дома блог страница 3026

Џудо клуб “Бушидо” со шест медали го заврши Меѓународниот турнир ” Прилеп град херој 2019″

На 06.10.2019 во Прилеп се одржа 11-тиот Меѓународен турнир во џудо “Прилеп град херој 2019″. Турнирот се одржа во спортската сала на СОУ”Ристе Ристески Ричко”, а на него учествуваа 320 натпреварувачи од Македонија, Србија, Црна Гора, Косово, Грција, Албанија и Бугарија.

ЏК”Бушидо” зеде учество со 6 натпреварува и освоија исто толку медали. Ова се освојувачите на медали:
– Христијан Здравески 3 место; Филип Попоски 3 место; Елена Малиноска 1 место; Давид Мицески 3 место; Елеонора Илиоска 1 место; Сара Атанасоска 3 место.

ФОТО: „Најдобриот пријател го најдов во сопругата” – Македонскиот пејач објави фотки од свадбата

„Среќен е оној маж што ќе најде вистински пријател, а најсреќен е оној, што најдобриот пријател ќе го најде во својата сопруга“. Ова го напиша македонскиот пејач Александар Белов кој неодамна се ожени, а сега на Фејсбук сподели фотографии од танцот со саканата.

На свадбата на Александар и Јелена која се случи неодамна беа поканети 250 гости – пишува “Пресс 24”.

Фото: “Фејсбук”

Maкедонија 15-та на листата на најмизерни земји во светот: Во друштво сме на Хондурас, Никарагва и Нигерија

Некои луѓе веруваат дека среќата доаѓа одвнатре. Во светот на економијата, сепак, среќата може да биде повеќе поврзана со квантитативните фактори како што се инфлацијата, стапките на заеми, нивоата на вработеност и растот на бруто домашниот производ (БДП).

Оваа недела во графиконот се користат податоци од Стив Ханке од Институтот Като, при што е прикажана визуелизација на Индекс на мизерија за 2019 година. Во истражувањето се опфатени 95 земји, кои ги известуваат овие податоци на конзистентна основа – пишуваат од “Visual Capitalist”

Индексот користи четири клучни економски варијабли за да ги рангира земјите, a тоа се инфлацијата, стапката на заеми, стапката на невработеност и растот на бруто домашниот производ.

Според истражувањето нашата земја се нашла на 15-то место, а помизерни од нас се само: Венецуела, Аргентина, Иран, Бразил, Турција, Нигерија, Јужна Африка, Босна и Херцеговина, Египет, Украина, Никарагва, Јордан, Уругвај и Хондурас.

Ранг листата погледнете ја во продолжение:

Еден по еден порази се редат: Џабе ќе биде и стадион кога ќе нема кој да игра

Фудбалерите на Победа вчера попладнето на стадионот во Пехчево загубија со 3-0 од Брегалница во натпревар од 7-то коло на Втората лига-Исток. Избраниците на Мегленски и денес не беа на висината на задачата, барем поголем дел од нив со веќе стандардно плашливата игра со многу несфатливи грешки во маркацијата но и во немањето храброст никој барем да се одважии да креира акција или да поведе топка према напред а со многу компликување при посед на топка и несфатливи грешки во додавањата.

Иако Брегалница забележа висока победа не импресионира со прикажаната игра и е далеку од формата и игрите од почетокот на сезоната. Како и на претхопдните и генерално за сите натпревари оваа сезона на Победа стои констатацијата дека примените голови а со тоа и поразите се плод на доста наивни грешки.

Оттука може да се каже дека играчите сами си прават повеќе проблеми од сопствените грешки отколку што тоа им го прават противничките тимови односно нивните фудбалери. Така беше и денес за 1-0 во 19-тата минута Наумов беше сам во казнениот простор и без блиску до него играч на Победа со глава го доведе својот тим во водство.

За 2-0 по неколку неуспешни обиди да се избие топката таа дојде до екс победашот Наумоски кој со волеј го совлада Иванов. Конечните 3-0 беа поставени од пенал се чини по престрого досуден од судијата Ралевски откако Наумоски се заби во Магловски.

Во офанзивата Победа се закани единствено во раната фаза од мечот кога во 12-тата минута Ристески не се снајде со волеј од изгледна позиција а имаше и една ситуација кога беше покажан офсајд на Гешоски на кој претходеше игра со рака на Бакрачески која не беше санкционирана.

