дома блог страница 3030

Иако Заев најавуваше, Фолксваген не ја зел ниту во предвид Македонија, ќе инвестираат 1,4 милијарди евра во Турција

Затоа што корупцијата цвета, а економијата тоне Фолксваген воопшто не ја разгледувал Македонија во финалната фаза за инвестиција, Заев повторно излажа!, вели потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски.

-Деновиве Фолксваген официјално објави дека својата нова голема инвестиција ќе ја отворат во Турција. Таму вложуваат фантастични една милијарда и четиристотини милиони долари отвараат над пет илјади директни работни места и уште двојно повеќе индиректни, ќе произведуваат над триста илјади коли годишно главно Пасат и Шкода Суперб. Она што е особено интрересно е што во информацијата на Фолксваген дадена за престижниот Блумберг велат дека во финална фаза биле земени во предвид покрај Турција и Бугарија, Србија, Романија и Северна Африка. Со ова Фолксваген потврдува дека Македонија никогаш не влегла во финална фаза за избор, а да не зборуваме фабриката да се гради во Македонија! Така за жал лажеше Зоран Заев кој во јануари месец зборуваше дека само што не се донела одлуката па дури и го злоупотребуваше името на Канцеларката Меркел и советникот за надворешна политика Хекер. Но на лагата и се кратки нозете, пишува Николоски на ФЕјсбук и додава:

„И да бидеме начисто Фолксваген воопшто не ја зел во предвид Македонија затоа што слушааат и знаат дека корупцијата цвета, дека фирми се рекетираат, дека им се нудат ” стратешки партнери” кои би зеле пола од фирмата за без пари, знае Фолксваген дека тоне во криминал и корупција цела Влада и затоа не ни сака да размислува, а камо ли да инвестира во Македонија! Затоа оваа Влада треба да си замине час поскоро, ден поскоро и да дојде нова која ќе ја обнови Македонија, со тим на способни и компетентни луѓе кои ќе ги донесат големите светски корпорации во Македонија, а ќе ги покренат и домашните фирми, тим на способни луѓе со цел да го зачуваме народот да остане во Македонија, а не секојдневно да ја напушта државата! Деновите се одбројани, доаѓа обновата на Македонија!“.

“Ѓогдере и Вишне се претвораат во депонија?” (ФОТО)

Каналот на Дабничка река која поминува низ најелитната населба во Прилеп е полно со најразличен отпад. Купишта пластични шишиња и друг отпад се вистинска грда слика која секојдневно ја гледаат жителите на населбите Вишне и Ѓогдере.

Погледнете:

Да бидеме хумани: На малата Сандра ѝ се потребни 12.000 евра за опepaција

Малата Сандра Ангеловска, 13 години, од Крива Паланка, боледува од SARCOMA HIGH GRADE (тymop). Потребна е итна опepaција која мора да биде извршена во странство, бидејќи во Македонија опepaтивниот зафат не може да биде изведен.

Веќе е договорена опepaцијата во болницата Атлас во Белград, Република Србија, каде Сандра мора да се јави на 7.10.2019 и под итно да биде xocпитализирана и подложена на специјалистички лекapcки третман и опepaтивен зафат.

Само опepaцијата чини 12 000 евра, а потребни се и дополнителни трошоци за испитување и сместување на Сандра и член на семејството. Бидејќи се работи за млад живот, ве молиме доколку сте во можност да донирате средства на банкарската сметка:

Број на сметка 200 – 0022909374 – 56 Стопанска банка

На Далибор Ангеловски (татко на Сандра) со ЕМБГ 0306982424005

ОДНАПРЕД ВИ БЛАГОДАРИМЕ ЗА ВАШАТА ХУМАНОСТ

Видео: “Гафовите на протоколот, што ја срамат Македонија?”

Пропусти и гафови во низа – македонските институции постојано прават грешки во протоколот, а по се изгледа најголем проблем имаат со државните знамиња – објави “ТВ АЛФА”.

Симболот на Црна Гора беше превртен наопаку на средбата Пендаровски – Ѓукановиќ по што Македонија упати и официјално извинување.

Претходно премиерката на Србија беше пречекана без свечената гарда да го држи и знамето на земјата од која доаѓа, францускиот амбасадор беше седнат пред холандското знаме, а најголем гаф имаше при посетата на австрискиот канцелар кој химните ги ислуша пред латвиското наместо пред австриското знаме.

Од Академијата за протокол велат дека ваквите грешки се прават од неинформираност и непрофесионалност но дека оставаат навистина лош впечаток пред странските гости за целата држава.

„Да се учи дека знамето треба да се провери. Тоа не е нешто автоматски што се става. Се повредуваат чувствата и на гостинот и на еден цел еден народ. Мислам дека е крајно време да почнеме да учиме од грешките“ изјави Лукреција Маљковиќ – Атанасовска, директор на Академија за протокол.

Но, освен со знамињата институциите прават некогаш ненамерни а некогаш можеби и намерни пропусти и со химните. При официјалната посета на тогашниот грчки премиер Алексис Ципрас целосно беше прескокнат овој дел од протоколот, веројатно за гостинот да не биде навреден од текстот…

Пејачката Тамара Тодевска беше на тапет кога на приемот во американската амбасада го промаши текстот на химната прескокнувајќи цела строфа.

Дека најчесто се се сведува на импровизација и се прави буквално во 5 до 12 покажа и посетата на американскиот секретар за одбрана Џејмс Матис пред кого буквално се метеше црвениот килим.

