и ги натера луѓево вака да размислуваат и масовно да заминуваат од државава во последниве две-три години?! Не дека претходно немало иселувања од Македонија, но ваков бран кој преминува во застрашувачки рамки не се памети! Гледавме како луѓето бегаа од Авганистан Сирија, Ирак… бегаа од војни и пустош, а овде луѓето бегаат од неспособно-корумпираната власт!

Но, гледајќи ги провладините медиуми ќе доживеете дијаметрално извитоперена спротивна слика од реалноста! Секојдневни убедувања од страна на власта како во Македонија се живее приближно, па во некои сегменти, дури и подобро од Швајцарија или некоја скандинавска земја, стандардот расне како никогаш до сега, економијата цвета, инвестиции на секој чекор, правна држава за пример, образованието и здравството на европско ниво, капитални инвестиции на сите страни, пензионерите се радуваат на високите пензии, земјоделците на субвенциите, иновации на секој чекор во државава (најиновативна држава), во ЕУ само што не нè примиле, сите се воодушевени од нас, пример сме за сите!!! Конечно со оваа власт почнуваме да дишеме чист воздух, државава ни е чиста како Ботаничка градина, УНЕСКО нè фали, безбедноста на највисоко ниво…или на кратко, Ваква убајна немало никаде! Оваа влада нè прави да живееме како во бајка, да се чувствуваме како Алиса во земјата на чудата! Со оваа влада ни тргна и белиот спорт-тенисот, а и како да не ни тргне кога „Рекет“ имаме на секој чекор. И ако со оваа влада живееме така што секој може да ни позавиди, едноставно не можеш да сфатиш зошто тогаш луѓево се толку разочарани и си заминуваат од државата? Зарем „блескавото“ ги заслепило, па не гледаат колку убавини им се случуваат? Навистина да не можиш да го сфатиш народецов, а имаме власт-шампион на Балканот!

Или кога ќе размислиш, од една страна збунет и разочаран народ, а од друга страна една прекрасна блескава влада која успеа да ги блесне во земјава дури и канализационите шахти! Признале или не, ова го нема ни во Швајцарија!!!

Бремето кое го остави оваа „блескава влада“ ќе биде огромно за идните генерации и идната влада на ВМРО-ДПМНЕ во секој поглед, а еден од суштинските предизвици и приоритети во новата програма на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде враќање и задржување на народот и младите луѓе во државата – ПРИОРИТЕТ БР 1!!!… затоа што… Држава без народ, не бива држава!

Извор: РЕПУБЛИКА.МК

(Видео) Не сте виделе поромантично запросување: На дното на Охридското езеро кажа „ДА“

Нуркачкиот тим „Акватек“ објави видео во кое момче на оригинален, несекојдневен начин одлучил да ја запроси својата девојка.

Тој убаво смилил се, пред да побара од девојката да отидат на нуркање, го ставил прстенот на дното на Охридското езеро во сандаче.

Александар и Матеја се спуштиле на дното од езерото и почнале да нуркаат, кога стигнале до сандачето Александар го отвара, го вади прстенот и со мимики ја прашува дали сака да се ожени со него.

Целото видео погледнете го во продолжение.

Вардар преку Порто до втората победа во Лигата на шампионите

Ракометарите на Вардар ја остварија и втората победа во новата сезона на елитната Лига на шампиони.

Актуелниот европски првак Вардар во првиот меч на домашен терен годинава во Лигата на шампионите го победи португалскиот првак Порто со 32-27.

По лошото прво полувреме во кое на Порто му дозволија да замине со предност од два гола (14-16), во вториот дел на сцена стапи силната одбрана на Вардар. Таквата игра и брзата реализација во нападот за само 14-минути направи серија од 13-4, па во 44-тата Вардар имаше високи 7 голови предност (27-20).

Тоа беше повеќе од доволно, мечот да се приведе кон посакуваниот крај односно триумф со конечни 32-27.

По седум голови за Вардар постигнаа Кристопанс и Чипиќ, а по пет придодадоа Дибиров и Шишкарев.

Во следното коло, следната недела, Вардар гостува кај Мотор Запорожје, додека веќе во вторник црвено-црните ги очекува натпревар во СЕХА конкуренцијата во која веќе во вторник го пречекуваат хрватскиот Нексе.

Еурофарм Работник утре во Битола ќе игра против Металопласика, а мечот ќе започне од 20:45 часот.

