Вардар преку Порто до втората победа во Лигата на шампионите

Ракометарите на Вардар ја остварија и втората победа во новата сезона на елитната Лига на шампиони.

Актуелниот европски првак Вардар во првиот меч на домашен терен годинава во Лигата на шампионите го победи португалскиот првак Порто со 32-27.

По лошото прво полувреме во кое на Порто му дозволија да замине со предност од два гола (14-16), во вториот дел на сцена стапи силната одбрана на Вардар. Таквата игра и брзата реализација во нападот за само 14-минути направи серија од 13-4, па во 44-тата Вардар имаше високи 7 голови предност (27-20).

Тоа беше повеќе од доволно, мечот да се приведе кон посакуваниот крај односно триумф со конечни 32-27.

По седум голови за Вардар постигнаа Кристопанс и Чипиќ, а по пет придодадоа Дибиров и Шишкарев.

Во следното коло, следната недела, Вардар гостува кај Мотор Запорожје, додека веќе во вторник црвено-црните ги очекува натпревар во СЕХА конкуренцијата во која веќе во вторник го пречекуваат хрватскиот Нексе.

Еурофарм Работник утре во Битола ќе игра против Металопласика, а мечот ќе започне од 20:45 часот.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.