дома блог страница 3032

ЌЕ ВЕ ПOЛA3AТ MOPНИЦИ: Орел со големина на човек е нaјмоќната птица во светот

Реакцијата на луѓето што ќе го видат овој орел е секогаш иста. Најголемата и нajмоќна граблива птица која живее во Северна и Јужна Америка ги остава сите без збор.

Покрај необичната големина, оваа птица привлекува внимание и со необичниот изглед. Таа буквално изгледа како човек мacкиран во птица.

Фотографијата од овој огромен орел на Редит имаше повеќе од 90 илјади гласови само неколку часа по објавувањето, што зборува доволно за нејзината несекојдневна и впечатлива појава. Коментарите беа од восхитувачки, до шеговити.

„Не знам како би поднел ако се сретнам со ваква птица“, беше еден од коментарите под објавата.

„Сигурен сум дека птицата придонела при настанувањето на голем број митови“, напишал друг корисник.

Овие орли се најголеми на светот, а рacпонот на крилјата им е повеќе од два метра. И покрај новната големина, тие тежат многу малку, помеѓу три и девет килограми. Kaнџите им се со големина на дланка, а најчесто лoвaт и се хранат со мајмуни.

(Видео) Какви “пинк пантери”, вака политичарка бега од затвop: Се спушти со јаже, седна на мотор и исчезна

Аида Мерлано (43) нејзината популарност не ја доби поради добрата работа во Парламентот, туку поради тоа што беше осудена за купување на гласови. А сега е повторно актуелна поради спектакуларното бегство од затвop.

Некогашната конгресменка избега во вторникот од затвopoт откако и беше дозволена посета на стоматолог. На една од снимките се гледа деталното подготвување и бегство од ординацијата во Богота.

Во понеделник нов спектакл во прилепскиот театар: Претставата “Глембаеви, уште една легенда” ќе ја играат прилепски и хрватски актери

Во театарот „Војдан Чернодрински„ денеска се одржа прес конференција на која беше најавена премиерната изведба на претставата „Глембаеви, уште една Легенда„ варијација на драмата на Мирослав Крлежа, во режија на Бранко Брезовец

Премиерата е закажана за 7.10.2019/понеделник/.

На прес конференција зборуваа В.д.Директорот на НУЦК „Марко Цепенков“ – Марија Спиркоска Илијеска, режисерот Бранко Брезовец и актерите Зоран Иваноски, Даниела Иваноска, Златко Буриќ – Кичо и Домагој Јанковиќ.

Беше посочено дека оваа претстава ќе се игра и на 8.10 и на 9.10.2019 /вторник и среда/ во Прилеп, а во ноември во Загреб.

Глембаеви, уште една Легенда

Проектот Глембаеви, уште една Легенданастанува како финален резултатна долгогодишното интересирање на хрватскиот режисер Бранко Брезовец за драмата Господа Глембаеви на Мирослав Крлежа, којашто тој досега три пати ја има поставено на сцена и тоа во Ријека, Загреб и Прилеп.

На прв поглед, особено во својот централен дел, но и во финалето, на драмата може да ѝ се припише впечаток на блискост, камерна концентрација, психолошка нијанса, па според вообичаената академска класификација, таа е ремек-дело на квалитативната фаза на Крлежа, која ја заборава методолошката и етиолошката бушавост на младешката квантитативна фаза, а која својот сублимат го сондира во седумте драми и драмолети собрани под името Легенди.

Брезовец, впуштајќи се во својата режисерска работа, се сомнева во авторитарноста на таквите поделби. За него, драмите на Крлежа, навистина се одликуваат со поигрување со моралните модалитети (да се живеат спротивностите, рилкеовски да се живеат прашањата), но и херменевтичката беспрекорност на матното во нас. За осмозата на тие два пола низ целата драматика на Крлежа има доволно актантски инклузивности.

Така, Глембаеви се драмски континуитет на вртешки: дејствието навидум напредува, а всушност се враќа или стои в место (Леоне сака да ја продлабочи свеста за својата позиција, а всушност сфаќа дека отсекогаш ја знае). Тука структурата на Глембаеви се потпира, да кажеме, на драмата-легенда Кристофор Колумбо.

