дома блог страница 3056

Падна нова седумка на Лото: Еве каде ќе се трошат 200.000 евра

Во 44-то коло од играта на среќа Лото7, чие извлекување беше во сабота, се падна седумка вредна 11.966.712 денари (речиси 200.000 евра).

Според податоците, ливчето со извлечените броеви 5, 6,19, 26, 27, 31 и 34 е уплатено во Кичево.

Ова е втора седумка од почетокот на приредување на играта Лото 7, пред пет месеци, по рекордната седумка што вредеше близу 500.000 евра (29.293.930 денари).

Во историјата на Лото игрите приредувани од Државна лотарија, ова е 23-та седумка и прва во Кичево.

Рycки peцепт за облога која oтcтpaнува бoлkи – ставете на бoлнoтo мecто и мaкaтa ќе иcчeзнe

Облога која се користи само еднаш, а утрината ја фрлате. Ќе почувствувате олеснување на болните места и подобра подвижност на болните зглобови.

Руски писател Генадиј Петровиќ Малахов, во својата книга Прирачник за самолекување забележал и еден многу благотворен рецепт за облога за лекување на болки во коските и зглобовите. Рецептот за облогата е едноставен и повеќето состојки сигурно ги имате и дома.

Мед, брашно, јаболков оцет и вотка или ракија измешајте во еднакви мерки, зависно од количината која сакате да ја добиете. Од состојката замесете тесто, По потреба додавајте брашно за смесата да биде хомогена.

Тестото обликувајте го во погачи и ставете го на болното место. Преку него ставете целофан или прицврстете со памучна ткаенина и оставете преку ноќ.

Облогата се користи само еднаш и се фрла, а веднаш се чувствува подобрување.

Утре во Прилеп ќе се одржи гала оперски концерт

ГАЛА ОПЕРСКИ КОНЦЕРТ ќе се одржи на 24.09.2019/вторник/ во 20.00 часот во големата сала од ЦК„Марко Цепенков“.

Концертот е во рамките на програмата поддржана од Министерството за култура, а на него ќе настапат солисти од Националната опера и балет.

Пијано придружба: ЕЛЕНА СИЉАНОСКА

П р о г р а м а:

Тополчани од стадион доби стрниште, еве каков беше, а каков е сега стадионот (Фото галерија)

Стадионот во населеното место Тополчани во прилепско кој во 2010 година беше изграден со поддршка на Агенцијата за млади и спорт, денеска е претворен во стрниште.

Некогаш убавиот спортски објект на кој тренираше фудбалската екипа и младите од ова поголемо населено место, е целосно руиниран и запустен.

Жителите од селото ни испратија фотографии како изгледаше тогаш, а како изгледа денеска овој стадион.

3eмjoтpecoт во Албанија cpyши половина рид (ВИДЕО)

На социјалните мрежи сеуште се појавуваат нови видеа и фотографии кои сведочат за стpaшниот земjoтpec кој во саботата ја погоди Албанија.

Најновото видео го објави “Репорт ТВ”, а на истото се гледа како од потpecoт се ypива огpoмна кapпа, односно рид во приморскиот град Каваја.

Погледнете:

Денеска променливо облачно време, а утре подгответе се за пороен дожд, грмежи и засилен ветер

Променливо облачно време со сончеви периоди ќе преовладува денеска во државава.

Попладне и кон крајот на денот ќе има повремени локални врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат проследени со ретки грмежи. Минималната температура ќе се движи од 5 до 13 степени, а максималната од 22 до 29 степени.

Во Скопје, променливо облачно со повремен локален дожд попладне. Утринската температура ќе се спушти до 11, а дневната ќе достигне до 25 степени.

Во текот на оваа работна недела времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Повеќе врнежи ќе има утре, кога на места ќе биде и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Цепeлинoт на Вapдap кој ги cpyши нaдeжите на Пopтугалците: Со ваква машинepиja pacполага само Евpoпcкиот шaмпиoн (Видео)

Европскиот првак Вардар го потврди „брејкот“ во Монпелје и со победата и над Порто од 32:27 во првиот натпревар дома сезонава во Лигата на шампионите во ракомет е осамен на врвот во групата Б.

