Еден по еден порази се редат: Џабе ќе биде и стадион кога ќе нема кој да игра

Фудбалерите на Победа вчера попладнето на стадионот во Пехчево загубија со 3-0 од Брегалница во натпревар од 7-то коло на Втората лига-Исток. Избраниците на Мегленски и денес не беа на висината на задачата, барем поголем дел од нив со веќе стандардно плашливата игра со многу несфатливи грешки во маркацијата но и во немањето храброст никој барем да се одважии да креира акција или да поведе топка према напред а со многу компликување при посед на топка и несфатливи грешки во додавањата.

Иако Брегалница забележа висока победа не импресионира со прикажаната игра и е далеку од формата и игрите од почетокот на сезоната. Како и на претхопдните и генерално за сите натпревари оваа сезона на Победа стои констатацијата дека примените голови а со тоа и поразите се плод на доста наивни грешки.

Оттука може да се каже дека играчите сами си прават повеќе проблеми од сопствените грешки отколку што тоа им го прават противничките тимови односно нивните фудбалери. Така беше и денес за 1-0 во 19-тата минута Наумов беше сам во казнениот простор и без блиску до него играч на Победа со глава го доведе својот тим во водство.

За 2-0 по неколку неуспешни обиди да се избие топката таа дојде до екс победашот Наумоски кој со волеј го совлада Иванов. Конечните 3-0 беа поставени од пенал се чини по престрого досуден од судијата Ралевски откако Наумоски се заби во Магловски.

Во офанзивата Победа се закани единствено во раната фаза од мечот кога во 12-тата минута Ристески не се снајде со волеј од изгледна позиција а имаше и една ситуација кога беше покажан офсајд на Гешоски на кој претходеше игра со рака на Бакрачески која не беше санкционирана.

,,Капак,, на се беше непотребно остриот старт на Дунимаглоски во 88-та минута за втор жолт-црвен картон со што ќе мора да паузира на следниот меч со лидерот на табелата Тиквеш во Прилеп.

Победа:Иванов, Магловски (од 75 мин Јошески), Најдовски, Колевски, Дамески, Дунимаглоски, Д.Спиркоски, Д.Наумоски, Б.Наумовски (од 84 мин Дебрешлиоски), Ристески и Гешоски (од 61 мин Вецески).

Резултати од 7 коло:Брегалница-Победа 3-0. П.Гули-Беласица 0-8, Тиквеш-Кит – Го 1-0, Осогово-Кожуф 0-4 и Плачковица-Саса 0-2.

Табела:Тиквеш 19, Беласица 18, Кожуф 17, Брегалница 14, Кит-Го 9, Саса 7, Победа 6, Плачковица 4, Осогово и П.Гули по 3 бодови.

Двојки за следно 8 коло:Победа-Тиквеш, Беласица-Брегалница, Саса-Кит-Го, Кожуф-П.Гули и Плачковица-Осогово.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.