Гатачка од Лесковац е yaпceна откако во неколку наврати измамила сограѓани. Таа им ветувала дека ќе им го симне пpokлетството кое врз нив е фрлено ако им го даде накитот на чување. Лековерните и поверувале и таа дошла во нивниот дом за да го земе накитот со ветување дека ќе им го врати за неколку денови „исчистен“ од секакви проклетства.
На луѓето им станало сомнително кога по неколку дена ја барале на телефон од гатачката немало ни трага ни плас па пријавиле во полиција. 21 годишната гатачка е yaпceна и кај неа бил пронајден накит во вредност од околу 10.000 евра.
Останаа уште три државни празници односно неработни денови до крајот на оваа година. Следниот неработен ден за сите граѓани е 11. октомври, Денот на народното востание, кој паѓа во петок, па со тоа добиваме и продолжен викенд.
Ова се неработните денови во 2019 кои ни останаа:
– 11 Октомври (петок), Ден на народното востание; 23 Октомври (среда), Ден на Македонската револуционерна борба; 8 Декември (недела), „Св. Климент Охридски”, односно 9 декември (понеделник).
Браќата Мартин и Стефан Филиповски, кои досега преработија три стари македонски песни, кои веднаш стекнаа милионски прегледи, го најавија новиот проект.
Станува збор за нова верзија на песната „Прошета се Јовка Кумановка“. Видеоспотот и песната ќе бидат промовирани на празникот 11 Октомври во НУЦК „Трајко Прокопиев” во Куманово.
-Горди сме што со оваа обработка заедно ќе заокружиме 500 години Куманово и веруваме дека Македонија повторно ќе ужива во уште една наша обработка!!!
Иори Јошида е непознато име за пошироката јавност, но тоа нема да биде така уште долго време.
Вчера Јапонецот си ја исполни желбата и конечно го сретна својот идол Новак Ѓоковиќ. Неговата приказна и поврзаност со српскиот тенисер датира од 2011 година, една од најдобрите години во кариерата на првиот светски рекет.
Инспириран од неговата игра и форма, тој побарал од татко си да се пресели во Србија. Овој му дозволил, па Иори наредните четири години ги поминал во Панчево.
Периодот го искористил за да научи српски јазик, а ќепабите му станале омилено јадење.
Погледнете ја блиската средба на Јапонецот и Ѓоковиќ на турнирот во Токио:
Ovaj momak me je totalno oduševio. Inspirisan mojom sezonom 2011 godine, pitao je oca da li može da ide da živi u Srbiju. Otac ga je pitao da mu pokaže strast… https://t.co/XfmMLNxs43pic.twitter.com/6Yy9VYriEO
Деновиве целата држава прочита за тричленото семејство кое живееше под мост во општина Аеродром во Скопје. Благодарение на хуманитарната организација Св. Спас од скопската Епархија, семејството е сместено во привремен дом.
“Успеавме!!! Секоја чест на секој од вас!!! Повеќе не се “семејството што живее под мостот” затоа што од денес нема да мрзнат на студот. Во куќата во која се сместени ги има сите услови, но нѝ фали машина за перење, па се надевам дека некој од вас ќе се пријави да донира. Исто така, потребен е мобилен телефон за да бидеме во контакт со нив…Сепак, мора да нагласиме дека ова е само привремено решение, а трајното решение МОРА да го пронајде ВЛАДАТА И НАДЛЕЖНОТО МИНИСТЕРСТВО. Денес тие ми кажаа уште една непријатна вест: укината им е минималната социјална помош. Ние уште во понеделник ќе поднесеме жалба и се надевам дека ќе ја уважат. Бог да ве благослови сите!!!”, напиша на Фејсбук Отец Оливер Петровски.
Повеќе за хуманитарната организација Св. Спас погледнетеТУКА
Двајца Хрвати трганле да ловат риба, го запалиле „автопилотот“ па заспале.