Прекршување на протоколот имаше и при посетата на Папата Франциск. Негов домаќин беше тогашниот претседател Ѓорге Иванов чија чест и обврска беше да го пречека и испрати до авионот, но на црвениот килим се појави и премиерот Зоран Заев за кого немаше баш место…

ВИДЕО прилогот на “Алфа” погледнете го ТУКА

Си оди младината! Шест автобуси полни со нашата младина, тага и солзи во нивните лица (ВИДЕО)

Весникот Лајм објави видео на кое се гледат автобуси кои се полни со луѓе за кои весникот тврди дека тоа се млади лица претежно од Сарај и Тетово кои го фатиле патот за во туѓина.

– Видео од Сарај, си оди младината, шест полни автобуси со нашата младина. Тага и солзи во нивните лица, пишува Лајм, кој воедно го цитира и насловот на објавеното видео.

Ова уште еднаш докажува дека младите секојдневно ја напуштаат земјата и одат во правец на Германија, Италија и другите европски земји.
Ова видео е од Сарај каде што автобусите се полнат од Тетово и го продолжуваат своето патување за на курбет, болно, но вистинито.

Растура во Турција и полни мрежи, а не добива повик за репрезентација: Јаховиќ стрелец на 4 погодоци

Сезоната во турската прва лига е на самиот почеток, а поранешниот македонски репрезентативвец, Адис Јаховиќ веќе постигна десет голови. Вечера тој четири пати ја тресеше мрежата на Денизлиспор во победата на неговиот Јени Малатијаспор од 4-1.

Првите два гола ги постигна од пенал, третиот со глава, а последниот беше вистинска мајсторија.

Јаховиќ има дадено седум гола во турската Суперлига и три во квалификациите од Лига Европа, но и покрај тоа не добива повик од селекторот Игор Ангеловски.

“Се прават ли бушотини за пиво во центарот на Прилеп??” (Фото)

Поправката на дефект на раскрсницата кај поранешна градска кафеана во Прилеп трае повеќе од 3 недели. Ова е најпрометниот дел од булеварот “Гоце Делчев” каде постојано поминуваат автомобили и пешаци.

Првите фотографии се направени на 9-ти септември, а до денес сеуште е заграден овој дел од булеварот и е вистински проблем кој може да претставува опасност по живот и за пешаците и за возачите.

(Видео) Пливаа во морето кога пред нив се појави “чудовиште”: Започна невидена паниka

Безгрижно пливаа во морето кога забележаа перка од ајкула во нивна близина.

Воопшто не беа свесни колку ајкулата им се приближи. Тогаш луѓето почнаа да им довикуваат да излезат од водата.

Видеото завршува пред да излезат од вода, но судејќи по се, ајкулата си го продолжи патот во морето и не беше заинтересирана за капачите.

Слушнете ја “Зоро моја румена”, прилепчанката блеска во новиот спот (ВИДЕО)

За крајот на летото, а почетокот на есента Елена Велевска реши својата публика да ја израдува со нова песна и нов видео спот.

Песната е авторско дело на двоецот Дејан Момировски и Борче Нечовски, а за видеото го ангажираше еден од најдобрите режисери од соседна Бугарија.

Оние кои ја слушнале песната велат дека ова е позитивно изненадување и песна која е различна од се’ она кое што сме го слушнале од нејзе.

“Направив куса пауза кога е мојата авторска музика во прашање, бев во потрага по песна која е квалитетна, поинаква и песна која ќе се слуша. “Зоро моја румена„ е песна која мене ми се допадна на прво слушање и се надевам дека на ист начин ќе и се допадне на публиката. Видео спотот за песната се реализираше на локации во соседна Бугарија, зад режисерската палка задолжен беше еден од најдобрите режисери”, вели Елена.

Нaцев: Шекеринска и Пендаровски планираат да ја расформираат специјалната единица “Волци”!

Претседателот Стево Пендаровски и министерката за одбрана Радмила Шекеринска, планираат да го расформираат армискиот Полк за специјални операции, објавува професорот на факултетот за безбедност на Европски Универзитет, Александар Нацев.

Како што пишува Нацев, идејата зад таквата намера е наводно да се покаже пред албанскиот електорат дека албанци ќе бидат дел од БСН Волци, а всушност тоа ќе значи дека во специјалните сили ќе има место само за кадри коишто ќе добијат зелено светло од ДУИ.

Нацев резонира дека таков потег би било постапување надвор од потребите, надвор од стандардите и заложбите на НАТО и ЕУ, само да се задоволат партиските и коалиционите интереси

– И покрај фактот што анализата на безбедносните предизвици и неизвесноста која тие ја носат ја наметнаа потребата кај земјите членки на НАТО и ЕУ да ја препознаат потребата од зголемување на капацитетите на специјалните единици, Шеќеринска и Пендаровски имаат друга агенда – да го расформираат најелитниот состав на нашата Армија, Полкот за специјални операции. Овој потег не само што е контра евро-атлантските заложби (бидејќи и НАТО и ЕУ ја препознаа потребата од вложување во специјалните единици на Армијата на Република Македонија), туку е анти-македонска, но и анти етничките малцинства. Имено, идејата да се покаже пред албанскиот електорат дека албанци ќе бидат дел од БСН Волци (главната причина заради која се растура Полкот за специјални операции) е само фасада на задоволувањето на потребите на ДУИ. Внимавајте!!!! Не сите албанци и останати припадници на етничките заедници ќе можат според планот на Пендаровски и Шеќеринска да станат дел од десеткуваните специјални единици. Таа привилегија ќе ја имаат само оние за кои ДУИ ќе даде зелено светло. Така надвор од потребите, надвор од стандардите и заложбите на НАТО и ЕУ, само да се задоволат партиските и коалиционите интереси, се растура тоа што до сега од осамостојувањето доби најголеми признанија од сите релевантни странски фактори – објави Нацев.