,,Капак,, на се беше непотребно остриот старт на Дунимаглоски во 88-та минута за втор жолт-црвен картон со што ќе мора да паузира на следниот меч со лидерот на табелата Тиквеш во Прилеп.

Победа:Иванов, Магловски (од 75 мин Јошески), Најдовски, Колевски, Дамески, Дунимаглоски, Д.Спиркоски, Д.Наумоски, Б.Наумовски (од 84 мин Дебрешлиоски), Ристески и Гешоски (од 61 мин Вецески).

Резултати од 7 коло:Брегалница-Победа 3-0. П.Гули-Беласица 0-8, Тиквеш-Кит – Го 1-0, Осогово-Кожуф 0-4 и Плачковица-Саса 0-2.

Табела:Тиквеш 19, Беласица 18, Кожуф 17, Брегалница 14, Кит-Го 9, Саса 7, Победа 6, Плачковица 4, Осогово и П.Гули по 3 бодови.

Двојки за следно 8 коло:Победа-Тиквеш, Беласица-Брегалница, Саса-Кит-Го, Кожуф-П.Гули и Плачковица-Осогово.

“Ќе се активира ли штрајкот во образованието? НЕМА 25% покачување на платата”

По средбата на претставници од СОНК со министерот за образование Арбер Адеми и премиерот Зоран Заев, одлучено е платата на наставниците и стручните соработници да се зголеми за дополнителни 10 отсто.

Ова го потврди министерот Адеми по средбата.

Јаким Неделков претседателот на СОНК вели дека е задоволен од денешната средба, но дека може и повеќе.

– По основ на понудениот предлог, советот на СОНК мора да расправа. Тоа значи дека ќе ни треба неколку денови да одлучиме дали сме задоволни – вели Неделков.

Смета дека платата би требалод а се зголеми уште неколку проценти од понудените 10 отсто. Смета дека нивно е да бараат, а Владата одлучува дали ќе ги исполни барањата.

Дали ќе има генерален штрајк, вели дека сепак треба да се почека состанокот на советот, а потоа да се дадат конкретни информации.

Инаку, на почетокот на учебната година, на 2 септември, СОНК организираше предупредувачки штрајк, при што повеќето училишта не ги примија учениците на првиот училишен ден. Тие бараа зголемување на платата за 25 отсто, а најавија дека во октомври ќе организираат генерален штрајк, доколку барањата не им бидат исполнети.

Автомобил излетал на булеварот “Гоце Делчев” во Прилеп

На 06.10.2019 на бул.„Гоце Делчев“ во Прилеп, патничко возило „БМВ” со прилепски peгистарски ознаки, управувано од Г.Р.(26) од Прилеп, и3лeтaло од патот.

Во нeзгoдата со тешки телecни повpeди се здобил совозачот С.Д.(48), додека возачот се здобил со телecни повpeди.

Тие биле пpeнeceни во бoлницата во Прилеп за укажување на лекаpcka помош. Увид на мecтото извpшила екипа на Полициckaта станица Прилеп – информираат во полицискиот билтен на МВР.

Утрово пожap во куќа на улицата “11-ти Октомври” во Прилеп

На 07.10.2019 во 06.20 часот во Полициската станица Прилеп било приjaвено дека во куќа сопственост на М.Р. на ул.„11-ти Октомври“ во Прилеп настанал пожap во кој била зафатена кровната конструкција.

Повpeдени лица нема – информираат во полицискиот билтен на МВР.

ВМРО-ДПМНЕ: “Се срамиме од вас! Порака од хероите од НОБ?” (Видео)

Градоначалникот Илија Јованоски и претседателот на Совет, Миле Талевски, пред два дена овде на ова место се фотографираа и полагаа некаква почит кон хероите чии дела и жртва ја продадоа. Колку и да се поклонуваат, не можат да ги исперат гревовите за тоа што го направија продавајќи ја историјата, достоинството и гордоста на соптвениот народ – истакна на денешната прес конференција Иван Младеноски од ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

Прес конференцијата во продолжение ја пренесуваме во целост:

“Последиците од договорите со Бугарија и Грција со кои нивниот лидер Зоран Заев се согласи на капитулација и го понижи својот народ, допрва ќе ги гледаме и чувствуваме сите.

Се заблагодаруваат пред хероите кои се бореле за независна, суверена и самостојна Република Македонија, а не за нивната творевина Северна.