Ѓорѓиевски: Да ангажираш 1000 полицajци, да го кренеш цело МВР на нозе, а да нема ниту еден притвopeн е тотално ФИJACКО

Не, воопшто не сте во договор со нapkoдилериве. Едни жестоки реакции денеска и вчера за големава акција и масовните апceња , па, па, па… Се потресоа од Грчец до Арачиново, коментира членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски.

Неговиот Фејсбук статус ви го пренесуваме во продолжение:

Навистина, зошто би им правеле проблеми на дилepите да не го фатат последново сонце. Некако им се погоди за кафе и за да заработат уште некој денар. Тоа што ќе заведат и загpoзат уште деца по улиците , баш ви е гајле. Важно да има дел од профитот и за вас.

Може пропуштивме нешто ама не е баш дека видовме некое апceње во „големава“ akција ! Може пропуштивме нешто ама не слушнавме дека некој завршил во притвop заради дpoга ! Може е до нас ама некако и не прочитавме колку нapkoтици сте заплениле.

Малку чудничко, градовиве полни со дpoга, дилepиве се пресметуваат меѓу себе по улици и ноќни клубови, а вие си молчите. Или можеби ја штитите пресумпцијата на невиност па затоа не кажувате кого сте привеле ? Туку ѓаволот ја однел шегата.
Да ангажираш илјада полицajци, да го кренеш цело МВР на нозе , а да нема ниту еден притвopeн е тотално ФИЈАСКО. Во нормални земји, каде што има одговорна власт, за ваква kaтастрофа следува одговорност. Почнувајќи од Министерот, преку Директорот на БЈБ па се до началниците.

Така би било во нормална земја каде постои вистинска борба со kpиминалот, а не коалиција со нapkoбандите. Вас мува не ве лази дали акцијата Ви е пробиена од внатре или цело време сте хранети со погрешни информации. Битно си правите циркузи на државен трошок за да ги лажете и граѓаните и нашите меѓународни партнери дека преземате нешто против трговијата со нapkотици.

Еден куп соработници ви се на платен список на нapkoмафиjaта. Ги зборат дека не можат да постигнат со кафиња по цел ден , бидејќи дилepиве кои ги канат се намножија како печурки после дожд. Нормално, бидејќи се чувствуваат заштитени. Професионалците ги елиминиравте, а МВР бруе дека началникот на НТШ изел ќотek од дилepиве заедно со уште неколку колеги. Пустиот, не смеел ниту да пријави, според она што се зборува низ МВР ! Ама добар, Ви е. Ем во роднинска врска со ваша функционерка, ем се надевате дека ќе подзаврши работа со подземјето за избори.

Ете затоа криете. Не сакате јавноста да знае што правите. Затоа и нема споредби во однос на реализациите. Последните податоци објавени на официјалната страница ви се од 2017 година. Впрочем што ќе спроведувате. Сте фатиле половина тон kokаин или десетици килограми xepоин ?

Ма јок. Само знаете дека народот тоа го гледа и времето ви поминува, а одговорност ќе има.

(Фото) Голема причина за славење, принова во семејството на шеф Никола – убавата вест ја објави на Фејсбук

Познатиот готвач Никола Мишковски, кој на македонската јавност ѝ е познат како шеф Никола кулинарската емисија „Брза кујна“ стана татко, а убавата вест тој ја соопшти на социјалните мрежи.

„Се роди нашата ПРИНЦЕЗА !!

Фала ти љубов моја најголема Стефанија“, напиша тој на Фејсбук.

Кога и кој го проектирал “Паркот на револуцијата во Прилеп”, а еве и што значат скулптурите во паркот

Паркот на револуцијата со Алејата на народните херои и со Могилата на непобедените е грандиозното дело, во чиј уметнички дел се вложил славниот архитект Богдан Богдановиќ.

Покрај криптата на могилата со моштите на стотици паднати прилепски борци, алејата со бистите на десетте прилепски народни херои и седумте фигури во антички стил од бел мермер, од кои едната е поголема и го симболизира непокорот на градот и храброста на шесте скултури да го урне и победи далеку помоќниот непријател, авторот на паркот на револуцијата на главниот влез проектирал и две скулптури на работник – пролетер.

Десната статуа се поставила при почетокот на уредувањето и требало да се постави и левата. Но, од непознати причини левата фигура не стасала во Прилеп. Со времето локалните функционери и преживеаните борци ја сметнале и веќе поставената фигура.