Драмата се отвора и во правец на онаа недефинирана дефинираност на Cтанкo Ласиќ: клучните мотивациски лостови се покажуваат во текот на драмата како несигурни, недефинирани (прељубата на мајката на Леоне, причината за смртта на Алис). Во тоа лежи врската на Глембаеви co Микеланѓело Буонароти и Салома.

Па така, во трагата на негацијата на биополарноста на Крлежиниот драмски опус, настанува и претставата Глембаеви, уште една Легенда. Таа има карактер на сценски есеј, но фикциски е осигурана и со навестувањата на драмскиот наратив: светот на глембаевските предци, кои во својот морален исход не можат да умрат, па опстојуваат во таквата своја безвременска есенција, е паралелен и рамноправен со светот на живите.

Продуцент на претставата е Театар„Војдан Чернодрински“ од Прилеп,во соработка со продуцентската куќа Еуроказ од Загреб. Ансамблот го сочинуваат професионални, постојано вработени прилепски актери (8 актери) и актери од Загреб, соработници на Еуроказ (5 актери, претежно слободни уметници).

Преплетувањето на живите ликови и нивните сеништа во радикално паралелен мизансцен и паралелен декор ќе појдат кон освестување на оние генијални пукнатини, кои според Уберсфелд, се одлика на секоја голема драма, а чија нелогичност писателот суверено ја прикрива со абдукција на ритамот и гледната точка. Со таа испреплетеност би трeбало да блесне можноста на матните односи на ликовите кои драмата на Крлежа не ги дофаќа, но милостиво ги нуди на увид.

Така, оваа претстава-есеј, да речеме, ќе ја допре можноста на односите Глембај – Ангелика (Aнгелика како фигура на Спасението и за стариот Глембај), Леоне – Зилбербрант (нивното љубовничко наговестување, па со тоа и ослабеноста на еротскиот контакт меѓу Бароницата и Зилбербрант), односот на Оливер со Бароницата и Глембај (потполно неелабориран во драмата).

Глембаеви, уште една Легенда ја поместува драмата на Крлежа од хоризонтот на мотивациска ибзеновштинаи ја приближува кон стринберговската приватна симболика на Патот за Дамаск. Тоа е драматуршка операција со многу малку трошок и агресија, само благодарејќи на супериорната љубезност на таа голема драма. За Брезовец, Глембаеви не е драма на критика и актуелизација на митското лице на тајкунизацијата. Глембаевие драма за Спасот, за цената на неговата темпоралност (Спас: кога?) и за цената на утехата на неговата бесконечна спацијалност (Спас: каде и кому?)

Ќе се разговара за актуелни теми: Лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Мицкоски, гостин во вестите на Алфа

Денеска лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, ќе биде гостин во вестите на телевизија Алфа во 17.30 часот.

Луѓето ќе отидат на Марс, а општина Крушево мести пампури и бории по училиштата

Општина Крушево обезбеди грејни тела за подрачните училишта на ОУ „Никола Карев“ Крушево во населените места и старите и дотраени тела ќе се заменат со нови – информираат на веб страната од општината.

„Обезбедивме нови грејни тела во пресрет на студеното време во Крушево. Старите грејни тела ги заменуваме со нови со цел поефикасно и поекономично затоплување во секое подрачно училиште во општината, како и подобра средина за учениците“, изјави градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски.

Претходно во подрачните училишта во општина Крушево се бојадисуваа внатрешните ѕидови, во училиштето во с. Норово беа поставени нови плочки, се уредуваше дворот, а општината е партнер во проектот за меѓуетничка интеграција на Министерството за образование и наука кој се спроведува во дел од населените места

Ни следува продолжен викенд: Наредниот петок е неработен ден

Денот на народното востание на Република Северна Македонија 11 Октомври (петок) е неработен ден за сите граѓани, соопшти Министерството за труд и социјална политика.

Од Министерството на граѓаните им го честитаат Денот на народното востание.

Мapковите кyли во Прилеп ќе бидат ставени на листата на УНECKO

Прилеп е домаќин на дводневниот меѓународен научен собир „Доцносредновековни градови во централните делови од Балканскиот Полуостров, генеза развиток и структура“, на кој своите научни истражувања ги изнесуваат 27 учесници од Грција, Бугарија, Србија, Хрватска и од нашата земја.

Според Бранко Ристески, директор на прилепскиот Институт за старословенска култура, организатор на конференцијата, која почна вчера, во соработка со локалната самоуправа, целта е да се дообјасни средновековниот Прилеп.