Без срам и без никакво чувство, буквално како ништо да не било, се прават патриоти, а целата нација знае дека се најголеми предавници кои историјата ќе ги памети и ќе им суди.

Како се поклонувате пред ликот и делото на луѓето што се бореле за слободата на Прилеп и Република Македонија, а окупаторите против кои се бореле сега со вашиот предавнички договор не биле окупатори?

Вие немате никакво право на паролата која ја истакнувате, затоа што ништо не направивте за да ги зачувате и унапредите делата на борците чии коски почиваат овде во алејата на хероите.

Вие сте само соучесници во овој современ геноцид кој секојдневно се извршува врз македонскиот народ, геноцид кој значи бришење на историјата и посебноста на Македонците.

За среќа граѓаните ве проценија и сега знаат, па затоа со нетпрпение чекаат да ви пресудат на избирачките места.
Тоа ќе се случи и на идните парламентари и на идните локални избори.

Вие ќе бидите запомнети како дел од неславната историја на Македонија и македонскиот народ и со тој белег ќе се носите пред идните генерации”.

“Ќе се гушка ли Трговскиот во Скопје денеска? Наместо зелен кров, никна угостителски објект?”

Во екот на локалните избори 2013-та година во неколку навратис се организираа протести под мотото „Гушни го ГТЦ“, кои исто така е поддржана и од Асоцијацијата на архитекти на Македонија со цел да се спречи реновирањето на ГТЦ. Граѓаните кои протестираа бараа да се зачува автентичниот изгледа на Градскиот трговски центар и бараа истиот да го задржи автентичниот изглед како и да биде прогласен за културно наследство.

Сепак ништо од ова не се случи, трговскиот не само што не се реставрираше туку се промени и автентичниот изглед на ГТЦ. Шилегов во повеќе наврати се пофали со новиот проект „зелен покрив“ на ГТЦ.

Градот Скопје за да стимулира реобновување на ГТЦ испланиравме и на површина од илјада и 800 метри квадратни метри градот со ГТЦ и УНДП да се инвестира во зелен кров истакна Шилегов.

Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов во гостувањето на Канал 5 телевизија изјави дека е многу нормално на сите јавни површини да има и места и објекти кои ќе ги привлекуваат луѓето.

Но сепак она што се наоѓа на кровот на ГТЦ личи на се освен на „зелен покрив“ или можеби зелениот покрив по кафиќот се познава.На покривот на ГТЦ наместо зеленило никна бетонска конструкција. Останува неодговорено прашањето дали оној чир кој никна на кровот на трговскиот е угостителски објек?!

Извор: “Инфомакс”

Боксерскиот клуб “АC” од Прилеп поставува историски резултати за градот: По втор пат втори во боксерската младинска и сениорска лига

На 5.10.2019 во Штип се одржа 6-то и последно коло на боксерската младинска и сениорска лига на Македонија.

Организатор беше боксерскиот клуб “Пинк Пантер” од Штип и Боксерката Федерација на Македонија (БФМ).

Учество зеде и Боксерскиот клуб “АС” од Прилеп, под водство на тренерите Ѓорѓи Чатлески и Дарко Чатлески.

Пријавени боксери беа: Дамјан Талимче, Мартин Алексоски, Далибор Каранфилоски во кадетска конкуренција и Матеј Чатлески во категорија деца.

Од сите пријавени учество зедоа само Дамјан Талимче и Мартин Аексоски, другите двајца боксери немаа противници.

Мартин Алексоски ја загуби борбата, а Дамјан Талимче победи со технички нокаут во третата рунда.

Со ова последно шесто коло го добивме и епилогот во лигата, каде првото место им припадна на БК “Шкендија но лимит” од Тетово, на второ место е БК “АС” од Прилеп, а БК “Борец” од Велес го зазеде третото место.

Во овие 6 кола во лигата учествуваа и боксерите: Трајче Илиоски, Ерѓун Бајрамоски, Бојан Станојоски, Леонардо Ангелески и Димитар Ангелески.

“Покрај напорните тренинзи сите боксери добиваа и губеа борби, но сепак дојдовме до второто место. Боксот е еден од најтешките спортови, а нашиот клуб по втор пат го освојува второто место во младинската боксерска лига на Македонија. Би напоменал и дека овој резултат е за прв пат во историјата на нашиот град Прилеп”, истакна Дарко Чатлески.