Инаку, Богдановиќ напиша дека не сака да создаде мегаломански високи кули за симболизирање на слободата, жртвите и победата, туку да ја воздигне народно ослободителната борба со импресивна имагинација во мермер и со антички елементи, несвојствени за социјалистичкиот период.

Како и да е, паркот на револуцијата денес блеска во ново модерно издание. Градските власти темелно го преуредија просторот и го претворија во атрактивна локација.

Збогатен е со нови содржини и архитектонски решенија. Станува попривлечен не само за прилепчани, туку и други намерници, кои се поклонуваат на останките од борците, кои положуваат цвеќе на бистите на хероите, кои ги плакнат очите во зеленилото и водите на фонтаните, кои се одмораат по сенките и шеткаат по уредените патеки или уживаат во глетката на рајската градина со птици или пак рекреираат на спортските терени. Слично како некогаш кога паркот бил собиралиште на младите, кои биле авангарда на градот.

Извор: “ЗЕНИТ”

Како да направите професионално белеење на забите во само една сеанса?

Процесот на белење на забите претставува осветлување на природната боја на забите, па токму затоа денес белењето на забите е тренд. Белата боја на забите естетски многу влијае на убавата насмевка и секогаш асоцира на здрави заби, Водород пероксид (H 2 O 2 ) е активна состојка која најчесто се користи во производите за белење и агенсот се испорачува како водород пероксид или карбамид пероксид. За да може белењето на забите да биде успешно, треба професионално и правилно да се дијагностицира видот, интензитетот и локализацијата за промена на бојата на забите.

Посакуваната белина на забите зависи од времето на изложеност и концентрацијата на избелувачкиот агенс. За таа намена најправилно е да се користат специјални клучеви за боја со кои се мери и одредува бојата на забите пред и по белењето. Овие нијанси ја одредуваат ефективноста на постапката за белење, која може да варира по градација од две до седум нијанси. Резултатите од белењето се квалитетни само со правилен протокол на постапката без притоа да се прескокнуваат фазите на работа. Ефектите може да траат повеќе месеци, но постои опција да варираат во зависност од начинот и темпото на животот на пациентот. Конзумирањето на храна која ги пигментира забите или пак пијалоци кои имаат силна боја може да ја загрозат ефективноста на третманот. Тука влегуваат храна и пијалоци кои содржат танини како што се: густо кафе, темен чај, црвенo винo, кари итн.

Во процедурите за белење по протокол се користи ефикасен заштитен слој кој се нанесува на гингивата (непцата) за да се намали ризикот од хемиски изгореници на меките ткива.

Агенсот за белење е карбамид пероксид, кој се распаѓа во устата за да се формира водород пероксид, или самиот водород пероксид. Гелот за белење обично содржи помеѓу 10% и 44% карбамид пероксид, што е приближно еднакво на концентрација од 3% до 16% водороден пероксид.

Денеска е Свети Јоаким и Ана

Денешниот празник е органски поврзан со празникот од претходниот ден, со празникот на раѓањето на Богородица.

Како и по сите поголеми празници, и по овој празник се празнува споменот на непосредните учесници во настанот што ја сочинува содржината на вчерашниот празник.

Тоа е споменот на светите Јоаким и Ана. Таткото на Јоаким се викаше Варпафир и беше родум од Јудиното племе, а потомок на царот Давид, а Ана беше ќерка на свештеникот Матан, од Левиевото колено.

Тие ја добија ќерка си Марија на стари години, после 50 години брак и по нивните долги и топли молитви. Инаку, самите доживеаја длабока старост свети Јоаким се упокои на 80, а света Ана на 79 години.

(Фото) Сите на улица: Жителите на Драч ноќта ја поминаа надвор, поради стpaв од нов зeмjoтpec

На фудбалскиот стадион во Драч, во парковите, пред железничката, во центарот на грaдот и уште на неколку други точки граѓанитите на Драч од страв од нов земjoтpec ноќта ќе ја поминат под отворено небо.

Кај фудбалскиот стадион насобраните граѓани со нивните семејства, каде што има и многу деца бараат да се уклучат светлата и да преноќат таму.

УХМР најавува промена на времето – временска прогноза за наредната недела

Времето денеска ќе биде претежно сончево со слаб до умерен јужен ветер.

Утринската температура ќе се движи од минус еден до девет, а дневната од 18 до 26 степени.

Во понеделник попладне и во вторник времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд и локална појава на грмежи. Услови за локален дожд ќе има и во четврток.