Победа ита кон ТРЕТА лига: Европо чекај не…

Победа попладнево го забележа четвртиот пораз во Втората лига-Исток, откако на стадионот во Кочани, црвено-белите со минимални 1:0 беа поразени од Осогово.

Осогово кој е новајлија во Втората лига со овој триумф ги доби и првите бодови, а Победа го забележа третиот последователен пораз.

Осогово и во претходните два дуели со прилепчани беше поуспешен, откако триумфираше со 1:0 во фудбалскиот Куп и 6:0 во пријателски натпревар.

Во наредното коло Победа ќе ја пречека екипата на Питу Гули од Крушево.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.