Гостите од Португалија беа разбиени на почетокот од второто полувреме во салата „Јане Сандански“, откако првото го добија со 16:14, а водеа и со максимални 15:11.

Целосниот пресврт дојде по последното израмнување од ривалот на 19:19 во 35. минута, за десет минути подоцна македонскиот шампион да „избега“ на 28:21 и потоа без проблем да ја реализира предноста.

„Црвено-црните“, практично, му вратија со иста мерка на Порто, кој во првиот дел од контранапади и од уфрлања на 6 метри немилосрдно ги казнуваше грешките на домаќинот, кој во десетминутната фурија ја наполни противничката мрежа со лесни погодоци на празен гол поради инсистирањето на противникот да игра 7:6 во нападот.

Творец на пресвртот беше голманот Кугис, кој запиша десет одбрани, а во нападот се издвоија Чупиќ со 7/8 и Криштопанс со 7/12, кои ги следеа Шишкарев со 5/5 и Дибиров со 5/8.

По две одиграни кола Вардар води во групата со 4 бода, пред Кил со 3, а во следната рунда на 29 септември од 17 часот ќе му гостува на Мотор Запорожје.

За крај го издвојуваме најубавиот момент од натпреварот во 12-та минута од второто полувреме, кога Криштопанс, Чупиќ и Скубе го направија цепелинот за водство од 25:20.

ВИДЕО: “Gol.mk”

Прилепчанката со нова песна и видео спот: Eлена блеска во “Зоро моја румена” (ФОТО)

За крајот на летото, а почетокот на есента Елена Велевска реши својата публика да ја израдува со нова песна и нов видео спот.

Песната е авторско дело на двоецот Дејан Момировски и Борче Нечовски, а за видеото го ангажираше еден од најдобрите режисери од соседна Бугарија.

Оние кои ја слушнале песната велат дека ова е позитивно изненадување и песна која е различна од се’ она кое што сме го слушнале од нејзе.

“Направив куса пауза кога е мојата авторска музика во прашање, бев во потрага по песна која е квалитетна, поинаква и песна која ќе се слуша. “Зоро моја румена„ е песна која мене ми се допадна на прво слушање и се надевам дека на ист начин ќе и се допадне на публиката. Видео спотот за песната се реализираше на локации во соседна Бугарија, зад режисерската палка задолжен беше еден од најдобрите режисери”, вели Елена.

Промоцијата на спотот би требала да се случи за недела дена, а вие следете ја Елена на социјалните мрежи како би биле информирани.

Еве кои 5 професии земаат најмногу плата во Македонија: Најплатените добиваат по 60.000 денари месечно

Државниот завод за статистика ги објави најновите податоци за просечната месечна исплатена нетоплата по вработен која во јули, 2019 година изнесувала 25.104 денари. Статистиката открива дека во некои сектори просекот на платите е двојно поголем отколку оној на државно ниво.

На ранг-листата на пет највисоки просечни плати по вработен во јули се најдоа секторите: компјутерско програмирање, консултантски и сродни дејности (59.907 денари), воздухопловен транспорт (51.052 денари), дејности на изнајмување и давање под закуп – лизинг (50.576 денари), производство на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати (44.845 денари) и финансиско-услужните дејности, освен осигурување и пензиски фондови (42.476 денари).

Се сеќавате ли на Ѓулсерен од „Парампарче“: Целосно го промени својот изглед и денеска изгледа вака (ФОТО)

Погледнете како убавата турска актерка Нургул Јешилчај, која ја гледавме како Ѓулсерен во серијата „Парампарче“ изгледа денес.

После една година пауза и улога на султанка, турската актерка повторно се врати на малите екрани со нова серија.

За време на паузата таа била член на жирито на шоуто „Некои нови ѕвезди“, а исто така одлучила својата фигура да ја доведе до совршенство и ослабела 7 килограми, но пред тоа се одлучила на чекор понапред кој тргнал на лошо.

Имено, 40-годишната актерка одлучила да стави ботокс, но изгледа дека не ја поднела добро интервенцијата, а телото не го прифаќало ботоксот, па еден период била целосно отечена.

Таа искрено пред новинарите раскажала што ѝ се случило и рекла дека ботокс и слични работи повеќе нема да ѝ паднат на памет.