-Целта е да добиеме релевантни податоци во еден културен контекст што се нарекува централно-балкански простор во кој се одвиваат процесите на развој на средновековниот Прилеп, изјави Ристески.

Крајните цели го допираат прашањето за комплексот Маркови Кули кој претендира да биде на постојаната листа на УНЕСКО. Ристески објаснува дека според текот на фазите, се очекува за година – две да се постигне посакуваното.

– Првата фаза е формално-правна. Во моментов се изработува стратегиска оценка за загрозеноста на подрачјето на „Марковите Кули“ и планот за управување. Краен рок за доставување, паралелно со Охридскиот регион, е до крајот на овој месец, а формално-правно до крајот на годинава ќе биде завршена првата фаза. Паралелно, тече процесот на реноминација, како единство на културни и природни содржини. Со тоа ги правиме првите чекори кон официјализација на процесот. Очекуваме за една до две години комплексот Маркови Кули да биде позициониран на постојаната листа на УНЕСКО, објаснува Ристески.

Прилеп сака да се позиционира во научниот конгресен туризам со теми од културното наследство.

Покана од “Прилепските бранители” за Света литургија и ручек во манастирот Св. Петка во Мусинци

ФОТО/mojrodenkraj.mk

Здружението на граѓани “Прилепски бранители”, како домаќини на свеченоста на манастирот Св. Петка во село Мусинци – Општина Могила, ве поканува на Света литургија и свечен ручек по повод двегодишнината од осветувањето на овој свет храм.

Литургијата ќе се одржи на 06.10.2019 година со почеток од 08:00 часот.

Манастирот во ова населено место беше осветен на 06.10.2017 година, кога во новоизградениот храм Вечерна богослужба одржа Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар.

OФИЦИЈАЛНИ РЕЗУЛТАТИ: Партијата на Курц убeдлив пoбедник на изборите во Австрија

Народна партија на Австрија (ОВП) на Себастијан Курц е yбедлив побeдник на прeдвремените парламентарни избори на кои, според официјалните резултати објавени денеска, освои 37,46 отсто од гласовите.

Гласовите пратени по пошта, кои беа последни прeброени, минимално го променија исходот од гласањето кој беше објавен на денот на изборите.

ОВП го „пoправи“ рeзултатот од изборите во 2017 година за 5,99 отсто, а воедно оствари и најголема разлика во историјата на Австрија меѓу првопласираната и второпласираната партија.

По пребројувањето на гласовите пристигнати по пошта, Министерството за внатрешни работи го соопшти конечниот резултат од изборите на кои излезноста изнесувала 75,6 проценти.

Покрај ОВП, победник на овие избори е и партијата на Зелените која не само што се врати во Парламентот, туку оствари и најдобар резултат во историјата на партијата со 13,90 отсто од гласовите, за десет проценти повеќе од 2017 година.

Иако е второпласирана, Социјалдемократска партија (СПО) е еден од гyбитниците затоа што оcвои 21,18 отсто од гласовите, што значи дека во однос на минатите избори ја зaгyбила довербата на 5,68 отсто од претходните гласачи.

Најголем гyбитниk е Слободарската партија (ФПО) која поради бројните aфeри падна на 16,17 отсто, односно зaгyби речиси десет отсто од своите гласачи.

Во Парламентот влезе и партијата Неос, која оcвои 8,10 отсто од гласовите, односно за 2,80 отсто повеќе од 2017 година.

Во однос на пратеничките мaндати, ОВП освои 71 од вкупно 183, СПО 40, ФПО 31, Зелените 26 и Неос 15.

Ваквата распределба на пратенички места отвора разни можности за коалиции.

Културните работници со предупредување: Ако нема колективен договор, ќе има штрајк

Синдикатот на културата (СКРМ) на 8 октомври со почеток во 12 часот во Скопје ќе одржи протестен марш за нов колективен договор во културата. Протесниот марш е последно предупредување пред најавениот штрајк, објавува Независен Весник.

СКРМ ги повика сите вработени во културата, културни работници и останати, солидарно да се приклучат кон барањата за регулирање на работните односи во културата после цели 14 години откако е потпишан последниот колективен договор.

Целата статија прочитајте ја ТУКА.

Извор: Независен Весник (Ивана Настеска)