Завршиле во Италија како бродоломци, а сега и полицијата ги претресува и испитува да несе занимаваат со нешто нелегално.
„Го отворив кафичот во 7 часот и видов како двајца мажи излегуваат од морето. Рекоа дека преживеале бродолом“ раскажал италиански сопственик на кафуле до крајбрежјето.
Сакал да им помогне , но настанал хаос бидејќи не знаеле ни англиски ни италијански.
„Сватив дека се Хрвати и дека сакаат да повикам полиција. Прашав дали има уште неколј во морето, но ми објаснија дека се сами и дека пловеле во рибарски брод кој потонал“раскажал тој.
Истата приказна им ја раскажале и на полицијата, еден од нив има 29 години, а другиот 30, пливале цели три часа држеји се за пловка која успеале да ја земат од бродот. Бродот потонал на околу 3 километри од брегот, откако удрил во карпа.
На пат кон „Мали Лошиња“ па сакале да одморат и го вклучиле автоматското возење, но не сметале на тоа дека ќе заспијат цврсто, па ги разбудил тап удар во карпа и бродот веднаш почнал да тоне , а тие скокнале во морето и пливале до брегот.
Италијанските власти разговарале со хрватските, но потпаролот не можел точно да каже кога двајцата Храти ќе бидат вратени дома.
Утринава нуркачите успеале да го извлечат бродот од дното и да спречат да истече нафта во морето и да доведе до еколошко загадување, но допрва ќе се испитува дали се работи за рибари и рибарски брод или нешто друго.
Кога продавате производ, секој детаљ е важен. Од самиот производот, локацијата, пакувањето, но и продавачот. Една семејна фирма за производство на овошје во Хрватска, го знае сето тоа, па и покрај квалитетните мандарини, грозјето и другото овошје, таа ја ангажирала и Кристина, која едвај постигнува да продаде сè она што многубројните купувачи го бараат. А, причината е повеќе од очигледна на прв поглед, нејзиниот изглед.
Кристина Пенава преку ноќ станала најголема сензација на социјалните мрежи, но не само во Хрватска. Атрактивната девојка која можете да ја видите ако патот ве однесе во Бестовјe, место близу Загреб, стана позната кога фотографиите на нејзиниот штанд со овошје и, се разбира, од неа, почнаа да кружат на социјалните мрежи.
Екипа од порталот „24сата.хр“ ја интервјуирале Кристина.
Тезгата ја посетуваат сите, од 18 до 88 години. Според наводите на овој хрватски портал, клиентите се претежно мажи.
Газдите избрале фреквентна локација покрај која се наоѓа паркинг, па муштериите таму застануваат.
Што се однесува до прометот, Кристина вели дека дневно продава околу 300 килограми мандарини.
По иницијатива на Џ.К.Бушидо и во соработка со О.О.У “Рампо Левката” од понеделникот до денес се одржа проектот “Џудо во основните училишта”.
Промотор и водител на проектот беше добитничката на “Третоноемвриска награда” и репрезентативец на Македонија од нашиот град Теодора Ристеска, која ги запозна младите со овој олимписки спорт.
Од клубот се задоволни од сработеното и изразија благодарност до сите кои беа инволвирани во овој проект.
Теодора Ристеска во моментов се подготвува за европскиот куп кој ќе се одржи во Словенија овој месец и се надеваме дека уште еднаш ќе ги покаже и докаже своите квалитети и достојно ќе ги брани боите на Македонија.
Огромната направа која ја создадоа холандските научници како би го исчистиле “островот” од отпад во Пацификот, за прв пат успешно започна да ја собира пластиката и останатото ѓубpe од океанот.
Ocean cleanup device successfully collects plastic for first time || Via: Guardian https://t.co/29G7nqkoN6
A special ship designed to clean the oceans has harvested its first plastic from the Great Pacific Garbage Patch since setting sail from San Francisco last month, its Dutch inventor said Wednesdayhttps://t.co/ZhLi91bLnJ